ТелевизијаBRAVIA 9 / BRAVIA 8 / BRAVIA 8 II / BRAVIA 7 / BRAVIA 5 / A95L

Прикажување на екранот на апликацијата од iPhone/паметен телефон или iPad/таблет на телевизорот

Google Cast™ или AirPlay ви овозможуваат да ги прикажете (емитувате) омилените интернет-страници и екрани на апликации од вашиот мобилен уред директно на телевизорот.

Користејќи го Google Cast

  1. Поврзете мобилен уред како паметен телефон или таблет на истата домашна мрежа со којашто е поврзан и телевизорот.

  2. Отворете апликација поддржана од Google Cast на мобилниот уред.

  3. Допрете го копчето Cast од апликацијата. ( (емитување))

  4. Изберете го телевизорот како дестинација за емитување.

    Екранот на мобилниот уред се прикажува на телевизорот.

Белешка

  • Потребно е да се постават Google TV и интернет-врската за користење на Google Cast.

Користејќи го AirPlay

Овој телевизор поддржува AirPlay 2.

  1. Проверете дали вашиот уред на Apple е поврзан на истата мрежа како телевизорот.

  2. Постапката зависи од содржината што ќе се прикажува на телевизорот како што следи подолу.

    • За прикажување видео, допрете (AirPlay видео).

    • За прикажување фотографии, допрете (Споделување дејство).

    • За пуштање музика, допрете (AirPlay аудио).

    • За прикажување на екранот на мобилниот уред, допрете (Пресликување).
      (Кај некои апликации може да треба прво да допрете друга икона.)

  3. Изберете AirPlay на мобилен уред како што се iPhone или iPad и изберете го телевизорот што се користи со AirPlay.

Совет

  • Телевизорот поддржува Apple HomeKit.

    Може да го контролирате телевизорот со мобилен уред, како iPhone или iPad со притискање на копчето (Избор на влез) на далечинскиот управувач и избирање (AirPlay) и следење на упатствата на екранот за да го поставите Apple HomeKit.

    Достапните операции може да се разликуваат зависно од верзијата на апликацијата и софтверот.

  • Доколку изберете [Вклучено (Вклучено од апликации)] во [Далечинско активирање], ќе може да го вклучите телевизорот со апликации на мобилен уред како на пример iPhone или iPad.

    Притиснете го копчето (Брзи поставки) на далечинксиот управувач, па изберете [Поставки] — [Мрежа и интернет] — [Далечинско активирање] за да ја смените поставката.

Белешка

  • Потребно е да се постават Google TV и интернет-врската за користење на AirPlay.
  • Работата на мобилниот уред, како iPhone или iPad, се разликува, зависно од верзијата на оперативниот систем.