Печатење

Не е пронајдена Wi-Fi мрежа или Wi-Fi мрежата е изобличена

  • Микробранови печки, безжични телефони или други Wi-Fi 802.11b/g/n уреди во ваша близина може да ја попречат безжичната мрежа.
  • Проверете дали firewall заштитата на вашата мрежа дозволува пристап на безжичното поврзување на телевизорот.
  • Ако безжичната мрежа не функционира правилно во вашиот дом, обидете се со инсталирање на кабелска мрежа.

Интернетот не функционира

  • Ако поврзувањето со рутерот е во ред, проверете го поврзувањето на рутерот на интернет.
  • Вашиот рутер (рутер за широкопојасен интернет) може да е погрешно поставен за поврзување со вашиот оператор за интернет-услуги (како што е погрешно поставување на PPPoE). За правилно поставување на рутерот, погледнете го прирачникот или веб-страницата со упатства за рутерот, или консултирајте се со производителот на рутерот. Ако не сте сигурни за информациите за поставување од вашиот оператор (како што се името на вашата сметка и лозинката), обратете се кај операторот.
  • Телевизорот можеби и нема да може да се поврзе на интернет ако времето на вашиот телевизор е неточно. Проверете ги поставките за времето.

Компјутерот и интернет врската се бавни

  • Погледнете во упатството за користење на безжичниот рутер за повеќе информации околу внатрешниот опсег, стапката на пренос и други фактори на квалитетот на сигналот.
  • Користете брза (широкопојасна) интернет врска за вашиот рутер.

DHCP

  • Ако поврзувањето е неуспешно, можете да ги проверите поставките за DHCP (Dynamic Host Configuration Protocol) на рутерот. DHCP треба да е вклучено.