Поставки за напојување
Брзи поставки > Опции за телевизорот > Напојување.
Поставете тајмер за мирување
Напојување > Тајмер за мирување.
Телевизорот автоматски се префрла во режим на подготвеност по однапред поставено време.
Поставување на исклучување на екранот за заштеда на потрошувачката на енергијата
Напојување > Исклучување на слика.
Изберете Исклучување на слика и екранот на телевизорот ќе се исклучи. За повторно да го вклучите екранот притиснете го кое било копче на далечинскиот управувач.
Поставување на телевизорот на исклучување на тајмер
Напојување > Тајмер за исклучување.
Изберете Тајмер за исклучување, телевизорот ќе се исклучи автоматски во однапред поставено време за да заштеди енергија.
Автоматско исклучување кога нема сигнал
Напојување > Автоматско исклучување кога нема сигнал.
Притиснете ги Копчињата за навигација нагоре или надолу за да ја поставите вредноста. Изберете Исклучено за да го деактивирате автоматското исклучување.
* Ако го користите телевизорот како монитор или користите дигитален приемник за да гледате телевизија (сет-топ бокс - STB) и не го користите далечинскиот управувач на телевизорот, деактивирајте го ова автоматско исклучување и поставете ја вредноста на Исклучено.
Поставете тајмер за автоматско мирување
Напојување > Автоматско мирување.
Телевизорот автоматски се префрла во режим на мирување по однапред поставено време, ако телевизорот не прими никаква наредба од далечинскиот управувач.
Поставете Заштеда на енергија
Напојување > Заштеда на енергија
• Изберете Вклучено за да ја намалите потрошувачката на енергија. Телевизорот автоматски ќе ги приспособи поставките за осветленост и за панелот на телевизорот во зависност од вашиот избор.
• Изберете Исклучено за оптимален квалитет на слика со посветол екран. Ова може да ја зголеми потрошувачката на енергија.