Печатење

Пребарување на канал

Можете да пребарувате канал од долга листа на канали.

За да пребарувате канал

  1. Притиснете OK за да ја отворите листата на тековни канали.
  2. Притиснете го Жолтото копче за Избери повеќе.
  3. Изберете Операција > Најди и притиснете OK за да отворите поле за текст. Можете да ја користите тастатурата на далечинскиот управувач (доколку е достапна) или тастатурата на екранот за да внесувате текст.
  4. Внесете број, име или дел од име и притиснете OK. Телевизорот ќе изврши пребарување на соодветните имиња на канали во листата која сте ја избрале.

Резултатите од пребарувањето се прикажани како листа на канали - името на листата е најгоре. Резултатите од пребарувањето исчезнуваат откако ќе изберете друга листа на канали или пак ја затворите листата со резултатите од пребарувањето.