Печатење

Што ви е потребно

Можете да паузирате дигитално ТВ емитување и да продолжите да го гледате подоцна.

За да ја паузирате саканата ТВ програма потребни ви се

  • поврзан USB-мемориски уред форматиран во FAT32
  • дигитални ТВ канали инсталирани на овој телевизор

Со поврзан и форматиран USB-мемориски уред, телевизорот континуирано го зачувува ТВ-емитувањето што го гледате. Кога се префрлувате на друг канал, емитувањето од претходниот канал се брише. Исто така, кога го префрлувате телевизорот во режим на подготвеност, емитувањето се брише.

Не можете да користите паузирање на телевизија кога снимате.