Печатење

Заклучување и отклучување на канал

За да ги спречите децата да гледаат одреден канал, можете да го заклучите каналот. За да гледате заклучен канал, прво мора да го внесете PIN-кодот со 4 цифри. Не можете да заклучувате програми од поврзаните уреди.

За да заклучите или отклучите канал

  1. Притиснете Брзи поставки > Копчиња за навигација нагоре > Канал > Родителски контроли и притиснете OK.
  2. Доколку е потребно, внесете го PIN кодот.
  3. Изберете Заклучи канал и притиснете OK.
  4. Притиснете ги Копчињата за навигација нагоре или надолу за да го изберете каналот што сакате да го заклучите или отклучите и притиснете OK.
  5. Заклучениот канал е означен со икона за заклучување.
  6. Доколку е потребно, притиснете EXIT повеќепати за да го затворите менито.