Совети за положбата
- Поставете го телевизорот каде што светлината не свети директно на екранот.
- Идеалното растојание за гледање телевизија е од 2 до 5 пати по дијагоналната големина на екранот. При седење, очите треба да ви се на еднакво рамниште со центарот на екранот.
- При поставеност на ѕид, поставете го телевизорот на далечина од 15 cm од ѕидот.

Забелешка:
Држете го телевизорот подалеку од извори на прашина како што се шпоретите. Се препорачува редовно да ја чистите прашината за да не навлезе во телевизорот.