ПОВЕЌЕКАНАЛЕН АУДИО/ВИДЕО РЕСИВЕРSTR-DN1050/STR-DN850

Звукот скока при репродукција.

  • Пропусниот опсег на вашата мрежа можеби е премногу мал. Проверете го вашиот рутер и мрежното опкружување.
  • Пропусниот опсег на вашата мрежа можеби е премногу мал. Ако користите поврзување со безжичен LAN, поставете ги ресиверот и рутерот/пристапната точка за безжичен LAN поблиску едни до други, без никакви пречки помеѓу нив.
  • Серверот можеби е зафатен. Ако го користите вашиот компјутер како сервер, на компјутерот може да работат премногу апликации. Ако е активен противвирусен софтвер на сметачот, привремено онеспособете го, бидејќи на противвирусен софтвер му е потребна огромна количина ресурси.
  • Во зависност од мрежната средина, може да не биде можно да се репродуцираат песни со повеќе од еден уред кој работи истовремено. Исклучете ги другите уреди за да овозможите ресиверот да ги репродуцира песните.