Дигитален фотоапарат со заменлив објектив ILCE-7/ILCE-7R

Автоматско фокусирање на очите

Кога го притискате копчето, се фокусира на очите на лицето.

  1. MENU (Custom Settings)[Custom Key Settings] → назначете ја функцијата [Eye AF] на посакуваното копче.
  2. Притиснете го копчето на коешто сакате да ја назначите функцијата [Eye AF] и фокусирајте на очите.
  3. Притиснете го копчето на блендата додека го притискате копчето.

Забелешка

  • Во зависност од условите, фотоапаратот можеби нема да може да фокусира на очите. Во тој случај, фотоапаратот открива лице и фокусира на лицето.
  • Ако фотоапаратот не може да открие образ на личност, не може да користите [Eye AF].
  • Во зависност од условите, не може да користите [Eye AF], на пример кога [Focus Mode] е поставен на [Continuous AF] или [Manual Focus] итн.
  • [Eye AF] може да не работи во следните случаи:
    • Кога личноста носи очила за сонце.
    • Кога косата ги прекрива очите на личноста.
    • Во услови на слаба осветленост или задно осветлување.
    • Кога очите се затворени.
    • Кога личноста се наоѓа во сенка.
    • Кога личноста не е фокусирана.

Совет

  • Кога фотоапаратот фокусира на очите и [Smile/Face Detect.] е поставен на [On], на лицето се прикажува рамка за откривање откако истата е прикажана на очите. Кога [Smile/Face Detect.] е поставен на [Off], на очите се појавува рамка за откривање за некое време.