[1]

Почнување

  • Користење на водичот за помош
  • Користење на далечинскиот управувач
  • Пребарување со глас
  • Одржување на телевизорот ажуриран
  • Претставување на Android TV™
  • Основни операции
  • Функции за пристапност
  • Интернет-страница за поддршка
[2] Почнување

Користење на водичот за помош

Овој водич за помош објаснува како се користи телевизорот. Исто така, во Setup Guide можете да видите како се инсталира телевизорот, а во Reference Guide описи на деловите и спецификациите на овој телевизор и држачот за на ѕид.

Во овој водич за помош можете да ги прочитате саканите информации по ред или да ги побарате директно. За да пребарувате, изберете the search icon на врвот на екранот.

Верзии на водичот за помош

Има две верзии на водичот за помош за телевизорот: Вграден водич за помош и интернетски водич за помош. За да го прегледувате интернетскиот водич за помош, телевизорот треба да биде поврзан на интернет. За да се префрлувате меѓу верзиите на вградениот и интернетскиот водич, користете го копчето за менување (А) на горниот дел на екранот. Можете да проверите кој водич за помош е прикажан во моментот гледајќи го насловот на горниот дел на екранот.

Illustration of the location of switch button A
  1. Поврзете го телевизорот на интернет.
  2. Изберете (A) за да ја смените верзијата на водичот за помош.

Напомена

  • За да ги користите најновите функции опишани во водичот за помош, може ќе треба да го ажурирате софтверот на телевизорот. За детали за ажурирањата на софтверот, видете на страницата Софтверски ажурирања.
  • Имињата на поставките во водичот за помош може да се разликуваат од прикажаните на телевизорот во зависност од датумот на пуштање во продажба на телевизорот или моделот/земјата/регионот.
  • Сликите и илустрациите употребени во водичот за помош може да се разликуваат во зависност од моделот на вашиот телевизор.
  • Дизајнот и спецификациите се предмет на измена без известување.

Совет

  • За да видите дали телевизорот е опремен со некоја од функциите опишани во водичот за помош, видете во хартиениот прирачник или во каталог на производи на Sony product
  • Овој водич за помош е напишан за сите региони/земји. Некои описи во овој водич за помош може да не важат за некои региони и земји.
[3] Почнување

Користење на далечинскиот управувач

Можете да ракувате со многу функции на телевизорот со копчињата (Горе) / (Долу) / (Лево) / (Десно) и (Влез).

Формата и копчињата на далечинскиот управувач варираат во зависност од вашиот модел/земја/регион.

Вклучениот далечински управувач се разликува зависно од моделот. За опис на копчињата на далечинскиот управувач, погледнете во Reference Guide.

  1. Користете ги копчињата (Горе), (Долу), (Лево) и (Десно) за „фокусирање“ на саканата ставка.
    The up, down, left, and right arrow buttons are on the center of the remote control.
  2. Притиснете го центарот на копчето (Влез) за да ја изберете ставката што е моментално во фокусот.
    The Enter button is in the center of the up, down, left, and right arrow buttons.

За да се вратите на претходниот екран

Притиснете го копчето BACK.

Совет

  • За други информации, видете ги сличните теми подолу или „Често поставувани прашања“ на Интернет-страницата за поддршка на Sony.
    Често поставувани прашања за решавање проблеми
[4] Почнување

Пребарување со глас

Далечинските управувачи што поддржуваат гласовно пребарување имаат копче (Микрофон) и вграден микрофон. Зборувајќи во микрофонот, можете да пребарувате различни содржини.

  1. Притиснете го копчето (Микрофон).
    LED-от на далечинскиот управувач ќе светне.
  2. Зборувајте во микрофонот.
    Може да бидат прикажани примери на говор, зависно од моделот.

Кога не може да пребарувате користејќи го гласот

Повторно регистрирајте го далечинскиот управувач со гласовно пребарување што го има копчето (Микрофон) на телевизорот со притискање на копчето HOME и избирање [Поставки] — [Далечински управувач и додатоци] — [Далечински управувач].

Напомена

  • Потребно е поврзување со интернет за користење гласовно пребарување.
  • Типот на далечинскиот управувач испорачан со телевизорот и достапноста на далечински управувач со вграден микрофон се различни, зависно од моделот, регионот и земјата. За некои модели, региони и земји е достапен изборен далечински управувач.
[5] Почнување

Одржување на телевизорот ажуриран

Телевизорот добива податоци како водичи за програми или презема софтвер (кога е овозможено [Автоматско преземање на софтвер]) додека е во режим на подготвеност. За да го одржувате телевизорот ажуриран, препорачуваме да го исклучувате телевизорот од копчето за вклучување/исклучување на далечинскиот управувач или на телевизорот.

[6] Почнување

Претставување на Android TV™

  • Прикажување на сликата на мал екран
  • Инсталирање апликации од Google Play Store
  • Преместување апликации на мемориски уред USB
  • Прегледување медиуми од интернет
  • Уживање во безбедни апликации и услуги за стримување видео (Безбедност и ограничувања)
[7] Почнување | Претставување на Android TV™

Прикажување на сликата на мал екран

Можете да ја прикажете сликата што ја гледате (телевизиски програми или содржини од поврзани уреди со HDMI) како мал екран во аголот.

Положбата на малиот екран се разликува во зависност од телевизорот.

Illustration of a small screen displayed on the TV screen

Прикажување на сликата како мал екран

  1. Притиснете го копчето ACTION MENU додека гледате телевизиска програма или содржина од уред HDMI, па изберете [Слика во слика].
    Моменталната слика се прикажува во аголот како мал екран.

Напомена

  • Малиот екран се прикажува врз последната користена апликација. Сепак, во зависност од одредени услови, апликацијата што се прикажува може да се разликува.
  • Операциите како што е менување канал се исклучени додека гледате со мал екран.
  • Телевизиска програма, надворешен извор како на пример, уред HDMI, апликации со коишто се враќаат филмови или некои апликации со коишто се враќаат слики или музика, не може да се прикажуваат истовремено.
  • Позицијата на малиот екран се приспособува автоматски. Не можете рачно да ја поставите.

Затворање на малиот екран или враќање на цел екран

  1. Притиснете го копчето HOME за да се прикаже почетното мени.
    Порака за малиот екран се прикажува на врвот на екранот.
    Illustration of a list of recently used apps and a small screen displayed on the TV screen
  2. Во пораката со приказ на мал екран, изберете [Отвори].
  3. Користете ги копчињата под малиот екран за да го затворите малиот екран или да се вратите на цел екран.
    Сликата подолу е визуелен пример и може да се разликува од реалниот екран.
    Illustration of a list of recently used apps and a small screen displayed on the TV screen
[8] Почнување | Претставување на Android TV™

Инсталирање апликации од Google Play Store

Можете да инсталирате апликации од Google Play Store на телевизорот, исто како со секој паметен телефон или таблет.

Напомена

  • Може да инсталирате само апликации што се компатибилни со телевизори. Тие може да се различни од апликациите за паметни телефони/таблет-уреди.
  • Потребно е поврзување со интернет и Google сметка за инсталирање апликации од Google Play Store.

Совет

  • Ако немате сметка Google или сакате да отворите заедничка сметка, направете нова сметка одејќи на следнава интернет-страница.
    https://accounts.google.com/signup https://accounts.google.com/signup
    Интернет-страницата може да е различна, зависно од регионот/земјата. Тоа може да се смени и без известување. За повеќе детали видете на почетната страница на Google.
  • Препорачуваме да отворите Google сметка на компјутер или мобилен уред.
  1. Притиснете го копчето HOME, изберете (икона Апликации) од Почетното мени и изберете Google Play Store од листата со апликации.
    Ако доставениот далечински управувач има копче APPS, може да го притиснете копчето APPS за да се прикаже листата со апликации.
  2. Изберете апликација за инсталирање.

По преземањето, апликацијата се инсталира и се додава автоматски. Нејзината икона се појавува на списокот со инсталирани апликации и од таму можете да ја стартувате.

За апликациите што се плаќаат

На Google Play Store има бесплатни апликации и апликации кои се плаќаат. За да купите апликација, потребна е шифра на претходно платена Google Play картичка за подарок или информации за кредитна картичка. Google Play картичка за подарок може да се купи кај разни продавачи.

За да избришете апликација

  1. Притиснете го копчето HOME, изберете (икона Апликации) од Почетното мени, изберете Google Play Store од листата со апликации и изберете Мои апликации.
    Ако доставениот далечински управувач има копче APPS, може да го притиснете копчето APPS за да се прикаже листата со апликации.
  2. Изберете апликација за бришење, а потоа одинсталирајте ја.
[9] Почнување | Претставување на Android TV™

Преместување апликации на мемориски уред USB

Можете да ги преместите преземените апликации на мемориски уред USB за да ја зголемите слободната меморија на телевизорот.

Напомена

  • Кога форматирате мемориски уред USB, сите податоци зачувани на меморискиот уред USB ќе се избришат. Направете резервна копија на важните податоци пред форматирањето.
  • Вршењето на оваа постапка го форматира меморискиот уред USB за исклучиво користење со телевизорот. Затоа можеби нема да можете да го користите меморискиот уред USB со компјутер и сл.
  • Некои апликации не можат да се преместат на мемориски уред USB.
  1. Приклучете го меморискиот уред USB во телевизорот.
  2. Притиснете го копчето HOME, изберете [Поставки] — [Поставки за уредот] — [Капацитет] — саканиот мемориски уред USB.
  3. Форматирајте го како внатрешен мемориски уред.
  4. Кога ќе заврши форматирањето, притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Апликации].
  5. Изберете ја апликацијата што сакате да ја преместите на меморискиот уред USB.
  6. Изберете го меморискиот уред USB од мемориите што се користат. Апликацијата се преместува на меморискиот уред USB.

Совет

  • Повторете ги чекорите 4 до 6 за да преместите и други апликации на меморискиот уред USB.

За да отстраните мемориски уред USB

  1. Притиснете го копчето HOME, изберете [Поставки] — [Поставки за уредот] — [Капацитет] — саканиот мемориски уред USB, па изберете ја опцијата да го отстраните.

Напомена

  • Меморискиот уред USB се користи само за зачувување апликации. За да го користите меморискиот уред USB за други цели, треба пак да го форматирате.
  • Ако избришете апликација на меморискиот уред USB со компјутер, нема да можете да ја отворите од телевизорот.
  • Ако отстраните мемориски уред USB од телевизорот, нема да можете да ги користите апликациите што биле преместени на него.
  • Не може да одредите мемориски уред USB како место за инсталација на апликација. Прво инсталирајте ја апликацијата на телевизорот нормално, а потоа преместете ја на меморискиот уред USB.
[10] Почнување | Претставување на Android TV™

Прегледување медиуми од интернет

Можете да користите и услуги за емитување видео како YouTube™ и Netflix за да гледате интернетски содржини. Достапните услуги се различни, зависно од земјата и регионот. Можете да ги стартувате овие услуги избирајќи ги нивните плочки на почетното мени.

Напомена

  • За гледање интернетски содржини е потребно поврзување со интернет.
[11] Почнување | Претставување на Android TV™

Уживање во безбедни апликации и услуги за стримување видео (Безбедност и ограничувања)

Можете да обезбедите безбедна употреба на телевизорот одредувајќи ограничувања за инсталирање на апликациите што се преземени од непознати извори или ограничувања според возраста за програмите и видеоснимките.

  1. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Поставки за уредот] — па опции како [Безбедност и ограничувања] или [Гледање ТВ] — [Контроли за родителски надзор].

Напомена

  • Ако ја смените поставката [Безбедност и ограничувања], уредот и вашите лични податоци се поподложни на напади од непознати апликации од други извори освен Play Store. Се согласувате дека само вие одговарате за евентуалните оштетувања на уредот или за губење податоци поради користење такви апликации.

Совет

  • Може да се достапни и други посебни ограничувања, зависно од апликацијата. За детали, погледнете во водичот за помош на апликацијата.
[12] Почнување

Основни операции

  • Почетно мени
  • Употреба на Лента за менија на телевизорот Оваа функција е достапна кај телевизори чиишто далечински управувачи немаат копче DISCOVER.
  • Користење на „Лента со содржини“ (DISCOVER) Оваа функција е достапна за телевизори чиишто далечински управувачи имаат копче DISCOVER .
  • Користење на Мени со акции
  • Избирање влезови
  • Како свети LED-осветлувањето
[13] Почнување | Основни операции

Почетно мени

Екранот што се прикажува кога ќе го притиснете копчето HOME на далечинскиот управувач се нарекува Почетно мени. Од почетното мени може да пребарувате содржини и да избирате препорачани содржини, апликации и поставки.

Image of the Home Menu screen. There are five areas labeled A through E starting from the top.

Пребарување, известувања, влезови, тајмери и поставки (A)

(Микрофон) / (Тастатура на екран):
Користете го микрофонот на далечинскиот управувач или тастатурата на екранот прикажана на телевизорот за внесување клучни зборови и пребарување различни содржини.
За гласовно пребарување, погледнете ја страницата Пребарување со глас.
(Известувања):
Се прикажува кога има известување, како на пример кога има проблем со поврзувањето. Бројот го покажува бројот на известувања.
(Влезови):
Го префрлува влезниот уред поврзан со телевизорот.
(Тајмери):
Конфигурирајте ги [Тајмер за вклучување] и [Тајмер за исклучување].
За повеќе детали, видете на страницата за Поставување тајмер.
(Поставки):
Конфигурирајте ги различните поставки поврзани со телевизорот.
За повеќе детали, видете на страницата за Поставки.

Апликации (B)

Прикажете ги вашите омилени апликации.

  • Ако изберете [Апликации], се прикажува листа на инсталирани апликации.
  • Изберете [Додајте ја апликацијата на омилени] за да додадете апликација во омилените.
  • Ако изберете додадена апликација и го притиснете и држите копчето (Влез) на далечинскиот управувач, може да го менувате редоследот на подредување или да отстраните омилена.
  • Ако изберете ТВ-апликација, може да гледате телевизиски емисии или внесена содржина.

Play Next (C)

Прикажува што можете да гледате следно во зависност од содржината.

Напомена

  • Ако нема соодветна содржина, [Play Next] може нема да се прикаже.

Канали (D)

Редовите под Апликации (B) се нарекуваат „Канали“. Тука, може да гледате препорачана содржина од услугите за емитување видео.

Совет

  • Историјата на неодамна гледаните канали се прикажува на [ТВ].
  • Може да додадете содржина на Play Next со бирање на содржината на кој било канал и притискање и држење на копчето (Влез) на далечинскиот управувач.
  • Може да преместите некои од каналите под „Канали (D)“ во Почетното мени. Користете ги копчињата (Горе) / (Долу) за да го поместите фокусот до кружната икона на редот што сакате да го поместите и притиснете (Лево) (или (Десно) во зависност од јазикот на прикажување на телевизорот) да можете да го поместите редот нагоре или надолу со притискање на копчињата (Горе) / (Долу).

Приспособување канали (E)

[Приспособување канали] се користи за приказ или криење на избраните канали.

Совет

  • За други информации, видете „Често поставувани прашања“ на Интернет-страницата за поддршка на Sony.
    Често поставувани прашања за решавање проблеми
[14] Почнување | Основни операции

Употреба на Лента за менија на телевизорот

Оваа функција е достапна кај телевизори чиишто далечински управувачи немаат копче DISCOVER.

Притиснете го копчето TV додека гледате телевизиски емисии за да го прикажете Лента за менија на телевизорот. Лента за менија на телевизорот овозможува пристап до Омилени канали и го прикажува ТВ Мени, коешто овозможува пристап до листата со канали, листа на снимени наслови или листа на поставени тајмери.

Image of the TV screen
  1. Притиснете го копчето TV додека гледате телевизиски емисии.
    Функцијата „Лента за менија на телевизорот“ е прикажана во долниот дел на екранот.
  2. Изберете ја саканата категорија со поместување на фокусот нагоре или надолу.
  3. Изберете ја саканата ставка со поместување на фокусот налево или надесно.
  4. Притиснете го копчето (Влез) за да ја активирате избраната ставка.

Додавање канали во омилени

  1. Притиснете го копчето TV додека гледате телевизиски емисии.
    Функцијата „Лента за менија на телевизорот“ е прикажана во долниот дел на екранот.
  2. Поместете го фокусот надолу за да изберете [Додадете канали во Омилени].
  3. Изберете ги [Омилени] што сакате да ги поставите да се додадат на омилените канали.

Совет

  • Ако изберете [Додади во Омилени] од [Мени со акции], може да го додадете каналот што го гледате на [Омилени канали].

За да ги промените поставувањата на оваа функција

  1. Притиснете го копчето TV додека гледате телевизиски емисии.
    Функцијата „Лента за менија на телевизорот“ е прикажана во долниот дел на екранот.
  2. Поместете го фокусот на категоријата [Поставки].
  3. Изберете ја ставката за која што сакате да ги промените поставувањата.

Достапни опции

[Покажи/скриј категории]
Изберете категории на содржини што ќе се прикажуваат во Лента за менија на телевизорот. Не може да се скријат [Поставки].
[Најдобар избор] може да се скрие, зависно од моделот на телевизорот.
[Повторно подредете ги категориите]
Изберете категорија на содржини за прередување.
[Додадете категории на жанрови]
Додајте жанрови за да направите своја категорија на содржини.
[Додадете категории на зборови за пребарување]
Додајте клучни зборови за да направите своја категорија на содржини.
[Сортирај ТВ канали]
Изберете го типот на подредување на телевизиските канали.
[Прикажи големина]
Изберете ја големината на приказот на менито.

Напомена

  • Оваа опција може да не е достапна, зависно од вашиот модел/регион/земја.
[15] Почнување | Основни операции

Користење на „Лента со содржини“ (DISCOVER)

Оваа функција е достапна за телевизори чиишто далечински управувачи имаат копче DISCOVER.

Можете да го користите копчето „Лента со содржини“ за пребарување содржини, како телевизиски емисии и видео-записи на интернет. Содржините што се прикажуваат кога ќе се притисне копчето „Лента со содржини“ се различни, зависно од моделот/регионот/земјата.

Image of the TV screen
  1. Притиснете го копчето DISCOVER.
    Функцијата „Лента со содржини“ е прикажана во долниот дел на екранот.
  2. Изберете ја саканата категорија со поместување на фокусот нагоре или надолу.
  3. Изберете ја саканата ставка со поместување на фокусот налево или надесно.
  4. Притиснете го копчето (Влез) за да ја активирате избраната ставка.

За да ги промените поставувањата на оваа функција

  1. Притиснете го копчето DISCOVER.
    Функцијата „Лента со содржини“ е прикажана во долниот дел на екранот.
  2. Поместете го фокусот надолу до категоријата [Поставки].
  3. Изберете ја ставката за која што сакате да ги промените поставувањата.

Достапни опции

[Покажи/скриј категории]
Изберете категории на содржини што ќе се прикажуваат во DISCOVER. Не може да се скријат [Поставки].
[Најдобар избор] може да се скрие, зависно од моделот на телевизорот.
[Повторно подредете ги категориите]
Изберете категорија на содржини за прередување.
[Додадете канали во Омилени]
Додајте ги омилените канали во DISCOVER.
[Додадете категории на жанрови]
Додајте жанрови за да направите своја категорија на содржини.
[Додадете категории на зборови за пребарување]
Додајте клучни зборови за да направите своја категорија на содржини.
[Прикажи големина]
Изберете ја големината на приказот на менито.
[Сортирај ТВ канали]
Изберете го типот на подредување на телевизиските канали.

Напомена

  • Оваа опција може да не е достапна, зависно од вашиот модел/регион/земја.
[16] Почнување | Основни операции

Користење на Мени со акции

Со притискање на копчето ACTION MENU се појавува мени и овозможува брз пристап до функциите што се достапни за моментално прикажаниот екран, како што се прилагодување на сликата, прилагодување на звукот, прилагодување на јачината на звукот на поврзаниот уред (на пример слушалки) и поставки на приказот/звукот. Ставките во менито се разликуваат во зависност од избраниот приказ.

Image of the TV screen
  1. Притиснете го копчето ACTION MENU.
  2. Изберете ја саканата категорија со поместување на фокусот кон лево или кон десно.
  3. Изберете ја саканата ставка со поместување на фокусот нагоре или надолу.
  4. Притиснете го копчето (Влез) за да ја активирате избраната ставка.
[17] Почнување | Основни операции

Избирање влезови

За да користите уреди (како плеер за Blu-ray/DVD) поврзани со телевизорот или за да гледате телевизија по таквата употреба, ќе треба да го смените влезот.

  1. Притиснете го копчето (Избор на влез) неколку пати за да го изберете поврзаниот уред.

Совет

  • Можете да се префрлите на телевизиски емисии со притискање на копчето TV на далечинскиот управувач.

Префрлување од почетното мени

  1. Притиснете го копчето HOME па изберете го влезниот извор од [Влезови].
[18] Почнување | Основни операции

Како свети LED-осветлувањето

Одредени бои ќе се појават во долниот центар на телевизорот покажувајќи одредена активност или статус.


„Запалено“ е или „трепка“ бело
  • Кога е исклучен екранот
  • Кога се вклучува телевизорот
  • Кога се примаат сигнали од далечинскиот управувач
  • Кога се ажурира софтверот
и сл.

„Трепка“ сино-зелено
  • Кога мобилен уред (паметен телефон, таблет и сл.) се поврзува со телевизорот на домашната мрежа
и сл.

„Запалено“ е килибарно
  • Кога е поставен тајмерот за вклучување
  • Кога е поставен тајмерот за заспивање
  • Кога е поставен тајмерот за снимање (достапноста на оваа функција зависи од моделот, земјата и регионот)
и сл.

„Запалено“ е розово
  • Кога телевизорот снима (достапноста на оваа функција зависи од моделот, земјата и регионот)
[19] Почнување

Функции за пристапност

Овој телевизор има функции за пристапност во [Пристапност] како на пример функцијата за трансформирање текст во говор за текст на екранот, зголемување на текстот за полесно читање, како и функцијата за превод.

Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Поставки за уредот] — [Пристапност] за да ги конфигурирате функциите за помош на корисникот.

[Пристапност] има функција на кратенка, така што може да ја вклучувате или исклучувате со притискање и држење на копчето (Исклучи звук) на далечинскиот управувач 3 секунди.

Совет

  • За да ја смените функцијата на кратенка, овозможете [Кратенка за пристапност] во [Пристапност], и сменете ја со помош на [Услуга со кратенка].
  • За употреба на функцијата трансформација од текст во говор со водичот за помош, погледнете го водичот за помош на интернет-страницата за поддршка на Sony со помош на вашиот компјутер или паметен телефон.

    http://www.sony.eu/support/
    QR code for the Sony support website
    http://www.sony.eu/support/

[20] Почнување

Интернет-страница за поддршка

За најнови информации и интернетскиот водич за помош, посетете ја интернет-страницата за поддршка на Sony:

http://www.sony.eu/support/
QR code for the Sony support website
http://www.sony.eu/support/

[21]

Гледање телевизија

  • Гледање телевизиски програми
  • Гледање во 3D (само за 3D моделите)
[22] Гледање телевизија

Гледање телевизиски програми

  • Користење на водичот за програми
  • Конфигурирање на поставките на каналите
  • Користење телевизиски услуги за интерактивни емисии
  • Разбирање на информативните икони
  • Гледање телевизиски програми со YouView (само за моделите за Обединетото Кралство)
[23] Гледање телевизија | Гледање телевизиски програми

Користење на водичот за програми

Можете брзо да ги најдете програмите што ги претпочитате.

  1. Притиснете го копчето GUIDE за да се прикаже водичот за дигитални програми.
  2. Изберете ја програмата што сакате да ја гледате.
    Се прикажуваат детални информации за програмата.
  3. Изберете [Прикажи] за да ја гледате програмата.

За да го префрлите водичот за програма

Можете да го префрлите водичот за програма на [ТВ избор] или [Guide за жанрови]. Оваа опција може да не е достапна, зависно од вашиот модел/регион/земја. Исто така, можете да го префрлите водичот за програма за да видите [Листа на снимени наслови] (само модели со снимање на USB HDD) или [Листа со тајмери].

  1. Поместете го фокусот на најлевата ставка, па одете пак лево за да го отворите менито.
  2. Изберете ги саканиот водич за програма или листа.

За користење опционални функции

  1. Додека е прикажан водичот за програми, притиснете го копчето ACTION MENU и изберете ја саканата ставка.
[24] Гледање телевизија | Гледање телевизиски програми

Конфигурирање на поставките на каналите

  • Прием на дигитални емисии
  • Прием на сателитски емисии (само за моделите компатибилни за сателитски прием)
  • Подредување канали или уредување на листата со програми
[25] Гледање телевизија | Гледање телевизиски програми | Конфигурирање на поставките на каналите

Прием на дигитални емисии

  1. Притиснете го копчето HOME, потоа изберете [Поставки] — [Гледање ТВ] — [Канали] — [Поставување на канали] — [Дигитално поставување] — [Дигитално пребарување] — [Автоматско бирање на дигитални канали].
  2. Следете ги упатствата на екранот за да ги наместите достапните дигитални канали и за да ги зачувате нивните поставки на телевизорот.

За менување на опсегот за местење

Изберете [Нормално] или [Целосно] во [Опсег на автоматско пребарување канали].

[Нормално]
Ги пребарува достапните канали во регионот/земјата.
[Целосно]
Ги пребарува достапните канали без оглед на регионот/земјата.

Совет

  • Можете повторно да го наместите телевизорот пуштајќи го [Автоматско бирање на дигитални канали] откако ќе се преселите на друго место, ќе го смените давателот на услуги или за да барате новоотворени канали.
[26] Гледање телевизија | Гледање телевизиски програми | Конфигурирање на поставките на каналите

Прием на сателитски емисии (само за моделите компатибилни за сателитски прием)

Моделите компатибилни за сателитски прием имаат [Поставување сателитска телевизија] во [Поставки] [Гледање ТВ] — [Канали] — [Поставување на канали] — [Дигитално поставување].

Ако имате сателитска антена, можете да гледате сателитски програми конфигурирајќи ги поставките на приемникот. Видете ги описите подолу како помош да ја одредите инсталацијата и да ја наместите сателитската антена.

  1. Притиснете го копчето HOME, потоа изберете [Поставки] — [Гледање ТВ] — [Канали] — [Поставување на канали] — [Дигитално поставување] — [Поставување сателитска телевизија] — [Дигитално сателитско пребарување].

Достапни опции

[Конфигурација со антена]
Избира тип сателитска инсталација.
Вашата сателитска инсталација може да биде Единечна кабелска дистрибуција, Фиксна антена или DiSEqC.
Единечна кабелска дистрибуција овозможува испорака на програми до повеќе приемници преку еден коаксијален кабел. Секој приемник добива еден кориснички „појас“.
Инсталацијата DiSEqC овозможува да се поврзете на повеќе сателитски антени или LNB-приемници ако ги имате. Можете да избирате меѓу нив користејќи ги контролите на телевизорот.
Фиксна антена обично е наједноставниот вид инсталација, при што има само една сателитска антена и LNB-приемник.
[Опсег]
Го конфигурира бројот кориснички појаси доделени на телевизорот или приемникот.
[Фреквентен опсег]
Ја прилагодува фреквенцијата на корисничките појаси доделени на телевизорот или приемникот.
[Општ сателит]/[Друг (Општ сателит)]
Пребарува сателитски услуги врз основа на општи поставки. Прикажаната поставка се разликува, зависно од моделот.
[Контрола на DiSEqC]
Ги конфигурира поставките за контролирање дополнителна сателитска опрема како прекинувачи за бирање сателити.
[Тип на скенирање]
[Целосно скенирање]: Ги скенира сите достапни сателитски фреквенции.
[Скенирање на мрежа]: Скенирања според претходно одредени мрежни параметри. Ако недостигаат услуги откако ќе се изврши [Скенирање на мрежа], обидете се со [Целосно скенирање].
[Рачно скенирање]: Овозможува да се постави фреквенцијата за скeнирање и други параметри на транспондерот.
[27] Гледање телевизија | Гледање телевизиски програми | Конфигурирање на поставките на каналите

Подредување канали или уредување на листата со програми

Можете да го подредите приказот на каналите како сакате.

За сателитски канали

  1. Притиснете го копчето HOME, потоа изберете [Поставки] — [Гледање ТВ] — [Канали] — [Поставување на канали] — [Дигитално поставување] — [Поставување сателитска телевизија] — [Уредување на листата на сателитски програми].
  2. Изберете ја програмата што сакате да ја преместите на нова положба.
  3. Изберете ја новата положба каде што сакате да ја преместите избраната програма.

За дигитални канали

  1. Притиснете го копчето HOME, потоа изберете [Поставки] — [Гледање ТВ] — [Канали] — [Поставување на канали] — [Дигитално поставување] — [Дигитално пребарување] — [Уредување на листата на програми].
  2. Изберете ја програмата што сакате да ја преместите на нова положба.
  3. Изберете ја новата положба каде што сакате да ја преместите избраната програма.

За аналогни канали

  1. Притиснете го копчето HOME, потоа изберете [Поставки] — [Гледање ТВ] — [Канали] — [Поставување на канали] — [Аналогно поставување] — [Подредување на програми].
  2. Изберете ја програмата што сакате да ја преместите на нова положба.
  3. Изберете ја новата положба каде што сакате да ја преместите избраната програма.

Напомена

  • Достапните опции може да се разликуваат, зависно од регионот/земјата.
[28] Гледање телевизија | Гледање телевизиски програми

Користење телевизиски услуги за интерактивни емисии

За прикажување текстуални информации

Можете да прегледувате текстуални и текстуално-графички информации, меѓу кои и национални вести, временски информации и телевизиски водичи. Можете да разгледувате информации што ве интересираат, па да ги изберете информациите што сакате да ги прикажете внесувајќи број.

  1. Притиснете го копчето (Текст) за да се прикажат текстуални информации.

Информации за услугата за дигитални текстуални информации

Услугата за дигитален текст нуди богата содржина со мазна графика и слики. Достапни се разни функции, како врски со страници и лесна навигација. Услугата е поддржана од голем број емитувачи. (Достапноста на функцијата зависи од моделот/регионот/земјата).

Информации за услугата за дигитална интерактивна апликација

Услугата за интерактивна апликација нуди висококвалитетни дигитални текст и графика, како и напредни опции. Услугата е поддржана од емитувачите. (Достапноста на функцијата зависи од моделот/регионот/земјата).

Напомена

  • Интерактивната услуга е достапна само ако е понудена од емитувачот.
  • Достапните функции и содржината на приказот се разликуваат во зависност од емитувачот.
  • Ако се избрани титли, а вие отворите апликација за дигитален текст преку копчето (Текст), титлите може, во одредени услови, да престанат да се прикажуваат. По излегувањето од апликацијата за дигитален текст, преводот автоматски ќе продолжи да се прикажува.

За да ја користите услугата NVOD/MF

NVOD (Делумно видео On Demand) и MF (Повеќеканално) се стандарди за емитување неколку програми истовремено на ист канал.

NVOD овозможува повеќе копии од програмата дадени на распределен распоред, а MF овозможува да ја изберете саканата емисија од неколку програми на еден канал.

  1. Додека гледате NVOD/MF канал, притиснете го копчето ACTION MENU.
  2. Изберете [Дополнителни канали] — саканата програма.

Напомена

  • Оваа функција е достапна кога емитувачот обезбедува услуга NVOD/MF.
[29] Гледање телевизија | Гледање телевизиски програми

Разбирање на информативните икони

Кога ќе смените канал, кратко ќе се појави банер со информации. На банерот може да се појават следниве икони.

List of icons and their descriptions:
Сервис со податоци (апликација за емитување)
:
Радио-сервис
:
Кодирани/Претплатнички сервиси
:
Достапен е звук на повеќе јазици
:
Достапен е превод
:
Достапен е превод и/или звук за лицата со оштетен слух
:
Препорачана минимална возраст за моменталната програма(3 до 18 години)
:
Родителско заклучување
:
Заклучување дигитални програми
:
Достапен е звук за лицата со оштетен слух
:
Достапен синхронизиран превод
:
Достапен е звук на повеќе канали
[30] Гледање телевизија | Гледање телевизиски програми

Гледање телевизиски програми со YouView (само за моделите за Обединетото Кралство)

За да го вклучите/исклучите YouView

  1. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Гледање ТВ] — [Канали] — [Поставување на канали] — [Поставување на YouView].
  2. Изберете [Овозможи YouView] или [Оневозможи YouView], а потоа [Да].
  3. Следете ја постапката за поставување.

За да го користите YouView Guide

Користете го YouView Guide да видите што се емитува во моментот, што е најавено за следната недела и за да се вратите за да ги видите емисиите што можеби сте ги пропуштиле изминатите седум дена.

  1. Притиснете го копчето GUIDE за да се прикаже водичот за програми.
  2. Притискајте ги копчињата (Лево) / (Десно) за да ја изберете програмата, а потоа притиснете го копчето (Влез).
    Достапните програми се означени со икона за пуштање.

Совет

  • Притиснете го копчето TV на далечинскиот управувач додека гледате тековна програма за да се прикаже Mini Guide и да видите што се емитува сега и што следи. Оваа функција не може да се употреби во следниве случаи.
    • Кога со телевизорот е поврзан set-top box преку IR blaster.
    • Кај телевизори чиишто вклучени далечински управувачи немаат копче DISCOVER.

За да ги проверите информациите за програмата (Information Panel)

Information Panel овозможува да дознаете повеќе за програмата, гледаноста и дали е достапно во HD. Можете и да гледате повеќе епизоди од истата серија кога се достапни по нарачка.

  1. Притиснете го копчето (Прикажување Инфо/Текст).

За да пристапите до On Demand, Discover и YouView Search (YouView Menu)

  1. Притиснете го синото копче во YouView Guide или Mini Guide за да се прикаже YouView Menu.
  2. Најдете ја програмата што сакате да ја гледате со следниве опции.
    Players: Пристап до BBC iPlayer, ITV Hub, All 4, My5 и Pop Fun на YouView.
    Discover: Прегледувајте популарни или скоро додадени програми набрзина. Може и да откривате нови програми по жанр, на пр. Детски, Филмови итн.
    YouView Search: Најдете одредена програма во живо или по нарачка на YouView.

Напомена

  • Следниве ставки на менито се недостапни кога е вклучено YouView;

    • Сателитски програми
    • Омилени
    • Потсетник
    • Заклучување дигитални програми
    • Уредување на листата на програми
    • Прилагодете го копчето TV
    • Информации за земските програми од функцијата за пребарување на екранот на почетното мени (наместо него, користете го „YouView Search“)
    • Снимање емисии
  • Имињата на услугите може да се сменат без известување.
[31] Гледање телевизија

Гледање во 3D (само за 3D моделите)

  • Разбирање на основите на 3D телевизијата (само за 3D моделите)
  • Подготвување на 3D очилата (само за 3D моделите)
  • Гледање телевизија во 3D (само за 3D моделите)
[32] Гледање телевизија | Гледање во 3D (само за 3D моделите)

Разбирање на основите на 3D телевизијата (само за 3D моделите)

3D моделите имаат [Поставки за 3D] во [Поставки] — [Слика и звук].

Препорачано растојание на гледање за 3D слика

Ако растојанието на гледање не е соодветно, може да се појави двојна слика. Седете на растојание од најмалку три височини на екранот на телевизорот. За најдобро гледање препорачуваме да седите директно пред телевизорот.

Illustration of the best distance to watch TV

Совет

  • Постојат два вида 3D очила: пасивни и активни. Видете во спецификациите во Reference Guide кои видови 3D очила ги поддржува телевизорот.

Комуникациски опсег на телевизорот и активните 3D очила

Активните 3D очила комуницираат со телевизорот за да ви прикажат слики во 3D.

Вашата местоположба од која гледате, треба да биде во рамки на соодветниот опсег. Погледнете ги следниве дијаграми. Работното растојание зависи од просторни пречки (луѓе, метал, ѕидови итн.) и/или електромагнетни пречки.

  • Поглед од горе
    Illustration of the communication range from an overhead view
    1. 120°
    2. 1-6 m
  • Поглед од страна
    Illustration of the communication range from a side view
    1. 45°
    2. 1-6 m
    3. 30°

Напомена

  • Препорачаните агол и растојание на гледање може да се разликуваат во зависност од местоположбата на телевизорот и условите во собата.

Нега на очилата

  • Бришете ги очилата нежно со мека крпа.
  • Тврдите дамки може да се отстранат со крпа малку навлажнета со раствор од мек сапун и топла вода.
  • Ако користите хемиски обработена крпа, следете ги упатствата дадени на пакувањето.
  • За чистење, никогаш не користете силни раствори, како што се разредувач, алкохол или бензен.
[33] Гледање телевизија | Гледање во 3D (само за 3D моделите)

Подготвување на 3D очилата (само за 3D моделите)

3D моделите имаат [Поставки за 3D] во [Поставки] — [Слика и звук].

Постојат два вида 3D очила: пасивни и активни. Видете во спецификациите во Reference Guide кои видови 3D очила ги поддржува телевизорот.

За пасивни 3D очила

Ако со телевизорот се испорачани пасивни 3D очила, користете ги. Ако не се испорачани никакви очила, купете пасивни 3D очила, модел TDG-500P. Можете да гледате во 3D едноставно ставајќи ги пасивните 3D очила.

За активни 3D очила

Ако со телевизорот се испорачани активни 3D очила, користете ги. Ако не се испорачани никакви очила, купете активни 3D очила, модел TDG-BT500A. Пред да ги употребите активните 3D очила прв пат, треба да ги регистрирате на вашиот телевизор. Следете ги долните чекори.

  1. Извадете ја преградата за изолација на батеријата.
    Illustration of the procedure step
  2. Вклучете го телевизорот, а потоа, држете ги очилата во рамки на растојание од 50 cm од телевизорот.
  3. Притиснете го копчето/индикаторот (Вклучување/Исклучување) на очилата и задржете го притиснато 2 секунди.
    Illustration of the procedure step

    Активните 3D очила се вклучуваат и регистрацијата започнува (копчето/индикаторот (Вклучување/Исклучување) трепка со зелена и жолта светлина). Кога ќе заврши регистрацијата, на екранот се појавува порака и останува 5 секунди, а индикаторот свети зелено 3 секунди.

    Ако регистрацијата не успее, активните 3D очила автоматски ќе се исклучат. Во тој случај, повторете ја горната постапка.

  4. Ставете ги активните 3D очила.

Од наредниот пат, ќе можете да ги користите активните 3D очила едноставно вклучувајќи ги. За да ги исклучите, притиснете го копчето/индикаторот (Вклучување/Исклучување) на очилата и задржете го притиснато 2 секунди. За да ги вклучите повторно, притиснете го копчето/индикаторот (Вклучување/Исклучување).

Совет

  • За да ги користите активните 3D очила со друг телевизор, треба да ги регистрирате очилата на тој телевизор. Извршете ја горната постапка почнувајќи од чекорот 2.
[34] Гледање телевизија | Гледање во 3D (само за 3D моделите)

Гледање телевизија во 3D (само за 3D моделите)

3D моделите имаат [Поставки за 3D] во [Поставки] — [Слика и звук].

Можете да уживате во искуството на моќна забава во 3D, како што се стереоскопски 3D игри и 3D Blu-ray дискови.

За гледање во 3D, поврзете 3D-компатибилен уред директно на телевизорот со помош на одобрен HIGH SPEED HDMI кабел со логото HDMI.

Illustration of a person wearing 3D glasses and watching in 3D
  1. Подгответе ги 3D очилата.
  2. Прикажете ја 3D содржината на телевизорот.
  3. Ставете ги 3D очилата.
    Сега, би требало да можете да гледате 3D слики. Ако не се постигне никаков 3D ефект, извршете ги следниве чекори.
  4. Притиснете го копчето ACTION MENU, па изберете [3D].
  5. Изберете го режимот [3D приказ] што одговара на прикажуваната содржина. Зависно од влезниот сигнал или формат, [3D (едно‑до‑друго)]/[3D (едно-врз-друго)] може да не биде возможно да се избере.

Совет

  • Освен режимот [3D приказ], можете да користите разни 3D опции во [Поставки за 3D]. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Слика и звук] — [Поставки за 3D].

Напомена

  • 3D ефектот може да биде помалку изразен ако температурата на воздухот во собата е ниска.
  • Ако [Motionflow] во [Слика] е поставено на нешто друго освен [Исклучено], процесот за сведување на треперењето на екранот на минимум може да влијае врз течното движење на сликата. Во тој случај, притиснете го копчето ACTION MENU, па изберете [Слика] — [Напредни поставки] — [Движење] — [Motionflow] — [Исклучено]. (Само за модели компатибилни со [Motionflow].)
    Моделите компатибилни со [Motionflow] имаат [Motionflow] во [Поставки] — [Слика и звук] — [Слика] — [Напредни поставки] — [Движење].
[35]

Снимање телевизиски емисии

  • Снимање на USB HDD уред (само за моделите со снимање на USB HDD)
  • Гледање/бришење снимени содржини (само за моделите со снимање на USB HDD)
  • Разбирање на знаците прикажани во листата снимени наслови (само за моделите со снимање на USB HDD)
[36] Снимање телевизиски емисии

Снимање на USB HDD уред (само за моделите со снимање на USB HDD)

  • Регистрирање USB HDD уред (само за моделите со снимање на USB HDD)
  • Снимање со еден допир (само за моделите со снимање на USB HDD)
  • Снимање со тајмер (само за моделите со снимање на USB HDD)
  • Информации за користење на USB HDD уред за снимање (само за моделите со снимање на USB HDD)
[37] Снимање телевизиски емисии | Снимање на USB HDD уред (само за моделите со снимање на USB HDD)

Регистрирање USB HDD уред (само за моделите со снимање на USB HDD)

Моделите со снимање на USB HDD имаат [Поставување уред за снимање] во [Поставки] — [Гледање ТВ].

Поврзете и регистрирајте уред USB HDD на телевизорот за да снимате дигитални емисии.

Поврзете го уредот USB HDD со приклучокот за USB на телевизорот означен „HDD REC“ (доколку има син приклучок за USB, тоа значи дека тој приклучок поддржува снимање во HDD формат).

Напомена

  • Функцијава е достапна само кај некои модели во Европа, Австралија и Нов Зеланд.
Illustration of the connection method
  1. Уред USB HDD
  2. USB Кабел (не се испорачува)
  1. Поврзете уред USB HDD со приклучокот USB3 (сино) во вашиот телевизор со ознака „HDD REC“.
  2. Вклучете го уредот USB HDD.
  3. Почекајте додека да се појави екранот [УСБ-меморијата е поврзана].
  4. Изберете [Регистрирајте се за снимање].
  5. Следете ги упатствата на екранот за да го регистрирате уредот USB HDD.

Напомена

  • Доколку при чекорот 4 од регистрацијата се прикаже пораката „Не може да се открие USB HDD за снимање“, следете ги инструкциите од истата и проверете дали уредот за снимање USB HDD е приклучен во приклучокот USB3 (сино).
    Доколку не може да се препознае уредот за снимање USB HDD, дури и откако ќе ја проверите врската, мора повторно да го регистрирате уредот USB HDD бидејќи тој е веќе регистриран како уред којшто има други функции освен снимање ([Меморија на уредот]). Видете во „Не може да се регистрира уредот USB HDD. (Само кај моделите со снимање на USB HDD)“ за повторно да го регистрирате уредот USB HDD за снимање.

Совет

  • Исто така, на вашиот телевизор може да регистрирате направа USB HDD со тоа што ќе изберете [Поставки] — [Гледање ТВ] — [Поставување уред за снимање] — [HDD регистрација].

За да дерегистрирате уред USB HDD

  1. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Гледање ТВ] — [Поставување уред за снимање] — [Дерегистрација на HDD] — уредот што треба да се дерегистрира.
[38] Снимање телевизиски емисии | Снимање на USB HDD уред (само за моделите со снимање на USB HDD)

Снимање со еден допир (само за моделите со снимање на USB HDD)

Моделите со снимање на USB HDD имаат [Поставување уред за снимање] во [Поставки] — [Гледање ТВ].

Напомена

  • Функцијава е достапна само кај некои модели во Европа, Австралија и Нов Зеланд.
  1. Додека ја гледате програмата за снимање, притиснете го копчето REC.
  2. На прикажаниот екран, одредете го крајното време за снимање. За да снимате додека да заврши програмата, изберете [зададено]. За да одредите произволно време (1 минута до 8 часа), изберете [Дефиниран корисник].

За рачно прекинување на снимањето

  1. Притиснете го копчето (Стоп).
  2. Изберете [Запри] на прикажаниот екран.

За да го смените крајното време за снимање

  1. Притиснете го копчето (Стоп).
  2. На прикажаниот екран, изберете [Менувај] за да го смените крајното време на снимањето.

Напомена

  • За некои програми снимањето не може да се прекине со притискање на копчето (Стоп). За да прекинете снимање на таква програма, притиснете го копчето ACTION MENU, па изберете [ Запри снимање].
[39] Снимање телевизиски емисии | Снимање на USB HDD уред (само за моделите со снимање на USB HDD)

Снимање со тајмер (само за моделите со снимање на USB HDD)

Моделите со снимање на USB HDD имаат [Поставување уред за снимање] во [Поставки] — [Гледање ТВ].

Напомена

  • Функцијава е достапна само кај некои модели во Европа, Австралија и Нов Зеланд.
  1. Притиснете го копчето GUIDE.
  2. Изберете ја саканата програма во водичот за програми, потоа изберете [Снимање со тајмер].
  3. Изберете [Постави тајмер како настан] или [Постави тајмер].

За рачно поставување на тајмерот на одреден датум, време и канал

  1. Притиснете го копчето GUIDE.
  2. Поместете го фокусот на најлевата ставка, па одете пак лево за да го отворите менито.
  3. Изберете [Листа со тајмери] — [Сним. со рачно пост. тајмер].
  4. Конфигурирајте ја поставеноста на тајмерот.
  5. Изберете [Постави тајмер].

За проверка, менување или бришење на поставеноста на тајмерот

Проверката, менувањето и бришењето на поставките на тајмерот се вршат во [Листа со тајмери].

  1. Притиснете го копчето GUIDE.
  2. Поместете го фокусот на најлевата ставка, па одете пак лево за да го отворите менито.
  3. Изберете [Листа со тајмери], па сменете ги поставките.

Совет

  • Може да се постават до 32 тајмери.
  • Ако снимањето не успее, причината ќе биде наведена во [Листа на грешки при снимањето]. Притиснете го копчето TITLE LIST, па изберете [Листа на грешки при снимањето].
  • Во водичот за програми можете да го поместите фокусот на саканата програма и да го притиснете копчето REC за да го одредите снимањето со тајмер за таа програма.

Напомена

  • Снимањето со тајмер нема да работи кога е откачен кабелот за напојување.
[40] Снимање телевизиски емисии | Снимање на USB HDD уред (само за моделите со снимање на USB HDD)

Информации за користење на USB HDD уред за снимање (само за моделите со снимање на USB HDD)

Моделите со снимање на USB HDD имаат [Поставување уред за снимање] во [Поставки] — [Гледање ТВ].

  • Уредот USB HDD треба да се користи само за снимање. Користете посебен уред USB HDD за гледање слики и видеоснимки.
  • Функцијава е достапна само кај некои модели во Европа, Австралија и Нов Зеланд.
  • Поддржани се само уреди USB HDD поголеми од 32 GB.
  • Не е поддржано поврзување уред USB HDD преку USB разводници. Поврзете го уредот директно со телевизорот.
  • Податоците зачувани на уредот USB HDD ќе се избришат за време на форматирањето при регистрирањето. Уредот USB HDD не може да се користи на компјутер откако ќе се регистрира на телевизорот. За да овозможите користење на уредот USB HDD на компјутер, форматирајте го на компјутерот. (Имајте предвид дека сите податоци на уредот USB HDD ќе се избришат.)
  • Можат да се регистрираат најмногу 8 уреди USB HDD.
  • Само овој телевизор ќе може да ги емитува податоците снимени на уредот USB HDD што е регистриран на него.
  • Поддржано е снимање само на дигитални телевизиски и радио емисии. Не е поддржано снимање податочни емисии.
  • Не може да се снимаат шифрирани сигнали.
  • Не може да се снима во следниве случаи:
    • Телевизорот не може да го препознае регистрираниот уред USB HDD.
    • Снимени се повеќе од 1000 програми на уредот USB HDD.
    • Уредот USB HDD е полн.
  • Може да не биде возможно автоматско бирање на програмата додека се снима.
  • Невозможно е снимање на програма ако нејзиното снимање не е одобрено.
  • Ако користите модул за условен пристап (CAM), немојте да ја користите неговата родителска заштита бидејќи може да не работи за време на снимањето. Како алтернатива, користете блокирање на програма или родителската заштита на самиот телевизор, ако истата е поддржана од емитувачот.
  • Во Норвешка, некои програми не може да се снимаат поради законски пречки.
  • Ако телевизорот биде удрен за време на снимањето на USB HDD, може да има шум на снимените содржини.
  • Во никој случај Sony нема да одговара за неуспешно снимање или какво било оштетување или загуба на снимени содржини предизвикани или поврзани со дефект на телевизорот, пречки на сигналот или други проблеми.
[41] Снимање телевизиски емисии

Гледање/бришење снимени содржини (само за моделите со снимање на USB HDD)

Моделите со снимање на USB HDD имаат [Поставување уред за снимање] во [Поставки] — [Гледање ТВ].

Напомена

  • Функцијава е достапна само кај некои модели во Европа, Австралија и Нов Зеланд.

За да гледате снимени содржини

  1. Притиснете го копчето TITLE LIST, па изберете ја содржината за гледање.

За да избришете снимени содржини

  1. Притиснете го копчето TITLE LIST.
  2. Притиснете го копчето ACTION MENU, потоа изберете го следново по редослед.
    [Избриши] — програма за бришење — [Избриши]
    За да избришете повеќе програми, изберете ги сите програми кои сакате да ги бришете пред да изберете [Избриши].

Погледнете Разбирање на знаците прикажани во листата снимени наслови (само за моделите со снимање на USB HDD) доколку ви се потребни информации во врска со знаците на листата снимени наслови.

[42] Снимање телевизиски емисии

Разбирање на знаците прикажани во листата снимени наслови (само за моделите со снимање на USB HDD)

List of icons and their descriptions:
Непрегледани снимки
:
Заштитени снимки
:
Се снима во моментот
[43]

Користење на телевизорот со други уреди

  • USB уреди
  • Blu-ray и DVD плеери
  • Set-top box (кабелски/сателитски уред)
  • Паметни телефони и таблет-уреди
  • Компјутери, фотоапарати и видеокамери
  • Аудио систем
  • Уреди со Bluetooth
  • Sony безжичен сабвуфер (изборно) (Sony само кај модели што поддржуваат безжичен сабвуфер)
  • Уреди компатибилни со BRAVIA Sync
  • Прегледување фотографии во 4K од компатибилни уреди (само модели 4K)
[44] Користење на телевизорот со други уреди

USB уреди

  • Емитување содржини зачувани на USB уред
  • Информации за USB уреди за чување фотографии и музика
  • Поддржани датотеки и формати
[45] Користење на телевизорот со други уреди | USB уреди

Емитување содржини зачувани на USB уред

За да снимате програми на USB-мемориски уред или да гледате снимени програми, видете Снимање телевизиски емисии.

Поврзување USB уред

Приклучете USB мемориски уред во USB приклучокот на телевизорот за да уживате во фотографиите, музиката и видео-датотеките зачувани на уредот.

Illustration of the connection method
  1. USB мемориски уред

Уживање во фотографии/музика/филмови складирани на USB уред

Можете да уживате во фотографии/музика/филмови складирани на USB уред на екранот од телевизорот.

  1. Ако USB уредот што е поврзан со телевизорот има прекинувач за вклучување/исклучување, вклучете го.
  2. Притиснете го копчето HOME и изберете ја (иконата Апликации) од Почетното мени, па изберете [Медија плеер].
    Ако доставениот далечински управувач има копче APPS, може да го притиснете копчето APPS.
  3. Изберете го името на USB-уредот.
  4. Изберете ја папката, па изберете ја датотеката за репродукција.

За да ги проверите поддржаните формати на датотека

  • Поддржани датотеки и формати

Напомена

  • На некои слики и папки им треба време да се прикажат во зависност од димензиите на сликата, големината на датотеката и бројот на датотеки во папката.
  • Може да биде потребно време за да се прикаже USB-уредот бидејќи телевизорот пристапува до него секој пат кога ќе се поврзе USB-уред.
  • Сите приклучоци за USB на телевизорот поддржуваат USB со висока брзина. Синиот приклучок за USB поддржува SuperSpeed (USB 3.1 Gen 1 или USB 3.0). USB разводници не се поддржани.
  • Кога пристапувате до USB уредот, не исклучувајте го телевизорот, ниту USB уредот, не прекинувајте ја врската на USB кабелот, и не отстранувајте и не вметнувајте медиуми за снимање. Во спротивно, податоците, складирани на USB уредот, може да бидат оштетени.
  • Во зависност од датотеката, емитувањето може да не е возможно дури и кога се користат поддржани формати.

Совет

  • За други информации, видете „Често поставувани прашања“ на Интернет-страницата за поддршка на Sony.
    Често поставувани прашања за решавање проблеми
[46] Користење на телевизорот со други уреди | USB уреди

Информации за USB уреди за чување фотографии и музика

  • Приклучоците за USB на телевизорот ги поддржуваат следниве системи на датотеки: FAT16, FAT32, exFAT и NTFS.
  • Кога поврзувате дигитален фотоапарат Sony со телевизорот преку USB кабел, поставките за USB врската на фотоапаратот треба да се во режим „Auto“ или „Mass Storage“.
  • Ако вашиот дигитален фотоапарат не работи со вашиот телевизор, обидете се со следново:
    • Поставете го USB поврзувањето на фотоапаратот на „Mass Storage“.
    • Копирајте ги датотеките од фотоапаратот на USB мемориски уред, а потоа, поврзете го уредот со телевизорот.
  • Некои фотографии и филмови може да бидат зголемени што резултира со слаб квалитет на сликата. Во зависност од големината и соодносот на страните, сликите може да не се прикажуваат на целиот екран.
  • Прикажувањето фотографија може да одзема долго време во зависност од датотеката или поставувањата.
  • Sony во никој случај нема да биде одговорна за неуспешно снимање, или какво било оштетување или загуба на снимени содржини предизвикано или поврзано со дефект на телевизорот, дефект на USB уредот или каков било поинаков проблем.
[47] Користење на телевизорот со други уреди | USB уреди

Поддржани датотеки и формати

  • Фотографии
  • Музика
  • Видео-записи
  • Брзини на семплирање звук (за видеоснимки)
  • Надворешни титли
[48] Користење на телевизорот со други уреди | USB уреди | Поддржани датотеки и формати

Фотографии

Случај на користење: USB / Домашна мрежа

Формат на датотекитеНаставка
JPEG*.jpg / *.jpe / *.jpeg
ARW *1*.arw
  • *1 ARW треба да се користи само за емитување датотеки.

Други поддржани датотеки и формати

  • Музика
  • Видео-записи
  • Брзини на семплирање звук (за видеоснимки)
  • Надворешни титли
[49] Користење на телевизорот со други уреди | USB уреди | Поддржани датотеки и формати

Музика

Случај на користење: USB / Домашна мрежа

mp4

Наставка: *.mp4 / *.m4a

ОписБрзина на семплување
AAC-LC16k / 22.05k / 24k / 32k / 44.1k / 48k
HE-AAC v1 / v224k / 32k / 44.1k / 48k

3gpp

Наставка: *.3gp / *.3g2

ОписБрзина на семплување
AAC-LC16k / 22.05k / 24k / 32k / 44.1k / 48k
HE-AAC v1 / v224k / 32k / 44.1k / 48k

Asf

Наставка: *.wma

ОписБрзина на семплување
WMA9 Standard8k / 11.025k / 16k / 22.05k / 32k / 44.1k / 48k

ogg

Наставка: *.ogg

ОписБрзина на семплување
Vorbis8k / 11.025k / 16k / 22.05k / 32k / 44.1k / 48k

Друго

ОписБрзина на семплување
LPCM *132k / 44.1k / 48k

Наставка: *.mp3

ОписБрзина на семплување
MP1L1 / MP1L2 / MP1L3 / MP2L1 / MP2L232k / 44.1k / 48k
MP2L316k / 22.05k / 24k
MP2.5L38k / 11.025k / 12k

Наставка: *.wav

ОписБрзина на семплување
WAV *232k / 44.1k / 48k / 88.2k / 96k / 176.4k / 192k

Наставка: *.flac

ОписБрзина на семплување
FLAC16k / 22.05k / 32k / 44.1k / 48k / 88.2k / 96k / 176.4k / 192k

Наставка: *.aac

ОписБрзина на семплување
AAC-LC16k / 22.05k / 24k / 32k / 44.1k / 48k
HE-AAC v1 / v224k / 32k / 44.1k / 48k
  • *1 LPCM може да се користи само во домашна мрежа.
  • *2 WAV може да се користи само на 2 канали.

Други поддржани датотеки и формати

  • Фотографии
  • Видео-записи
  • Брзини на семплирање звук (за видеоснимки)
  • Надворешни титли
[50] Користење на телевизорот со други уреди | USB уреди | Поддржани датотеки и формати

Видео-записи

Случај на користење: USB / Домашна мрежа

MPEG1 (*.mpg / *.mpe / *.mpeg)

Вид титли : Надворешно

Видео-кодек (Profile@Level)Аудио-кодекМакс. / Мин. резолуцијаМакс. брзина на кадри
MPEG1MPEG1L21920x1080 / QCIF (176x144)1920x1080@30fps / 1280x720@60fps

MPEG2PS (*.mpg / *.mpe / *.mpeg)

Вид титли : Надворешно

Видео-кодек (Profile@Level)Аудио-кодекМакс. / Мин. резолуцијаМакс. брзина на кадри
MPEG2 MP@HL, MP@H14L, MP@MLMPEG1L1 / MPEG1L2 / LPCM / AC31920x1080 / QCIF (176x144)1920x1080@30fps / 1280x720@60fps

MPEG2TS

Наставка : *.m2t

Вид титли : Надворешно

Видео-кодек (Profile@Level)Аудио-кодекМакс. / Мин. резолуцијаМакс. брзина на кадри
MPEG2 MP@HL, MP@H14L, MP@MLMPEG1L1 / MPEG1L2 / AAC-LC / HE-AAC v1 / HE-AAC v2 / AC3 / E-AC31920x1080 / QCIF (176x144)1920x1080@30fps / 1280x720@60fps

Наставка : *.m2ts / *.mts

Вид титли : Надворешно

Видео-кодек (Profile@Level)Аудио-кодекМакс. / Мин. резолуцијаМакс. брзина на кадри
AVC / H.264 BP@L3, MP@L4.2, HP@L4.2MPEG1L1 / MPEG1L2 / AAC-LC / HE-AAC v1 / HE-AAC v2 / AC3 / E-AC31920x1080 / QCIF (176x144)1920x1080@60fps

MP4 (*.mp4): За модели 2K

Вид титли : Надворешно

Видео-кодек (Profile@Level)Аудио-кодекМакс. / Мин. резолуцијаМакс. брзина на кадри
AVC / H.264 BP@L3, MP@L4.2, HP@L4.2AAC-LC / HE-AAC v1 / HE-AAC v2 / AC3 / E-AC3 / MPEG1L1 / MPEG1L21920x1080 / QCIF (176x144)1920x1080@120fps
MPEG4 SP@L6, ASP@L5, ACEP@L4AAC-LC / HE-AAC v1 / HE-AAC v2 / AC3 / E-AC3 / MPEG1L1 / MPEG1L21920x1080 / QCIF (176x144)1920x1080@30fps / 1280x720@60fps

MP4 (*.mp4): За модели 4K

Вид титли : Надворешно

Видео-кодек (Profile@Level)Аудио-кодекМакс. / Мин. резолуцијаМакс. брзина на кадри
AVC / H.264 BP@L3, MP@L4.2, HP@L4.2AAC-LC / HE-AAC v1 / HE-AAC v2 / AC3 / E-AC3 / MPEG1L1 / MPEG1L21920x1080 / QCIF (176x144)1920x1080@120fps
MPEG4 SP@L6, ASP@L5, ACEP@L4AAC-LC / HE-AAC v1 / HE-AAC v2 / AC3 / E-AC3 / MPEG1L1 / MPEG1L21920x1080 / QCIF (176x144)1920x1080@30fps / 1280x720@60fps
AVC / H.264 BP@L5.2, MP@L5.2, HP@L5.2 *1AAC-LC / HE-AAC v1 / HE-AAC v2 / AC3 / E-AC3 / LPCM3840x2160 / QCIF (176x144)3840x2160@60p / 1920x1080@120fps
HEVC / H.265 MP@L5.1, Main10@L5.1AAC-LC / HE-AAC v1 / HE-AAC v2 / AC3 / E-AC33840x2160 / QCIF (176x144)3840x2160@60p / 1920x1080@120fps
  • *1 Оваа линија го вклучува случајот на користење на форматот XAVC S. Максималната поддржана брзина на битови за XAVC S е 100 Mbps.

avi (*.avi)

Вид титли : Надворешно

Видео-кодек (Profile@Level)Аудио-кодекМакс. / Мин. резолуцијаМакс. брзина на кадри
XvidMPEG1L1 / MPEG1L2 / MPEG1L3 / AC3 / E-AC31920x1080 / QCIF (176x144)1920x1080@30fps / 1280x720@60fps
Motion JPEGμ-LAW / PCM (U8) / PCM (S16LE)1280x720 / QCIF (176x144)1280x720@30fps

Asf (*.asf / *.wmv)

Вид титли : Надворешно

Видео-кодек (Profile@Level)Аудио-кодекМакс. / Мин. резолуцијаМакс. брзина на кадри
VC1 AP@L3, MP@HL, SP@MLWMA9 Standard1920x1080 / QCIF (176x144)1920x1080@30fps / 1280x720@60fps

MKV (*.mkv): За модели 2K

Вид титли : Внатрешно / Надворешно

Видео-кодек (Profile@Level)Аудио-кодекМакс. / Мин. резолуцијаМакс. брзина на кадри
XvidDTS core / AC3 / AAC-LC / E-AC3 / HE-AAC v1 / HE-AAC v2 / MPEG1L1 / MPEG1L2 / Vorbis1920x1080 / QCIF (176x144)1920x1080@30fps / 1280x720@60fps
AVC / H.264 BP@L3, MP@L4.2, HP@L4.2DTS core / AC3 / AAC-LC / E-AC3 / HE-AAC v1 / HE-AAC v2 / MPEG1L1 / MPEG1L2 / Vorbis1920x1080 / QCIF (176x144)1920x1080@60fps
MPEG4 SP@L6, ASP@L5, ACEP@L4DTS core / AC3 / AAC-LC / E-AC3 / HE-AAC v1 / HE-AAC v2 / MPEG1L1 / MPEG1L2 / Vorbis1920x1080 / QCIF (176x144)1920x1080@30fps / 1280x720@60fps
VP8DTS core / AC3 / AAC-LC / E-AC3 / HE-AAC v1 / HE-AAC v2 / MPEG1L1 / MPEG1L2 / Vorbis1920x1080 / QCIF (176x144)1920x1080@30fps / 1280x720@60fps
VP9 Profile 0, Profile 2DTS core / AC3 / AAC-LC / E-AC3 / HE-AAC v1 / HE-AAC v2 / MPEG1L1 / MPEG1L2 / Vorbis1920x1080 / QCIF (176x144)1920x1080@60fps

MKV (*.mkv): За модели 4K

Вид титли : Внатрешно / Надворешно

Видео-кодек (Profile@Level)Аудио-кодекМакс. / Мин. резолуцијаМакс. брзина на кадри
XvidDTS core / AC3 / AAC-LC / E-AC3 / HE-AAC v1 / HE-AAC v2 / MPEG1L1 / MPEG1L2 / Vorbis1920x1080 / QCIF (176x144)1920x1080@30fps / 1280x720@60fps
AVC / H.264 BP@L3, MP@L4.2, HP@L4.2DTS core / AC3 / AAC-LC / E-AC3 / HE-AAC v1 / HE-AAC v2 / MPEG1L1 / MPEG1L2 / Vorbis1920x1080 / QCIF (176x144)1920x1080@60fps
MPEG4 SP@L6, ASP@L5, ACEP@L4DTS core / AC3 / AAC-LC / E-AC3 / HE-AAC v1 / HE-AAC v2 / MPEG1L1 / MPEG1L2 / Vorbis1920x1080 / QCIF (176x144)1920x1080@30fps / 1280x720@60fps
VP8DTS core / AC3 / AAC-LC / E-AC3 / HE-AAC v1 / HE-AAC v2 / MPEG1L1 / MPEG1L2 / Vorbis1920x1080 / QCIF (176x144)1920x1080@30fps / 1280x720@60fps
VP9 Profile 0, Profile 2DTS core / AC3 / AAC-LC / E-AC3 / HE-AAC v1 / HE-AAC v2 / MPEG1L1 / MPEG1L2 / Vorbis3840x2160 / QCIF (176x144)3840x2160@60fps
AVC / H.264 BP@L5.2, MP@L5.2, HP@L5.2DTS core / AC3 / AAC-LC / E-AC3 / HE-AAC v1 / HE-AAC v23840x2160 / QCIF (176x144)3840x2160@60p / 1920x1080@120fps
HEVC / H.265 MP@L5.1, Main10@L5.1DTS core / AC3 / AAC-LC / E-AC3 / HE-AAC v1 / HE-AAC v23840x2160 / QCIF (176x144)3840x2160@60p / 1920x1080@120fps

3gpp (*.3gp / *.3g2)

Вид титли : Надворешно

Видео-кодек (Profile@Level)Аудио-кодекМакс. / Мин. резолуцијаМакс. брзина на кадри
MPEG4 SP@L6, ASP@L5, ACEP@L4AAC-LC / HE-AAC v1 / HE-AAC v2 / AC3 / E-AC3 / MPEG1L1 / MPEG1L21920x1080 / QCIF (176x144)1920x1080@30fps / 1280x720@60fps
AVC / H.264 BP@L3, MP@L4.2, HP@L4.2AAC-LC / HE-AAC v1 / HE-AAC v2 / AC3 / E-AC3 / MPEG1L1 / MPEG1L21920x1080 / QCIF (176x144)1920x1080@60fps

MOV (*.mov)

Вид титли : Надворешно

Видео-кодек (Profile@Level)Аудио-кодекМакс. / Мин. резолуцијаМакс. брзина на кадри
AVC / H.264 BP@L3, MP@L4.2, HP@L4.2AAC-LC / HE-AAC v1 / HE-AAC v2 / AC3 / E-AC3 / MPEG1L1 / MPEG1L2 / μ-LAW / PCM (U8) / PCM (S16BE) / PCM (S16LE)1920x1080 / QCIF (176x144)1920x1080@60fps
MPEG4 SP@L6, ASP@L5, ACEP@L4AAC-LC / HE-AAC v1 / HE-AAC v2 / AC3 / E-AC3 / MPEG1L1 / MPEG1L2 / μ-LAW / PCM (U8) / PCM (S16BE) / PCM (S16LE)1920x1080 / QCIF (176x144)1920x1080@30fps / 1280x720@60fps
Motion JPEGAAC-LC / HE-AAC v1 / HE-AAC v2 / AC3 / E-AC3 / MPEG1L1 / MPEG1L2 / μ-LAW / PCM (U8) / PCM (S16BE) / PCM (S16LE)1280x720 / QCIF (176x144)1280x720@30fps

WebM (*.webm)

Вид титли : Надворешно

Видео-кодек (Profile@Level)Аудио-кодекМакс. / Мин. резолуцијаМакс. брзина на кадри
VP8Vorbis1920x1080 / QCIF (176x144)1920x1080@30fps / 1280x720@60fps
VP9 Profile 0, Profile 2Vorbis3840x2160 / QCIF (176x144)3840x2160@60fps

Други поддржани датотеки и формати

  • Фотографии
  • Музика
  • Брзини на семплирање звук (за видеоснимки)
  • Надворешни титли
[51] Користење на телевизорот со други уреди | USB уреди | Поддржани датотеки и формати

Брзини на семплирање звук (за видеоснимки)

Аудио-кодекБрзина на семплување
LPCM44.1k / 48k
MPEG1L1 / MPEG1L232k / 44.1k / 48k
MPEG1L332k / 44.1k / 48k
AAC-LC16k / 22.05k / 24k / 32k / 44.1k / 48k
HE-AAC v1 / v224k / 32k / 44.1k / 48k
AC332k / 44.1k / 48k
E-AC332k / 44.1k / 48k
Vorbis8k / 11.025k / 16k / 22.05k / 32k / 44.1k / 48k
WMA98k / 11.025k / 16k / 22.05k / 32k / 44.1k / 48k
DTS core32k / 44.1k / 48k
μ-LAW8k
PCM (U8)8k
PCM (S16LE)11.025k / 16k / 44.1k
PCM (S16BE)11.025k / 16k / 44.1k

Други поддржани датотеки и формати

  • Фотографии
  • Музика
  • Видео-записи
  • Надворешни титли
[52] Користење на телевизорот со други уреди | USB уреди | Поддржани датотеки и формати

Надворешни титли

Случај на користење: USB

Формат на датотекитеНаставка
SubStation Alpha*.ass / *.ssa
SubRip*.srt
MicroDVD*.sub / *.txt
SubViewer*.sub
SAMI*.smi / *.sami
DVD Subtitle System*.txt

Други поддржани датотеки и формати

  • Фотографии
  • Музика
  • Видео-записи
  • Брзини на семплирање звук (за видеоснимки)
[53] Користење на телевизорот со други уреди

Blu-ray и DVD плеери

  • Поврзување Blu-ray или DVD плеер
  • Гледање Blu-ray и DVD дискови
[54] Користење на телевизорот со други уреди | Blu-ray и DVD плеери

Поврзување Blu-ray или DVD плеер

Поврзете Blu-ray/DVD плеер со телевизорот.

Користете го начинот на поврзување подолу во согласност со достапните влезови на телевизорот.

Напомена

  • Достапните влезови зависат од моделот/регионот/земјата.

Совет

  • Исто така може да поврзете set-top box (кабелски/сателитски уред) на ист начин како Blu-ray/DVD плеер.

HDMI врска

За оптимален квалитет на сликата, препорачуваме да го поврзете плеерот со телевизорот со кабел HDMI. Ако Blu-ray/DVD плеерот има HDMI приклучок, поврзете го со кабел HDMI.

Illustration of the connection method
  1. Blu-ray/DVD плеер (исто како поврзување на set-top box)
  2. HDMI кабелот (не се испорачува)*

* Користете одобрен HIGH SPEED HDMI кабел со логото HDMI.

Компонентна видео-врска

Ако Blu-ray/DVD плеерот има компонентни приклучоци за видео, поврзете ги со телевизорот со компонентен видео-кабел и аудио-кабел.

Illustration of the connection method
  1. Blu-ray/DVD плеер (исто како поврзување на set-top box)
  2. Компонентен видео кабел (не се испорачува)
  3. Аудио кабел (не се испорачува)

SCART врска

Ако Blu-ray/DVD плеерот има SCART приклучок, поврзете го со SCART кабел.

Illustration of the connection method
  1. Blu-ray/DVD плеер (исто како поврзување на set-top box)
  2. SCART кабелот (не се испорачува)

Напомена

  • SCART врската може да дава ист квалитет на слика како и композитната врска, зависно од поврзаниот Blu-ray/DVD плеер.

Комбинирана врска

Ако вашиот Blu-ray/DVD плеер има композитни приклучоци, поврзете ги користејќи композитен видео/аудио кабел.

Illustration of the connection method
  1. Blu-ray/DVD плеер (исто како поврзување на set-top box)
  2. Композитен видео/аудио кабел (не се испорачува)

Кога користите Аналоген продолжителен кабел

Illustration of the connection method
  1. Blu-ray/DVD плеер (исто како поврзување на set-top box)
  2. Аналоген продолжителен кабел (испорачан)*
  3. Кабел RCA (не се испорачува)

* Дали е испорачан Аналоген продолжителен кабел зависи од моделот/регионот/земјата.

[55] Користење на телевизорот со други уреди | Blu-ray и DVD плеери

Гледање Blu-ray и DVD дискови

Можете да гледате содржини од Blu-ray/DVD дискови или други содржини поддржани од плеерот на телевизорот.

  1. Вклучете го поврзаниот Blu-ray/DVD плеер.
  2. Притиснете го копчето (Избор на влез) неколку пати за да го изберете поврзаниот Blu-ray/DVD плеер.
  3. Стартувајте го емитувањето на поврзаниот Blu-ray/DVD плеер.

Совет

  • Ако поврзете уред компатибилен со BRAVIA Sync преку HDMI врската, можете едноставно да ракувате со него со далечинскиот управувач на телевизорот.
[56] Користење на телевизорот со други уреди

Set-top box (кабелски/сателитски уред)

  • Поврзување Set-top box (кабелски/сателитски уред)
  • Set-top box (кабелски/сателитски уред) со IR Blaster (само модели кои се компатибилни со IR Blaster)
[57] Користење на телевизорот со други уреди | Set-top box (кабелски/сателитски уред)

Поврзување Set-top box (кабелски/сателитски уред)

Поврзете го set-top box (кабелскиот/сателитскиот уред) на телевизорот.
Поврзете го со влезовите на телевизорот.
За повеќе детали, видете на страницата за Поврзување Blu-ray или DVD плеер.

[58] Користење на телевизорот со други уреди | Set-top box (кабелски/сателитски уред)

Set-top box (кабелски/сателитски уред) со IR Blaster (само модели кои се компатибилни со IR Blaster)

  • Поврзување IR Blaster (само за моделите компатибилни со IR Blaster)
  • Поставување на IR Blaster за тој да го контролира set-top box (кабелски/сателитски уред) (само модели кои се компатибилни со IR Blaster)
[59] Користење на телевизорот со други уреди | Set-top box (кабелски/сателитски уред) | Set-top box (кабелски/сателитски уред) со IR Blaster (само модели кои се компатибилни со IR Blaster)

Поврзување IR Blaster (само за моделите компатибилни со IR Blaster)

Моделите компатибилни со IR Blaster имаат [Поставување на IR Blaster] во [Поставки] — [Гледање ТВ] — [Надворешни влезови].

IR Blaster овозможува да ракувате со set-top box (кабелски/сателитски уред) кој преку далечинскиот управувач се поврзува со телевизорот.

(Моделите компатибилни со IR Blaster може да не се достапни, зависно од вашиот модел/земја.)

Illustration of the connection method
  1. Set-top box (кабелски/сателитски уред)
  2. Кабел за IR Blaster
  3. IR Blaster приклучник (приклучок)

Напомена

  • Осигурете IR Blaster да е правилно поставен и IR предавателот да се наоѓа во близина на IR приемникот на надворешниот уред.
  • Осигурете се дека вашиот телевизор го поддржува надворешниот уред.
[60] Користење на телевизорот со други уреди | Set-top box (кабелски/сателитски уред) | Set-top box (кабелски/сателитски уред) со IR Blaster (само модели кои се компатибилни со IR Blaster)

Поставување на IR Blaster за тој да го контролира set-top box (кабелски/сателитски уред) (само модели кои се компатибилни со IR Blaster)

Со извршување на [Поставки за контрола на Set-top box приемник] во [Поставување на IR Blaster], се дозволува да ракувате со кабелски/сателитски уред од менито кое се прикажува при притискање на копчето ACTION MENU на далечинскиот управувач. Доколку на далечинскиот управувач има копче EXT.BOX MENU, можете да го притиснете за да го користите далечинскиот управувач за операции на кабелскиот/сателитскиот уред, како на пример прикажување на менито на кабелскиот/сателитскиот уред.

  1. Притиснете го копчето HOME, потоа изберете [Поставки] — [Гледање ТВ] — [Надворешни влезови] — [Поставување на IR Blaster] — [Поставки за контрола на Set-top box приемник].
  2. Следете ги инструкциите на екранот.

Совет

  • IR Blaster може да управува со АV приемник. За да поставите АV приемник, притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Гледање ТВ] — [Надворешни влезови] — [Поставување на IR Blaster] — [Поставување контроли на AV приемник].
  • Ако АV приемникот е уред компатибилен со BRAVIA Sync, не е потребен IR Blaster.

Напомена

  • Некои надворешни уреди може да не реагираат на некои ставки во „Мени со акции“.
  • Ако притиснете и задржите копче на далечинскиот управувач, операцијата може да не работи. Наместо тоа, обидете се да го притиснете копчето неколку пати.
[61] Користење на телевизорот со други уреди

Паметни телефони и таблет-уреди

  • Уживање во содржини од мобилни уреди на телевизорот со Google Cast
  • Прикажување на екранот на паметен телефон/таблет на телевизорот со функцијата за пресликување екран
[62] Користење на телевизорот со други уреди | Паметни телефони и таблет-уреди

Уживање во содржини од мобилни уреди на телевизорот со Google Cast

Google Cast овозможува безжично да емитувате содржини од своите омилени интернет-страници и апликации на телевизорот директно од компјутерот или мобилниот уред.

  1. Поврзете мобилен уред како паметен телефон или таблет на истата домашна мрежа со којашто е поврзан и телевизорот.
  2. Отворете апликација поддржана од Google Cast на мобилниот уред.
  3. Изберете ја иконата (емитување) во апликацијата.
    Екранот на мобилниот уред се прикажува на телевизорот.

Напомена

  • За користење на Google Cast е потребно поврзување со интернет.
[63] Користење на телевизорот со други уреди | Паметни телефони и таблет-уреди

Прикажување на екранот на паметен телефон/таблет на телевизорот со функцијата за пресликување екран

Можете да го прикажете екранот од мобилен уред на телевизорот за да гледате слики, видео-записи или интернет-страници.

Функцијата „Пресликување екран“ користи Miracast технологија за прикажување на екранот на компатибилен уред на телевизорот. За користење на оваа функција не е неопходен безжичен рутер.

Illustration of content sharing
  1. Паметен телефон
  2. Таблет
  3. Компјутер
  1. Притиснете го копчето (Избор на влез), потоа изберете [Пресликување на екран].
  2. Ракувајте со уредот компатибилен за пресликување екран за да го поврзете со телевизорот.
    Кога уредот е поврзан со телевизорот, екранот што е прикажан на уредот ќе се прикаже и на телевизорот.
    За детали, погледнете во упатството за употреба на вашиот уред.

Напомена

  • Кога е прикажан екранот за подготвеност за пресликување екран, безжичната врска помеѓу телевизорот и безжичниот рутер се прекинува, па затоа комуникацијата преку интернет запира.
[64] Користење на телевизорот со други уреди

Компјутери, фотоапарати и видеокамери

  • Поврзување на компјутер и гледање зачувани содржини
  • Поврзување на фотоапарат или видеокамера и гледање зачувани содржини
  • Спецификации на компјутерскиот видео сигнал
[65] Користење на телевизорот со други уреди | Компјутери, фотоапарати и видеокамери

Поврзување на компјутер и гледање зачувани содржини

За да поврзете компјутер

Користете HDMI кабел за да го поврзете компјутерот со телевизорот.

Illustration of the connection method
  1. Компјутер
  2. HDMI кабелот (не се испорачува)*

* Користете одобрен HIGH SPEED HDMI кабел со логото HDMI.

За проверка на спецификациите на видео сигналот

  • Спецификации на компјутерскиот видео сигнал

За гледање содржини зачувани на компјутер

Откако ќе го поврзете компјутерот, притиснете го копчето HOME, па изберете го влезот во кој е приклучен компјутерот.

За да ги проверите поддржаните формати на датотека

  • Поддржани датотеки и формати

Напомена

  • За оптимален квалитет на сликата препорачуваме да го поставите компјутерот за излезен видео сигнал според една од поставките наведени во „Спецификации на компјутерскиот видео сигнал“.
  • Во зависност од статусот на врската, сликата може да изгледа заматено или замачкано. Во тој случај, сменете ги поставките на компјутерот и изберете друг влезен сигнал од листата „Спецификации на компјутерскиот видео сигнал“.
[66] Користење на телевизорот со други уреди | Компјутери, фотоапарати и видеокамери

Поврзување на фотоапарат или видеокамера и гледање зачувани содржини

За да поврзете фотоапарат или видеокамера

Поврзете го вашиот дигитален фотоапарат или видеокамера Sony користејќи HDMI кабел. Користете кабел што има HDMI мини-приклучок на крајот за дигиталниот фотоапарат/видеокамерата и стандарден HDMI приклучок на крајот за телевизорот.

Illustration of the connection method
  1. Дигитален фотоапарат
  2. Видеокамера
  3. HDMI кабелот (не се испорачува)*

* Користете одобрен HIGH SPEED HDMI кабел со логото HDMI.

За гледање содржина складирана на дигитален фотоапарат/видеокамера

  1. Откако ќе го поврзете дигиталниот фотоапарат/видеокамерата, вклучете го.
  2. Притиснете го копчето (Избор на влез) неколку пати за да го изберете поврзаниот фотоапарат/видеокамера.
  3. Стартувајте го емитувањето на поврзаниот дигитален фотоапарат/видеокамера.

За да ги проверите поддржаните формати на датотека

  • Поддржани датотеки и формати

Совет

  • Ако поврзете уред компатибилен со BRAVIA Sync, можете едноставно да управувате со него користејќи го далечинскиот управувач на телевизорот. Осигурете дека уредот е компатибилен со BRAVIA Sync. Некои уреди може да не се компатибилни со BRAVIA Sync иако имаат HDMI приклучок.
[67] Користење на телевизорот со други уреди | Компјутери, фотоапарати и видеокамери

Спецификации на компјутерскиот видео сигнал

(Резолуција, хоризонтална фреквенција/вертикална фреквенција)

  • 640 x 480, 31,5 kHz/60 Hz
  • 800 x 600, 37,9 kHz/60 Hz
  • 1024 x 768, 48,4 kHz/60 Hz
  • 1152 x 864, 67,5 kHz/75 Hz (само за модели 2K Full HD или модели 4K)
  • 1280 x 1024, 64,0 kHz/60 Hz (само за модели 2K Full HD или модели 4K)
  • 1600 x 900, 56,0 kHz/60 Hz (само за модели 2K Full HD или модели 4K)
  • 1680 x 1050, 65,3 kHz/60 Hz (само за модели 2K Full HD или модели 4K)
  • 1920 x 1080, 67,5 kHz/60 Hz (само за модели 2K Full HD или модели 4K)*

* Тајмингот од 1080 пиксели, кога ќе се примени на HDMI влезот, се смета за видеотајминг, а не компјутерски тајминг. Тоа влијае врз поставките за [Екран] во [Слика и звук]. За да прегледувате компјутерски содржини, поставете го [Широк режим] на [Целосно], и [Прикажана површина] на [Сите пиксели] (модели 2K) или [+1] (модели 4K). ([Прикажана површина] може да се конфигурира само кога е исклучено [Автоматски прикажана површина].)

Други влезни сигнали за видео

Во зависност од спецификацијата на компјутерот, може да се прикажат следниве формати на видео.

  • 480p, 480i
  • 576p*1, 576i*1
  • 720/24p
  • 720p/30 Hz, 720p/50 Hz*1, 720p/60 Hz
  • 1080i/50 Hz*1, 1080i/60 Hz
  • 1080/24p
  • 1080p/30 Hz, 1080p/50 Hz*1, 1080p/60 Hz
  • 3840 x 2160p/24 Hz, 3840 x 2160p/25 Hz*1, 3840 x 2160p/30 Hz (само за модели 4K)
  • 3840 x 2160p/50 Hz*1*3, 3840 x 2160p/60 Hz*3 (само за модели 4K)
  • 4096 x 2160p/24 Hz*2 (само за модели 4K)
  • 4096 x 2160p/50 Hz*1*2*3, 4096 x 2160p/60 Hz*2*3 (само за модели 4K)

*1 Не е поддржано во зависност од регионот/земјата.

*2 Кога 4096 x 2160p е влез и [Широк режим] е поставен на резолуција [Нормално], се прикажува како 3840 x 2160p.
За да се прикаже 4096 x 2160p, поставете ја поставката [Широк режим] на [Целосно 1] или [Целосно 2].

*3 Поддржано е само од HDMI 2/3, во зависност од моделот.

Напомена

  • Излезот 1920 x 1080/60 Hz може да е недостапен, зависно од вашиот компјутер. Дури и ако е избран излез 1920 x 1080/60 Hz, реалниот излезен сигнал може да се разликува. Во тој случај, сменете ги поставките на компјутерот, па поставете го компјутерот да користи поинаков видео сигнал.
[68] Користење на телевизорот со други уреди

Аудио систем

  • Излез на аудио од аудио систем
  • Поврзување аудио систем
  • Приспособување аудио систем
[69] Користење на телевизорот со други уреди | Аудио систем

Излез на аудио од аудио систем

Со телевизорот може да поврзувате аудио системи како на пример AV приемници или звучници во вид на лента. Изберете метод на поврзување подолу согласно спецификациите на аудио системот што сакате да го поврзете.

  • Поврзување со HDMI кабел (За детали, внимателно прочитајте во „Поврзување со HDMI кабел“ подолу.)
  • Поврзување со дигитален оптички кабел
  • Поврзување со аудио кабел

За методи на поврзување, погледнете ја страницата Поврзување аудио систем.

Напомена

  • Погледнете го упатството за користење на уредот што треба да се поврзе.

Поврзување со HDMI кабел

Овој уред поддржува Audio Return Channel (ARC). Може да користите HDMI кабел за излез на аудио од аудио системите што поддржуваат ARC.

За методи на поврзување, погледнете ја страницата Поврзување аудио систем.

Напомена

  • Местото на HDMI терминалот што поддржува ARC се разликува зависно од моделот. Погледнете во доставениот водич.
[70] Користење на телевизорот со други уреди | Аудио систем

Поврзување аудио систем

Видете на илустрациите подолу како се поврзува аудио систем како AV приемник или звучник во вид на лента.

Напомена

  • Достапните влезови зависат од моделот/регионот/земјата.

HDMI врска (се поддржува ARC)

  1. Поврзете ги телевизискиот и аудио системот со HDMI кабел.
    Поврзете го телевизискиот терминал на HDMI влезот со текстот „ARC“.
    Illustration of the connection method
    1. AV приемник или звучник во вид на лента
    2. HDMI кабелот (не се испорачува)*

    * Препорачуваме одобрен(и) Premium High Speed HDMI Cable(s) со логото HDMI.

  2. Приспособување аудио систем

Поврзување дигитален оптички кабел

  1. Поврзете ги телевизискиот и аудио системот со дигитален оптички кабел.
    Поврзете го дигиталниот оптички влезен терминал на аудио системот.
    Illustration of the connection method
    1. AV приемник или звучник во вид на лента
    2. Оптички аудио кабел (не се испорачува)
  2. Приспособување аудио систем

Поврзување аудио кабел

  1. Поврзете ги телевизискиот и аудио системот со стерео со RCA аналоген аудио кабел.
    Поврзете го аудио влезниот терминал на аудио системот.
    Illustration of the connection method
    1. AV приемник или звучник во вид на лента
    2. Аудио кабел (не се испорачува)
  2. Приспособување аудио систем

Совет

  • За повеќе информации, посетете ја интернет-страницата за поддршка на Sony.
    Интернет-страница за поддршка
[71] Користење на телевизорот со други уреди | Аудио систем

Приспособување аудио систем

По поврзување на аудио системот со телевизорот, приспособете го аудио излезот на телевизорот од аудио системот.

Приспособување на аудио системот поврзан со HDMI кабел или дигитален оптички кабел

  1. Откако ќе го поврзете телевизорот со аудио системот, притиснете го копчето ACTION MENU, па изберете [Звучници] — [Аудио систем].
  2. Вклучете го поврзаниот аудио систем, а потоа, прилагодете ја јачината на звукот.
    Ако поврзете уред компатибилен со BRAVIA Sync преку HDMI врската, можете да ракувате со него едноставно со далечинскиот управувач на телевизорот.

Напомена

  • Треба да ги конфигурирате поставките за [Дигитален аудио излез] согласно со аудио системот. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Слика и звук] — [Аудио излез] — [Дигитален аудио излез].
  • Ако аудиосистемот не е компатибилен со Dolby Digital или со DTS, поставете го [Поставки] — [Слика и звук] — [Аудио излез] — [Дигитален аудио излез] на [PCM].

Совет

  • Доколку одреден аудио систем е поврзан со кабел HDMI, можете да го приспособите тајмингот за излез на сликата и звукот.
    • Приспособување на поставките за синхронизирање АV
    За детали поврзани со поддржаните модели, погледнете ја интернет-страницата за поддршка.
    • Интернет-страница за поддршка

Приспособување на аудио системот поврзан со кабел за аудио

  1. Откако ќе го поврзете телевизорот со аудио системот, притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Слика и звук] — [Аудио излез] — [Излез за слушалки/звук] — [Аудио излез (Фиксно)].
  2. Вклучете го поврзаниот аудио систем, а потоа, прилагодете ја јачината на звукот.

Напомена

  • Ако аудиосистемот не е компатибилен со Dolby Digital или со DTS, поставете го [Поставки] — [Слика и звук] — [Аудио излез] — [Дигитален аудио излез] на [PCM].

Совет

  • Кога користите надворешен аудио систем, со звучниот излез на телевизорот може да се ракува со далечинскиот управувач на телевизорот ако [Излез за слушалки/звук] е поставено на [Аудио излез (Променливo)]. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Слика и звук] — [Аудио излез] — [Излез за слушалки/звук] — [Аудио излез (Променливo)].
  • Кога поврзувате сабвуфер, притиснете го копчето HOME, потоа изберете [Поставки] — [Слика и звук] — [Аудио излез] — [Излез за слушалки/звук] — [Сабвуфер].
[72] Користење на телевизорот со други уреди

Уреди со Bluetooth

  • Поврзување уреди со Bluetooth
  • Приспособување на поставките за синхронизирање АV
  • Поддржани Bluetooth профили
[73] Користење на телевизорот со други уреди | Уреди со Bluetooth

Поврзување уреди со Bluetooth

За спојување на уредот со Bluetooth уред

Само за модели што поддржуваат Bluetooth A2DP коишто може да користат аудио уреди за Bluetooth како што се слушалки или звучници.

Моделите што поддржуваат Bluetooth A2DP коишто можат да користат аудио уреди за Bluetooth имаат [A/V синхронизација] во [Поставки] — [Слика и звук] — [Аудио излез].

  1. Вклучете го Bluetooth уредот и ставете го во режим за спојување.
    За да го активирате режимот за спојување на Bluetooth уредот, видете во упатството на уредот.
  2. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Далечински управувач и додатоци] — [Поставки за Bluetooth] — [Додадете уред] за да го ставите телевизорот во режим за спојување.
    Ќе се прикаже листа на активни Bluetooth уреди.
  3. Изберете го саканиот уред од листата, па следете ги упатствата на екранот.
    Ако се побара внесување шифра, видете во упатството на уредот.
    Откако ќе заврши спојувањето, уредот се поврзува со телевизорот.

За да се поврзите со споен Bluetooth уред

  1. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Далечински управувач и додатоци] — [Поставки за Bluetooth].
  2. Изберете од листата споен уред што не е поврзан.
  3. Изберете [Поврзете се].
[74] Користење на телевизорот со други уреди | Уреди со Bluetooth

Приспособување на поставките за синхронизирање АV

Ако е поврзан аудио уред со Bluetooth, може да има несовпаѓање помеѓу звукот и сликата поради карактеристиките на Bluetooth. Несовпаѓањето помеѓу сликата и звукот може да го приспособите со поставката A/V синхронизација. (Само за модели што поддржуваат Bluetooth A2DP коишто може да користат аудио уреди.)

Моделите што поддржуваат Bluetooth A2DP коишто можат да користат аудио уреди за Bluetooth имаат [A/V синхронизација] во [Поставки] — [Слика и звук] — [Аудио излез].

  1. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Слика и звук] — [Аудио излез] — [A/V синхронизација] — саканата опција.

Совет

  • Исто така, може да го приспособите и тајмингот за излез на сликата и звукот доколку со HDMI кабел е поврзан одреден звучен систем. За детали поврзани со поддржаните модели, погледнете ја интернет-страницата за поддршка.
    • Интернет-страница за поддршка

Напомена

  • Во зависност од поврзаниот аудио уред со Bluetooth, сликата и звукот може да не се совпаѓаат дури и кога поставката [A/V синхронизација] е поставена на [Вклучено] или [Автоматски].
  • За да се спречи прикажување црн екран на телевизорот веднаш после вклучување на телевизорот, кога звучникот во вид на лента е приклучен безжично (Bluetooth), поставете ја поставката [A/V синхронизација] на [Вклучено].
  • Ако [Режим на слика] е поставен на една од опциите наведени подолу, тајмингот за прикажување на сликата и звукот не се подеднакво приспособени кога поставката [A/V синхронизација] е поставена на [Автоматски].
    • [Игри]
    • [Графика]
    • [Фотографија‑Живописно]
    • [Фотографија‑Стандардно]
    • [Фотографија‑Прилагодено]
    За да ги приспособите поставките за синхронизирање [A/V синхронизација] кога е во некој од овие режими, изберете [Вклучено].
  • Можеби телевизорот ќе реагира побавно додека играте видео игри затоа што поставката за [A/V синхронизација] придонесува уште повеќе за несовпаѓање на тајмингот за излез на сликата. За игри кај кои времето на реакција е од големо значење, не препорачуваме да користите Bluetooth-уред, туку препорачуваме да ги користите звучниците на телевизорот или звучникот во вид на лента со кабелска (HDMI кабел/дигитален оптички кабел) врска.
[75] Користење на телевизорот со други уреди | Уреди со Bluetooth

Поддржани Bluetooth профили

Телевизорот ги поддржува следниве профили:

  • HID (Профил за уред за човечки интерфејс)
  • HOGP (Профил HID преку GATT)
  • A2DP (Профил за дистрибуција на напредно аудио)*
  • AVRCP (Профил за далечински управувач на аудио/видео)*
  • 3DSP (Профил за 3D синхронизација)*
  • SPP (Профил за сериски приклучок)

* Достапно зависно од моделот/регионот/земјата.

Моделите што поддржуваат A2DP и AVRCP имаат [A/V синхронизација] во [Поставки] — [Слика и звук] — [Аудио излез].

[76] Користење на телевизорот со други уреди

Sony безжичен сабвуфер (изборно) (Sony само кај модели што поддржуваат безжичен сабвуфер)

  • Поврзување безжичен сабвуфер (опционално)
  • Прилагодување на поставките за безжичен сабвуфер (опционално)
[77] Користење на телевизорот со други уреди | Sony безжичен сабвуфер (изборно) (Sony само кај модели што поддржуваат безжичен сабвуфер)

Поврзување безжичен сабвуфер (опционално)

Можете да го користите опционалниот безжичен сабвуфер SWF-BR100 за да ја проширите реакцијата на басот од звукот на телевизорот.

Достапноста на функцијата зависи од моделот, регионот или земјата.
Телевизорите што поддржуваат Безжичен сабвуфер имаат „SWF-BR100“ во делот со спецификации во Reference Guide.

Illustration of the connection method
  1. Безжичен предавател
  2. Безжичен сабвуфер SWF-BR100
  3. Аудио кабел
  1. Поврзете го аудио кабелот (вклучен во испораката) со безжичниот предавател.
  2. Поврзете го другиот крај на аудио кабелот во приклучокот AUDIO OUT / (Слушалки) на телевизорот.
  3. Приклучете го безжичниот предавател во USB приклучокот на телевизорот.
    [Излез за слушалки/звук] се поставува автоматски на [Сабвуфер].
  4. Поставете го безжичниот сабвуфер и поврзете го во извор на наизменична електрична енергија.
    Препорачуваме безжичниот сабвуфер да се постави што е можно поблиску до телевизорот.

Совет

  • Кога ќе се прекине врската со безжичниот предавател, [Излез за слушалки/звук] автоматски се враќа на првичните поставки.
  • За детално објаснување како да го поставите безжичниот сабвуфер, погледнете го упатството за користење испорачано со безжичниот сабвуфер.
[78] Користење на телевизорот со други уреди | Sony безжичен сабвуфер (изборно) (Sony само кај модели што поддржуваат безжичен сабвуфер)

Прилагодување на поставките за безжичен сабвуфер (опционално)

Моделите Sony со поддршка за безжичен сабвуфер имаат [Моќност на безжичен сабвуфер] во [Поставки] — [Слика и звук] — [Аудио излез].

Поставувањата за звукот од безжичниот сабвуфер се веќе поставени на препорачаните вредности за вашиот телевизор. Следете ги долните упатства за да ги промените поставувањата онака како што претпочитате.

  1. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Слика и звук] — [Аудио излез] — [Безжичен сабвуфер].

Достапни опции

[Ниво на безжичен сабвуфер]
Го прилагодува нивото на јачина на звук на безжичниот сабвуфер.
[Отсекување на фреквенција (50‑200Hz)]
Ја прилагодува фреквенцијата за отсекување на безжичниот сабвуфер. Сите фреквенции под фреквенцијата за отсекување одат кон безжичниот сабвуфер.
[Фаза]
Го поставува поларитетот на фазите. Изберете го поставувањето што ви одговара.
[Синхронизација на безжичен сабвуфер]
Го прилагодува времето на доцнење на звукот од безжичниот сабвуфер. Ако звукот од безжичниот сабвуфер доцни, користете го [+]; ако е пребрз, користете го [-].
[Ресетирај поставки за безжичен сабвуфер]
Ги ресетира поставувањата за безжичниот сабвуфер на нивните почетни вредности.

За поставување на начинот на контрола на енергијата на безжичниот сабвуфер

  1. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Слика и звук] — [Аудио излез] — [Моќност на безжичен сабвуфер].
[79] Користење на телевизорот со други уреди

Уреди компатибилни со BRAVIA Sync

  • BRAVIA Sync преглед
  • Користење функции достапни кај уреди компатибилни со BRAVIA Sync
  • Прилагодување на поставките за BRAVIA Sync
[80] Користење на телевизорот со други уреди | Уреди компатибилни со BRAVIA Sync

BRAVIA Sync преглед

Ако е поврзан уред компатибилен со BRAVIA Sync (на пр. Blu-ray-плеер, АV-приемник) со кабел HDMI, можете да ракувате со уредот преку далечинскиот управувач на телевизорот.

Illustration of operating a BRAVIA Sync-compatible device
[81] Користење на телевизорот со други уреди | Уреди компатибилни со BRAVIA Sync

Користење функции достапни кај уреди компатибилни со BRAVIA Sync

Менито [Sync Menu] првенствено се користи за ракување со уреди компатибилни со BRAVIA Sync од телевизорот.
Притиснете го копчето ACTION MENU, и изберете [Sync Menu].

Blu-ray/DVD плеер

  • Автоматски го вклучува Blu-ray/DVD плеерот и го префрлува влезот на Blu-ray/DVD плеерот кога ќе го изберете од почетното мени или од Sync Menu.
  • Автоматски го вклучува телевизорот и го префрлува влезот на поврзаниот Blu-ray/DVD плеер кога плеерот ќе почне да емитува.
  • Автоматски го исклучува поврзаниот Blu-ray/DVD плеер кога ќе го исклучите телевизорот.
  • Ги контролира операциите со менито (копчињата (Горе) / (Долу) / (Лево) / (Десно)), емитувањето (на пр., копчето (Пушти)) и избирањето канал од приклучениот Blu-ray/DVD плеер преку далечинскиот управувач на телевизорот.

AV-приемник

  • Автоматски го вклучува поврзаниот АV-приемник и го префрла излезот на звук од звучниците на телевизорот на аудио системот кога ќе го вклучите телевизорот. Оваа функција е достапна само ако претходно сте го користеле АV-приемникот за излез на звукот од телевизорот.
  • Автоматски го префрла излезот на звук на АV-приемникот кога ќе се вклучи АV-приемникот или кога ќе се вклучи телевизорот.
  • Автоматски го исклучува поврзаниот АV-приемник кога ќе го исклучите телевизорот.
  • Ја приспособува јачината на звукот ((Јачина на звук) +/– копчиња) и го исклучува звукот ((Исклучи звук) копче) на поврзаниот АV-приемник преку далечинскиот управувач на телевизорот.

Видеокамера

  • Автоматски го вклучува телевизорот и го префрла влезот на поврзаната видеокамера кога ќе ја вклучите видеокамерата.
  • Автоматски ја исклучува поврзаната видеокамера кога ќе го исклучите телевизорот.
  • Ги контролира операциите со менито (копчињата (Горе) / (Долу) / (Лево) / (Десно)), емитувањето (на пример, копчето (Пушти)) на поврзаната видеокамера преку далечинскиот управувач на телевизорот.

Напомена

  • BRAVIA Sync Control“ (BRAVIA Sync) е достапно само за поврзани уреди компатибилни со BRAVIA Sync што го имаат логото BRAVIA Sync.
[82] Користење на телевизорот со други уреди | Уреди компатибилни со BRAVIA Sync

Прилагодување на поставките за BRAVIA Sync

  1. Вклучете го поврзаниот уред.
  2. За да овозможите [BRAVIA Sync Control], притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Гледање ТВ] — [Надворешни влезови] — [Поставки за BRAVIA Sync] — [BRAVIA Sync Control].
  3. Активирајте го BRAVIA Sync на поврзаниот уред.
    Кога е вклучен и поврзан одреден уред компатибилен со Sony BRAVIA Sync и кога е овозможено [BRAVIA Sync Control], BRAVIA Sync се активира автоматски на тој уред. За подетални информации, погледнете го упатството за користење поврзаниот уред.

Достапни опции

Долу се прикажани достапните опции. (Опциите се разликуваат зависно од моделот/регионот/земјата.)

[Автоматско исклучување на уреди]
Ако е исклучено, приклучениот уред нема да се исклучи автоматски кога ќе се исклучи телевизорот.
[Автоматско вклучување на телевизорот]
Ако е исклучено, телевизорот нема да се вклучи автоматски кога ќе се вклучи приклучениот уред.
[Листа со BRAVIA Sync уреди]
Ја прикажува листата со BRAVIA Sync уреди.
[Копчиња за контрола на уред]
Овозможува да поставувате копчиња за контролирање уред поврзан со HDMI.

За да го користите Sync Menu

  1. Притиснете го копчето ACTION MENU, изберете Sync Menu, и изберете ја саканата ставка во Sync Menu.

Совет

  • Во следниве случаи, на ТВ-екранот се прикажува порака кога ќе го изберете Sync Menu.
    • Не е поврзан уред HDMI.
    • [BRAVIA Sync Control] е исклучено.
[83] Користење на телевизорот со други уреди

Прегледување фотографии во 4K од компатибилни уреди (само модели 4K)

  • Прегледување фотографии во резолуција 4K (само модели 4K)
  • Поставки за прегледување слики во резолуција 4K со повисок квалитет (само модели 4K)
[84] Користење на телевизорот со други уреди | Прегледување фотографии во 4K од компатибилни уреди (само модели 4K)

Прегледување фотографии во резолуција 4K (само модели 4K)

Можете да приклучите дигитален фотоапарат/видеокамера што поддржува HDMI 4K излез со HDMI IN на телевизорот за да ги прикажувате фотографиите со висока резолуција зачувани во фотоапаратот. Можете да прикажувате и фотографии со висока резолуција зачувани на приклучени USB уреди или на домашната мрежа. Слика со резолуција 4K или поголема може да се прикажува во резолуцијата 4K (3840×2160).

Достапноста на функцијата зависи од регионот/земјата.

Illustration of images from various devices displayed on the TV
  1. Дигитален фотоапарат
  2. Видеокамера
  3. USB уред
  4. Мрежен уред

За да гледате слики зачувани на уред USB или на мрежен уред во резолуција 4K

  1. Приклучете го USB уредот или мрежниот уред во телевизорот.
  2. Притиснете го копчето HOME, изберете ја (иконата Апликации) од Почетното мени, па изберете [Медија плеер].
    Ако доставениот далечински управувач има копче APPS, може да го притиснете копчето APPS.
  3. Изберете го името на USB-уредот или името на мрежниот уред.
  4. Изберете ја папката, а потоа изберете ја датотеката за репродукција.

За да гледате слики зачувани на дигитален фотоапарат/видеокамера

  1. Приклучете дигитален фотоапарат или видеокамера што поддржува HDMI излез во HDMI IN приклучокот на телевизорот со HDMI кабел.
  2. Притиснете го копчето (Избор на влез) неколку пати за да го изберете поврзаниот уред.
  3. Поставете го поврзаниот уред на излез 4K.
  4. Стартувајте го емитувањето од поврзаниот уред.

За да ги проверите поддржаните формати на датотека

  • Поддржани датотеки и формати

За да гледате слики во резолуција 4K со повисок квалитет

Можете да го поставите Формат на HDMI сигнал на Подобрен формат за да гледате слики во резолуција 4K со повисок квалитет.

За информации за Подобрен формат или за менување на поставките, видете на страницата Поставки за прегледување слики во резолуција 4K со повисок квалитет (само модели 4K).

Напомена

  • Не може да се прикаже 3D-слика.
  • Ако ја менувате сликата притискајќи ги копчињата (Лево) / (Десно), можеби ќе помине малку време пред таа да се прикаже.
[85] Користење на телевизорот со други уреди | Прегледување фотографии во 4K од компатибилни уреди (само модели 4K)

Поставки за прегледување слики во резолуција 4K со повисок квалитет (само модели 4K)

Кога прикажувате висококвалитетен формат 4K преку влезот HDMI, поставете [Формат на HDMI сигнал] во [Надворешни влезови].

Формат на HDMI сигнал

За да ја смените поставката за HDMI форматот на сигналот, притиснете го копчето HOME, потоа изберете [Поставки] — [Гледање ТВ] — [Надворешни влезови] — [Формат на HDMI сигнал].

Стандарден формат
Стандарден HDMI формат*1 за нормална употреба.
Подобрен формат (само HDMI IN 2/3)
Висококвалитетен HDMI формат*1*2. Поставете го само кога користите уреди со способност за него.

*1 Вклучено HDR (само за моделите HDR). Моделите HDR имаат [Режим на HDR] во [Поставки] — [Слика и звук] — [Слика] — [Напредни поставки] — [Опции за видео].
*2 4K 60p 4:2:0 10 bit, 4:4:4, 4:2:2 и сл.

Напомена

  • Кога користите Подобрен формат, сликата и звукот може да не се прикажуваат правилно. Во тој случај, поврзете го уредот со HDMI IN што е во [Стандарден формат] или сменете го форматот на сигналот HDMI на HDMI IN во [Стандарден формат].
  • Поставете Подобрен формат само кога користите компатибилни уреди.
  • Кога гледате слика 4K со висок квалитет, користете кабел Premium High Speed HDMI Cable(s) што поддржува брзина од 18 Gbps. За детали за кабелот Premium High Speed HDMI Cable(s) што поддржува 18 Gbps видете во спецификациите на кабелот.
  • Кај некои модели форматот на HDMI сигналот на HDMI IN 2 и 3 се менува истовремено.
[86]

Поврзување со мрежа

  • Поврзување на мрежа со помош на LAN кабел
  • Поврзување со мрежа преку безжична врска
  • Функции за домашна мрежа
[87] Поврзување со мрежа

Поврзување на мрежа со помош на LAN кабел

Поврзување на мрежа со помош на LAN кабел

Кабелската LAN врска ви овозможува пристап до интернет и до вашата домашна мрежа.

Осигурете се дека со помош на рутер ќе бидете поврзани со интернет или домашна мрежа.

Совет

  • Доколку користите модем со функции на рутер, нема да ви биде потребен посебен рутер. Од вашиот интернет провајдер побарајте информации во врска со спецификациите на вашиот модем.
Illustration of the connection method
  1. Кабел за LAN
  2. Компјутер
  3. Рутер
  4. Модем
  5. Интернет
  1. Поставете го вашиот LAN рутер.
    За детали, погледнете го упатството за користење на вашиот LAN рутер или стапете во контакт со лицето кое ја поставило мрежата (администратор на мрежата).

Напомена

  • Потребните мрежни поставки може да се различни, зависно од операторот или рутерот. За детали, погледнете ги упатствата за употреба испорачани од интернет провајдерот или оние испорачани со рутерот. Исто така, можете да стапите во контакт со лицето кое ја поставило мрежата (администратор на мрежата).
[88] Поврзување со мрежа

Поврзување со мрежа преку безжична врска

  • Користење Wi-Fi за поврзување на телевизорот со интернет/мрежа
  • Користење Wi-Fi Direct за поврзување со телевизорот (не е потребен безжичен рутер)
[89] Поврзување со мрежа | Поврзување со мрежа преку безжична врска

Користење Wi-Fi за поврзување на телевизорот со интернет/мрежа

Вградениот уред за безжична LAN врска ви овозможува пристап до интернет и уживање во придобивките на мрежно работење во околина без кабли.

Illustration of the connection method
  1. Компјутер
  2. Безжичен рутер
  3. Модем
  4. Интернет
  1. Поставете го вашиот безжичен рутер.
    За детали, погледнете го упатството за користење на вашиот безжичен рутер или стапете во контакт со лицето кое ја поставило мрежата (администратор на мрежата).
  2. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Мрежа и интернет].
  3. Изберете ја мрежата со којашто сакате да се поврзете и поставете ја лозинката.
    Ако телевизорот не може да се поврзе на интернет/мрежа, погледнете на страницата Телевизорот не може да се поврзе со интернет/мрежа..

За да го исклучите вградениот уред за безжична LAN врска

  1. За да го исклучите [Wi-Fi], притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Мрежа и интернет] — [Wi-Fi].

Совет

  • За течно стримување видео:
    • Сменете ги поставките на безжичниот рутер во мрежен стандард со голема брзина како 802.11n ако е можно.
      За детали за тоа како да ја промените поставката, погледнете го упатството за користење на вашиот безжичен рутер или стапете во контакт со лицето кое ја поставило мрежата (администратор на мрежата).
    • Ако со горната постапка не се постигне подобрување, променете ја поставката на вашиот безжичен рутер на 5GHz, што може да помогне во подобрувањето на квалитетот на стримувањето видео.
    • Фреквенцијата од 5GHz може да не е поддржана во зависност од вашиот регион/држава. Ако фреквенцијата од 5GHz не е поддржана, телевизорот може да се поврзе со безжичен рутер само користејќи ја фреквенцијата од 2,4GHz.

Напомена

  • Потребните мрежни поставки може да се различни, зависно од операторот или рутерот. За детали, погледнете ги упатствата за употреба испорачани од интернет провајдерот или оние испорачани со рутерот. Исто така, можете да стапите во контакт со лицето кое ја поставило мрежата (администратор на мрежата).
  • Ако ја изберете опцијата [Прикажи лозинка] на екранот за внесување лозинка, прикажаната лозинка можат да ја видат и други.
[90] Поврзување со мрежа | Поврзување со мрежа преку безжична врска

Користење Wi-Fi Direct за поврзување со телевизорот (не е потребен безжичен рутер)

Можете да поврзете уред со телевизорот безжично, без да користите безжичен рутер, а потоа да стримувате видео-записи, фотографии и музика што се зачувани на уредот директно на телевизорот.

Illustration of content streaming
  1. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Мрежа и интернет] — [Wi‑Fi Direct] — [Поставки за Wi‑Fi Direct].
  2. Изберете го името на телевизорот прикажано на ТВ екранот со Wi-Fi Direct уредот.
    Ако уредот не поддржува Wi-Fi Direct, изберете [Прикажи мрежа (SSID)/лозинка].
  3. Управувајте со Wi-Fi Direct/Wi-Fi уредот за да го поврзете со телевизорот.
  4. Праќајте содржина од Wi-Fi Direct/Wi-Fi уредот на телевизорот.
    За детали погледнете го упатството за користење на уредот.

Ако поврзувањето е неуспешно

Кога е прикажан екранот за подготвеност за поставката Wi-Fi Direct, изберете [Прикажи мрежа (SSID)/лозинка] и следете ги упатствата на екранот за да го комплетирате поставувањето.

За да поврзете друг уред

Следете ги горните чекори за да поврзете уреди. Истовремено може да бидат поврзани до 10 уреди. За да поврзете друг уред кога 10 уреди се веќе поврзани, прекинете ја врската на еден од непотребните уреди, а потоа, поврзете го другиот уред.

За да го смените името на телевизорот што се прикажува на поврзаниот уред

Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Поставки за уредот] — [За] — [Име на уред].

За да видите листа на поврзани уреди/да дерегистрирате уреди

Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Мрежа и интернет] — [Wi‑Fi Direct] — [Прикажи листа на уреди/Избриши].

За да дерегистрирате уред, изберете го уредот за бришење од листата, па притиснете го копчето (Влез). Потоа, изберете [Да] на екранот за потврдување.

За да ги дерегистрирате сите уреди, изберете [Избриши сè] на листата, па [Да] на приказот за потврдување.

[91] Поврзување со мрежа

Функции за домашна мрежа

  • Прилагодување на поставките на домашната мрежа
  • Емитување содржини од компјутер
  • Емитување содржини од медиумски сервер
[92] Поврзување со мрежа | Функции за домашна мрежа

Прилагодување на поставките на домашната мрежа

Можете да ги прилагодувате следниве поставувања за домашната мрежа.

За проверување на врската со серверот

Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Мрежа и интернет] — [Поставување на домашна мрежа] — [Дијагностика на сервери] — следете ги упатствата на екранот за да извршите дијагностика.

За користење на функцијата Renderer

Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Мрежа и интернет] — [Поставување на домашна мрежа] — [Renderer] — саканата опција.

[Функција Renderer]
Овозможете ја функцијата Renderer.
Можете да прикажете фотографии/музика/видео-записи од контролираниот уред (на пример, дигитален фотоапарат) на екранот на телевизорот директно управувајќи со уредот.
[Контрола за пристап на Renderer]
  • Изберете [Автоматска дозвола за пристап] за да пристапите до телевизорот автоматски кога контролираниот уред пристапува до телевизорот првпат.
  • Изберете [Прилагодени поставки] за да ја смените поставката за дозвола за пристап на секој контролен уред.

За користење на далечинскиот уред

Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Мрежа и интернет] — [Поставки за далечински уреди.] — саканата опција.

[Управувајте од далечина]
Овозможете ја операцијата на телевизирот од регистриран уред.
[Дерегистрирај далечински уред]
Дерегистрирајте го уредот за да ја исклучите операцијата на телевизирот од тој уред.
[93] Поврзување со мрежа | Функции за домашна мрежа

Емитување содржини од компјутер

Може да уживате во содржините (фотографии/музика/видео датотеки) складирани на мрежен уред што се наоѓа во друга просторија ако го поврзете телевизорот на домашна мрежа преку рутер.

Illustration of the connection method
  1. Компјутер (Сервер)
  2. Рутер
  3. Модем
  4. Интернет
  1. Поврзете го телевизорот на вашата домашна мрежа.
  2. Притиснете го копчето HOME и изберете ја (иконата Апликации) од Почетното мени, па изберете [Медија плеер].
    Ако доставениот далечински управувач има копче APPS, може да го притиснете копчето APPS.
  3. Изберете го името на мрежниот уред.
  4. Изберете ја папката, а потоа изберете ја датотеката за репродукција.

За да ги проверите поддржаните формати на датотека

  • Поддржани датотеки и формати

Напомена

  • Во зависност од датотеката, емитувањето може да не е возможно дури и кога се користат поддржани формати.
[94] Поврзување со мрежа | Функции за домашна мрежа

Емитување содржини од медиумски сервер

Можете да прикажете фотографии/музика/видео-записи од контролорот (на пример, дигитален фотоапарат) на екранот на телевизорот директно управувајќи со контролорот ако го поврзете телевизорот на домашна мрежа преку рутер. Контролниот уред, исто така, треба да биде компатибилен со функцијата за прикажување.

Illustration of the connection method
  1. Дигитален фотоапарат (Контролер)
  2. Рутер
  3. Модем
  4. Интернет
  1. Поврзете го телевизорот на вашата домашна мрежа.
  2. Управувајте со контролниот уред за да започнете со репродукција на содржините на екранот на телевизорот.
[95]

Поставки

  • Конфигурирање на телевизорот
  • Поставување тајмер
[96] Поставки

Конфигурирање на телевизорот

Менијата што се прикажуваат во поставките на телевизорот се разликуваат, во зависност од моделот/регионот/земјата.

  • [Гледање ТВ] Ги конфигурира поставките како што се [Канали].
  • [Слика и звук] Ги конфигурира поставките како што се [Слика] и [Звук].
  • [Мрежа и интернет]
  • [Сметки и најавување]
  • [Апликации]
  • [Поставки за уредот] Ги конфигурира поставките како што се [Тастатура], [Почетен екран] и [Пристапност].
  • [Далечински управувач и додатоци] Ги конфигурира поставките како што се [Далечински управувач] и [Поставки за Bluetooth].
  • [Поставки за професионалниот панел] (само кај модели опремени со OLED-панел)
[97] Поставки | Конфигурирање на телевизорот

[Гледање ТВ]

  1. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Гледање ТВ] — саканата опција.

Достапни опции

[Канали]
Ги конфигурира поставките поврзани со примањето емитувани програми. Можете да конфигурирате и поставки поврзани со примањето сателитски емитувани програми.
За местење дигитални канали
Прием на дигитални емисии
За местење на сателитот
Прием на сателитски емисии (само за моделите компатибилни за сателитски прием)
За подредување канали или уредување на листата програми
Подредување канали или уредување на листата со програми
[Контроли за родителски надзор]
Ги конфигурира поставувањата за родителско заклучување за емитувања и други ставки.
[Надворешни влезови]
Ги конфигурира поставките на надворешните влезови и BRAVIA Sync.
За детали во врска со BRAVIA Sync, погледнете во Уреди компатибилни со BRAVIA Sync.
[Поставување уред за снимање]
Ги конфигурира поставките на USB HDD уредите за снимање. (Оваа опција може да не е достапна, зависно од вашиот модел/регион/земја.)
[98] Поставки | Конфигурирање на телевизорот

[Слика и звук]

  1. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Слика и звук] — саканата опција.

Достапни опции

[Слика]
Ги конфигурира поставките на екранот што го приспособуваат квалитетот на сликата, како осветленост на екранот.
[Екран]
Ги конфигурира големината и положбата на екранот.
[Звук]
Ги конфигурира поставките што го приспособуваат звукот.
[Аудио излез]
Ги конфигурира поставките за избор поврзани со звучниците.
[99] Поставки | Конфигурирање на телевизорот

[Мрежа и интернет]

Ги конфигурира поставките за работи како што се безжични LAN-мрежи, жичени LAN-мрежи и домашни мрежи.

[100] Поставки | Конфигурирање на телевизорот

[Сметки и најавување]

  1. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Сметки и најавување] — саканата опција.

Достапни опции

[Google]
Ја синхронизира регистрираната сметка Google или ја отстранува сметката.
[Додај сметка]
Додава сметка на Google. Можете да додадете повеќе сметки Google и да префрлате од една од друга, зависно од апликацијата.
[101] Поставки | Конфигурирање на телевизорот

[Апликации]

Ви овозможува да конфигурирате или бришете апликации.

[102] Поставки | Конфигурирање на телевизорот

[Поставки за уредот]

  1. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Поставки за уредот] — саканата опција.

Достапни опции

[За]
Ги прикажува информациите за телевизорот.
[Датум и време]
Го прилагодува актуелното време.
[Јазик/Language]
Го избира јазикот на менито. Избраниот јазик на менито исто така ќе го постави јазикот за препознавање на гласот.
[Тастатура]
Ги конфигурира поставувањата за тастатурата на екран.
[Звук]
Ја конфигурира поставката [Системски звуци].
[Капацитет]
Ги менува поставувањата поврзани со складирањето податоци.
[Почетен екран]
Ги приспособува каналите прикажани на [Почетен екран] и сортира апликации.
[Google]
Ги конфигурира поставките за пребарување.
[Заштитник на екран]
Ги конфигурира поставките за заштитата на екранот.
[Локација]
Ги конфигурира поставувањата за локација за добивање на локацијата на корисникот.
[Безбедност и ограничувања]
Конфигурира ограничувања, како на пр., спречување на децата да користат одредени апликации.
[Пристапност]
Ги конфигурира поставувањата за одликите и услугите за пристапност за помош на корисниците за полесна навигација со нивните уреди.
[Ресетирај]
Го враќа телевизорот на фабричките стандардни поставки.
[LED осветлување]
Ја конфигурира поставката [LED осветлување]. (Достапноста на оваа функција зависи од вашиот модел.)
[Моќност]
Ги менува поставувањата поврзани со потрошувачката на енергија.
[Почетно поставување]
Ги поставува основните карактеристики како што е користење на мрежа и канали за првпат.
[Поставување на слика за излог во продавница]
Го збогатува приказот за демо употреба во излог со поставување [Демо режим] итн.

[103] Поставки | Конфигурирање на телевизорот

[Далечински управувач и додатоци]

  1. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Далечински управувач и додатоци] — саканата опција.

Достапни опции

[Поставки за Bluetooth]
Поставки за регистрирање/дерегистрирање Уреди со Bluetooth.
[Далечински управувач]
Поставки за спојување Далечинско управување со глас.
[104] Поставки | Конфигурирање на телевизорот

[Поставки за професионалниот панел] (само кај модели опремени со OLED-панел)

Овие опции се достапни за моделите опремени со OLED-панел и се користат за да се спречи задржување слики.

Ако истата слика се прикажува постојано или подолго време, може да дошло до задржување слика.
Телевизорот има две функции, [Поместување на пиксели] и [Освежување на панелот], направени за да се намали задржувањето слики.

Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Слика и звук] — [Поставки за професионалниот панел] — саканата опција.

Достапни опции

[Поместување на пиксели]
Ја поместува прикажаната слика во редовни интервали за да се спречи задржување слики. Во нормални околности, користете го телевизорот со оваа опција вклучена.
[Освежување на панелот]
Извршете рачно Освежување на панелот само кога задржувањето слики е особено забележливо.

Напомена

  • Извршете освежување на панелот само кога задржувањето слики е особено забележливо. Како референца, вршете го ова само еднаш годишно. Избегнувајте да го вршите ова почесто од еднаш годишно затоа што може да влијае на рокот на користење на панелот.
  • Освежувањето на панелот трае околу еден час. За време на освежувањето на панелот може да се прикаже бела линија на екранот. Тоа не претставува неисправност на телевизорот.
  • Правете приспособувања кога собната температура е меѓу 10°C и 40°C. Ако собната температура е надвор од овој опсег, освежувањето на панелот може да не се заврши.
[105] Поставки

Поставување тајмер

За да го поставите тајмерот за вклучување

Тајмерот автоматски го вклучува телевизорот во одредено време, на пример кога ќе почне програма што сакате да ја гледате. Овозможува и да го користите телевизорот како будилник.

  1. Притиснете го копчето HOME и изберете (икона Тајмери) — [Тајмер за вклучување] — саканата опција.

За да го поставите тајмерот за спиење

Тајмерот за спиење го исклучува телевизорот автоматски по претходно поставено време.

  1. Притиснете го копчето HOME и изберете (икона Тајмери) — [Тајмер за исклучување] — саканата опција.

Напомена

  • Кога ќе го исклучите телевизорот, па ќе го вклучите повторно, [Тајмер за исклучување] се ресетира на [Исклучено].
[106]

Решавање проблеми

  • Почнете тука Имате проблеми? Почнете тука.
  • Слика (квалитет)/екран
  • Тастатура
  • Прием на емисии
  • Звук
  • Мрежа (интернет/дома)/апликации
  • Далечински управувач/додатоци
  • Вклучување/исклучување
  • Поврзани уреди
  • USB HDD снимање (Само за моделите со снимање на USB HDD)
  • LED
[107] Решавање проблеми

Почнете тука

  • Самодијагностика
  • Софтверски ажурирања
  • Ако е потребно целосно ресетирање (рестартирање) на телевизорот
  • Често поставувани прашања за решавање проблеми
[108] Решавање проблеми | Почнете тука

Самодијагностика

Проверете дали телевизорот работи исправно.

  • Притиснете го копчето HELP, па изберете [Самодијагноза] или [Дијагноза на проблеми] — [Самодијагноза].
    [Самодијагноза] ќе почне.

Совет

Исто така, може да ги проверите следниве симптоми под [Дијагноза на проблеми].

  • [Симптоми за поврзување на интернет]
  • [Симптоми на надворешни уреди]
  • [Симптоми за слика/звук]

Ако проблемот останува, обидете се со следново.

  • Ресетирајте (престартувајте) го телевизорот. За детали, погледнете во Ако е потребно целосно ресетирање (рестартирање) на телевизорот.
  • Проверете ги и испробајте ги Софтверските ажурирања.
  • Интернет-страница за поддршка
[109] Решавање проблеми | Почнете тука

Софтверски ажурирања

Sony обезбедува ажурирањата на софтверот одвреме-навреме за да се подобри функционалноста и да им се овозможи најновото телевизиско доживување на корисниците. Најлесен начин за добивање софтверски ажурирања е преку поврзување на телевизорот на интернет.

За да го вклучите автоматското преземање софтвер

За да овозможите [Автоматско преземање на софтвер], притиснете го копчето HELP па изберете [Ажурирање на софтверот на системот] — [Автоматско преземање на софтвер].

Совет

  • За да го ажурирате софтверот рачно, изберете [Ажурирање на софтвер].
  • Ако не сакате да го ажурирате софтверот автоматски, исклучете го [Автоматско преземање на софтвер].

Напомена

  • Кога [Автоматско преземање на софтвер] е исклучено, телевизорот не може да прима известувања дури и кога е достапно софтверско ажурирање.

Ажурирање на софтверот преку мемориски уред USB

Ако немате мрежна врска, можете да го ажурирате софтверот и со USB мемориски уред. Употребете го компјутерот да го преземете најновиот софтвер од интернет-страницата за поддршка на Sony на мемориски уред USB. Вметнете го USB меморискиот уред во приклучокот за USB на телевизорот и софтверското ажурирање ќе почне автоматски.

Ако го ажурирате телевизискиот софтвер со USB мемориски уред, треба да ги прочитате предупредувањата за ажурирање со USB мемориски уред на интернет-страницата.

За повеќе информации за интернет-страницата за поддршка, видете на страницата Интернет-страница за поддршка.

[110] Решавање проблеми | Почнете тука

Ако е потребно целосно ресетирање (рестартирање) на телевизорот

Ако имате проблеми како неприкажување на сликата на екранот или ако далечинскиот управувач не работи, ресетирајте го телевизорот со следнава постапка. Ако проблемот останува, обидете се со постапката на фабричко ресетирање подолу.
Ако со телевизорот е поврзан надворешен USB уред, пред ресетирање откачете го USB уредот од телевизорот.

Ресетирање на вклучувањето/исклучувањето

  1. Престартувајте го телевизорот со далечинскиот управувач.
    Притиснете и држете го копчето за вклучување/исклучување на далечинскиот управувач околу 5 секунди додека не се прикаже пораката „Исклучено“.
    Телевизорот ќе се исклучи и ќе се престартува автоматски по околу една минута.
  2. Откачете го кабелот за напојување.
    Ако проблемот продолжи по чекор 1, откачете го кабелот за напојување од електричниот штекер. Потоа притиснете го копчето за вклучување на телевизорот и почекајте 2 минути и приклучете го кабелот за напојување во електричниот штекер.

Совет

Личните поставки и податоците нема да се изгубат откако телевизорот ќе се престартува.

Фабричко ресетирање на податоци

Ако проблемот останува по ресетирање на вклучувањето/исклучувањето, обидете се со фабричко ресетирање на податоците.

Напомена

Со извршувањето фабричко ресетирање ќе се избришат сите податоци и поставки на телевизорот (како на пример информациите за поставките на Wi-Fi и кабелската мрежа, сметката на Google и другите информации за пријавување Google Play и другите инсталирани апликации).

  1. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Поставки за уредот] — [Ресетирај] — [Фабричко ресетирање на податоци].
  2. Изберете [Избриши сè].
    Ако сте поставиле PIN-код на телевизорот, од вас ќе се побара да го внесете кога ќе изберете [Избриши сè].
    Откако постапката на фабричко ресетирање успешно ќе се заврши, телевизорот ќе го стартува волшебникот за почетно поставување. Мора да се согласите со Условите на користење на Google и Политиката за приватност на Google.
[111] Решавање проблеми | Почнете тука

Често поставувани прашања за решавање проблеми

За информации во врска со решавање проблеми, може да го погледнете и делот „Често поставувани прашања“ на нашата интернет-страница за поддршка подолу.

  • http://www.sony.net/androidtv-faq/
    QR code for the Sony support website

За информации во врска со решавање проблеми, може да го погледнете и делот Често поставувани прашања на нашата интернет-страница за поддршка.

[112] Решавање проблеми

Слика (квалитет)/екран

  • Нема боја/темна слика/бојата не е правилна/сликата е пресветла.
  • Искривена слика./Екранот трепка.
  • Големината на сликата/Форматот на екранот/Широкиот режим се менува автоматски.
  • Екранот наеднаш се менува на видео што не го препознавате додека гледате телевизија.
  • Има банери/ленти на горниот или долниот дел на екранот.
  • Слики во висока резолуција HDR не се прикажуваат.
  • Не се прикажуваат слики 3D. 3D ефектот е слаб. (Само за моделите 3D)
  • Се појавуваат црни ленти на двете страни на екранот кога се гледаат 3D слики. (Само за моделите 3D)
  • Не се исклучува приказот 3D кога се гледаат 3D-содржини. (Само за моделите 3D)
  • Пораката [Откриен е 3D сигнал.] се појавува автоматски кога ќе се открие сигнал 3D. (Само за моделите 3D)
  • Се прикажува порака за апликација што бара дозвола за пристап на функција на телевизорот.
  • Екранот се затемнува по одредено време. (само за моделите опремени со OLED-панел)
  • Се прикажува пораката [Освежувањето на панелот не заврши]. (само за моделите опремени со OLED-панел)
  • Ве загрижува задржувањето слика. (само за моделите опремени со OLED-панел)
  • Бела линија се појавува на екранот. (само за моделите опремени со OLED-панел)
  • Освежувањето на панелот не завршува. (само за моделите опремени со OLED-панел)
[113] Решавање проблеми | Слика (квалитет)/екран

Нема боја/темна слика/бојата не е правилна/сликата е пресветла.

Приспособете го тонот на бојата, осветленоста и квалитетот на сликата на телевизорот од [Слика].

  • Притиснете го копчето ACTION MENU, потоа изберете [Слика] за да прилагодите.
  • Ако сакате да ги ресетирате поставките за [Слика], притиснете го копчето ACTION MENU, потоа изберете [Слика] — [Напредни поставки] — [Ресетирај].
  • Ако го поставите [Заштеда на енергија] на [Ниско] или [Високо], нивото на црната боја ќе се подобри. Притиснете го копчето HOME, потоа изберете [Поставки] — [Поставки за уредот] — [Моќност] — [Заштеда на енергија] за [Исклучено] да се осветли екранот.

Напомена

  • Квалитетот на сликата зависи од сигналот и содржината.
  • Квалитетот на сликата може да се подобри ако го смените во [Слика] под [Поставки].
    Притиснете го копчето ACTION MENU, изберете [Слика] — [Напредни поставки], и прилагодете [Светлина] или [Контраст].
[114] Решавање проблеми | Слика (квалитет)/екран

Искривена слика./Екранот трепка.

Проверете ја врската и положбата на антената (воздушна) и на периферните уреди

  • Проверете ја врската со антената (воздушна)/кабелот.
  • Држете ги антената (воздушна)/кабелот подалеку од другите кабли за поврзување.
  • Кога инсталирате опционален уред, оставете одреден простор помеѓу уредот и телевизорот.
  • Внимавајте антената (воздушна) да е поврзана со висококвалитетен коаксијален кабел од 75 оми.

Проверка на поставката [Движење]

  • Притиснете го копчето ACTION MENU, потоа изберете [Слика] — [Напредни поставки] — [Движење] — [Motionflow] — [Исклучено]. (Само за модели компатибилни со [Motionflow])
    Моделите компатибилни со [Motionflow] имаат [Motionflow] во [Поставки] — [Слика и звук] — [Слика] — [Напредни поставки] — [Движење].
  • Сменете ја моменталната поставка за [Режим за филмови] на [Исклучено].
    Притиснете го копчето ACTION MENU, потоа изберете [Слика] — [Напредни поставки] — [Движење] — [Режим за филмови].
  • Проверете ги поставките на [Рачно поставување на канали].
    Притиснете го копчето HOME, потоа изберете [Поставки] — [Гледање ТВ] — [Канали] — [Поставување на канали] — [Аналогно поставување] — [Рачно поставување на канали].
    • Поставете го [LNA] на [Исклучено] за да се подобри приемот на сликата. ([LNA] може да не е достапно, зависно од вашата ситуација/регион/земја.)
    • Извршете [AFT] за да ја подобрите сликата на аналогниот прием.
      (Достапноста на [Рачно поставување на канали] и опциите во него може да се разликуваат, зависно од регионот/земјата/ситуацијата.)
[115] Решавање проблеми | Слика (квалитет)/екран

Големината на сликата/Форматот на екранот/Широкиот режим се менува автоматски.

Може да ја приспособите големината на сликата од [Екран].
Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Слика и звук] — [Екран].

  • Кога го менувате каналот или влезот за видео, ако [Автоматска ширина] е овозможено во [Екран], моменталната поставка на [Широк режим] се менува автоматски според влезниот сигнал. За да ја фиксирате поставката за [Широк режим], исклучете го [Автоматска ширина].
  • Може рачно да ја приспособите големината на сликата од [Широк режим].

Пример за поставки во [Широк режим] (кога соодносот на страните на оригиналната слика е 4:3)

  • [Нормално]
    Ја прикажува оригиналната слика каква што е. Странични ленти што ја пополнуваат разликата од сликата 4:3 се прикажани на левата и десната страна од екранот.
    Example of setting
  • [Зум]
    Прикажува слика 16:9 што е конвертирана во формат на плик 4:3 во точниот сооднос на страните.
    Example of setting
  • [Широк зум]
    Ја зголемува сликата, зачувувајќи ја оригиналната слика што е можно повеќе.
    Example of setting

[Широк режим] (кога соодносот на страните на оригиналната слика е 16:9)

Сликата може да не се прикаже како што е предвидено, дури и ако е со сооднос на страните од 16:9. Променете ги поставките за да се префрлите на саканиот приказ.

  • [Нормално]
    Прикажува слика 4:3 што е проширена хоризонтално на 16:9 во точниот сооднос на страните.
    Example of setting
  • [Зум]
    Прикажува слика 16:9 што е конвертирана во формат на плик 4:3 во точниот сооднос на страните.
    Example of setting
  • [Широк зум]
    Ја зголемува сликата, зачувувајќи ја оригиналната слика што е можно повеќе.
    Example of setting

Напомена

  • [Автоматска ширина] во [Екран] на [Широк зум] или [Зум], што ќе остане применето додека не го смените каналот/влезот или повторно рачно не ја смените поставката [Широк режим].
  • [Автоматска ширина] во [Екран] нема да ја рашири сликата додека содржината се префрлува бидејќи информациите за содржината ги регулира провајдерот на сигнал на каналот. Ако сакате, можете рачно да ја смените поставката на [Широк режим], што ќе остане применето додека не го смените каналот/влезот или повторно рачно ќе ја смените поставката [Широк режим].
  • Големината на сликата зависи од содржината на сигналот.
    • Сликата станува мала за време на реклами заради начинот на емитување содржина што го користи емитувачот. Кога каналите со HD содржина се префрлат на SD содржина (реклами), сликата може да стане мала и да има црна рамка.
    • Некои програми со широк формат на приказ се снимени во сооднос на страните поголем од 16:9 (ова особено е вообичаено за кинематографски изданија). Вашиот телевизор ќе ги прикажува овие програми со црни ленти на горниот и долниот дел од екранот. За подетални информации, проверете во документацијата испорачана со вашето BD/DVD (или контактирајте со емитувачот на програмата).
    • Програмите што се емитуваат во HD формати (720p и 1080i) со содржина 4:3, вообичаено ќе имаат црни ленти на левата и десната страна на екранот кои се додаваат од страна на емитувачот.

Совет

Некои кабелски и сателитски сет топ уреди може, исто така, да ги контролираат димензиите на сликата. Ако користите сет топ уред, обратете се кај производителот на сет топ уредот за да добиете повеќе информации.

[116] Решавање проблеми | Слика (квалитет)/екран

Екранот наеднаш се менува на видео што не го препознавате додека гледате телевизија.

Во тој случај, телевизорот може да е во демо-режим. Обидете се да излезете од демо-режимот.

  • Притиснете го копчето HOME на далечинскиот управувач и изберете [Поставки] — [Поставки за уредот] — [Поставување на слика за излог во продавница]. Исклучете ги [Демо режим] и [Режим за ресетирање на слика].
[117] Решавање проблеми | Слика (квалитет)/екран

Има банери/ленти на горниот или долниот дел на екранот.

Во тој случај, телевизорот може да е во демо-режим. Обидете се да излезете од демо-режимот.

  • Притиснете го копчето HOME на далечинскиот управувач и изберете [Поставки] — [Поставки за уредот] — [Поставување на слика за излог во продавница]. Исклучете ги [Демо режим] и [Режим за ресетирање на слика].
[118] Решавање проблеми | Слика (квалитет)/екран

Слики во висока резолуција HDR не се прикажуваат.

Потребно е следното за гледање слики во висока резолуција HDR како на пример 4K (50p/60p)*.

  • Поврзете го уредот на кој може да се репродуцира 4K (50p/60p)* на HDMI IN 2/3.
  • Користете Premium High Speed HDMI Cable(s) што поддржува 18 Gbps.
  • Поставете го [Формат на HDMI сигнал] во [Подобрен формат] со избирање [Поставки] — [Гледање ТВ] — [Надворешни влезови] — [Формат на HDMI сигнал] — [Подобрен формат].
  • Проверете дали поврзаниот уред ги има најновите поставки или фирмвер.

* Достапноста зависи од моделот/регионот/земјата.

[119] Решавање проблеми | Слика (квалитет)/екран

Не се прикажуваат слики 3D. 3D ефектот е слаб. (Само за моделите 3D)

3D моделите имаат [Поставки за 3D] во [Поставки] — [Слика и звук].

  • Ако се прикажуваат две слики една до друга, притиснете го копчето ACTION MENU, па изберете [3D] — [3D приказ] — [3D (едно‑до‑друго)].
    Ако се прикажуваат две слики една врз друга, притиснете го копчето ACTION MENU, па изберете [3D] — [3D приказ] — [3D (едно-врз-друго)].
  • Ако се појави екранот [3D приказ] и не се прикажуваат 3D сликите, исклучете го уредот кој емитува 3D содржина и вклучете го повторно.
  • Перцепирањето на 3D ефектот може да се разликува од едно до друго лице.

За модели 4K

  • Не може да се прикаже 3D сигнал од 4K.
  • За модели на пасивни 3D очила, гледајте во телевизорот директно однапред. 3D ефектот може да биде понеизразен во зависност од положбата од која се гледа. Прилагодете го аголот на гледање на екранот.

За модели со активни 3D очила

  • Осигурете да нема пречки помеѓу телевизорот и активните 3D очила.
  • Заменете ја батеријата во активните 3D очила.
  • Осигурете се дека активните 3D очила се вклучени.
  • Пред употреба, неопходно е да ги регистрирате вашите активни 3D очила на телевизорот. За да ги користите очилата со друг телевизор, неопходно е повторно да се изврши регистрација. Исклучете ги очилата пред да започнете со повторно регистрирање.
  • Безжичните уреди или микробрановите печки може да влијаат врз комуникацијата помеѓу 3D очилата и телевизорот бидејќи телевизорот ја користи фреквенцијата од 2,4GHz. Во овој случај, обидете се со повторно регистрирање.
  • Ако уред, кој не е 3D-компатибилен (како на пример, домашно кино), е поврзан помеѓу телевизорот и 3D-компатибилен уред, телевизорот нема да прикажува 3D слики. Поврзете го уредот компатибилен за 3D директно со телевизорот со помош на одобрен HIGH SPEED HDMI кабел со логото HDMI.
[120] Решавање проблеми | Слика (квалитет)/екран

Се појавуваат црни ленти на двете страни на екранот кога се гледаат 3D слики. (Само за моделите 3D)

3D моделите имаат [Поставки за 3D] во [Поставки] — [Слика и звук].

  • Се појавуваат црни линии од двете страни на екранот за да се обработат 3D-сигналите при прилагодување на длабочината на 3D-сликите во [Поставки] — [Слика и звук] — [Поставки за 3D] — [Прилагодување 3D длабочина].
[121] Решавање проблеми | Слика (квалитет)/екран

Не се исклучува приказот 3D кога се гледаат 3D-содржини. (Само за моделите 3D)

3D моделите имаат [Поставки за 3D] во [Поставки] — [Слика и звук].

  • За 3D содржина што се прикажува со 3D сигнал, 3D приказот на вашиот телевизор не може да се исклучи. Исклучете ги поставките за 3D на поврзаниот уред (како, на пример, плеер Blu-ray).
[122] Решавање проблеми | Слика (квалитет)/екран

Пораката [Откриен е 3D сигнал.] се појавува автоматски кога ќе се открие сигнал 3D. (Само за моделите 3D)

3D моделите имаат [Поставки за 3D] во [Поставки] — [Слика и звук].

  • Исклучете ја поставката [Известување за 3D сигнал]. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Слика и звук] — [Поставки за 3D] — [Известување за 3D сигнал] — [Исклучено].
[123] Решавање проблеми | Слика (квалитет)/екран

Се прикажува порака за апликација што бара дозвола за пристап на функција на телевизорот.

  • Изберете дали ќе дозволите или забраните пристап на апликацијата до прикажаната функција.
  • Можете да ја проверите листата на дозволи за апликациите категоризирани по функциите на телевизорот и да ги менувате поставките за дозволите за секоја апликација. Притиснете го копчето HOME, изберете [Поставки] — [Апликации] — [Дозволи за апликацијата] — саканата функција на телевизорот.
[124] Решавање проблеми | Слика (квалитет)/екран

Екранот се затемнува по одредено време. (само за моделите опремени со OLED-панел)

  • Ако целата слика или дел од сликата останува неподвижен, екранот постепено ќе се затемнува за да се намали задржувањето слика. Оваа функција е наменета за заштита на панелот и не претставува неисправност.
[125] Решавање проблеми | Слика (квалитет)/екран

Се прикажува пораката [Освежувањето на панелот не заврши]. (само за моделите опремени со OLED-панел)

Освежувањето на панелот се врши автоматски откако телевизорот се користел подолго време за да може да се намали задржувањето слика. Ако телевизорот е вклучен, кабелот за напојување со назименична струја (главно напојување) е откачен или собната температура е надвор од опсегот 10°C до 40°C за време на освежувањето на панелот, процесот нема да се заврши и ќе се појави оваа порака.

  • Ако освежувањето на панелот почнало автоматски, ќе почне повторно кога ќе го исклучите телевизорот со далечинскиот управувач.
  • Ако освежувањето на панелот било активирано рачно, треба пак да го изберете.
[126] Решавање проблеми | Слика (квалитет)/екран

Ве загрижува задржувањето слика. (само за моделите опремени со OLED-панел)

Ако истата слика се прикажува постојано или подолго време, може да дошло до задржување слика.

За да го намалите задржувањето слика, препорачуваме да го исклучувате телевизорот од копчето за вклучување/исклучување на далечинскиот управувач или на телевизорот.

Напомена

  • Извршете рачно освежување на панелот само кога задржувањето слики е особено забележливо. Како референца, вршете го ова само еднаш годишно. Избегнувајте да го вршите ова почесто од еднаш годишно затоа што може да влијае на рокот на користење на панелот.
  • Слики што содржат часовници и светли бои лесно предизвикуваат задржување на сликата. Избегнувајте прикажување такви типови слики подолго време, инаку може да дојде до задржување на сликата.
[127] Решавање проблеми | Слика (квалитет)/екран

Бела линија се појавува на екранот. (само за моделите опремени со OLED-панел)

  • Освежувањето на панелот се врши автоматски откако телевизорот се користел подолго време за да може да се намали задржувањето слика. Освежувањето на панелот почнува откако ќе се исклучи телевизорот и трае околу еден час. За време на освежувањето на панелот може да се прикаже бела линија на екранот. Тоа не претставува неисправност на телевизорот.
[128] Решавање проблеми | Слика (квалитет)/екран

Освежувањето на панелот не завршува. (само за моделите опремени со OLED-панел)

  • Освежувањето на панелот работи кога собната температура е меѓу 10°C и 40°C. Ако собната температура е надвор од овој опсег за време на освежувањето на панелот, процесот не завршува и се прикажува порака. Ако се прикаже пораката, проверете ја температурата на просторијата.
[129] Решавање проблеми

Тастатура

Не може да ракувате со моменталниот екран откако ќе се прикаже тастатурата на екранот.

  • За да се вратите на ракување со екранот зад тастатурата на екранот, притиснете го копчето BACK на далечинскиот управувач.
[130] Решавање проблеми

Прием на емисии

  • Проверете го прво ова за да ги решите проблемите со телевизискиот прием.
  • Се појавува црн шум или порака за грешка и не можете да гледате емисија.
  • Се појавува двојна слика.
  • Само бел шум или црна слика се појавува на екранот.
  • Има шум на сликата или звукот кога се гледа аналоген телевизиски канал.
  • Некои канали се празни.
  • Слаб прием или слаб квалитет на сликата со дигиталните програми.
  • Не можат да се најдат дигитални канали.
  • Не се местат сите аналогни канали.
  • Не можете да гледате сателитски канали. (Само за сателитски-компатибилни модели)
  • Некои дигитални канали ги нема.
  • Сакате да ја наместите сателитската антена.
[131] Решавање проблеми | Прием на емисии

Проверете го прво ова за да ги решите проблемите со телевизискиот прием.

  • Проверете дали кабелот на антената (воздушна) е цврсто приклучен во телевизорот.
    • Проверете кабелот од антената (воздушна) да не е лабав или откачен.
    • Осигурете се дека кабелот или конекторот на кабелот од антената (воздушна) не е оштетен.
  • За да гледате стримувана содржина, поврзете го телевизорот на интернет.

Совет

  • За повеќе информации, посетете ја интернет-страницата за поддршка на Sony.
    Интернет-страница за поддршка
[132] Решавање проблеми | Прием на емисии

Се појавува црн шум или порака за грешка и не можете да гледате емисија.

  • Внимавајте кабелот на антената (воздушна) да е поврзан во правилните приклучоци (на телевизорот/поврзаните уреди/ѕидот).
  • Внимавајте кабелот да не е стар и да нема краток спој во внатрешноста на приклучокот.
[133] Решавање проблеми | Прием на емисии

Се појавува двојна слика.

  • Проверете ги врските со кабелот или антената (воздушна).
  • Проверете ја местоположбата и насоката на антената (воздушна).
  • Притиснете го копчето ACTION MENU, потоа изберете [Слика] — [Напредни поставки] — [Движење] — [Motionflow] — [Исклучено].
    (Само за модели компатибилни со [Motionflow])
    Моделите компатибилни со [Motionflow] имаат [Motionflow] во [Поставки] — [Слика и звук] — [Слика] — [Напредни поставки] — [Движење].
[134] Решавање проблеми | Прием на емисии

Само бел шум или црна слика се појавува на екранот.

  • Проверете дали е извршено поставување на звукот.
  • Проверете дали антената (воздушна) е скршена или свиткана.
  • Проверете дали антената (воздушна) го достигнала крајот на својот работен век (3-5 години за нормална употреба, 1-2 години за локација покрај море).
[135] Решавање проблеми | Прием на емисии

Има шум на сликата или звукот кога се гледа аналоген телевизиски канал.

  • Проверете ја поставката [Рачно поставување на канали].

    Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Гледање ТВ] — [Канали] — [Поставување на канали] — [Аналогно поставување] — [Рачно поставување на канали].

    • Извршете [AFT] за да добиете подобар прием на сликата и звукот. (Името на опцијата се разликува во зависност од вашиот регион/држава.)
    • Поставете го [Аудио филтер] на [Исклучено], [Ниско] или [Високо] за да го подобрите звукот на аналогниот прием.
    • Поставете го [LNA] на [Исклучено] за да се подобри приемот на сликата. ([LNA] може да не е достапно, зависно од вашата ситуација/регион/земја.)
  • Внимавајте антената (воздушна) да е поврзана со висококвалитетен коаксијален кабел од 75 оми.
  • Чувајте го кабелот на антената (воздушна) подалеку од другите кабли за поврзување.
[136] Решавање проблеми | Прием на емисии

Некои канали се празни.

  • Каналот служи само за кодирани/претплатнички сервиси. Претплатете се на платениот телевизиски сервис.
  • Каналот се користи само за податоци (нема ниту слика, ниту звук).
  • Стапете во контакт со емитувачот за да добиете детални информации за преносот.
[137] Решавање проблеми | Прием на емисии

Слаб прием или слаб квалитет на сликата со дигиталните програми.

  • Сменете ги положбата, насоката и аголот на земната телевизиска антена (воздушна) за да го доведете до максимум сигналот на антената (воздушна). Проверете да не е сменета насоката на антената (воздушна) ненамерно (на пример, поради ветар).
  • Ако користите засилувач на ТВ сигнал, прилагодете го неговото ниво на прием на сигнал.
  • Ако меѓу антената (воздушна) и телевизорот е поврзана опрема (како дистрибутер на ТВ сигнал), тоа може да влијае врз ТВ приемот. Директно поврзете ги антената (воздушна) и телевизорот за да проверите дали се подобрил приемот.
  • Лошите временски услови може да влијаат врз системите за сателитски пренос. Почекајте да се подобрат временските услови. (Само за сателитски-компатибилни модели)
[138] Решавање проблеми | Прием на емисии

Не можат да се најдат дигитални канали.

  • Прашајте кај локалниот провајдер дали во вашето подрачје се нудат дигитални преноси.
  • Надградете со антена (воздушна) со посилен прием.
[139] Решавање проблеми | Прием на емисии

Не се местат сите аналогни канали.

  • Обидете се да ги поставите каналите рачно преку конфигурирање на поставувањата. Притиснете го копчето HOME, потоа изберете [Поставки] — [Гледање ТВ] — [Канали] — [Поставување на канали] — [Аналогно поставување] — [Рачно поставување на канали]. (Достапноста на [Рачно поставување на канали] и опциите во него може да се разликуваат, зависно од регионот/земјата/ситуацијата.)
[140] Решавање проблеми | Прием на емисии

Не можете да гледате сателитски канали. (Само за сателитски-компатибилни модели)

Моделите компатибилни за сателитски прием имаат [Поставување сателитска телевизија] во [Поставки] — [Гледање ТВ] — [Канали] — [Поставување на канали] — [Дигитално поставување].

  • Прашајте кај локалниот провајдер дали во вашето подрачје се нудат сателитски услуги.
  • Проверете го вашиот LNB уред и поставувањата.
  • Ако телевизорот има приклучоци „MAIN“ и „SUB“, и не може да се постави како двоен сателитски приемник со [Избор на режим на сателитски приемник], не може да се користи приклучокот означен како „SUB“. Во тој случај, поврзете ја сателитската антена (воздушна) со приклучокот означен со „MAIN.“
[141] Решавање проблеми | Прием на емисии

Некои дигитални канали ги нема.

За да го смените опсегот за местење (зависно од регионот/земјата)

Притиснете го копчето HOME, потоа изберете [Поставки] — [Гледање ТВ] — [Канали] — [Поставување на канали] — [Дигитално поставување] — [Дигитално пребарување] — [Опсег на автоматско пребарување канали].

[Нормално]
Ги пребарува достапните канали во регионот/земјата.
[Целосно]
Ги пребарува достапните канали без оглед на регионот/земјата.

За ажурирање на дигиталните услуги

Можете да го пуштите [Автоматско пребарување канали] откако ќе се преселите на друго место, за да ги смените давателите на услугите или за да барате новоотворени канали.

Конфигурирање на автоматските ажурирања на услугите

Препорачуваме да го поставите [Автоматско ажурирање на услуги] на [Вклучено] за да овозможите нови дигитални услуги да се додаваат автоматски како што стануваат достапни.

  1. Притиснете го копчето HOME, потоа изберете [Поставки] — [Гледање ТВ] — [Канали] — [Поставување на канали] — [Дигитално поставување] — [Техничко поставување] — [Автоматско ажурирање на услуги] — [Вклучено].

Ако е исклучено, ќе добивате известувања за новите дигитални услуги преку пораки на екранот и услугите нема да се додаваат автоматски.

Совет

  • Достапноста на функцијата зависи од регионот/земјата. Ако не е достапно, извршете [Автоматско пребарување канали] за да додадете нови услуги.
[142] Решавање проблеми | Прием на емисии

Сакате да ја наместите сателитската антена.

Ако имате сателитска антена, можете да гледате сателитски програми и да го одредите типот на инсталацијата конфигурирајќи ги поставките на приемникот.

За местење на сателитот

  • Прием на сателитски емисии (само за моделите компатибилни за сателитски прием)
[143] Решавање проблеми

Звук

  • Нема звук, но има добра слика.
  • Шум на звукот.
  • Нема звук или звукот е слаб на домашниот кино систем.
  • Изобличен звук.
  • Сакате да слушате звук и од слушалките/аудио уредот со Bluetooth/аудиосистемот и од звучниците на телевизорот.
  • Гласноста на слушалките/аудио уредот со Bluetooth не може да се приспособи.
  • Загрижени сте поради несогласување на снимката и звукот.
[144] Решавање проблеми | Звук

Нема звук, но има добра слика.

  • Проверете ја јачината на звукот.
  • Притиснете го копчето (Исклучи звук) или копчето (Јачина на звук) + за да го откажете нечујниот режим.
  • Притиснете го копчето ACTION MENU, потоа изберете [Звучници] — [ТВ звучници].
  • Отстранете ги сите слушалки.
[145] Решавање проблеми | Звук

Шум на звукот.

  • Внимавајте антената (воздушна) да е поврзана со висококвалитетен коаксијален кабел од 75 оми.
  • Чувајте го кабелот на антената (воздушна) подалеку од другите кабли за поврзување.
  • За да избегнете ТВ пречки, користете неоштетен кабел за антена (воздушна).
[146] Решавање проблеми | Звук

Нема звук или звукот е слаб на домашниот кино систем.

  • Притиснете го копчето ACTION MENU, потоа изберете [Звучници] — [Аудио систем].
  • Поставете го [Излез за слушалки/звук] на [Аудио излез (Фиксно)] во поставката [Аудио излез].
  • Ако аудиосистемот не е компатибилен со Dolby Digital или со DTS, поставете го [Поставки] — [Слика и звук] — [Аудио излез] — [Дигитален аудио излез] на [PCM].
  • Ако изберете аналоген (RF) канал и сликите не се прикажуваат правилно, ќе треба да го смените системот за ТВ-емитување. Притиснете го копчето HOME, потоа изберете [Поставки] — [Гледање ТВ] — [Канали] — [Поставување на канали] — [Аналогно поставување] — [Рачно поставување на канали] — [ТВ систем]. (Достапноста на [Рачно поставување на канали] или името на опцијата се разликуваат, зависно од регионот/земјата/ситуацијата.)
  • Зависно од вашиот модел, ако [Звучници] е поставено на [ТВ звучници] и [Подобрување со висока резолуција (DSEE HX)] е поставено на [Автоматски], DIGITAL AUDIO OUT (OPTICAL) е стишено.
  • Проверете дали поставката [Јачина на звук на дигитален аудио излез] на телевизорот е на максимум.

    Притиснете го копчето HOME потоа изберете:
    [Поставки] — [Слика и звук] — [Аудио излез] — [Јачина на звук на дигитален аудио излез]

  • Кога го користите HDMI влезот со Super Audio CD или DVD-Audio, DIGITAL AUDIO OUT (OPTICAL) може да не емитува звучен сигнал.
[147] Решавање проблеми | Звук

Изобличен звук.

  • Проверете ја врската со антената (воздушна)/кабелот.
  • Држете ги антената (воздушна)/кабелот подалеку од другите кабли за поврзување.
  • Чувајте го телевизорот подалеку од извори на електричен шум, како на пример, автомобили, фенови за коса, Wi-Fi уреди, мобилни телефони или оптички уреди.
  • Кога инсталирате опционален уред, оставете одреден простор помеѓу уредот и телевизорот.
  • Извршете [AFT] во [Рачно поставување на канали] за да го подобрите звукот на аналогниот прием.
    (Достапноста на [Рачно поставување на канали] и опциите во него може да се разликуваат, зависно од регионот/земјата/ситуацијата.)
  • Поставете го [Аудио филтер] на [Ниско] или [Високо] за да го подобрите звукот на аналогниот прием. ([Аудио филтер] може да не е достапен, зависно од регионот/земјата.)
[148] Решавање проблеми | Звук

Сакате да слушате звук и од слушалките/аудио уредот со Bluetooth/аудиосистемот и од звучниците на телевизорот.

За да слушате звук и од слушалките/аудио уредот со Bluetooth и од звучниците на телевизорот

Звукот може да се спроведе преку слушалките или аудио уредот со Bluetooth и ТВ-звучниците ако ги изведете следните поставки подолу. Но, начинот на поставување се разликува во зависност од тоа дали телевизорот е модел што поддржува A2DP.

Моделите што поддржуваат A2DP коишто можат да користат аудио уреди со Bluetooth имаат [A/V синхронизација] во [Поставки] — [Слика и звук] — [Аудио излез].

Ако телевизорот не е модел што поддржува A2DP

  • Притиснете го копчето HOME, потоа изберете [Поставки] — [Слика и звук] — [Аудио излез] — [Врска помеѓу слушалки и звучници] — [Исклучено] за да се спроведе звукот преку уредот поврзан со приклучокот на слушалките и преку ТВ-звучниците.

Аудио уреди со Bluetooth како на пример слушалки со Bluetooth не може да се користат.

Ако телевизорот е модел што поддржува A2DP

  • Притиснете го копчето HOME, потоа изберете [Поставки] — [Слика и звук] — [Аудио излез] — [Аудио на ТВ звучници и на друг уред] за да го овозможите и да се спроведе звукот преку уредот поврзан со приклучокот на слушалките или слушалките со Bluetooth и преку ТВ-звучниците.

За да слушате звук и од аудио систем поврзан преку ARC и од звучниците на телевизорот

Звукот може да се слуша во исто време и од аудио систем поврзан на телевизорот и од звучниците на телевизорот доколку се задоволени следниве услови.

  • Поврзете ги телевизискиот и аудио системот користејќи дигитален оптички кабел
  • Поставете го [Дигитален аудио излез] на [PCM]

За детали во врска со поврзување со дигитален оптички кабел, погледнете ја страницата Поврзување аудио систем.

[149] Решавање проблеми | Звук

Гласноста на слушалките/аудио уредот со Bluetooth не може да се приспособи.

  • Ако не можете да ја приспособите гласноста на слушалките или на аудио уредот со Bluetooth со копчињата (Јачина на звук) +/-, притиснете го копчето ACTION MENU и изберете [Јачина на звук на слушалки]/[Јачина на звук за Bluetooth].

Моделите што поддржуваат Bluetooth A2DP коишто можат да користат аудио уреди за Bluetooth имаат [A/V синхронизација] во [Поставки] — [Слика и звук] — [Аудио излез].

[150] Решавање проблеми | Звук

Загрижени сте поради несогласување на снимката и звукот.

Доколку е поврзан аудио уред со Bluetooth

Снимката и звукот не се совпаѓаат затоа што звукот доцни поради карактеристиките на Bluetooth. Тајмингот за излез на слика и звук може да го приспособите со поставката A/V синхронизација.

  1. За да овозможите [A/V синхронизација], притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Слика и звук] — [Аудио излез] — [A/V синхронизација].

Доколку одреден аудио систем е поврзан со кабел HDMI

Може да го приспособите тајмингот за излез на слика и звук. За детали поврзани со поддржаните модели, погледнете ја интернет-страницата за поддршка.

  • Интернет-страница за поддршка
[151] Решавање проблеми

Мрежа (интернет/дома)/апликации

  • Телевизорот не може да се поврзе со интернет/мрежа.
  • Квалитетот на сликата и/или звукот од стримуваните апликации е слаб.
  • Телевизорот не може да се поврзе со серверот.
  • Можете да се поврзете на интернет, но не и на определени апликации и услуги.
[152] Решавање проблеми | Мрежа (интернет/дома)/апликации

Телевизорот не може да се поврзе со интернет/мрежа.

Ако безжичната мрежа не се поврзе или се прекинува, обидете се со следново.

  • Притиснете го копчето HOME и проверете дали е овозможена следнава поставка.
    [Поставки] — [Мрежа и интернет] — [Wi-Fi]
  • Проверете го местото за инсталација на телевизорот и на безжичниот рутер. Состојбата на сигналот може да биде засегната од следново:
    • Во близина се поставени други безжични уреди, микробранови печки, флуоресцентни светла итн.
    • Помеѓу безжичниот рутер и телевизорот има подови или ѕидови.
  • Исклучете го безжичниот рутер, па повторно вклучете го.
  • Ако името на мрежата (SSID) на безжичниот рутер на којашто сакате да се поврзете не се прикажува, изберете [[Рачен внес]] за да го внесете името на мрежата (SSID).

Ако проблемот не се реши дури и откако ќе ги изведете постапките погоре или ако не можете да се поврзете дури ни со кабелска мрежа, проверете го статусот на мрежното поврзување.

Проверка на статусот на мрежното поврзување

  1. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Мрежа и интернет] — [Погледнете ги поставките и статусот на мрежата] — [Проверете ја врската].
    За информации за врската, проверете ги вашите мрежни врски и/или упатството за користење на серверот, или стапете во контакт со лицето кое ја поставило мрежата (администратор на мрежата).

Совет

  • Решението зависи од проверката на статусот на мрежата. За решенија врз основа на секој проблем, видете „Често поставувани прашања“ на Интернет-страницата за поддршка на Sony.

Напомена

  • Ако LAN кабелот е поврзан со активен сервер и телевизорот добил IP адреса, проверете ги врските и конфигурациите на вашиот сервер.

    Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Мрежа и интернет] — [Погледнете ги поставките и статусот на мрежата].

[153] Решавање проблеми | Мрежа (интернет/дома)/апликации

Квалитетот на сликата и/или звукот од стримуваните апликации е слаб.

  • Квалитетот зависи од оригиналниот видео-запис, кој се доставува од страна на доставувачот на видео-содржината, и од брзината на вашата интернет врска.
  • За да уживате во гледањето стримувани видеа на интернет, потребна е брза мрежа со стабилна брзина. Вообичаено, потребни се брзини што се слични на следниве:
    • Стриминг на интернет-видео со стандардна дефиниција (SD): 2,5 Mbps
    • Стриминг на интернет-видео со висока дефиниција (HD): 10 Mbps
    • Стриминг на интернет-видео со ултрависока дефиниција (4К): 25 Mbps
  • Квалитетот на безжичната мрежна врска се разликува во зависност од растојанието или пречките (на пр., ѕид) помеѓу телевизорот и безжичниот рутер, околинските пречки и квалитетот на безжичниот рутер. Во овој случај, користете кабелска врска за интернет или обидете се со фреквенцијата од 5GHz.
  • Фреквенцијата од 5GHz може да не е поддржана во зависност од вашиот регион/држава. Ако фреквенцијата од 5GHz не е поддржана, телевизорот може да се поврзе со безжичен рутер само користејќи ја фреквенцијата од 2,4GHz.
  • Кога користите безжична мрежа, безжичните уреди треба да бидат поставени блиску еден до друг и треба да се избегнуваат препреки.
  • Уредите што емитуваат РФ-интерференција (како на пример, микробранови) треба да се држат подалеку од телевизорот и безжичниот рутер, или да се исклучат.
  • Звукот не се емитува за видеа без аудио.

Совет

  • За повеќе информации, посетете ја интернет-страницата за поддршка на Sony.
    Интернет-страница за поддршка
[154] Решавање проблеми | Мрежа (интернет/дома)/апликации

Телевизорот не може да се поврзе со серверот.

  • Проверете ги LAN кабелот, или безжичната врска со вашиот сервер и вашиот телевизор.
  • Проверете дали вашата мрежа е правилно конфигурирана на вашиот телевизор.
  • Проверете го вашиот LAN кабел/безжична врска или вашиот сервер. Телевизорот можеби ја изгубил врската со серверот.
  • Извршете [Дијагностика на сервери] за да проверите дали медиумскиот сервер правилно комуницира со телевизорот. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Мрежа и интернет] — [Поставување на домашна мрежа] — [Дијагностика на сервери].
[155] Решавање проблеми | Мрежа (интернет/дома)/апликации

Можете да се поврзете на интернет, но не и на определени апликации и услуги.

  • Поставките за датум и време на телевизорот може да не се правилни. Во зависност од определени апликации и услуги, може да не биде возможно да се поврзете со тие апликации и услуги ако времето не е точно.
    Ако времето не е точно, притиснете го копчето HOME, потоа изберете [Поставки] — овозможете го [Користи време на мрежата] во [Поставки за уредот] — [Датум и време] — [Автоматски датум и време].
  • Проверете дали е правилно поврзан кабелот за LAN или кабелот за напојување со наизменична струја на рутерот/модемот*.
    * Прво мора да го поставите вашиот рутер/модем за да се поврзе на интернет. За поставувањата на рутерот/модемот, стапете во контакт со вашиот интернет провајдер.
  • Обидете се да ги користите апликациите подоцна. Може да не работи серверот на доставувачот на содржината на апликациите.

Совет

  • За повеќе информации, посетете ја интернет-страницата за поддршка на Sony.
    Интернет-страница за поддршка
[156] Решавање проблеми

Далечински управувач/додатоци

  • Далечинскиот управувач не работи.
  • Не можат да се вклучат активните 3D очила. (Само за моделите 3D)
  • LED-индикаторот на активните 3D очила трепка. (Само за моделите 3D)
[157] Решавање проблеми | Далечински управувач/додатоци

Далечинскиот управувач не работи.

Проверете дали телевизорот работи исправно

  • Притиснете го копчето за вклучување на телевизорот за да утврдите дали проблемот е кај далечинскиот управувач или не. За локацијата на копчето за вклучување, погледнете во Reference Guide доставен со телевизорот.
  • Ако телевизорот не работи, обидете се да го ресетирате.
    Ако е потребно целосно ресетирање (рестартирање) на телевизорот

Проверете дали далечинскиот управувач работи исправно

  • Насочете го далечинскиот управувач кон сензорот за далечинско управување што се наоѓа на предната страна од телевизорот.
  • Одржувајте ја површината на сензорот за далечинско управување без пречки.
  • Флуоресцентна светлина може да создаде пречки при далечинското управување; обидете се да ги исклучите сите флуоресцентни светла.
  • Проверете дали насоченоста на секоја од батериите во преградата за батерии соодветствува со позитивниот знак (+) и негативниот знак (-).
  • Нивото на батеријата можеби е ниско. Извадете го капакот на далечинскиот управувач и заменете ги батериите со нови.
    • Тип со лизгање
      Illustration of how to remove the remote control cover
    • Тип со притискање
      Illustration of how to remove the remote control cover

Напомена

  • Во зависност од вашиот модел, далечинскиот управувач со Bluetooth е испорачан и веќе спарен со телевизорот. Во моментот на испорака, испорачаниот спарен далечински управувач не може да се користи за работа со други телевизори. При проверка на работењето на далечинскиот управувач, користете го со телевизорот со којшто бил испорачан далечинскиот управувач.

Ресетирање на далечинскиот управувач

Ако далечинскиот управувач не работи исправно поради лош контакт на батериите или статички електрицитет, проблемот може да се реши со негово ресетирање.

  1. Отстранете ги батериите од далечинскиот управувач.
  2. Притиснете го копчето за вклучување на далечинскиот управувач три секунди.
  3. Ставете нови батерии во далечинскиот управувач.

Ако проблемот не се реши, видете на страниците Ако е потребно целосно ресетирање (рестартирање) на телевизорот и Често поставувани прашања за решавање проблеми.

Напомена

  • Кога ќе го откачите телевизорот од изворот на електрична енергија и повторно ќе го приклучите, телевизорот може да не биде во состојба веднаш да се вклучи дури и ако го притиснете копчето за вклучување на далечинскиот управувач или на телевизорот. Причината за тоа е бидејќи е потребно време да се активира системот. Почекајте 10 до 20 секунди, па обидете се повторно.
  • Кога не можете да пребарувате користејќи го гласот, активирајте го копчето (Микрофон) со притискање на копчето HOME и избирање [Поставки] — [Далечински управувач и додатоци] — [Далечински управувач].
[158] Решавање проблеми | Далечински управувач/додатоци

Не можат да се вклучат активните 3D очила. (Само за моделите 3D)

  • Заменете ја батеријата. (Важи само за TDG-BT400A/BT500A).
    1. Притиснете го копчето за отклучување со врв на пенкало и сл. и извадете го куќиштето на батеријата.
      Illustration of how to take out the battery case
    2. Заменете ја батеријата со нова. Потоа вметнете го куќиштето на батеријата да се заглави на место.
      Illustration of how to insert a battery in the battery case and locking it
      1. Страна CR2025 (-)
[159] Решавање проблеми | Далечински управувач/додатоци

LED-индикаторот на активните 3D очила трепка. (Само за моделите 3D)

  • Светнува и продолжува да свети 3 секунди: Покажува вклучување/исклучување на очилата.
    Illustration of the location of the LED indicator
  • Трепка секои 2 секунди: Покажува дека очилата се вклучени.
  • Трепка 3 пати: Покажува дека очилата се исклучени.
  • Наизменично трепка со зелена и жолта светлина: Покажува дека очилата ја започнале постапката за регистрирање.
  • Трепка 3 пати секои 2 секунди: Покажува дека капацитетот на батеријата е при крај. Заменете ја батеријата.
[160] Решавање проблеми

Вклучување/исклучување

  • Телевизорот се исклучува автоматски.
  • Телевизорот се вклучува автоматски.
  • Откако ќе го вклучите, телевизорот веднаш се исклучува. (само за моделите опремени со OLED-панел)
  • Телевизорот не се вклучува.
[161] Решавање проблеми | Вклучување/исклучување

Телевизорот се исклучува автоматски.

  • Екранот може да се исклучил поради поставките на [Тајмер за исклучување].
  • Проверете ја поставката [Времетраење] на [Тајмер за вклучување].
  • Проверете дали е активирано [Подготвеност по неактивен период] во [Моќност].
  • Екранот може да се исклучил поради поставките на [Заштитник на екран].
[162] Решавање проблеми | Вклучување/исклучување

Телевизорот се вклучува автоматски.

  • Проверете дали е активирано [Тајмер за вклучување].
  • Исклучете ја поставката [Автоматско вклучување на телевизорот] во [Поставки за BRAVIA Sync].
[163] Решавање проблеми | Вклучување/исклучување

Откако ќе го вклучите, телевизорот веднаш се исклучува. (само за моделите опремени со OLED-панел)

Во тој случај, телевизорот може да е во режим за ресетирање слика. Кога е овозможен режимот за ресетирање слика, телевизорот се исклучува по 10 минути откако ќе го вклучите и повторно се вклучува за да се намали задржување на сликата. Тоа не претставува неисправност на телевизорот.

Вклучете го телевизирот повторно со користење на далечинскиот управувач и исклучете го режимот за ресетирање слика.

  • Притиснете го копчето HOME на далечинскиот управувач и изберете [Поставки] — [Поставки за уредот] — [Поставување на слика за излог во продавница]. Оневозможете го [Режим за ресетирање на слика].
[164] Решавање проблеми | Вклучување/исклучување

Телевизорот не се вклучува.

Извршете ги постапките по редоследот долу додека проблемот не се реши.

1. Проверете дали телевизорот се вклучува со далечинскиот управувач.

Насочете го далечинскиот управувач кон сензорот на предниот дел од телевизорот и притиснете го копчето за вклучување/исклучување на далечинскиот управувач.
Проверете дали телевизорот се вклучува или дали LED-осветлувањето свети.
Ако LED-осветлувањето свети, но телевизорот не се вклучува, обидете се со ресетирање (престартување) на телевизорот.

  • Ако е потребно целосно ресетирање (престартуваање) на телевизорот

2. Проверете дали телевизорот се вклучува со копчето за вклучување/исклучување на телевизорот.

Притиснете го копчето за вклучување/исклучување на телевизорот и проверете дали телевизорот се вклучува. Копчето за вклучување/исклучување е на страна или од задниот дел на телевизорот.
За детали, погледнете го Reference Guide на телевизорот.
Доколку телевизорот се вклучува со оваа постапка, може да има проблем со далечинскиот управувач. Погледнете ја следнава тема.

  • Далечинскиот управувач не работи.

3. Откачете го кабелот за напојување.

Откачете го кабелот за напојување на телевизорот од електричниот штекер. Потоа притиснете го копчето за вклучување на телевизорот и почекајте 2 минути и повторно приклучете го кабелот за напојување во електричниот штекер.

Совет

  • Кога ќе го откачите телевизорот од изворот на електрична енергија и повторно ќе го приклучите, може да не биде во состојба веднаш да се вклучи дури и ако го притиснете копчето за вклучување на далечинскиот управувач или на телевизорот. Причината за тоа е бидејќи е потребно време да се активира системот. Почекајте 10 до 20 секунди, па обидете се повторно.
[165] Решавање проблеми

Поврзани уреди

  • Нема слика од поврзаниот уред.
  • Не може да се избере поврзан уред од почетното мени.
  • Одредени програми од дигитални извори се со помалку детали.
  • На сликите и папките им треба време да се прикажат.
  • Не може да се најде поврзан BRAVIA Sync HDMI уред.
  • Не функционира копчето на далечинскиот управувач EXT.BOX MENU. Оваа функција е достапна за телевизори чиишто далечински управувачи имаат копче EXT.BOX MENU.
  • Не може да го исклучите set-top box (кабелски/сателитски уред) со далечинскиот управувач на телевизорот преку функцијата IR Blaster.
  • Не може да се контролира втор AV приемник.
  • Надворешен уред (како set-top box или AV приемник) не може да се контролира со IR Blaster. (Само за моделите компатибилни со IR Blaster)
  • Некои медиумски датотеки на USB уредот или серверот не се прикажуваат.
  • Има прекини во работењето или некој од уредите не работи.
  • Какви уреди можат да се поврзат со функцијата за пресликување екран?
  • Телевизорот не може да се поврзе со Miracast уред или уред компатибилен за пресликување екран.
  • Видеото или звукот понекогаш се прекинува.
  • Некои платени содржини не можат да се пуштат.
[166] Решавање проблеми | Поврзани уреди

Нема слика од поврзаниот уред.

  • Вклучете го поврзаниот уред.
  • Проверете ја кабелската врска помеѓу уредот и телевизорот.
  • Притиснете го копчето (Избор на влез) за да се прикаже листата на влезови, па изберете го саканиот влез.
  • Правилно вметнете го USB уредот.
  • Осигурете се дека USB уредот бил правилно форматиран.
  • Нема гаранција дека сите USB уреди ќе работат. Исто така, операциите се разликуваат во зависност од карактеристиките на USB уредот или видео-датотеките што се емитуваат.
  • Ако поврзаниот уред е приклучен на HDMI IN 2 или 3, приклучете го на HDMI IN 1 или 4.
  • Сменете го форматот на HDMI сигналот на HDMI влезот што не прикажува слика во стандарден формат. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Гледање ТВ] — [Надворешни влезови] — [Формат на HDMI сигнал].
[167] Решавање проблеми | Поврзани уреди

Не може да се избере поврзан уред од почетното мени.

  • Проверете ја врската со кабелот.
[168] Решавање проблеми | Поврзани уреди

Одредени програми од дигитални извори се со помалку детали.

  • На екранот може да се прикажуваат помалку детали од вообичаеното или артефакти (мали блокови, точки или пикселизација) заради дигиталната компресија на изворната содржина што се користи од страна на некои дигитални емитувачи и DVD-ja. Степенот на видливи артефакти зависи од јасноста и резолуцијата на телевизорот.
[169] Решавање проблеми | Поврзани уреди

На сликите и папките им треба време да се прикажат.

  • Во зависност од димензиите на сликата, големината на датотеката и бројот на датотеки во папката, за прикажување на некои фотографии или папки, потребно е одредено време.
  • Секој пат кога ќе се поврзе USB уред со телевизорот, може да бидат потребни до две минути за да се прикажат фотографиите.
[170] Решавање проблеми | Поврзани уреди

Не може да се најде поврзан BRAVIA Sync HDMI уред.

  • Проверете дали вашиот уред е компатибилен со BRAVIA Sync.
  • Проверете дали е поставено [Control for HDMI] на уредот компатибилен со BRAVIA Sync и [Поставки за BRAVIA Sync] — [BRAVIA Sync Control] е поставено на телевизорот.
[171] Решавање проблеми | Поврзани уреди

Не функционира копчето на далечинскиот управувач EXT.BOX MENU.

Оваа функција е достапна за телевизори чиишто далечински управувачи имаат копче EXT.BOX MENU.

Моделите компатибилни со IR Blaster имаат [Поставување на IR Blaster] во [Поставки] — [Гледање ТВ] — [Надворешни влезови].

  • За да го употребите копчето EXT.BOX MENU, поврзете го и поставете го IR Blaster (за модели кои одат во пакет со IR Blaster). Поврзете го IR Blaster, притиснете го копчето HOME, потоа изберете [Поставки] — [Гледање ТВ] — [Надворешни влезови] — [Поставување на IR Blaster]. (Моделите компатибилни со IR Blaster може да не се достапни, зависно од вашиот модел/земја.)
  • Доколку се поврзе уред компатибилен со BRAVIA Syncи се прикаже со помош на кабел HDMI одредени модели може да го прикажат менито со притискање на копчето EXT.BOX MENU, но операцијата не е гарантирана за сите уреди.
[172] Решавање проблеми | Поврзани уреди

Не може да го исклучите set-top box (кабелски/сателитски уред) со далечинскиот управувач на телевизорот преку функцијата IR Blaster.

Моделите компатибилни со IR Blaster имаат [Поставување на IR Blaster] во [Поставки] — [Гледање ТВ] — [Надворешни влезови].

  • Притиснете го копчето ACTION MENU, потоа изберете [Моќност (STB)] во [Mени].
[173] Решавање проблеми | Поврзани уреди

Не може да се контролира втор AV приемник.

  • Може да се користи само еден аудио-видео приемник компатибилен со BRAVIA Sync.
[174] Решавање проблеми | Поврзани уреди

Надворешен уред (како set-top box или AV приемник) не може да се контролира со IR Blaster. (Само за моделите компатибилни со IR Blaster)

Моделите компатибилни со IR Blaster имаат [Поставување на IR Blaster] во [Поставки] — [Гледање ТВ] — [Надворешни влезови].

  • Осигурете се дека IR Blaster е правилно поставен и IR предавателот се наоѓа во близина на IR приемникот на надворешниот уред.
  • Осигурете се дека вашиот телевизор го поддржува надворешниот уред.
  • Ако притиснете и задржите копче на далечинскиот управувач, операцијата може да не работи. Наместо тоа, обидете се да го притиснете копчето неколку пати.
  • Некои надворешни уреди може да не реагираат на некои копчиња во „Мени со акции“.
  • IR Blaster може да не е поставен правилно. За да го поставите IR Blaster, притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Гледање ТВ] — [Надворешни влезови] — [Поставување на IR Blaster].
[175] Решавање проблеми | Поврзани уреди

Некои медиумски датотеки на USB уредот или серверот не се прикажуваат.

  • Неподдржаните датотеки може да не се прикажуваат.
  • Сите папки/датотеки може да не се прикажуваат во зависност од статусот на системот.
[176] Решавање проблеми | Поврзани уреди

Има прекини во работењето или некој од уредите не работи.

  • Проверете дали е вклучен уредот.
  • Заменете ги батериите на уредот.
  • Одново регистрирајте го уредот.
  • Уредите Bluetooth го користат опсегот 2,4 GHz, затоа брзината на комуникацијата може да се влоши или повремено да се прекинува поради пречките од безжичната LAN мрежа.
    Ако во близина има апарати за домаќинство (на пр. микробранови печки или мобилни уреди), има поголема веројатност да дојде до пречки во радиобрановите.
  • Телевизорот или уредот може да не работат ако се поставени на метален поставувач заради пречки во безжичната комуникација.
  • За употребливите растојанија за комуникација помеѓу телевизорот и другите уреди, погледнете ги упатствата за користење на уредите.
  • Кога повеќе Bluetooth уреди се поврзани на телевизорот, квалитетот на комуникацијата преку Bluetooth може да опадне.
[177] Решавање проблеми | Поврзани уреди

Какви уреди можат да се поврзат со функцијата за пресликување екран?

  • Уредите со Wi‑Fi, како паметни телефони и таблет уреди, кои поддржуваат Miracast може да се користат за пресликување на екран на вашиот BRAVIA ТВ. Погледнете го упатството за користење на вашиот уред со Wi‑Fi за да дознаете дали поддржува Miracast. BRAVIA телевизорите се усогласени со спецификациите на Miracast, но не гарантираат успешно поврзување со сите уреди.
[178] Решавање проблеми | Поврзани уреди

Телевизорот не може да се поврзе со Miracast уред или уред компатибилен за пресликување екран.

  • Ако не успее поврзувањето на Miracast уред (на пр. Лаптоп), притиснете го копчето (Избор на влез), потоа изберете [Пресликување на екран] за да се прикаже екранот за подготвеност за функцијата пресликување екран и обидете се повторно да се поврзете.
  • Ако користите пресликување на екран со друг уред, прво исклучете го пресликувањето на екран, а потоа, обидете се повторно.
[179] Решавање проблеми | Поврзани уреди

Видеото или звукот понекогаш се прекинува.

  • Уредите кои емитуваат радиобранови, како што се други LAN уреди или микробранови печки, може да создаваат пречки во функцијата за пресликување на екран со употреба на безжична LAN врска. Чувајте го телевизорот или уредите компатибилни со Sony Пресликување на екран (на пример, некои модели на Xperia) подалеку од такви уреди или ако е возможно, исклучувајте ги.
  • Брзината на комуникација може да се менува во согласност со растојанието или пречките меѓу уредите, конфигурацијата на уредите, состојбата на радиобрановите, застој во линијата или уредот што го користите. Комуникацијата може да прекинува заради состојбата на радиобрановите.
[180] Решавање проблеми | Поврзани уреди

Некои платени содржини не можат да се пуштат.

  • Изворниот уред треба да ги задоволува условите за HDCP (Заштита на дигитални содржини на високи фреквентни опсези) 2.0/2.1/2.2.
    Некои содржини со плаќање може да не се прикажуваат преку изворен уред што не ги задоволува стандардите HDCP 2.0/2.1/2.2.
[181] Решавање проблеми

USB HDD снимање (Само за моделите со снимање на USB HDD)

  • Не може да се користи USB HDD уред. (Само кај моделите со снимање на USB HDD)
  • Не може да се регистрира уредот USB HDD. (Само кај моделите со снимање на USB HDD)
  • Не може да се снима./Неуспешно снимање. (Само кај моделите со снимање на USB HDD)
  • Снимената содржина ја нема. (Само кај моделите со снимање на USB HDD)
  • Уредот USB HDD работи иако не е вклучен. (Само кај моделите со снимање на USB HDD)
[182] Решавање проблеми | USB HDD снимање (Само за моделите со снимање на USB HDD)

Не може да се користи USB HDD уред. (Само кај моделите со снимање на USB HDD)

Моделите со снимање на USB HDD имаат [Поставување уред за снимање] во [Поставки] — [Гледање ТВ].

  • Проверете дали USB HDD уредот е:
    • правилно поврзан.

      Проверете дали уредот е поврзан со синиот приклучок за USB3 означен со „HDD REC“.

    • вклучен.
    • регистриран на телевизорот.

      За да го регистрирате уредот USB HDD на телевизорот, притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Гледање ТВ] — [Поставување уред за снимање] — [HDD регистрација].

  • Не е поддржано поврзување на USB HDD уред преку USB разводници.
  • Извршете [Проверка на HDD перформансите] за да проверите дали спецификациите на USB HDD ги задоволуваат барањата.
    Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Гледање ТВ] — [Поставување уред за снимање] — [Проверка на HDD перформансите].
[183] Решавање проблеми | USB HDD снимање (Само за моделите со снимање на USB HDD)

Не може да се регистрира уредот USB HDD. (Само кај моделите со снимање на USB HDD)

  • Проверете дали USB HDD-уред е поврзан со синиот приклучок за USB3 означен како „HDD REC“.
  • Доколку USB HDD-уред е правилно поврзан со синиот приклучок USB3, повторно регистрирајте го за снимање бидејќи тој е веќе регистриран како уред што се користи за други цели освен снимање (на пример складирање).

Напомена

  • Доколку во приклучоците USB1 и USB2 се вклучени одредени уреди, отстранете ги привремено додека го регистрирате USB HDD.
  1. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Поставки за уредот] — [Капацитет].
  2. Од [Меморија на уредот] изберете го уредот USB HDD којшто сакате да го регистрирате за снимање.
  3. Изберете [Регистрирајте се за снимање].
  4. Следете ги упатствата на екранот за да го регистрирате уредот USB HDD на вашиот телевизор.
  • Користете [Проверка на HDD перформансите] за да проверите дали спецификациите на уредот USB HDD ги задоволуваат барањата.

    За да извршите [Проверка на HDD перформансите], притиснете го копчето HOME, а потоа изберете [Поставки] — [Гледање ТВ] — [Поставување уред за снимање] — [Проверка на HDD перформансите].

[184] Решавање проблеми | USB HDD снимање (Само за моделите со снимање на USB HDD)

Не може да се снима./Неуспешно снимање. (Само кај моделите со снимање на USB HDD)

Моделите со снимање на USB HDD имаат [Поставување уред за снимање] во [Поставки] — [Гледање ТВ].

  • Ако снимањето не успее, причината ќе биде наведена во [Листа на грешки при снимањето]. Притиснете го копчето TITLE LIST, па изберете [Листа на грешки при снимањето].
  • Проверете го слободното место на HDD. Ако има уште многу малку место, избришете ги непотребните содржини.
  • Следниве програми не може да се снимаат.
    • Програми заштитени од снимање
    • Аналогни програми
    • Програми од надворешни извори (вклучително програми од поврзан set-top box)
    • Стримувани содржини
  • Снимањето со тајмер може да не е возможно ако времето на емитување на програмите се смени.
[185] Решавање проблеми | USB HDD снимање (Само за моделите со снимање на USB HDD)

Снимената содржина ја нема. (Само кај моделите со снимање на USB HDD)

  • Снимањето не може да се изврши ако кабелот за напојување или каблите за спојување се откачат за време на снимањето. Не откачувајте кабли додека снимате содржини. Инаку содржината што се снима или сите снимени содржини може да се изгубат.
[186] Решавање проблеми | USB HDD снимање (Само за моделите со снимање на USB HDD)

Уредот USB HDD работи иако не е вклучен. (Само кај моделите со снимање на USB HDD)

  • Поврзаниот USB HDD може да се врти или LED-индикаторот на уредот може да се запали додека телевизорот добива EPG податоци за време на подготвеноста.
[187] Решавање проблеми

LED

  • Понекогаш се пали LED-осветлувањето.
  • Сакате да го исклучите LED-осветлувањето за да не свети или трепка.
[188] Решавање проблеми | LED

Понекогаш се пали LED-осветлувањето.

LED-осветлувањето се пали во различни периоди, како при софтверски ажурирања или снимање на телевизорот.

Видете во Како свети LED-осветлувањето за детали.

[189] Решавање проблеми | LED

Сакате да го исклучите LED-осветлувањето за да не свети или трепка.

Можете да го исклучите. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Поставки за уредот] — [LED осветлување] — [Исклучено].

Напомена

  • Препорачуваме да не ја менувате поставката во нормални услови затоа што нема да можете да познаете дали телевизорот снима, дали е вклучен или исклучен или дали е поставен тајмер.
[190]

Индекс

Телевизиски програми

  • DISCOVER
  • GUIDE
  • Интерактивни емисии
  • Сателитски програми
  • Снимање
  • Поставување на канали
  • Родителско заклучување

Слика/екран

  • Слика во слика
  • 3D
  • Слики 4K
  • HOME
  • Слика
  • Датум и време
  • Јазик/Language
  • Поставки за професионалниот панел
  • Поместување на пиксели
  • Освежување на панелот

Звук/глас

  • Гласовно пребарување, користење
  • Звук

    Далечински управувач

    • Далечински управувач, користење
    • Гласовно пребарување
    • HOME
    • DISCOVER
    • ACTION MENU
    • Влезови
    • SYNC MENU

    Поврзувања

    • Bluetooth
    • Google Cast
    • BRAVIA Sync
    • Интернет
    • Wi‑Fi Direct
    • Miracast
    • Пресликување на екран

    Надворешни уреди

    • Дискови USB, снимање
    • Blu-ray/DVD-плеери, поврзување
    • Мемориски уреди USB и сл.
    • Паметни телефони/таблет-уреди
    • Компјутери
    • Дигитални фотоапарати, видеокамери
    • Аудио системи
    • Безжичен сабвуфер

    Апликации

    • Преместување на мемориски уреди USB
    • Google Play Store
    • YouTube
    • Netflix

    Репродукција на датотеки

    • Компјутери
    • Дигитални фотоапарати, видеокамери
    • Поддржани датотеки и формати

    Друго

    • Престартување
    • Ажурирање на софтверот на системот