Дигитален фотоапарат со заменлив објектив ILCE-7/ILCE-7R

Адаптер за објективи LA-EA3

Ако го користите адаптерот за објективи LA-EA3 (се продава одделно), достапни се следниве функции.

Снимање во полна големина:
Достапен само со објективи компатибилни со снимање во полна големина

Autofocus:
Достапно само со објективи SAM/SSM*

Систем на автоматски фокус:
Контрастен автоматски фокус

Избор на AF/MF:
Може да се менува со помош на преклопникот на објективот.

Focus Mode:
Single-shot AF

*Кога е закачен објектив со A-приклучок, брзината на автоматскиот фокус ќе биде помала отколку кога е закачен објектив со E-приклучок. (Приближно две до седум секунди побавно (за снимање кое се заснова на услови за мерење на Sony). Ова може да се разликува во зависност од условите како што се објектот или осветленоста за време на снимањето.).

  • Автоматскиот фокус не работи во режим на филм.
  • Ирисот (решетката) не се прилагодува автоматски во режим на филм. Рачно прилагодете го ирисот (решетката).

Достапна област за фокусирање

Кога адаптерот за објективи LA-EA3 е приклучен, достапните области за фокусирање се исти како за достапните поставувања на овој фотоапарат.