ПОВЕЌЕКАНАЛЕН АУДИО/ВИДЕО РЕСИВЕРSTR-DN1050/STR-DN850

Слушање FM/AM-радио

Можете да слушате FM и AM-емитувања преку вградениот приемник. Пред операцијата, проверете дали сте ги поврзале FM и AM-антените (воздушни) со ресиверот.

  1. Изберете [Listen] - [FM TUNER] или [AM TUNER] од главното мени.

    Се појавува FM/AM-екранот.

FM/AM-екран

Можете да ја изберете и управувате секоја ставка на екранот притискајќи /// и .

  1. Индикатор на појасот

    Можете да изберете [FM] или [AM] со притискање на / повеќепати.

  2. Индикатор на фреквенција

    Можете автоматски да пребарувате станица со притискање на / повеќе пати (Auto Tuning).

    Притиснете за да скенирате од станици со пониска до станици со повисока фреквенција или притиснете на за да скенирате од станици со повисока до станици со пониска фреквенција.

    Ресиверот прекинува со скенирање секојпат кога ќе најде станица.

  3. Список со меморирани станици

    Можете да бирате станица со бирање на бројот за меморирана станица од списокот.