Емитување содржини зачувани на USB уред
За да снимите програми на USB-уред, погледнете го делот Снимање со тајмер .
За да ги гледате снимените програми, погледнете го делот Гледање/бришење снимени содржини .
Поврзување USB уред
Приклучете USB мемориски уред во USB приклучокот на телевизорот за да уживате во фотографиите, музиката и видео-датотеките зачувани на уредот.
(A) USB мемориски уред
Уживање во фотографии/музика/филмови складирани на USB уред
Можете да уживате во фотографии/музика/филмови складирани на USB уред на екранот од телевизорот.
-
Ако USB уредот што е поврзан со телевизорот има прекинувач за вклучување/исклучување, вклучете го.
-
Притиснете го копчето
(ПОЧЕТЕН ЕКРАН) и изберете [Апликации] од почетното мени, а потоа изберете [Медија плеер]. -
Изберете го името на USB-уредот.
-
Изберете ја папката, па изберете ја датотеката за репродукција.
За да ги проверите поддржаните формати на датотека
Белешка
- На некои слики и папки им треба време да се прикажат во зависност од димензиите на сликата, големината на датотеката и бројот на датотеки во папката.
- Може да биде потребно време за да се прикаже USB-уредот бидејќи телевизорот пристапува до него секој пат кога ќе се поврзе USB-уред.
- Сите приклучоци за USB на телевизорот поддржуваат USB со висока брзина. Синиот приклучок за USB поддржува SuperSpeed (USB 3.2 Gen 1, USB 3.1 Gen 1 или USB 3.0). USB разводници не се поддржани.
- Кога пристапувате до USB уредот, не исклучувајте го телевизорот, ниту USB уредот, не прекинувајте ја врската на USB кабелот, и не отстранувајте и не вметнувајте медиуми за снимање. Во спротивно, податоците, складирани на USB уредот, може да бидат оштетени.
- Во зависност од датотеката, емитувањето може да не е возможно дури и кога се користат поддржани формати.
- За да уживате во гледањето фотографии, можеби ќе треба да го ажурирате софтверот на телевизорот.
Совет
- За други информации, видете „Често поставувани прашања“ на Интернет-страницата за поддршка на Sony.
Често поставувани прашања за решавање проблеми


