Вклучување на ресиверот
Откако ќе ги поврзете другите уреди, поврзете го кабелот за напојување со наизменична струја (главен вод), па вклучете го ресиверот.
- Поврзете го кабелот за напојување со наизменична струја (главен вод) во ѕидниот штекер.
- Притиснете
(вклучено/режим на подготвеност) за да го вклучите ресиверот.
Ресиверот можете да го вклучите и со помош на
(вклучено/режим на подготвеност) на далечинскиот управувач. За да го исклучите ресиверот, повторно притиснете
(вклучено/режим на подготвеност).
Забелешка
- Откако ќе го исклучите ресиверот, на панелот за приказ ќе затрепка [STANDBY]. Не го исклучувајте кабелот за наизменична струја (главниот вод) додека трепка [STANDBY]. Ова може да предизвика дефект.


