ТелевизијаBRAVIA 3 II

Почнување

За Водич за помош

Инсталација

Далечински управувач

Поврзување терминал

Како светат LED-светлата

Почетно мени

Избирање влезови

Функции за пристапност

Корисни функции

Пребарување содржини/управување со телевизорот со вашиот глас

Мени на видеоигри

Уживање во апликациите

Апликација BRAVIA Connect

Наоѓање на Гласовен далечински управувач (само за модели кои се доставуваат со вграден уред за звучна сигнализација Гласовен далечински управувач)

Достапни функции

Гледање телевизија

Гледање телевизиски програми

Корисни функции кога гледате телевизија

Менување на квалитетот на сликата/екранот/звукот според вашите претпочитања

Приказ на преводи

Снимање телевизиски емисии

Снимање на USB HDD уред

Гледање/бришење снимени содржини

Разбирање на знаците прикажани во листата снимени наслови

Користење на телевизорот со други уреди

USB уреди

ТВ-приемник, Blu-ray и DVD-уред

Паметни телефони и таблети

Компјутери, фотоапарати и видеокамери

Аудио систем (како AV-приемник или звучник во вид на лента)

Конзоли за видеоигри

Bluetooth-уреди (како што се Bluetooth-слушалки)

Приспособување на поставките за синхронизирање АV

Уреди компатибилни со CEC

Прегледување слики во 4K од компатибилни уреди

Водич за поврзување на BRAVIA

Поддржани датотеки и формати

Достапни уреди и поставки

Поврзување со мрежа

Поврзување на мрежа со помош на LAN кабел

Поврзување со мрежа со користење на Wi-Fi

Поставки

Користење на Брзи поставки

Користење на Еко контролна табла

Канали & Влезови

Слика и звук

Мрежа и интернет

Сметки и профили

Приватност

Апликации

Систем

Далечински управувач и додатоци

Помош и повратни информации

Тајмери и часовник

Достапни поставки

Решавање проблеми

Ресетирајте (престартувајте) го телевизорот

Софтверски ажурирања

Самодијагностика

Често поставувани прашања за решавање проблеми

Друго

Спецификации

Интернет-страница за поддршка

Одржување на телевизорот ажуриран

Фабричко ресетирање на податоци

Информации за трговски марки

[1] ПочнувањеЗа Водич за помош

Во овој Водич за помош е објаснето како се користи телевизорот. Исто така, во Setup Guide можете да видите описи како се инсталира телевизорот, а во Reference Guide информации како спецификации и држач за на ѕид на овој телевизор.

Илустрација на прирачниците

(A) Setup Guide

(B) Reference Guide

Верзии на Водич за помош

Има две верзии на Водич за помош: вградена верзија и верзија онлајн. Во верзијата на Водич за помош што се наоѓа онлајн се вклучени најновите информации.

Водич за помош што се наоѓа онлајн се прикажува автоматски кога телевизорот ќе се поврзе со интернет. Во спротивно ќе се прикаже вградената верзија на Водич за помош.

Илустрација на интернет конекцијата

Белешка

  • За да ги користите најновите функции опишани во Водич за помош, можеби ќе треба да го ажурирате софтверот на телевизорот. За детали за ажурирањата на софтверот, видете на страницата Софтверски ажурирања.
  • Називите на поставките во Водич за помош може да се разликуваат од тие што се прикажани на телевизорот во зависност од датумот на пуштање во продажба на телевизорот или моделот/земјата/регионот.
  • Сликите и илустрациите во Водич за помош може да се разликуваат во зависност од моделот на вашиот телевизор.
  • Дизајнот и спецификациите се предмет на измена без известување.
  • Во Водич за помош се дадени описи кои се заеднички за сите модели/региони/земји. Некои описи на функциите не важат, зависно од вашиот модел/регион/земја.

Совет

  • Овој Водич за помош е изготвен за сите региони/земји. Некои од описите во овој Водич за помош не важат за некои региони и земји.

[2] ПочнувањеИнсталација

Информациите за инсталација, терминали и за поставување на ѕид може да ги најдете во прирачниците во печатена форма кои ги добивте со телевизорот.

Прирачниците може да ги најдете и на интернет-страницата за поддршка.

[3] ПочнувањеДалечински управувач Гласовен далечински управувач

Испорачаниот Гласовен далечински управувач, распоредот на копчињата, називот на копчињата и достапните функции се разликуваат во зависност од моделот/земјата/регионот.

Горни копчиња на Гласовен далечински управувач

Во горниот десен агол на далечинскиот управувач има копче за вклучување/исклучување. Копчето за вклучување/исклучување го вклучува и исклучува телевизорот. Под копчето за вклучување/исклучување има четири кружни копчиња поставени во два реда и едно копче во средина. Во горниот ред има две копчиња. Почнувајќи од лево, ова се копчињата Избор на влез и Брзи поставки. Во долниот ред, двете копчиња гледано од лево се копчињата ТВ и Повеќе опции. На средината на овие четири копчиња, има едно кружно копче SONY PICTURES CORE. Над копчето SONY PICTURES CORE, има микрофон/LED-светло вградено на далечинскиот управувач. За Гласовен далечински управувач што може да се полни, LED-светлоо ќе го покажува статусот на полнење со црвена боја. Копчето за Избор на влез го прикажува и избира изворот на влез и сл. Копчето Брзи поставки прикажува група контроли за претходно поставување на сликата, звукот, итн. Копчето ТВ префрлува ТВ-канал или влез од која било апликација. Копчето Повеќе опции прикажува дополнителни поставки или функции врз основа на тековната содржина или влез. Под овие копчиња има два преклопувачки прстена со копчиња. Внатрешниот прстен има четири испакнатини за допир, кои се користат за навигација горе, долу, лево и десно. Во средината е копчето Внеси, кое е испакнато. Под прстенот има две кружни копчиња. Почнувајќи од лево, ова се копчињата Назад и Почетен екран. Копчето Назад ве враќа на претходниот екран. Копчето Почетен екран го прикажува главното мени на телевизорот. Под овие копчиња има две издолжени копчиња, гледано од лево, копчето Јачина на звук и копчето Канал. Притиснете го горниот дел на копчето Јачина на звук за да ја зголемите јачината на звукот. Притиснете го долниот дел истото копче за да ја намалите јачината на звукот. Копче Канал со точка за допир на горниот дел. Притиснете го горниот дел на копчето Канал за да го зголемите бројот на каналот или притиснете го долниот дел од истото копче за да го намалите бројот на каналот. Меѓу овие две копчиња има две кружни копчиња, горната страна е Помошник на Google/Микрофон, а долната страна е копчето Исклучи звук. Копчето Помошник на Google/Микрофон се користи за Помошникот на Google или гласовно пребарување. Кога користите гласовна команда, притиснете го копчето Помошник на Google/Микрофон и зборувајте во микрофонот. Помошникот на Google е достапен само за одредени региони/земји/модели/јазици. За Помошникот на Google или гласовно пребарување потребно е поврзување со интернет. Користете го копчето Исклучи звук за исклучување на звукот. Притиснете повторно за да го вклучите звукот. Услугата кратенка за пристапност може да се вклучи или исклучи и со притискање и држење на ова копче. Под копчињата Јачина на звук и Канал, има три копчиња. Почнувајќи од лево, тие се копчињата Контролна табла, Превод/Затворен титл/Аудио опис и Водич. На копчето Превод/Затворен титл/Аудио опис има точка за допир. Користете го копчето Контролна табла за прикажување на контролната табла. Користете го копчето Превод/Затворен титл/Аудио опис за да вклучите или исклучите превод, титли или аудио опис. Во поставките за пристапност, функцијата на копчето може да се промени за менување на аудиото. Копчето Водич го прикажува водичот за дигитални програми на телевизорот или кабелскиот/сателитскиот приемник. Потребно е поставка за поставување кабелски/сателитски приемник. Во трите реда под овие копчиња има шест големи, хоризонтални, правоаголни копчиња. Во горниот ред, двете копчиња гледано од лево се копчињата Crunchyroll и NETFLIX. Во средниот ред, двете копчиња гледано од лево се копчињата Disney plus и prime video. Во долниот ред, двете копчиња гледано од лево се копчињата YouTube и Приспособливо. Со копчето Приспособливо се стартува претпочитана апликација одредена од корисникот. Далечинскиот управувач има вграден уред за сигнализација (само модели со испорачан гласовен далечински управувач со вграден уред за сигнализација). Уредот за сигнализација ќе емитува звук кога ја користите функцијата за наоѓање на далечинскиот управувач. За гласовен далечински управувач што може да се полни, уредот за сигнализација ќе емитува звук и кога ќе го притиснете копчето за вклучување/исклучување кога нивото на батеријата е ниско. Најдолу на гласовниот далечински управувач што може да се полни има приклучок за полнење.

(Моќност)

Вклучува или префрлува на режим на подготвеност/режим на мрежна подготвеност.


(MIC)

Зборувајте тука за да го користите микрофонот во Гласовен далечински управувач. Има LED кај отворот за микрофонот.


(Избор на влез)

Прикажете го и изберете го изворот на влез и сл. За повеќе детали, видете на страницата Избирање влезови.


SONY PICTURES CORE

Уживајте во филмови на SONY PICTURES CORE со едно притискање на копче.


(Брзи поставки)

Прикажете ги Брзи поставки. За повеќе детали, видете на страницата Користење на Брзи поставки.


TV

Префрлање на ТВ-канал или влез, и приказ на ТВ мени.


(Повеќе опции)

Прикажете дополнителни поставки или функции врз основа на тековната содржина или влез.


(Нагоре) / (Надолу) / (Лево) / (Десно) / (Влез) (D-Pad за навигација)

Навигација и избирање во менито на екранот.

Во режим на телевизија: Може да прикажете и избирате програми на други канали додека гледате телевизија (дигитална/аналогна).


(НАЗАД)

Вратете се на претходниот екран.


(ПОЧЕТЕН ЕКРАН)

Приказ на Почетното мени. За повеќе детали, видете на страницата Почетно мени.

Се вклучува ако телевизорот е во режим на подготвеност.

Долни копчиња на Гласовен далечински управувач

+/- (Гласност)

Приспособување на гласноста.


(Гласовен помошник/Микрофон)

Побарајте мала помош од Google на големиот екран. Притиснете го копчето Гласовен помошник (или за микрофон) на далечинското за да започнете.

За повеќе детали, видете на страницата Користење на микрофонот Гласовен далечински управувач.

Гласовен помошник не е достапен на одредени јазици и во одредени земји/региони.


(Исклучи звук)

Исклучување на звукот. Притиснете повторно за да го вклучите звукот.

Совет

  • Услугата за кратенка за пристапност може да се вклучи или исклучи со притискање и држење на копчето (Исклучи звук) 3 секунди.


CH +/- (Канал)

Изберете го каналот.


(Контролна табла)

Прикажете ги Контролна табла.


SUBTITLE/AD (Превод/Затворен титл/Аудио опис)

Вклучување или исклучување преводи (кога е достапна функцијата).

Во поставките за пристапност, функцијата на копчето може да се промени за менување на аудиото.


(Водич)

Прикажете го водичот за дигитални програми на телевизорот или кабелскиот/сателитскиот приемник(Само за модели што се компатибилни со контрола за Кабелски/сателитски приемник). За повеќе детали, видете на страницата Користење на водичот за програми .


Копчиња на апликацијата (Услуга на интернет)

Уживајте во различни услуги на стриминг со едно притискање на копче.


(Прилагодливо)

Стартувајте претпочитана апликација одредена од корисникот.


Совет

Како да го исклучите звукот од работењето на Гласовен далечински управувач

  1. Притиснете го копчето (Брзи поставки) на Гласовен далечински управувач, и изберете го следниве за да ги оневозможите.

    [Поставки] — [Систем] — [Системски звуци]

Како да го наполните Гласовен далечински управувач (Гласовен далечински управувач што може да се полни)

Вклучениот Гласовен далечински управувач има батерија што може да се полни. Следете ги чекорите подолу за да ја полните батеријата кога е потребно.

  1. Поврзете го приложениот USB-кабел со Гласовен далечински управувач.

    Илустрација на тоа како да го отстраните капакот на далечинскиот управувач

  2. Поврзете го USB-кабелот со USB AC-адаптер.

    LED-светлото над микрофонот свети црвено кога ќе започне полнењето.

Белешка

  • На висока или ниска температура, брзината на полнењето може да стане бавна или полнењето може да престане, што ќе го направи полнењето неефикасно. Препорачуваме да ја полните батеријата во средина каде што температурата на околината е помеѓу 15 °C ~ 35 °C.
    Потребни се приближно два часа за целосно полнење на батеријата од празна состојба. Времето што е потребно за целосно полнење може да се промени, во зависност од условите за користење.
  • Ако подолго време не го користите Гласовен далечински управувач можеби нема да може да го наполните поради прекумерна испразнетост. Полнете ја батеријата најмалку еднаш на секои шест месеци.
  • Не навлажнувајте го USB-терминалот. Не користете ја и не полнете ја батеријата во влажни услови. Покрај тоа, избегнувајте магла, песок, прашина и статички електрицитет додека ја користите.
  • Кога се полни, користете ја следнава опрема што може да обезбеди излезна струја од 0,5 A (500 mA) или повеќе.
    • Комерцијално достапен USB AC-адаптер
    • Компјутер кој стандардно има приклучок за USB (Не гарантираме дека Гласовен далечински управувач ќе се полни на сите компјутери.)
    Покрај тоа, не користете USB AC-адаптер со максимален излез што надминува 13 W (5 V, 2,6 A).
  • За полнење користете го само приложениот USB-кабел и поврзете го Гласовен далечински управувач директно со вашиот компјутер или полнач. Ако го поврзете преку USB-разводник итн., полнењето може да биде неуспешно.

Совет

  • Ако моќноста на батеријата падне на ниско ниво, на тоа ќе се укаже од сијаличка или аларм на следниов начин.

    30% или помалку: Ако го притиснете копчето Моќност, сијаличката на Гласовен далечински управувач ќе свети во црвена боја.

    10% или помалку: Ако го притиснете копчето Моќност, сијаличката на Гласовен далечински управувач ќе свети во црвена боја и ќе се огласи уредот за звучна сигнализација.

    Алармот може да го исклучите/вклучите со држење на копчето (НАЗАД) додека го притискате копчето (Јачина на звук) -.

  • Преостанатото ниво на напојување на батеријата може да го проверите со следниве поставки.

    [Поставки] — [Далечински управувач и додатоци] — [Додатоци]

    Преостанатото полнење што се прикажува може да се разликува од вистинското преостанато напојување во некои случаи. Користете го како груба проценка.

  • Ако го полните Гласовен далечински управувач откако не сте го користеле подолго време, сијаличката на Гласовен далечински управувач можеби нема веднаш да светне.

Проверете дали телевизорот работи исправно

  • Притиснете го копчето за Моќност на телевизорот за да утврдите дали проблемот потекнува од далечинскиот управувач или не. За локацијата на копчето за Моќност, погледнете во Reference Guide/Setup Guide доставен со телевизорот.
  • Ако телевизорот не работи, обидете се да го ресетирате.
    Ресетирајте (престартувајте) го телевизорот

Проверете дали далечинскиот управувач работи исправно

  • Насочете го далечинскиот управувач кон сензорот за далечинско управување што се наоѓа на предната страна од телевизорот.
  • Одржувајте ја површината на сензорот за далечинско управување без пречки.
  • Флуоресцентна светлина може да создаде пречки при далечинското управување; обидете се да ги исклучите сите флуоресцентни светла.
  • Отворете го капачето од Гласовен далечински управувач како што е прикажано подолу.
  • Извадете го капачето од Гласовен далечински управувач и заменете ги батериите со нови.
  • Проверете дали насоченоста на секоја од батериите во преградата за батерии соодветствува со позитивниот знак (+) и негативниот знак (-).
    • Тип со лизгање

      Илустрација на тоа како да го отстраните капакот на далечинскиот управувач

Белешка

  • Далечинските управувачи со Гласовен помошник или со копче за микрофон се поврзуваат со телевизорот со помош на Bluetooth. Во следниве ситуации може да дојде до пречки во радиобрановите и да се појават проблеми, како слаба работа на микрофонот или далечинскиот управувач, бидејќи Bluetooth радиобрановите ја користат истата фреквенција како радиобрановите што ги емитуваат микробрановите и безжичните LAN-уреди (IEEE 802.11a/b/g/n/ac/ax).
    • Има луѓе или пречки (како метални предмети или ѕидови) помеѓу телевизорот и далечинскиот управувач.
    • Во близина се користи микробранова печка
    • Во близина има пристапна точка за безжична LAN
    • Телевизорот и далечинскиот управувач не се поврзани
    Во ваквите случаи, пробајте ги следниве решенија.
    • Користете го далечинскиот управувач поблиску до телевизорот
    • Отстранете ги пречките помеѓу телевизорот и далечинскиот управувач
    • Користете го далечинскиот управувач кога не се користи микробранова печка
    • Исклучете ги другите уреди со Bluetooth
    • Проверете ја поставката за Bluetooth на телевизорот и вклучете ја или исклучете ја
      Притиснете го копчето (Брзи поставки) на далечинскиот управувач и изберете го следново по редослед.
      Ако [Поставки] — [Далечински управувач и додатоци] — [Bluetooth] е исклучено, вклучете го. Ако е вклучено, исклучете го, па вклучете го повторно.
    • Поставете ги пристапните точки за безжична LAN и микробрановите печки најмалку 10 m подалеку од телевизорот
    • Ако појасот од 5 GHz (IEEE802.11a) е достапен за безжичната LAN мрежа, поврзете го на појасот од 5 GHz
    • Повторно поврзете го далечинскиот управувач
      Притиснете го копчето (Брзи поставки) на далечинскиот управувач и изберете го следново по редослед.
      [Поставки] — [Далечински управувач и додатоци] — [Далечински управувач] — [Поврзи се преку Bluetooth] — [Поврзи ново далечинско] — следете ги инструкциите на екранот за повторно да го поврзете далечинскиот управувач.
      Ако не може да ракувате со телевизорот со испорачаниот далечински управувач, изберете ги горниве, по тој редослед, додека [Поврзи ново далечинско] користи друг далечински управувач за телевизор на Sony па обидете се да го поврзете повторно со испорачаниот далечински управувач.
  • Во зависност од вашиот модел, далечинскиот управувач со Bluetooth е испорачан и веќе спарен со телевизорот. Во моментот на испорака, испорачаниот спарен далечински управувач не може да се користи за работа со други телевизори. При проверка на работењето на далечинскиот управувач, користете го со телевизорот со којшто бил испорачан далечинскиот управувач.

Ресетирање на далечинскиот управувач

Ако далечинскиот управувач не работи исправно поради лош контакт на батериите или статички електрицитет, проблемот може да се реши со негово ресетирање.

  1. Отстранете ги батериите од далечинскиот управувач.
  2. Притиснете го копчето за Моќност на далечинскиот управувач три секунди.
  3. Ставете нови батерии во далечинскиот управувач.

Ако проблемот не се реши, видете на страниците Ресетирајте (престартувајте) го телевизорот и Често поставувани прашања за решавање проблеми.

Белешка

  • Кога ќе го исклучите телевизорот од изворот на електрична енергија и повторно ќе го приклучите, можно е телевизорот да не биде во состојба веднаш да се вклучи, дури и ако го притиснете копчето за Моќност на далечинскиот управувач или на телевизорот. Причината за тоа е бидејќи е потребно време да се активира системот. Почекајте 10 до 20 секунди, па обидете се повторно.

[4] ПочнувањеДалечински управувач Далечински управувач со инфра-црвени зраци

Доставениот далечински управувач, како и распоредот на копчињата и нивните имиња, се разликуваат зависно од моделот/земјата/регионот.

Горни копчиња на далечинскиот управувач

Во горниот дел од далечинскиот управувач има три копчиња. Почнувајќи одлево, тоа се копчињата Прикажување Инфо/Текст, TV и ВКЛУЧУВАЊЕ/ИСКЛУЧУВАЊЕ. Копчето Прикажување Инфо/Текст прикажува информации. Копчето TV менува помеѓу телевизиски канал или влез и го прикажува менито на телевизорот. Копчето за ВКЛУЧУВАЊЕ/ИСКЛУЧУВАЊЕ го вклучува телевизорот или префрлува на режим на подготвеност/режим на мрежна подготвеност. Во следниот ред се копчињата Превод, АУДИО, ПОМОШ и ИЗЛЕЗИ. Копчето Превод го вклучува или исклучува преводот. Копчето АУДИО има точка за допир и се користи за да изберете повеќејазичен извор или двоен звук за програмата којашто ја гледате во моментот. Копчето ПОМОШ го отвора менито за помош. Копчето ИЗЛЕЗИ ве враќа на претходниот екран или излегува од менито. Кога е достапна услуга за интерактивна апликација, притиснете го ова за да излезете од услугата. Подолу има четири реда копчиња со броеви. Броевите 1, 2 и 3 се во најгорниот ред. 4, 5, 6 се во вториот ред, а 5 има точка за допир. 7, 8 и 9 се во третиот ред. Копчето со нула и копчето Текст се во четвртиот ред. Копчето со нула се користи со копчињата од 0 до 9 за да се изберат дигитални канали. Копчето Текст прикажува текстуални информации. Под копчињата со броеви се наоѓаат четири копчиња во боја. Почнувајќи одлево, тие се црвено, зелено, жолто и сино. Тие имаат различни функции во различните менија. Под копчињата во боја се наоѓаат копчиња распоредени во квадратен распоред. Има подлога за насоки во облик на дијамант што се користи за навигација нагоре, надолу, налево и надесно. Во средината е копчето Внеси, кое е испакнато. Подлогата за насоки е опкружена со четири аголни копчиња. Горното лево е копчето ВЛЕЗ што го прикажува и избира влезниот извор итн. Горното десно е копчето Брзи поставки што прикажува комплет контроли за поставување на сликата, звукот итн. Долното лево е копчето НАЗАД што ве враќа на претходниот екран. Долното десно е копчето Повеќе опции/МЕНИ. Копчето Повеќе опции/МЕНИ прикажува дополнителни поставки или функции врз основа на тековната содржина или влез. Долу во средината е копчето ПОЧЕТОК. Тоа го прикажува почетното мени на телевизорот. Под ова копче, лево има долго копче за Јачина на звук. Притиснете го горниот дел од копчето за Јачина на звук за да ја зголемите јачината на звукот. Притиснете го долниот дел истото копче за да ја намалите јачината на звукот. На десната страна има долго копче за канали, со точка за допир на горниот дел. Притиснете на горниот дел од копчето за канали за да го зголемите бројот на каналот или притиснете на долниот дел од истото копче за да го намалите бројот на каналот. Помеѓу овие две копчиња, има копче ПРЕФРЛИ горе и копче ИСКЛУЧИ ЗВУК долу. Користете го копчето ПРЕФРЛИ за префрлање помеѓу два канали или влеза. Телевизорот префрла помеѓу тековниот канал или влез и последно избраниот канал или влез. Користете го копчето ИСКЛУЧИ ЗВУК за да го исклучите звукот. Притиснете повторно за да го вклучите звукот. Услугата кратенка за пристапност може да се вклучи или исклучи и со притискање и држење на ова копче. Под копчињата за звук и канали има ред со три копчиња. Почнувајќи одлево, тоа се копчињата Информациска табла, Пушти и Водич. Со притискање на копчето Информациска табла се прикажува информациската табла. На копчето ПУШТИ има точка за допир. Копчето Водич го прикажува водичот за дигитални програми за телевизорот или кабелскиот/сателитскиот приемник. Под овие копчиња се наоѓа ред со четири копчиња. Почнувајќи одлево, тоа се копчињата Премотување наназад, Паузирај, Стоп и Брзо премотување нанапред. Користете ги овие копчиња за да ја контролирате содржината.

(Прикажување Инфо/Текст)

Приказ на информации.


TV

Префрлање на ТВ-канал или влез, и приказ на ТВ мени.


(Моќност)

Вклучува или префрлува на режим на подготвеност/режим на мрежна подготвеност.


(Поставување превод)

Вклучување или исклучување преводи (кога е достапна функцијата).


AUDIO

Изберете повеќејазичен извор на звук или двоен звук за програмата што се гледа во моментов (во зависност од изворот на програмата).


HELP

Приказ на менито Помош. Оттука може да пристапите до Водич за помош.


EXIT

Вратете се на претходниот екран или излезете од менито. Кога е достапна услуга за интерактивна апликација, притиснете за да излезете од услугата.


Копче за број/・(точка)

Користете со копчињата 0-9 за да изберете дигитални канали.


(Текст)

Приказ на текстуални информации.


Копчиња во боја

Извршување на соодветната функција во тоа време.

Долни копчиња на далечинскиот управувач

(Избор на влез)

Прикажете го и изберете го изворот на влез и сл. За повеќе детали, видете на страницата Избирање влезови.


(Брзи поставки)

Прикажете ги Брзи поставки. За повеќе детали, видете на страницата Користење на Брзи поставки.


(Нагоре) / (Надолу) / (Лево) / (Десно) / (Влез) (D-Pad за навигација)

Навигација и избирање во менито на екранот.


(НАЗАД)

Вратете се на претходниот екран.


(ПОЧЕТЕН ЕКРАН)

Приказ на Почетното мени. За повеќе детали, видете на страницата Почетно мени.

Се вклучува ако телевизорот е во режим на подготвеност.


(Повеќе опции) / MENU

Прикажете дополнителни поставки или функции врз основа на тековната содржина или влез.


+/- (Гласност)

Приспособување на гласноста.


(Префрли)

Префрлање помеѓу два канали или влеза. Телевизорот префрла помеѓу тековниот канал или влез и последно избраниот канал или влез.


(Исклучи звук)

Исклучување на звукот. Притиснете повторно за да го вклучите звукот.

Совет

  • Услугата за кратенка за пристапност може да се вклучи или исклучи со притискање и држење на копчето (Исклучи звук) 3 секунди.


CH +/- (Канал)

Во режим на телевизија: Изберете го каналот.
Во режим на текст: Изберете ја (Следната) или (Претходната) страница.


(Контролна табла)

Прикажете ги Контролна табла.


(Пушти) / (Брзо премотување наназад) / (Паузирај) / (Стоп) / (Брзо премотување нанапред)

Управување со медиумските содржини на телевизорот и поврзаните уреди компатибилни со CEC.


(Водич)

Прикажете го водичот за дигитални програми на телевизорот или кабелскиот/сателитскиот приемник. За повеќе детали, видете на страницата Користење на водичот за програми .


Како да го исклучите звукот за работа на далечинскиот управувач

  1. Притиснете го копчето (Брзи поставки) на далечинскиот управувач и изберете го следново за да ги оневозможите.

    [Поставки] — [Систем] — [Системски звуци]

За замената на батеријата од далечинскиот управувач

  • Отворете го капачето на далечинскиот управувач како што е прикажано подолу.
  • Извадете го капакот на далечинскиот управувач и заменете ги батериите со нови.
  • Проверете дали насоченоста на секоја од батериите во преградата за батерии соодветствува со позитивниот знак (+) и негативниот знак (-).
    • Тип со лизгање

      Илустрација на тоа како да го отстраните капакот на далечинскиот управувач

[5] ПочнувањеДалечински управувач Достапни типови на далечински управувач

[6] Почнување Поврзување терминал

Достапноста на терминалите и типовите или облиците на приклучоците може да се разликуваат во зависност од вашиот телевизор.
Повеќе за ознаката и локацијата на терминалите може да прочитате во Setup Guide (печатеното упатство).

Setup Guide може да се преземе и од Интернет-страница за поддршка.

Ознака за терминал Опис

Слика на влезот USB

USB

Се поврзува со дигитален фотоапарат/камера/USB-мемориски уред.

Белешка

  • Поврзувањето на голем USB-уред може да пречи на други уреди поврзани до него. Во таков случај, поврзете го на друг USB влез.

Слика на приклучокот USB HDD REC

USB HDD REC

Се поврзува со USB HDD-уред или дигитален фотоапарат/видеокамера/USB-мемориски уред.
Функцијата за снимање со USB HDD е достапна само во одредени региони/земји/модели на телевизори.

Слика на приклучок HDMI IN SUPPORT 4K 120p

HDMI IN (4K 120 Hz)

Се поврзува со HDMI-уред. HDMI-интерфејсот може да пренесува дигитално видео и аудио на еден кабел.

За да уживате во висококвалитетни 4K-содржини, поврзете Premium High Speed HDMI™ Cable(s) и следете ги упатствата прикажани на екранот за поставување [Формат на HDMI сигнал] на приклучокот HDMI IN. (компатибилен со HDCP 2.3)

Ако користите HDMI уред што поддржува видеоизлез во 4K 100/120 Hz, поврзете го Ultra High Speed HDMI™ Cable и следете ги упатствата прикажани на екранот за поставување [Формат на HDMI сигнал] на приклучокот HDMI IN. (компатибилен со HDCP 2.3)

Белешка

  • Поддршката за 4K 100 Hz зависи од земјата/регионот.

Слика на приклучокот HDMI IN eARC/ARC

HDMI IN (eARC/ARC)

За поврзување аудио систем што поддржува eARC (Enhanced Audio Return Channel) или ARC (Audio Return Channel), поврзете со HDMI приклучокот означен како „eARC/ARC“ на телевизорот. Тоа е функција што испраќа аудио во аудио систем што поддржува eARC/ARC преку HDMI-кабел. Ако аудио системот не поддржува eARC/ARC, треба да го поврзете со DIGITAL AUDIO OUT (OPTICAL).

Совет

  • Може да има три точки за допир до терминалот за влез HDMI од моделот. Користете ги како водич за време на инсталацијата.

Слика на приклучокот DIGITAL AUDIO OUT (OPTICAL)

DIGITAL AUDIO OUT (OPTICAL)

Се поврзува на аудио систем со оптички аудио-влез.
Кога поврзувате аудио систем што не е компатибилен со eARC/ARC преку HDMI-кабел, треба да поврзете оптички аудио-кабел со DIGITAL AUDIO OUT (OPTICAL) за излез на дигитален звук.
Повеќе детали за поврзувањето со дигитален оптички кабел, може да најдете во делот Поврзување аудио систем.

Слика на терминал за RF-влез

(RF-влез)

Се поврзува со кабел/антена/надворешен уред.

Белешка

  • Кога го поврзувате кабелот со влезот за кабел/антена, само рачно затегнете го. Прекумерното затегнување на врската може да го оштети телевизорот.

Слика од влезниот приклучок за сателитски уред

(влез за сателитски уред)

Се поврзува со сателитскиот влез.

Белешка

  • Кога го поврзувате кабелот со влезот за сателит, само рачно затегнете го. Прекумерното затегнување на врската може да го оштети телевизорот.

Слика на влезот LAN

LAN

Поврзете го со рутер.
Поврзете го на интернет со помош на LAN-кабел.

Слика на отворот CAM

CAM (модул за условен пристап)

Обезбедува пристап до платени телевизиски услуги. За детали, погледнете го упатството за користење доставено со вашиот CAM.

Белешка

  • Не поврзувајте ја smart-картичката директно во отворот CAM на телевизорот. Таа мора да се постави во модулот за условен пристап обезбеден од овластениот продавач.
  • CAM не е поддржан во некои земји/области. Проверете кај овластениот продавач.
  • Може да се појави порака CAM при префрлање на дигитална програма ако претходно сте користеле видео на интернет.
  • Не отстранувајте ја лажната картичка или капакот (достапноста зависи од моделот на телевизорот) од отворот CAM на телевизорот, освен за вметнување smart-картичка поставена во CAM.

[7] ПочнувањеКако светат LED-светлата

Статусот на телевизорот може да го проверите ако погледнете како светат LED-светлата.
Местата на кои се поставени LED светлата зависат од моделот.

Цртежот ја покажува локацијата на LED-светлата. Цртежот ја покажува локацијата на LED-светлата.

(A) LED-светло за Прекинувач за вграден MIC (Во средината лево на долниот дел од телевизорот. Само телевизори со вграден микрофон*).

(B) LED-светло за Оперативен одговор (Во центарот на долниот дел од телевизорот).

(C) LED-светло за гласовна функција (Во средината десно на долниот дел од телевизорот. Само телевизори со вграден микрофон*).

* Вградениот микрофон на телевизорот може да не е достапен зависно од регионот/моделот/јазикот.

LED-светло за гласовна функција

  • Се вклучува или трепка во бела боја
    • кога ќе се детектира „Hey Google“ и телевизорот комуницира со серверот. Шемата на осветлувањето на ова LED-светло зависи од статусот на комуникација на серверот.
  • Се „вклучува“ во бледо жолта боја
    • Кога Прекинувач за вграден MIC е исклучен додека телевизорот е исклучен или е во режим на подготвеност.
      Притиснете го копчето Гласовен помошник/за микрофонот на Гласовен далечински управувач и завршете го активирањето на вградениот микрофон на телевизорот (само за телевизори со вграден микрофон*).

Белешка

  • Бојата на LED-светлото за гласовна функција може да се разликува зависно од измени во спецификациите.

LED-светло за Оперативен одговор

  • Се „вклучува“ во бела боја
    • Кога се вклучува телевизорот.
    • Кога се добиваат сигнали од далечинскиот управувач.
  • Бавно „трепка“ во бела боја
    • При ажурирање на софтверот со USB-уред.
    • Со притискање на копчето Моќност на далечинскиот управувач додека се вклучува телевизорот.
  • Се „вклучува“ во килибарна боја
    • Кога Прекинувач за вграден MIC, е вклучен додека телевизорот е вклучен или е во режим на подготвеност (само за телевизори со вграден микрофон*).
      Сепак, LED-светлото може да не се вклучи зависно од поставките.

* Вградениот микрофон може да не е достапен зависно од регионот/моделот/јазикот.


За исклучување на LED-светлото за гласовна функција и портокаловото LED-светло за оперативен одговор

  1. Притиснете го копчето (Брзи поставки) на далечинскиот управувач, потоа изберете [Поставки] — [Систем] — [LED индикатор], оневозможете [Статус на детектирање на гласот].


За исклучување на белото LED-светло за оперативен одговор

  1. Притиснете го копчето (Брзи поставки) на далечинскиот управувач, потоа изберете [Поставки] — [Систем] — [LED индикатор], оневозможете [Оперативен одговор].

[8] ПочнувањеПочетно мени

Екранот што се прикажува кога ќе го притиснете копчето (ПОЧЕТЕН ЕКРАН) на далечинскиот управувач се нарекува почетно мени. Од почетното мени може да пребарувате содржини и да избирате препорачани содржини, апликации и поставки.

Ставките што се прикажани на почетното мени зависат од тоа дали е поставена сметка Google на телевизорот.
(Некои функции не се достапни, зависно од вашиот модел/регион/земја. Сликите се само за референца. Тие може да се разликуваат од вистинскиот екран.)

(A) Почетно мени кога е поставена сметка Google на телевизорот

Слика од почетното мени кога е поставена сметка Google

(B) Почетно мени кога не е поставена сметка Google на телевизорот

Слика од почетното мени кога не е поставена сметка Google

Поставување сметка Google и уживање во телевизорот

Доколку го поврзете телевизорот на интернет и поставите сметка Google, ќе може да ги инсталирате саканите апликации на телевизорот и да уживате во видеа на интернет и да го користите вашиот глас за да пребарувате содржини.

Уживање во телевизорот без поставување сметка Google

Дури и ако не поставите сметка Google, ќе може да гледате телевизиски емисии и/или да гледате содржини од уреди поврзани со телевизорот, како на пример Blu-ray-плеер.

Белешка

  • За да поставите сметка на Google подоцна и да уживате во телевизорот, поставете Google TV™ од почетното мени или менито за поставки.
  • Доколку ја избришете сметката Google, телевизорот ќе се врати на фабричките стандардни поставки.

Совет

  • Зависно од поставките на телевизорот, почетниот екран ќе се прикаже кога ќе се вклучи телевизорот. Доколку ја смените следнава поставка, ќе може да го смените екранот што се прикажува кога телевизорот е вклучен на канал за ТВ-емитување или надворешен влез како на пример HDMI што сте го гледале пред да го исклучите телевизорот.

    1. Притиснете го копчето (Брзи поставки) на далечинскиот управувач.
    2. Изберете [Однесување кога е вклучен], а потоа [Последниот користен влез].

    Кога следниот пат ќе се вклучи телевизорот, ќе се прикаже каналот за ТВ-емитување или надворешниот влез како на пример HDMI што сте го гледале пред да го исклучите телевизорот.

    Спецификациите се предмет на измена без известување.

  • За други информации, видете „Често поставувани прашања“ на Интернет-страницата за поддршка на Sony.
    Често поставувани прашања за решавање проблеми

[9] ПочнувањеИзбирање влезови

За да користите уреди (како плеер за Blu-ray/DVD или USB мемориски уред) поврзани со телевизорот или за да гледате телевизија по таквата употреба, ќе треба да го смените влезот.

  1. Притиснете го копчето (Избор на влез) неколку пати за да го изберете поврзаниот уред.
    Или, притиснете го копчето (Избор на влез), користете ги копчињата (Лево) / (Десно) за да изберете поврзан уред, а потоа притиснете го копчето (Внеси).

Белешка

  • Ако нема уреди поврзани во влезот HDMI, влезот HDMI може да не се прикажува во [Mени за влез].


За да ги уредите влезните ставки

  1. Притиснете го копчето (Избор на влез).

  2. Притиснете го копчето (Десно) (или копчето (Лево) во зависност од јазикот на прикажување на телевизорот) и изберете (Уреди).

  3. Изберете влезот/уредот што сакате да ги прикажете или скриете.

  4. Изберете [Затвори].

Совет

  • За да го смените редоследот или да сокриете прикажана ставка, притиснете го и задржете го копчето (Горе) на далечинскиот управувач кога таа ставка ви е нагласена и ќе се прикажат [Помести] и [Скриј]. Ако изберете [Помести], користете (Лево) / (Десно) на далечинскиот управувач за да ја преместите ставката на саканата позиција, а потоа притиснете го копчето (Влез) на далечинскиот управувач.
  • Можете да се префрлите на телевизиски емисии со притискање на копчето TV на далечинскиот управувач.

[10] ПочнувањеФункции за пристапност

Овој телевизор има функции за пристапност во [Пристапност] како што се следниве:

  • Од текст во говор за текст на екранот
  • Скалирање текст го зголемува целиот текст на екранот
  • Зголемување на текст го зголемува текстот на делот што е моментално во фокус и го прикажува во посебен прозорец
  • Текст во болд и Текст со висок контраст
  • Поставки за боја како што се Корекција на боите и Инверзија на боја
  • Поставки за аудио како што се Аудио поставки (Емитување), Аудио опис
  • Поставки за превод Кратенка за аудио опис на копчето SUBTITLE
  • Кратенка за пристапност
  • Време за преземање дејство (истек на пристапноста) и Доцнење на повторување на копче
  • Гласност при вклучување

Белешка

  • Некои функции може да не се поддржани, зависно од вашиот модел/регион/земја.


Притиснете го копчето (Брзи поставки) на далечинскиот управувач, потоа изберете [Поставки] — [Пристапност] за да ги конфигурирате функциите за помош на корисникот.

[Пристапност] има функција на кратенка, така што може да ја вклучувате или исклучувате со притискање и држење на копчето (Исклучи звук) на далечинскиот управувач 3 секунди.

Совет

  • За да ја промените функцијата на кратенката, изберете [Кратенка за пристапност] во [Пристапност], овозможете [Овозможување кратенка за пристапност] и променете ја функцијата во [Услуга со кратенка].
  • За да ја користите функцијата за трансформација од текст во говор со Водич за помош, прочитајте го Водич за помош од интернет-страницата за поддршка на Sony преку вашиот компјутер или паметен телефон.
  • За повеќе информации за пристапноста, посетете ја интернет-страницата за поддршка на Sony.

    https://www.sony.net/A11y.GoogleTV/

    код за интернет-страницата за поддршка на Sony

    https://www.sony.net/A11y.GoogleTV/

[11] Корисни функцииПребарување содржини/управување со телевизорот со вашиот гласКористење на микрофонот Гласовен далечински управувач

Гласовните далечински управувачи кои поддржуваат управување со глас, имаат копче Гласовен помошник/за микрофон, и вграден микрофон. Побарајте од Google да најде филмови, да емитува апликации, да пушта музика и да го контролира телевизорот, сè со вашиот глас. За да започнете, притиснете го копчето Гласовен помошник (или за микрофон) на Гласовен далечински управувач.

  1. Притиснете го и задржете го копчето Гласовен помошник/за микрофон на вашиот Гласовен далечински управувач.

    Микрофонот на Гласовен далечински управувач ќе се активира додека е притиснато копчето, а LED-от на Гласовен далечински управувач ќе светне.

    Илустрација на копчето за микрофон на далечинскиот управувач

  2. Зборувајте во микрофонот додека го притискате и држите копчето за Гласовен помошник/копчето за микрофонот.

    Може да бидат прикажани примери на говор, зависно од моделот.

    Илустрација за зборување во горниот дел од далечинскиот управувач

    Резултатите од пребарување се прикажуваат кога зборувате во микрофонот.

Белешка

  • Типот на далечинскиот управувач испорачан со телевизорот и достапноста на Гласовен далечински управувач со вграден микрофон се различни во зависност од моделот/регионот/земјата. За некои модели, региони и земји е достапен изборен далечински управувач.

[12] Корисни функцииПребарување содржини/управување со телевизорот со вашиот глас Користење на вградениот микрофон на телевизорот (само телевизори со вграден микрофон)

Вградениот микрофон на телевизорот може да не е достапен зависно од регионот/земјата/јазикот.

За детали околу јазиците што ја поддржуваат функцијата вграден микрофон на телевизорот, погледнете ја следнава интернет-страница за поддршка на Sony.

https://www.sony.net/tv-hf/aep/

QR код за интернет-страницата за поддршка на Sony

https://www.sony.net/tv-hf/aep/

Совет

  • URL-адресата може да се смени без известување.


Направете повеќе на телевизорот користејќи го само вашиот глас. Само започнете со „Hey Google“ за:

  • да ги контролирате телевизорот и паметните домашни уреди
  • да уживате во музиката и забавата
  • да добиете одговори
  • да го планирате својот ден и да управувате со задачите

Свртете се кон телевизорот и кажете „Hey Google“ за да започнете.


Кога LED-светлото за гласовна функција ќе се вклучи или ќе почне да трепка бело, започнете да зборувате.
Местото на кое е поставено LED светлото зависи од моделот.

Цртежот ја покажува локацијата на LED-светлата. Цртежот ја покажува локацијата на LED-светлата.

(A) LED-светло за Прекинувач за вграден MIC (Во средината лево на долниот дел од телевизорот. Само телевизори со вграден микрофон*).

(B) LED-светло за Оперативен одговор (Во центарот на долниот дел од телевизорот).

(C) LED-светло за гласовна функција (Во средината десно на долниот дел од телевизорот. Само телевизори со вграден микрофон*).

* Вградениот микрофон на телевизорот може да не е достапен зависно од регионот/моделот/јазикот.

За да го користите вградениот микрофон, овозможете ја следнава поставка.

  1. Вклучете го прекинувачот за вграден микрофон на телевизорот.

    Вградениот прекинувач за микрофон се наоѓа во долниот централен дел на телевизорот. Погледнете го Setup Guide.
    Може да има точка за допир до вградениот микрофон​, во зависност од моделот. За да го вклучите вградениот микрофон, повлечете го прекинувачот кон точката за допир.

  2. Спојте го телевизорот со Гласовен далечински управувач. За повеќе детали, видете на страницата Далечински управувач и додатоци.

    Притиснете го Гласовен помошник/копчето за микрофон на Гласовен далечински управувач за да заврши процесот на поставување, во зависност од моделот/земјата/регионот. (Само модели со прекинувач за вграден микрофон)


    Или, притиснете го копчето (Брзи поставки) на далечинскиот управувач, потоа изберете [Поставки] — [Приватност] — [Гласовен помошник] — овозможете [Гласовна контрола] и [Микрофон без користење раце].

Белешка

  • Потрошувачката на енергија ќе се зголеми кога е вклучен вградениот микрофон, бидејќи тој постојано слуша.
  • Перформансите при препознавањето глас од вградениот микрофон може исто така да се намалат во следниве случаи.
    • Кога функциите за eARC се овозможени
    • Кога звучник во вид на лента е поврзан
    • Кога [Дигитален аудио излез] е поставен на [Дајте приоритет на премин]

Совет

  • Кога е вклучен прекинувачот за вграден микрофон на телевизорот, Оперативен одговор LED-светилката свети килибарно, дури и кога телевизорот е исклучен (исто така, може да ја поставите да не свети).
  • Вградениот микрофон на телевизорот може да прима звуци од околината и да реагира ненамерно. Можете да ја користите функцијата [Чувствителност за вграден MIC] за да ја промените чувствителноста на микрофонот.

    Притиснете го копчето (Брзи поставки) на далечинскиот управувач и изберете го следново по редослед.

    [Поставки] — [Систем] — [Чувствителност за вграден MIC]

[13] Корисни функцииМени на видеоигри

Ако го притиснете копчето (Повеќе опции) откако ќе поврзете конзола за игри или компјутер, или откако ќе стартувате апликација за игри, менито специфично за играта се прикажува на долниот дел од екранот.

Приказ на менито за видеоигри

Совет

  • Во зависност од конзолата за игри или компјутерот што го поврзувате или од апликацијата за игри што ја стартувате, [Режим на слика] може автоматски да се промени во [Игри]. Доколку опцијата [Игри] не е избрана автоматски, поставете ја рачно.

Белешка

  • Достапните опции може да се различни.
  • Неподдржаните опции се со сива боја (не се достапни).

[14] Корисни функцииУживање во апликациите Инсталирање апликации

Може да инсталирате апликации на телевизорот, исто како кај секој паметен телефон или таблет.

Белешка

  • Може да инсталирате само апликации што се компатибилни со телевизори. Тие може да се различни од апликациите за паметни телефони/таблет-уреди.

Совет

  • Ако немате сметка Google или сакате да отворите заедничка сметка, направете нова сметка одејќи на следнава интернет-страница.

    https://accounts.google.com/signup

    QR код за интернет-страницата за регистрација на сметка

    https://accounts.google.com/signup

    Интернет-страницата може да е различна, зависно од регионот/земјата. Тоа може да се смени и без известување. За повеќе детали видете на почетната страница на Google.

  • Препорачуваме да отворите Google сметка на компјутер или мобилен уред.


  1. Притиснете го копчето (ПОЧЕТЕН ЕКРАН), па изберете ја картичката Apps (апликации) на почетниот екран.
  2. Изберете „Пребарувајте апликации и игри“.
  3. Побарајте ја име на апликација со помош на тастатурата на екранот.
  4. Изберете апликација од резултатите од пребарување и инсталирајте ја.

Совет

  • Може да изберете категорија од картичката Апликации во почетното мени и да ја изберете саканата апликација.


По преземањето, апликацијата се инсталира и се додава автоматски. Може да изберете [Отвори] за да ја стартувате апликацијата.


За апликациите што се плаќаат

Има бесплатни апликации и апликации што се плаќаат. За да купите апликација, потребна е шифра на претходно платена Google Play картичка за подарок или информации за кредитна картичка. Google Play картичка за подарок може да се купи кај разни продавачи.


За ажурирање на инсталирана апликација

  1. Може да овозможите [Автоматско ажурирање апликации].

    Притиснете го копчето (Брзи поставки) на далечинскиот управувач, изберете [Поставки] — [Апликации] — [Управувајте со ажурирањата] — овозможете [Автоматско ажурирање апликации].

Совет

  • Може да ја пребарувате саканата апликација од картичката Апликации на почетното мени и да ја ажурирате апликацијата ако е достапна опцијата [Ажурирај].


За да избришете апликација

  1. Притиснете го копчето (Брзи поставки) на далечинскиот управувач, изберете [Поставки] — [Апликации], изберете ја апликацијата за бришење и деинсталирајте ја.

[15] Корисни функцииУживање во апликациите Уживање во безбедни апликации и услуги за стримување видео (Безбедност и ограничувања)

Можете да обезбедите безбедна употреба на телевизорот одредувајќи ограничувања за инсталирање на апликациите што се преземени од непознати извори или ограничувања според возраста за програмите и видеоснимките. (Некои функции не се достапни, зависно од вашиот модел/регион/земја.)


Можете да ги поставите следниве функции за [Контроли за родителски надзор] со цел да:

  • Ограничување ТВ канали
  • Ограничување на инсталацијата на апликации од непознати извори
  • Ограничување на користење на апликации (функција за заклучување на лозинката)

Може да ги ограничите функциите со поставување на следново.

За поставување ограничувања според возраста на програми

  1. Притиснете го копчето (Брзи поставки) на далечинскиот управувач и потоа изберете го следново по редослед.

    [Поставки] — [Систем] — [Контроли за родителски надзор] — [Канали] — [Оценка на телевизорот]

    Опциите зависат од моделот/ земјата/регионот/поставките.

За ограничување на апликациите (функција за заклучување на лозинката)

Поставете за да ги ограничите децата да користат апликации како на пример прелистувачи на интернет.

Поставете ограничувања во [Контроли за родителски надзор].


Доколку ова е поставено, ќе биде потребно да го внесете PIN-кодот кога ќе стартувате апликација.

  1. Притиснете го копчето (Брзи поставки) на далечинскиот управувач и изберете го следново по редослед.

    [Поставки] — [Систем] — [Контроли за родителски надзор] — [Апликации]

  2. Поставете го или внесете го PIN-кодот.

  3. Овозможете [Ограничи апликации].

  4. Изберете апликации што сакате да ги ограничите од листата со апликации.

    Ограничените апликации ќе се сменат од (Oтклученo) во (Заклученo). За ограничување на сите апликации, изберете [Сите апликации].

За ограничување на инсталацијата на апликации од непознати извори

  1. Притиснете го копчето (Брзи поставки) на далечинскиот управувач и изберете го следново по редослед.

    [Поставки] — [Приватност] — [Безбедност и ограничувања] — [Непознати извори] — сменете ја поставката во [Инсталирање непознати апликации].

Белешка

  • Ако ја смените поставката [Безбедност и ограничувања], уредот и вашите лични податоци се поподложни на напади од непознати апликации од други извори освен Play Store. Се согласувате дека само вие одговарате за евентуалните оштетувања на уредот или за губење податоци поради користење такви апликации.
  • Ако го заборавите PIN-кодот, мора да го ресетирате телевизорот на оригиналните фабрички поставки. Осигурете се да не го заборавите PIN-кодот.

Совет

  • Може да се достапни и други посебни ограничувања, зависно од апликацијата. За детали, погледнете во водичот за помош на апликацијата.

[16] Корисни функцииУживање во апликациите Гледање содржини од интернет

Можете да користите и услуги за емитување видео како YouTube™ и Netflix за да гледате интернет содржини. Достапните услуги се различни, зависно од земјата и регионот. Може да ги стартувате овие услуги избирајќи ги нивните апликации на почетното мени. Ако на телевизорот е поставена сметка Google, исто така може да изберете содржина што е прикажана во почетното мени.

Белешка

  • Услугите за емитување видео како Netflix и Amazon Prime се услуги што се плаќаат.
  • Поддржаните услуги за емитување видео зависат од моделот/регионот/земјата, а некои модели/региони/земји не поддржуваат такви услуги.

[17] Корисни функцииАпликација BRAVIA Connect

Можете да ја инсталирате мобилната апликација на вашиот паметен телефон за да управувате со оваа единица и да поставите компатибилен аудио-систем.

QR-код за инсталирање на апликацијата BRAVIA Connect Слика на логото на BRAVIA Connect со врска до страницата за инсталирање на апликацијата


Белешка

  • За да го искористите максимумот од функциите и перформансите на телевизорот и аудио-системот, можеби ќе треба да го ажурирате софтверот за телевизорот и апликацијата „Sony | BRAVIA Connect” на најновата верзија.
  • Достапноста на функцијата зависи од моделот/регионот/земјата.

[18] Корисни функции Наоѓање на Гласовен далечински управувач (само за модели кои се доставуваат со вграден уред за звучна сигнализација Гласовен далечински управувач)

Гласовен далечински управувач што се доставува со телевизорот има функција што ви овозможува да го најдете Гласовен далечински управувач така што ќе се огласи звук од вградениот уред за сигнализација кога не може да го најдете, како кога не се сеќавате каде сте го ставиле (на пример, под перниче или скриен под весник), или кога гледате филм во затемнета просторија.

Далечински управувач што репродуцира аларм под кауч

Користете ги следниве постапки за да го најдете Гласовен далечински управувач.

Со помош на копчето Моќност на телевизорот

  1. Притиснете го копчето Моќност на телевизорот.

    Се прикажува мени на телевизискиот екран.

  2. Следете ги упатствата на екранот и изберете [Пронајдете далечинско] на прикажаното мени.

    Ќе се огласи звучен сигнал од Гласовен далечински управувач.

Белешка

  • Опцијата [Пронајдете далечинско] што се прикажува со притискање на копчето Моќност на телевизорот, ќе се прикаже само ако Гласовен далечински управувач со вграден уред за звучна сигнализација е спарен со телевизорот.
  • Има ограничување на растојанието до кое може да го пребарувате Гласовен далечински управувач од вашиот телевизор. Уредот за звучна сигнализација не може да репродуцира звук со Гласовен далечински управувач на места каде што не достигнуваат сигналите.

[19] Корисни функцииДостапни функции

[20] Гледање телевизијаГледање телевизиски програми Гледање телевизија во живо

  1. Притиснете го копчето TV на далечинскиот управувач за приказ на телевизиски канал или да се префрлите на влез.
  2. Притиснете го копчето CH +/- и изберете го каналот што го сакате.

[21] Гледање телевизијаГледање телевизиски програми Користење на водичот за програми

Можете брзо да ги најдете програмите што ги претпочитате.

  1. Притиснете го копчето (Водич) за да се прикаже дигиталниот водич за програми.

[22] Гледање телевизијаГледање телевизиски програми Прием на дигитални емисии

  1. Притиснете го копчето (Брзи поставки) на далечинскиот управувач, потоа изберете [Поставки] — [Канали & Влезови] — [Канали] — [Поставување на канали] — [Автоматско пребарување канали].
  2. Следете ги упатствата на екранот за да ги наместите сите достапни дигитални канали и за да ги зачувате на телевизорот.

Совет

  • Можете повторно да го наместите телевизорот со избирање [Автоматско пребарување канали] и следење на упатствата на екранот откако ќе се преселите на друго место, ќе го смените давателот на услуги или за да барате новоотворени канали.

[23] Гледање телевизијаГледање телевизиски програми Прием на сателитски програми

Ако имате сателитска антена, можете да гледате сателитски програми конфигурирајќи ги поставките на приемникот.

  1. Притиснете го копчето (Брзи поставки) на далечинскиот управувач, потоа изберете [Поставки] — [Канали & Влезови] — [Канали] — [Поставување на канали] — [Автоматско пребарување канали] за сателитски програми со претплата.
  2. Следете ги инструкциите на екранот.

[24] Гледање телевизијаГледање телевизиски програми Подредување или уредување на каналите

Можете да го подредите приказот на каналите како сакате.

  1. Притиснете го копчето (Брзи поставки) на далечинскиот управувач, потоа изберете [Поставки] — [Канали & Влезови] — [Канали] — [Уредување на листа на канали].
    Доколку се прикажуваат повеќе ставки, изберете ја онаа што сакате да ја уредите.
  2. Изберете го каналот што сакате да го преместите на нова положба.

    Може да изберете да го [Вметни] или да го [Замени] избраниот канал. За да го промените, изберете [Вид на сортирање].

  3. Изберете ја новата положба каде што сакате да го преместите избраниот канал.
  4. Изберете [Готово] за да ги примените промените.

Белешка

  • Достапните опции може да се разликуваат, зависно од регионот/земјата.


Уредување на списокот со канали со паметен телефон

Може да го уредите списокот со канали со паметен телефон.

  1. Притиснете го копчето (Брзи поставки) на далечинскиот управувач, потоа изберете [Поставки] — [Канали & Влезови] — [Канали] — [Уредување на листата на канали од мобилен уред].

  2. Следете ги инструкциите на екранот.

[25] Гледање телевизија Корисни функции кога гледате телевизија

Тајмери

Користете тајмер за вклучување и исклучување на телевизорот.

Телевизорот може да го исклучите во однапред одредено време (функцијата за тајмер) или да пуштите тон во однапред одредено време (функцијата за аларм).

За детали, погледнете во Тајмери и часовник.

Родителско заклучување

Користете [Контроли за родителски надзор] за да поставите родителски ограничувања.

Повеќе детали може да прочитате во [Контроли за родителски надзор] под Систем.

Приспособување на квалитетот на слика/квалитетот на звук

Приспособете ги квалитетот на сликата и квалитетот на звукот според вашите претпочитања.

За детали, погледнете во Слика и звук.

Превод

За детали, погледнете во Приказ на преводи .

[26] Гледање телевизијаМенување на квалитетот на сликата/екранот/звукот според вашите претпочитања Приспособување на квалитетот на сликата

Може да конфигурирате различни поставки поврзани со екранот на телевизорот, како што се бојата и осветленоста за квалитетот на сликата, или големината на екранот.

Белешка

  • Вистинскиот екран може да се разликува или некои поставки може да не се достапни зависно од моделот/земјата/регионот и содржините што ги гледате.

Притиснете го копчето (Брзи поставки) на далечинскиот управувач, потоа изберете [Поставки] — [Слика и звук] — саканата опција.

Може да ги менувате следните поставки.

Слика

Прилагодете ги поставките за слика: Светлина, Боја и Нијанса.

Режим на слика

Менувајте го квалитетот на сликата согласно содржините што ги гледате, како што се филмови или спорт.

Автоматски режим на слика

Автоматско поставување на режим на слика според содржините на HDMI уредите.

Сензор за светлина

Оптимизирајте ја оптималниот светлината за амбиентално осветлување.

Светлина

Прилагодете го задното осветлување за прикажување на најсветлите бели тонови и најдлабоките црни тонови.

Боја

Прилагодете го нивото на заситеност на боите.

Напредно

Може да го поставите следново.

  • Светлина

    Може да го поставите следново.

    • Светлина

      Прилагодете го нивото на осветлувањето на екранот.

    • Контраст

      Прилагодете го нивото на бели тонови во сликата.

    • Гама

      Прилагодете го балансот помеѓу светли и темни тонови. Приспособете ја светлината за да го зголемите или намалите контрастот помеѓу белата и црната боја.

    • Ниво на црни тонови

      Прилагодете го нивото на црни тонови во сликата.

    • Прилагодување на црна боја

      Подобрете ги црните тонови во сликите за поголем контраст.

    • Напр. зголемување на контрастот

      Автоматско прилагодување на контрастот според светлината на сликата.

    • Црн еквалајзер

      Ги осветлува темните области на сликата за полесно да се идентификуваат луѓето и предметите. Применливо кога [Режим на слика] е поставен на [Игри] или [Dolby Vision игра].

  • Боја

    Може да го поставите следново.

    • Боја

      Прилагодете го нивото на заситеност на боите.

    • Нијанса

      Прилагодете ги зелените и црвените тонови.

    • Температура на бои

      Прилагодете ја температурата на боите.

    • Напр. температура на бои

      Прилагодување на температурата на боите во деталите.

    • Живописни бои

      Подобрување на живописноста на боите.

  • Јасност

    Може да го поставите следново.

    • Острина

      Прилагодете ги деталите на сликата.

    • Reality Creation

      Прилагодете ја острината и шумот за добивање реалистична слика.

      Ако изберете [Рачно], може да ги приспособите [Вид] и [Интензитет].

    • Вид

      • Претпочитани детали

        Прикажува повеќе детали од оригиналното видео со верно репродуцирање на неговата текстура и шеми.

      • Претпочитана чистота

        Прикажува почисто видео со намалување на шумовите и назабените линии.

    • Интензитет

      Прилагодете ја острината и шумот за добивање реалистична слика.

    • Намалување на случаен шум

      Намалете го шумот кој се повторува.

    • Дигитално намалување на шум

      Намалете го шумот од компресија кај видео снимките.

  • Движење

    Може да го поставите следново.

    • Намал. на заматеноста при движење

      Ја прилагодува јачината на јасноста со вметнување црна рамка за да се намали заматеноста на движењето. Применливо кога [Режим на слика] е поставен на [Игри] или [Dolby Vision игра].

    • Motionflow

      Прочистува подвижни слики. Го зголемува бројот на кадри на сликата за да се прикажува видеото непречено. Ако изберете [Прилагодено], може да ги приспособите [Острина (Филм)], [Острина (Камера)] и [Јасност].

    • Острина (Филм)

      Го прилагодува треперењето на движењето за содржини главно снимени на филм со брзина на кадри како 24 кадри во секунда, со користење на интерполација на кадри.

    • Острина (Камера)

      Ја прилагодува заматеноста на движењето за содржини главно снимени со камера со брзина на кадри како 50 или 60 кадри во секунда, со користење на интерполација на кадри.

    • Јасност

      Прилагодете го нивото на јасност.

    • Режим за филмови

      Го оптимизира квалитетот на сликата според видео содржините, како што се филмови и компјутерска графика.

  • Видео сигнал

    Може да го поставите следново.

    • Опсег на бои

      Поставете го опсегот на боите на влезниот сигнал. Вообичаено се поставува на [Автоматски].

    • Режим на HDR

      Поставете го HDR типот на влезот. Вообичаено се поставува на [Автоматски].

    • Опсег на HDMI видео

      Поставете го динамичкиот опсег на сигналот на HDMI влезот. Вообичаено се поставува на [Автоматски].

  • Ресетирај

    Може да го поставите следново.

    • Ресетирај

      Вратете ги сите поставки за слика од тековниот режим на слика на фабрички зададените параметри.

Екран

Прилагодете го соодносот на сликата и видливата површина на екранот.

Широк режим

Променете ја големината на сликата.

Совет

  • Кога 4 096 × 2 160p е влез и [Широк режим] е поставен на [Вертикално вклопување], резолуцијата се прикажува како 3 840 × 2 160p. За да се прикаже 4 096 × 2 160p, поставете ја поставката [Широк режим] на [Хоризонтално вклопување], [Автоматски] или [Целосно].

Прикажана површина

Прилагодете ја видливата површина на екранот. Поставете го на [Автоматски] за автоматски да ја приспособите видливата површина на екранот врз основа на сигналот.

Големина на екранот

Прилагодете ја вертикалната и хоризонталната големина на екранот.

Положба на екранот

Прилагодете ја вертикалната и хоризонталната положба на екранот.

[27] Гледање телевизијаМенување на квалитетот на сликата/екранот/звукот според вашите претпочитања Приспособување на квалитетот на звукот

Може да конфигурирате различни поставки поврзани со звукот на телевизорот, како што е квалитетот на звукот.

Белешка

  • Вистинскиот екран може да се разликува или некои поставки може да не се достапни зависно од моделот/земјата/регионот, поставките на телевизорот и поврзаниот уред.

Притиснете го копчето (Брзи поставки) на далечинскиот управувач, потоа изберете [Поставки] — [Слика и звук] — саканата опција.

Може да ги менувате следните поставки.

Звук

Прилагодете поставки со внесување како ТВ или HDMI и други општи поставки за да уживате во различни звучни ефекти.

Може да конфигурирате поставки како овие подолу.

Прилагодување на звук

Приспособете го квалитетот на звукот.

За детали, погледнете во Напредни поставки за „Звук.

Поставки за динамички опсег

Прилагодете го нивото на звук на тековниот влез.

За детали, погледнете во Напредни поставки за „Звук.

Автоматска јачина на звук

Го одржува нивото на јачината на звук константно за сите програми и влезови.

За детали, погледнете во Автоматска јачина на звук.

Баланс

Прилагодете го балансот на звучниците.

За детали, погледнете во Баланс.

Положба на ТВ

Променете ја [Положба на ТВ] врз основа на инсталацијата на ТВ.

Пост-обработка

Изберете ја технологијата за аудиообработка.

Аудио излез

Илустрација на опкружувачки звучен систем

Конфигурирајте да емитува звук од аудиосистем наместо од звучниците на телевизорот.

Може да конфигурирате поставки како овие подолу.

Звучници

Изберете ги звучниците на телевизорот или аудио системот за аудио излез.

A/V синхронизација

Прилагодете го тајмингот за аудио и видео додека користите Bluetooth A2DP аудио уред или специфичен аудио систем поврзан со HDMI кабел.

Задоцнување на дигитален излез

Прилагодете го тајмингот на аудио излезот за да се синхронизира со видеото.

Дигитален аудио излез

Конфигурирајте го начинот на излезен звук при слушање дигитално аудио. Поставкава е достапна само кога [Звучници] е поставено на [Аудио систем].

Совет

  • Има помалку влошување и шум од преносот на сигналот, а квалитетот на звукот е супериорен во споредба со аналогните приклучоци.

Јачина на звук на дигитален аудио излез

Се применува само за PCM. Нивоата на јачина на звук помеѓу РСМ и компресираното аудио ќе се разликуваат.

[28] Гледање телевизијаМенување на квалитетот на сликата/екранот/звукот според вашите претпочитања Напредни поставки за „Звук“

Страницава претставува различни поставки за функциите што може да ги конфигурирате во [Звук].

Белешка

  • Вистинскиот екран може да се разликува или некои поставки може да не се достапни зависно од моделот/земјата/регионот, поставките на телевизорот и поврзаниот уред.

Прилагодување на звук

Поставка Опис
Опкружувачки звук Виртуелна репродукција на реалистичен опкружувачки звук.
Подобрувач на дијалог Нагласете го гласот.
Еквалајзер Прилагодете го звукот врз основа на различни фреквенции.
Ресетирај Вратете ги сите поставки за прилагодување на звукот на фабричките зададени параметри.

Поставки за динамички опсег

Поставка Опис
Динамички опсег Ја компензира разликата во нивото на звукот помеѓу влезните извори (за Dolby Digital аудио, HE-AAC аудио и MPEG аудио).
DTS динамички опсег Го прилагодува динамичкиот опсег на сигналот DTS.

[29] Гледање телевизијаМенување на квалитетот на сликата/екранот/звукот според вашите претпочитањаАвтоматска јачина на звук

Јачината на звукот автоматски се прилагодува на одредено ниво според промените во нивото на јачината на емитувањата и влезните сигнали.

Намалувањето на разликата во јачината на звукот што се јавува при префрлување канали или влезови ви овозможува да гледате на константно ниво на јачина на звук. За да ја овозможите оваа функција, притиснете го копчето (Брзи поставки) на далечинскиот управувач, потоа изберете ги следниве поставки.

[Поставки] — [Слика и звук] — [Звук] — [Автоматска јачина на звук]

Илустрација на напредно автоматско приспособување на гласноста

Белешка

  • Ефектот варира во зависност од вашиот модел/земја/регион, поставките, емитувањето и влезниот сигнал.

[30] Гледање телевизијаМенување на квалитетот на сликата/екранот/звукот според вашите претпочитањаБаланс

Го прилагодува балансот на звукот на левата и десната страна.

Поради оддалеченоста од ѕидовите и прозорците и рефлексијата на звукот, може да слушнете дека звукот на левата и десната страна не е урамнотежен. Може да го приспособите балансот на звукот. За да го нагодите балансот на звукот, притиснете го копчето (Брзи поставки) на далечинскиот управувач, потоа изберете ги следниве поставки.

[Поставки] — [Слика и звук] — [Звук] — [Баланс]

Илустрација за прилагодување на балансот

Белешка

  • Ефектот варира во зависност од вашиот модел/земја/регион, поставките и околината за инсталација.

[31] Гледање телевизија Приказ на преводи

Може да притиснете на копчето SUBTITLE/AD (Превод/Затворен титл/Аудио опис) на далечинскиот управувач за да овозможите превод и устен опис на визуелните содржини.

Превод за ТВ-емисии и апликации

Може да бидат достапни два типа превод во зависност од телевизиската програма.

Притиснете на копчето (Брзи поставки) на далечинскиот управувач, па изберете [Поставки] — [Пристапност] — [Поставки за превод] — [Емитување] — [Превод] и потоа изберете го претпочитаниот тип превод.

  • [Основно]

    Овој превод го прикажува само аудио делот од содржината.

  • [За лицата со оштетен слух]

    Овој превод го прикажува аудио делот и неговорните елементи од содржината. Вашиот телевизор ќе прикажува [За лицата со оштетен слух] превод секогаш кога е достапен.

Белешка

  • Може да нема достапен превод за содржини во ТВ-емисии и апликации
  • Некои функции може да не се поддржани, зависно од вашиот модел/регион/земја.

[32] Снимање телевизиски емисииСнимање на USB HDD уред Користење USB HDD уред за снимање

Оваа функција е достапна само во одредени региони/земји/модели на телевизори.


Моделите за снимање со USB HDD имаат [Поставки за снимање] во [Поставки] — [Канали & Влезови].


Поврзете USB HDD уред на телевизорот за да снимате дигитални емисии.


Поврзете го уредот USB HDD со приклучокот за USB на телевизорот означен со „HDD REC“ (доколку има син приклучок за USB, тоа значи дека тој приклучок поддржува снимање во HDD формат).

Илустрација на начинот на поврзување

(A) Уред USB HDD

(B) USB Кабел (не се испорачува)

  1. Поврзете уред USB HDD со приклучокот за USB (сина боја) означен со „HDD REC“ на вашиот телевизор.
  2. Вклучете го уредот USB HDD.
  3. Почекајте додека да се појави екранот [USB-меморијата е поврзана].
  4. Одете на [Поставки за снимање] во [Поставки] — [Канали & Влезови].
  5. Изберете уред за снимање и осигурете се дека е овозможено PVR.

Белешка

  • Доколку при чекорот 4 не се открие уред, следете ги упатствата од пораката и проверете дали USB HDD уредот за снимање е приклучен во приклучокот за USB со висока брзина (сина боја).

    Доколку не се препознава USB HDD уредот за снимање, дури и откако ќе ја проверите врската, мора да проверите дали USB HDD уредот е инсталиран како „Пренослива меморија“ во [Поставки] — [Систем] — [Простор] бидејќи тој може да е веќе регистриран како уред којшто има други функции освен снимање. Погледнете во делот „ Информации за користење на USB HDD уред за снимање “ за да видите како се користи USB HDD уредот за снимање.

[33] Снимање телевизиски емисииСнимање на USB HDD уред Снимање со тајмер

Оваа функција е достапна само во одредени региони/земји/модели на телевизори.


Моделите за снимање со USB HDD имаат [Поставки за снимање] во [Поставки] — [Канали & Влезови].

  1. Притиснете го копчето (Водич).
  2. Изберете ја саканата програма во водичот за програми, притиснете (Повеќе опции) и изберете [Список со распореди].
  3. Осигурете се дека тајмингот и другите информации за програмата се точни, а потоа изберете [Потврди].

За проверка, менување или бришење на поставеноста на тајмерот

Проверката, менувањето и бришењето на поставките на тајмерот се вршат во [Листа со тајмери за снимање].

  1. Притиснете го копчето (Повеќе опции) и изберете [Recorded Title List] (Листа на снимени наслови). Доколку [Recorded Title List] не постои, изберете [Уреди] и додадете [Recorded Title List].

  2. Притиснете (Повеќе опции) повторно и изберете [Список со распореди].

  3. Во Список со распореди, притиснете (Повеќе опции) и изберете [Уреди].

  4. Конфигурирајте ја поставеноста на тајмерот.

  5. Изберете [Потврди].

Белешка

  • Снимањето со тајмер нема да работи кога е откачен кабелот за напојување.

[34] Снимање телевизиски емисииСнимање на USB HDD уред Информации за користење на USB HDD уред за снимање

Оваа функција е достапна само во одредени региони/земји/модели на телевизори.


Моделите за снимање со USB HDD имаат [Поставки за снимање] во [Поставки] — [Канали & Влезови].


  • Уредот USB HDD треба да се користи само за снимање. Користете посебен уред USB HDD за гледање слики и видеоснимки.
  • Поддржани се само уреди USB HDD поголеми од 32 GB.
  • Не е поддржано поврзување уред USB HDD преку USB разводници. Поврзете го уредот директно со телевизорот.
  • Само овој телевизор ќе може да ги емитува податоците снимени на уредот USB HDD што го препознал телевизорот.
  • Поддржано е снимање само на дигитални телевизиски и радио емисии. Не е поддржано снимање податочни емисии.
  • Не може да се снимаат шифрирани сигнали.
  • Не може да се снима во следниве случаи:
    • Телевизорот не може да го препознае уредот USB HDD.
    • Снимени се повеќе од 1 000 програми на уредот USB HDD.
    • Уредот USB HDD е полн.
  • Може да не биде возможно автоматско бирање на програмата додека се снима.
  • Невозможно е снимање на програма ако нејзиното снимање не е одобрено.
  • Ако користите модул за условен пристап (CAM), немојте да ја користите неговата родителска заштита бидејќи може да не работи за време на снимањето. Како алтернатива, користете блокирање на програма или родителската заштита на самиот телевизор, ако истата е поддржана од емитувачот.
  • Во Норвешка, некои програми не може да се снимаат поради законски пречки.
  • Ако телевизорот биде удрен за време на снимањето на USB HDD, може да има шум на снимените содржини.
  • Во никој случај Sony нема да одговара за неуспешно снимање или какво било оштетување или загуба на снимени содржини предизвикани или поврзани со дефект на телевизорот, пречки на сигналот или други проблеми.

[35] Снимање телевизиски емисии Гледање/бришење снимени содржини

Оваа функција е достапна само во одредени региони/земји/модели на телевизори.


Моделите за снимање со USB HDD имаат [Поставки за снимање] во [Поставки] — [Канали & Влезови].

За да гледате снимени содржини

  1. Притиснете го копчето (Повеќе опции) и изберете [Recorded Title List] (Листа на снимени наслови). Доколку [Recorded Title List] не постои, изберете [Уреди] и додадете [Recorded Title List], па изберете ја содржината за гледање.

За да избришете снимени содржини

  1. Притиснете го копчето (Повеќе опции) и изберете [Recorded Title List] (Листа на снимени наслови). Доколку [Recorded Title List] не постои, изберете [Уреди] и додадете [Recorded Title List].

  2. Нагласете ја програмата што сакате да ја избришете и изберете ја иконата (иконата Избриши) во листата под менито.

Погледнете Разбирање на знаците прикажани во листата снимени наслови доколку ви се потребни информации во врска со знаците на листата снимени наслови.

[36] Снимање телевизиски емисии Разбирање на знаците прикажани во листата снимени наслови

Оваа функција е достапна само во одредени региони/земји/модели на телевизори.

: Се снима во моментот

[37] Користење на телевизорот со други уредиUSB уредиЕмитување содржини зачувани на USB уред

За да снимите програми на USB-уред, погледнете го делот Снимање со тајмер .

За да ги гледате снимените програми, погледнете го делот Гледање/бришење снимени содржини .

Поврзување USB уред

Приклучете USB мемориски уред во USB приклучокот на телевизорот за да уживате во фотографиите, музиката и видео-датотеките зачувани на уредот.

Илустрација на начинот на поврзување

(A) USB мемориски уред

Уживање во фотографии/музика/филмови складирани на USB уред

Можете да уживате во фотографии/музика/филмови складирани на USB уред на екранот од телевизорот.

  1. Ако USB уредот што е поврзан со телевизорот има прекинувач за вклучување/исклучување, вклучете го.

  2. Притиснете го копчето (ПОЧЕТЕН ЕКРАН) и изберете [Апликации] од почетното мени, а потоа изберете [Медија плеер].

    Ако доставениот далечински управувач има копче APPS, може да го притиснете копчето APPS.

  3. Изберете го името на USB-уредот.

  4. Изберете ја папката, па изберете ја датотеката за репродукција.

За да ги проверите поддржаните формати на датотека

Белешка

  • На некои слики и папки им треба време да се прикажат во зависност од димензиите на сликата, големината на датотеката и бројот на датотеки во папката.
  • Може да биде потребно време за да се прикаже USB-уредот бидејќи телевизорот пристапува до него секој пат кога ќе се поврзе USB-уред.
  • Сите приклучоци за USB на телевизорот поддржуваат USB со висока брзина. Синиот приклучок за USB поддржува SuperSpeed (USB 3.2 Gen 1, USB 3.1 Gen 1 или USB 3.0). USB разводници не се поддржани.
  • Кога пристапувате до USB уредот, не исклучувајте го телевизорот, ниту USB уредот, не прекинувајте ја врската на USB кабелот, и не отстранувајте и не вметнувајте медиуми за снимање. Во спротивно, податоците, складирани на USB уредот, може да бидат оштетени.
  • Во зависност од датотеката, емитувањето може да не е возможно дури и кога се користат поддржани формати.
  • За да уживате во гледањето фотографии, можеби ќе треба да го ажурирате софтверот на телевизорот.

Совет

[38] Користење на телевизорот со други уредиUSB уредиИнформации за USB уреди за чување фотографии и музика

  • Приклучоците за USB на телевизорот ги поддржуваат следниве системи на датотеки: FAT32, exFAT и NTFS.
  • Кога поврзувате дигитален фотоапарат Sony со телевизорот преку USB кабел, поставките за USB врската на фотоапаратот треба да се во режим „Auto“ или „Mass Storage“.
  • Ако вашиот дигитален фотоапарат не работи со вашиот телевизор, обидете се со следново:
    • Поставете го USB поврзувањето на фотоапаратот на „Mass Storage“.
    • Копирајте ги датотеките од фотоапаратот на USB мемориски уред, а потоа, поврзете го уредот со телевизорот.
  • Некои фотографии и филмови може да бидат зголемени што резултира со слаб квалитет на сликата. Во зависност од големината и соодносот на страните, сликите може да не се прикажуваат на целиот екран.
  • Прикажувањето фотографија може да потрае, во зависност од датотеката и/или поставувањата.
  • Sony во никој случај нема да биде одговорна за неуспешно снимање, или какво било оштетување или загуба на снимени содржини предизвикано или поврзано со дефект на телевизорот, дефект на USB уредот или каков било поинаков проблем.

[39] Користење на телевизорот со други уредиТВ-приемник, Blu-ray и DVD-уред Поврзување ТВ-приемник, Blu-ray или DVD-уред

Поврзете ТВ-приемник, Blu-ray/DVD-уред со телевизорот.

Користете го начинот на поврзување подолу во согласност со достапните влезови на телевизорот.

Белешка

  • Достапните влезови зависат од моделот/регионот/земјата.

HDMI врска

За оптимален квалитет на сликата, препорачуваме да го поврзете плеерот со телевизорот со кабел HDMI. Ако Blu-ray/DVD плеерот има HDMI приклучок, поврзете го со кабел HDMI.

За да поврзете аудиосистем или лента за звук во исто време, погледнете во поврзување HDMI (eARC е поддржано) во Поврзување аудио систем.

За да го прилагодите тајмингот на видео и аудиоизлезите, погледнете во Приспособување на поставките за синхронизирање АV.

Илустрација на начинот на поврзување

(A) Blu-ray/DVD-плеер (исто како поврзување Кабелски/сателитски приемник)

(B) HDMI кабелот (не се испорачува)*

* Користете одобрен Premium High Speed HDMI™ Cable(s) со логото HDMI.

[40] Користење на телевизорот со други уредиТВ-приемник, Blu-ray и DVD-уредГледање Blu-ray и DVD дискови

Можете да гледате содржини од Blu-ray/DVD дискови или други содржини поддржани од плеерот на телевизорот.

  1. Вклучете го поврзаниот Blu-ray/DVD плеер.
  2. Притиснете го копчето (Избор на влез) неколку пати за да го изберете поврзаниот Blu-ray/DVD-читач.
  3. Стартувајте го емитувањето на поврзаниот Blu-ray/DVD плеер.

Совет

  • Ако поврзете уред компатибилен со CEC преку HDMI врската, можете да ракувате со него едноставно со далечинскиот управувач на телевизорот.

[41] Користење на телевизорот со други уредиПаметни телефони и таблети Прикажување на екранот на апликацијата од iPhone/паметен телефон или iPad/таблет на телевизорот

Google Cast™ или AirPlay ви овозможуваат да ги прикажете (емитувате) омилените интернет-страници и екрани на апликации од вашиот мобилен уред директно на телевизорот.

Користејќи го Google Cast

  1. Поврзете мобилен уред како што е паметен телефон или таблет на истата мрежа со којашто е поврзан телевизорот.

  2. Отворете апликација поддржана од Google Cast на мобилниот уред.

  3. Допрете го копчето Cast од апликацијата. ( (емитување))

  4. Изберете го телевизорот како дестинација за емитување.

    Екранот на мобилниот уред се прикажува на телевизорот.

Користејќи го AirPlay

Овој телевизор поддржува AirPlay 2.

  1. Проверете дали вашиот уред на Apple е поврзан на истата мрежа како телевизорот.

  2. Постапката зависи од содржината што ќе се прикажува на телевизорот како што следи подолу.

    • За прикажување видео, допрете (AirPlay видео).

    • За прикажување фотографии, допрете (Споделување дејство).

    • За пуштање музика, допрете (AirPlay аудио).

    • За прикажување на екранот на мобилниот уред, допрете (Пресликување).
      (Кај некои апликации може да треба прво да допрете друга икона.)

  3. Изберете AirPlay на мобилен уред како што се iPhone или iPad и изберете го телевизорот што се користи со AirPlay.

Совет

  • Телевизорот поддржува Apple HomeKit.

    Може да го контролирате телевизорот со мобилен уред, како iPhone или iPad со притискање на копчето (Избор на влез) на далечинскиот управувач и избирање (AirPlay) и следење на упатствата на екранот за да го поставите Apple HomeKit.

    Достапните операции може да се разликуваат зависно од верзијата на апликацијата и софтверот.

  • Доколку изберете [Оптимизирано] или [Режим на зголемена потрошувачка на енергија] во [Енергетски режим], ќе може да го вклучите телевизорот со апликации на мобилен уред како на пример iPhone или iPad.

    Притиснете го копчето (Брзи поставки) на далечинксиот управувач, па изберете [Еко контролна табла] — [Енергетски режим] за да ја смените поставката.

    Доколку [Еко контролна табла] не постои, изберете [Уреди] и додајте [Еко контролна табла].

Белешка

  • Работата на мобилниот уред, како iPhone или iPad, се разликува, зависно од верзијата на оперативниот систем.

[42] Користење на телевизорот со други уредиПаметни телефони и таблетиАпликација BRAVIA Connect

Можете да ја инсталирате мобилната апликација на вашиот паметен телефон за да управувате со оваа единица и да поставите компатибилен аудио-систем.

QR-код за инсталирање на апликацијата BRAVIA Connect Слика на логото на BRAVIA Connect со врска до страницата за инсталирање на апликацијата


Белешка

  • За да го искористите максимумот од функциите и перформансите на телевизорот и аудио-системот, можеби ќе треба да го ажурирате софтверот за телевизорот и апликацијата „Sony | BRAVIA Connect” на најновата верзија.
  • Достапноста на функцијата зависи од моделот/регионот/земјата.

[43] Користење на телевизорот со други уредиКомпјутери, фотоапарати и видеокамериПоврзување на компјутер и гледање зачувани содржини

За да поврзете компјутер

Користете HDMI кабел за да го поврзете компјутерот со телевизорот.

Илустрација на начинот на поврзување

(A) Компјутер

(B) HDMI кабелот (не се испорачува)*

* Користете одобрен Premium High Speed HDMI™ Cable(s) со логото HDMI. Препорачуваме одобрен Ultra High Speed HDMI™ Cable кога поврзувате компјутер што поддржува 4K 120 Hz.

За проверка на спецификациите на видео сигналот

За гледање содржини зачувани на компјутер

Откако ќе го поврзете компјутерот, притиснете го копчето (Избор на влез) па изберете го влезот во кој е поврзан компјутерот.


За да ги проверите поддржаните формати на датотека

Белешка

[44] Користење на телевизорот со други уредиКомпјутери, фотоапарати и видеокамериПоврзување на фотоапарат или видеокамера и гледање зачувани содржини

За да поврзете фотоапарат или видеокамера

Поврзете го вашиот дигитален фотоапарат или видеокамера Sony користејќи HDMI кабел. Користете кабел што има HDMI мини-приклучок на крајот за дигиталниот фотоапарат/видеокамерата и стандарден HDMI приклучок на крајот за телевизорот.

Илустрација на начинот на поврзување

(A) Дигитален фотоапарат

(B) Видеокамера

(C) HDMI кабелот (не се испорачува)*

* Користете одобрен Premium High Speed HDMI™ Cable(s) со логото HDMI.

За гледање содржина складирана на дигитален фотоапарат/видеокамера

  1. Откако ќе го поврзете дигиталниот фотоапарат/видеокамерата, вклучете го.

  2. Притиснете го копчето (Избор на влез) неколку пати за да го изберете поврзаниот дигитален фотоапарат/видеокамера.

  3. Стартувајте го емитувањето на поврзаниот дигитален фотоапарат/видеокамера.

За да ги проверите поддржаните формати на датотека

Совет

  • Ако поврзете уред компатибилен со CEC, можете едноставно да управувате со него користејќи го далечинскиот управувач на телевизорот. Осигурете дека уредот е компатибилен со CEC. Некои уреди може да не се компатибилни со CEC иако имаат HDMI приклучок.

[45] Користење на телевизорот со други уредиКомпјутери, фотоапарати и видеокамериСпецификации на компјутерскиот видео сигнал

(Резолуција, хоризонтална фреквенција/вертикална фреквенција)

  • 640 x 480, 31,5 kHz/60 Hz
  • 800 x 600, 37,9 kHz/60 Hz
  • 1 024 x 768, 48,4 kHz/60 Hz
  • 1 280 x 1 024, 64,0 kHz/60 Hz
  • 1 600 x 900, 55,9 kHz/60 Hz
  • 1 680 x 1 050, 65,3 kHz/60 Hz
  • 1 920 x 1 080, 67,5 kHz/60 Hz
  • 3 840 x 2 160, 67,5 kHz/30 Hz
  • 3 840 x 2 160, 135,0 kHz/60 Hz (8 бита)

Совет

  • Ако вашиот компјутер емитува 3 840 x 2 160p, 120Hz, може да го користите како влезен сигнал за видео.

Белешка

  • Сликата може да е матна и може да не се прикажува како што треба, во зависност од статусот на поврзувањето. Во тој случај, изменете ги поставките на компјутерот и изберете друг влезен сигнал.

[46] Користење на телевизорот со други уредиАудио систем (како AV-приемник или звучник во вид на лента)Излез на аудио од аудио систем

Со телевизорот може да поврзувате аудио системи како на пример AV приемници или звучници во вид на лента. Изберете метод на поврзување подолу согласно спецификациите на аудио системот што сакате да го поврзете.

  • Поврзување со HDMI кабел (За детали, внимателно прочитајте во „Поврзување со HDMI кабел“ подолу.)
  • Поврзување со дигитален оптички кабел

За методи на поврзување, погледнете ја страницата Поврзување аудио систем.

Белешка

  • Погледнете го упатството за користење на уредот што треба да се поврзе.

Поврзување со HDMI кабел

Овој телевизор поддржува Audio Return Channel (ARC) или Enhanced Audio Return Channel (eARC). Може да користите HDMI кабел за излез на аудио од аудио системите што поддржуваат ARC и eARC.


На телевизорите што поддржуваат eARC, eARC, може да направите излез (поминување) на аудиосигналите од надворешните влезни уреди поврзани со телевизорот до eARC поддржаните аудиосистеми користејќи HDMI терминал со текстот: „eARC/ARC“.


За методи на поврзување, погледнете ја страницата Поврзување аудио систем.

Белешка

  • Местото на HDMI терминалот што поддржува eARC/ARC се разликува зависно од моделот. Погледнете во доставениот Setup Guide.

[47] Користење на телевизорот со други уредиАудио систем (како AV-приемник или звучник во вид на лента)Поврзување аудио систем

Илустрација на опкружувачки звучен систем

Видете на илустрациите подолу како се поврзува аудио систем како AV приемник или звучник во вид на лента.

Белешка

  • Достапните влезови зависат од моделот/регионот/земјата.

Поврзување на звучникот во вид на лента

Препорачуваме да го поврзете HDMI влезот на телевизорот (eARC или ARC) на HDMI излез на звучникот во вид на лента (eARC или ARC) со HDMI кабел.

Илустрација на поврзувањето на звучникот во вид на лента

(A) Звучник во вид на лента

(B) HDMI кабелот (не се испорачува)*

* Препорачуваме Premium High Speed HDMI™ Cable(s) на Sony.


За поврзување звучник во вид на лента преку HDMI, видете „HDMI врска“.

Ако го поврзете телевизорот со звучник во вид на лента преку HDMI, може да ги користите следните функции.

  • Поврзете го склопот за вклучување/исклучување на звучникот во вид на лента со телевизорот
  • Прикажување и конфигурација на поставките на лентата за звук на телевизорот

Белешка

  • Достапните функции зависат од звучникот во вид на лента.
  • Во зависност од звучникот во вид на лента, „eARC“ или „ARC“ може да не бидат означени на терминалот HDMI. За детали за тоа како да го поврзете, погледнете во упатството звучникот во вид на лента.

Совет

Може да има три точки за допир до терминалот за влез HDMI од моделот. Користете ги како водич за време на инсталацијата.

Поврзување со аудио засилувач

Препорачуваме да го поврзете HDMI влезот на телевизорот (eARC или ARC) со HDMI излезот на аудиозасилувачот (eARC или ARC) преку HDMI. Во зависност од вашиот аудио систем, може да се поврзете и со дигитален оптички кабел.

Илустрација на конекцијата за аудио засилувач

(A) Аудио засилувач

(B) HDMI кабелот (не се испорачува)*

(C) Дигитален оптички кабел (не се испорачува)

* Препорачуваме Premium High Speed HDMI™ Cable(s) на Sony.


За поврзување аудио засилувач преку HDMI, видете „HDMI врска“. За поврзување аудио засилувач со дигитален оптички кабел, видете „Поврзување дигитален оптички кабел“.

Белешка

  • СЕКОГАШ чувајте ги малите додатоци подалеку од дофат на деца, за случајно да не ги проголтаат.

HDMI врска (се поддржува eARC)

  1. Поврзете го надворешниот влезен уред и телевизорот со HDMI кабел. Поврзете ги телевизискиот и аудио системот со друг HDMI кабел.

    Поврзете го аудио системот на HDMI влезот на телевизорот со текстот „ARC“ или „eARC/ARC“.

    Илустрација на начинот на поврзување

    (A) Надворешен влезен уред (како на пример Blu-ray/DVD снимач)

    (B) HDMI кабел (не се испорачува)

    (C) AV приемник или звучник во вид на лента

    (D) HDMI кабел со етернет (не се испорачува)*

    * Препорачуваме одобрен(и) Premium High Speed HDMI™ Cable(s) со логото HDMI.

  2. Притиснете го копчето (Брзи поставки) на далечинскиот управувач, потоа изберете [Поставки] — [Слика и звук] — [Аудио излез] — [Звучници] — [Аудио систем].

  3. Овозможете ја функцијата eARC на аудио системот.

    Погледнете го упатството за користење на уредот.

  4. Приспособување аудио систем

Белешка

  • Кога има излез на аудио од поддржан уред за eARC додека гледате од влезот за HDMI, телевизорот работи на следниот начин:
    • нема излез на аудио од системски звуци и аудио реакции и
    • перформансите на препознавањето глас на вградениот микрофон може да се намалат (само телевизори со вграден микрофон).

Совет

Може да има три точки за допир до терминалот за влез HDMI од моделот. Користете ги како водич за време на инсталацијата.

HDMI врска (се поддржува ARC)

  1. Поврзете ги телевизискиот и аудио системот со HDMI кабел.

    Поврзете го телевизискиот терминал на HDMI влезот со текстот „ARC“ или „eARC/ARC“.

    Илустрација на начинот на поврзување

    (A) AV приемник или звучник во вид на лента

    (B) HDMI кабелот (не се испорачува)*

    * Препорачуваме одобрен(и) Premium High Speed HDMI™ Cable(s) со логото HDMI.

  2. Приспособување аудио систем

Белешка

  • За ARC врските, перформансите на препознавањето глас може да се деградираат (само телевизори со вграден микрофон).
  • Ако [Дигитален аудио излез] е поставен на [Дајте приоритет на премин], телевизорот ќе работи на следниов начин за некои аудиосигнали:
    • нема излез на аудио од системски звуци и аудио реакции и
    • перформансите на препознавањето глас на вградениот микрофон може да се намалат (само телевизори со вграден микрофон).

Совет

Може да има три точки за допир до терминалот за влез HDMI од моделот. Користете ги како водич за време на инсталацијата.

Поврзување дигитален оптички кабел

  1. Поврзете ги телевизискиот и аудио системот со дигитален оптички кабел.

    Поврзете го дигиталниот оптички влезен терминал на аудио системот.

    Илустрација на начинот на поврзување

    (A) AV приемник или звучник во вид на лента

    (B) Оптички аудио кабел (не се испорачува)

  2. Приспособување аудио систем

Белешка

  • СЕКОГАШ чувајте ги малите додатоци подалеку од дофат на деца, за случајно да не ги проголтаат.

Совет

  • За повеќе информации, посетете ја интернет-страницата за поддршка на Sony.

    Интернет-страница за поддршка

  • За информации во врска со решавање проблеми, може да го погледнете и делот „Често поставувани прашања“ на нашата интернет-страница за поддршка подолу.

    https://www.sony.net/androidtv-faq/

    QR код за интернет-страницата за поддршка на Sony

    https://www.sony.net/androidtv-faq/


HDMI поврзување центрирано на аудиосистем (eARC е поддржано)

Можете да центрирате на аудиосистем на следниов начин:

За поставките на телевизорот, погледнете HDMI поврзување (eARC е поддржано). За поставките на аудио системот, погледнете во упатството за уредот.

Илустрација на начинот на поврзување

(A) Надворешен влезен уред (како на пример Blu-ray/DVD снимач)

(B) HDMI кабел (не се испорачува)

(C) AV приемник или звучник во вид на лента

(D) HDMI кабел со етернет (не се испорачува)*

* Препорачуваме одобрен(и) Premium High Speed HDMI™ Cable(s) со логото HDMI.

[48] Користење на телевизорот со други уредиАудио систем (како AV-приемник или звучник во вид на лента)Приспособување аудио систем

По поврзување на аудио системот со телевизорот, приспособете го аудио излезот на телевизорот од аудио системот.

Приспособување на аудио системот поврзан со HDMI кабел или дигитален оптички кабел

  1. Откако ќе го поврзете телевизорот со аудиосистемот, притиснете го копчето (Брзи поставки) на далечинскиот управувач, а потоа изберете [Поставки] — [Слика и звук] — [Аудио излез] — [Звучници] — [Аудио систем].

  2. Вклучете го поврзаниот аудио систем, а потоа, прилагодете ја јачината на звукот.

    Ако поврзете уред компатибилен со CEC преку HDMI врската, можете да ракувате со него едноставно со далечинскиот управувач на телевизорот.

Белешка

  • Треба да ги конфигурирате поставките за [Дигитален аудио излез] согласно со аудиосистемот. Притиснете го копчето (Брзи поставки) на далечинскиот управувач, потоа изберете [Поставки] — [Слика и звук] — [Аудио излез] — [Дигитален аудио излез].
  • Ако аудиосистемот не е компатибилен со Dolby Digital или со DTS, поставете ги [Поставки] — [Слика и звук] — [Аудио излез] — [Дигитален аудио излез] на [PCM].
  • Кога го користите HDMI влезот со Super Audio CD или DVD-Audio, DIGITAL AUDIO OUT (OPTICAL) може да не емитува звучен сигнал.
  • Ако телевизорот е поврзан преку eARC и [Дигитален аудио излез] е поставен на [Дајте приоритет на премин], можно е да не се емитуваат звуците од телевизорот, како оние од ракувањето со далечинскиот управувач или гласовните одговори бидејќи аудиосигналите од HDMI влезот поминуваат низ аудиосистемот што поддржува eARC. За да ги слушнете тие звуци од телевизорот, обидете се со следново.
    • Прекинете со гледање на уредот од влезот HDMI.
    • Поставете го [Дигитален аудио излез] на [Автоматски] или [PCM].

Совет

[49] Користење на телевизорот со други уредиАудио систем (како AV-приемник или звучник во вид на лента)Аудиоформати

HDMI IN 1/2/3/4

Во режим eARC (Enhanced Audio Return Channel)

  • 7.1 канален линеарен PCM: 32/44,1/48/88,2/96/176,4/192 kHz
  • Dolby Audio
  • Dolby Atmos
  • DTS
  • DTS Express
  • DTS-HD Master Audio
  • DTS-HD High Resolution Audio
  • DTS:X

Освен режим eARC

  • 7.1 канален линеарен PCM: 32/44,1/48/88,2/96/176,4/192 kHz
  • Dolby Audio
  • Dolby Atmos
  • DTS
  • DTS Express
  • DTS-HD Master Audio
  • DTS-HD High Resolution Audio
  • DTS:X

eARC/ARC (Enhanced Audio Return Channel/Audio Return Channel) (само за HDMI IN 3)

Во режим eARC

  • 7.1 канален линеарен PCM: 32/44,1/48/88,2/96/176,4/192 kHz
  • Dolby Audio
  • Dolby Atmos
  • DTS
  • DTS-HD Master Audio
  • DTS-HD High Resolution Audio
  • DTS:X

Во режим ARC

  • Двоканален линеарен PCM: 48 kHz 16 bits
  • Dolby Audio
  • Dolby Atmos
  • DTS


За детали, погледнете ја страницата за поддршка.

[50] Користење на телевизорот со други уредиАудио систем (како AV-приемник или звучник во вид на лента)Пристап до поставките на аудио системот

Може да пристапите до поставките на аудио системот (како што е AV засилувач или лента за звук) како што е квалитет на звукот од поставките Брзи поставки на телевизорот.

Илустрација на брзите поставки прикажани на телевизискиот екран

  1. Поврзете го аудио системот преку HDMI (eARC/ARC) терминалот.
  2. Притиснете го копчето (Брзи поставки) на далечинскиот управувач и изберете поставка на аудио системот.
    • За детали во врска со поставките на аудио системот, погледнете во прирачникот за вашиот аудиосистем.

Белешка

  • Поставките на аудио системот се прикажуваат само за поддржаните модели.
    За информации поврзани со поддржаните модели, погледнете ја интернет-страницата за поддршка.

    https://www.sony.net/hav_faq

    QR код за интернет-страницата за поддршка на Sony

    https://www.sony.net/hav_faq

  • Прикажаните поставки зависат од моделот на аудио системот.

Совет

  • Поставките што не се прикажуваат стандардно, изберете ги од (Уреди).

[51] Користење на телевизорот со други уредиКонзоли за видеоигри

Поврзување

Поврзете конзола за видеоигри што поддржува HDMI со вашиот телевизор преку кабел HDMI.

За да поврзете аудиозасилувач или лента за звук во исто време, погледнете во HDMI поврзување (eARC е поддржано) во Поврзување аудио систем.

Илустрација на начините на поврзување

(A) Конзола за видеоигри

(B) Кабел HDMI (се продава одделно)

Совет

  • Кабелот Premium High Speed HDMI™ Cable(s) е добар за општи намени, но ако поврзувате конзола за видеоигри што поддржува 4K 120 Hz, користете го кабелот HDMI што доаѓа со конзолата за игри или Ultra High Speed HDMI™ Cable.
  • Типот и позицијата на портите за HDMI зависат од вашиот телевизор. Погледнете во документацијата од телевизорот.

Промена на поставките за влез на HDMI

По поврзувањето, поставете ја поврзаната влезна порта за HDMI.

За да ја максимизирате изведбата на телевизорот и на конзолата за видеоигри, поставете [Формат на HDMI сигнал/VRR].


Автоматско поставување

  1. Со вклучена конзола за видеоигри, поврзете ја со телевизорот со кабел HDMI.

    Поставете ги следниве упатства на телевизискиот екран.


Рачно поставување

  1. Притиснете го копчето (Брзи поставки) на далечинскиот управувач и изберете го следново по редослед.

    [Поставки] — [Канали & Влезови] — [Надворешни влезови] — [Формат на HDMI сигнал/VRR]


    Изберете го оптималниот формат за вашата конзола за видеоигри.

Совет

  • Ако поврзувате конзола за видеоигри што поддржува видеоизлези од 4K 120 Hz, поставете на [Подобрен формат (Напредно)].
  • Ако поврзувате конзола за видеоигри што поддржува VRR, овозможете [VRR (променлива стапка на освежување)].

Белешка

  • Кога поврзувате конзола за видеоигри што поддржува 4K 120 Hz и VRR, проверете ја етикетата на влезните порти HDMI на телевизорот и поврзете се со влезот HDMI што е прикажан како 4K 120 Hz или поврзете се со влезот HDMI што е прикажан како [VRR (променлива стапка на освежување)] за [Формат на HDMI сигнал].

    Достапниот [Формат на HDMI сигнал] зависи од моделот. Некои HDMI формати може да не се поддржани, зависно од моделот/регионот/земјата.

  • Ако е поставен [VRR (променлива стапка на освежување)], на екранот на телевизорот може да се појават мали флуктуации во светлината (треперење), во зависност од фреквенцијата на излезната содржина од поврзаната конзола за видеоигри.

[52] Користење на телевизорот со други уредиBluetooth-уреди (како што се Bluetooth-слушалки)Поврзување Bluetooth-уред (како што се Bluetooth-слушалки)

За спојување на уредот со Bluetooth уред

  1. Вклучете го Bluetooth уредот, како на пример Bluetooth-слушалки и ставете го во режим за спарување.

    За да го активирате режимот за спојување на Bluetooth уредот, видете во упатството на уредот.

  2. Притиснете го копчето (Брзи поставки) на далечинскиот управувач, а потоа изберете [Поставки] — [Далечински управувач и додатоци] — [Спарете го додатокот] за да го ставите телевизорот во режим за спојување.

    Ќе се прикажат достапни уреди со Bluetooth.

  3. Изберете го саканиот уред, па следете ги упатствата на екранот.

    Ако се побара внесување шифра, видете во упатството на уредот.

    Откако ќе заврши спојувањето, уредот се поврзува со телевизорот.

За да се поврзите со споен Bluetooth уред

  1. Притиснете го копчето (Брзи поставки) на далечинскиот управувач, а потоа изберете [Поставки] — [Далечински управувач и додатоци].

  2. Изберете споен уред што не е поврзан.

  3. Изберете [Поврзи].

Белешка

  • Кога лентата за звук и телевизорот се поврзани преку Bluetooth, поврзете го надворешниот влезен уред како што е Blu-ray/DVD снимачот со телевизорот.

[53] Користење на телевизорот со други уредиBluetooth-уреди (како што се Bluetooth-слушалки)Поддржани Bluetooth профили

Телевизорот ги поддржува следниве профили:

  • HID (Профил за уред за човечки интерфејс)
  • HOGP (Профил HID преку GATT)
  • A2DP (Профил за дистрибуција на напредно аудио)
  • AVRCP (Профил за далечински управувач на аудио/видео)
  • SPP (Профил за сериски приклучок)

[54] Користење на телевизорот со други уредиПриспособување на поставките за синхронизирање АV

Ако е поврзан аудио уред со Bluetooth, може да има несовпаѓање помеѓу звукот и сликата поради карактеристиките на Bluetooth. Несовпаѓањето помеѓу сликата и звукот може да го приспособите со поставката A/V синхронизација. (Само за модели што поддржуваат Bluetooth A2DP, коишто може да користат аудио уреди за Bluetooth.)

Моделите што поддржуваат Bluetooth A2DP коишто можат да користат аудио уреди за Bluetooth имаат [A/V синхронизација] во [Поставки] — [Слика и звук] — [Аудио излез].

  1. Притиснете го копчето (Брзи поставки) на далечинскиот управувач, а потоа изберете [Поставки] — [Слика и звук] — [Аудио излез] — [A/V синхронизација] — саканата опција.


Совет

  • Исто така, може да го приспособите и тајмингот за излез на сликата и звукот доколку со HDMI кабел е поврзан одреден звучен систем. За детали поврзани со поддржаните модели, погледнете ја интернет-страницата за поддршка.

Белешка

  • Во зависност од поврзаниот аудио уред со Bluetooth, сликата и звукот може да не се совпаѓаат дури и кога поставката [A/V синхронизација] е поставена на [Автоматски].
  • За да се спречи прикажување црн екран на телевизорот веднаш после вклучување на телевизорот, кога звучникот во вид на лента е приклучен безжично (Bluetooth), поставете ја поставката [A/V синхронизација] на [Автоматски].
  • Ако [Режим на слика] е поставен на една од опциите наведени подолу, тајмингот за прикажување на сликата и звукот не се подеднакво приспособени кога поставката [A/V синхронизација] е поставена на [Автоматски].
    • [Игри]
    • [Графика]
    • [Фотографија]
    За да ги приспособите поставките за синхронизирање [A/V синхронизација] кога е во некој од овие режими, изберете [Вклучено].
  • Можеби телевизорот ќе реагира побавно додека играте видео игри затоа што поставката за [A/V синхронизација] придонесува уште повеќе за несовпаѓање на тајмингот за излез на сликата. За игри кај кои времето на реакција е од големо значење, не препорачуваме да користите Bluetooth-уред, туку препорачуваме да ги користите звучниците на телевизорот или звучникот во вид на лента со кабелска (HDMI кабел/дигитален оптички кабел) врска.

[55] Користење на телевизорот со други уредиУреди компатибилни со CECCEC преглед

Ако е поврзан уред компатибилен со CEC (на пр. Blu-ray-плеер, АV-приемник) со кабел HDMI, можете да ракувате со уредот преку далечинскиот управувач на телевизорот.

Илустрација на управување на BRAVIA Sync-компатибилен уред

[56] Користење на телевизорот со други уредиУреди компатибилни со CECКористење функции достапни кај уреди компатибилни со CEC

За ракување со уредите компатибилни со CEC од телевизорот, користете го копчето (Избор на влез) за избирање на уредот со којшто сакате да ракувате.

Blu-ray/DVD плеер

  • Автоматски го вклучува телевизорот и го префрлува влезот на поврзаниот Blu-ray/DVD плеер кога плеерот ќе почне да емитува.
  • Автоматски го исклучува поврзаниот Blu-ray/DVD плеер кога ќе го исклучите телевизорот.
  • Овозможува операции, како операции со менито и репродукција со копчињата (Горе) / (Долу) / (Лево) / (Десно) на далечинскиот управувач на телевизорот.

AV-приемник

  • Автоматски го вклучува поврзаниот АV-приемник и го префрла излезот на звук од звучниците на телевизорот на аудио системот кога ќе го вклучите телевизорот. Оваа функција е достапна само ако претходно сте го користеле АV-приемникот за излез на звукот од телевизорот.
  • Автоматски го префрла излезот на звук на АV-приемникот кога ќе се вклучи АV-приемникот или кога ќе се вклучи телевизорот.
  • Автоматски го исклучува поврзаниот АV-приемник кога ќе го исклучите телевизорот.
  • Ја приспособува јачината на звукот (копчиња (Јачина на звук) +/-) и го исклучува звукот (копче (Исклучи звук)) на поврзаниот АV-приемник преку далечинскиот управувач на телевизорот.

Видеокамера

  • Автоматски го вклучува телевизорот и го префрла влезот на поврзаната видеокамера кога ќе ја вклучите видеокамерата.
  • Автоматски ја исклучува поврзаната видеокамера кога ќе го исклучите телевизорот.
  • Овозможува операции, како операции со менито и репродукција со копчињата (Горе) / (Долу) / (Лево) / (Десно) на далечинскиот управувач на телевизорот.

Белешка

  • CEC Control“ (CEC) е достапно само за поврзани уреди што се компатибилни со CEC.

[57] Користење на телевизорот со други уредиУреди компатибилни со CECПрилагодување на поставките за CEC

Кога CEC е поставен, ќе може да исклучите поврзан уред со телевизорот или да поставите уред поврзан преку HDMI-кабел за ракување со далечинскиот управувач на телевизорот.

  1. Вклучете го поврзаниот уред.
  2. За да се овозможи [CEC Control], притиснете го копчето (Брзи поставки) на далечинскиот управувач, потоа изберете [Поставки] — [Канали & Влезови] — [Надворешни влезови] — [Поставки за CEC] — [CEC Control].
  3. Активирајте го CEC на поврзаниот уред.
    Кога е вклучен и поврзан одреден уред компатибилен со Sony CEC и кога е овозможено [CEC Control], CEC се активира автоматски на тој уред. За подетални информации, погледнете го упатството за користење поврзаниот уред.

Достапни опции

Долу се прикажани достапните опции. (Опциите се разликуваат зависно од моделот/регионот/земјата.)


[Автоматско исклучување на уреди]

Ако е исклучено, приклучениот уред нема да се исклучи автоматски кога ќе се исклучи телевизорот.


[Автоматско вклучување на телевизорот]

Ако е исклучено, телевизорот нема да се вклучи автоматски кога ќе се вклучи приклучениот уред.


[Листа со CEC уреди]

Ја прикажува листата со CEC уреди.

[58] Користење на телевизорот со други уредиПрегледување слики во 4K од компатибилни уредиГледање слики во резолуција 4K

Можете да приклучите дигитален фотоапарат/видеокамера што поддржува HDMI 4K излез со HDMI IN на телевизорот за да ги прикажувате фотографиите со висока резолуција зачувани во фотоапаратот. Може да прикажувате и фотографии со висока резолуција зачувани на поврзани USB-уреди. Слика со резолуција 4K или поголема може да се прикажува во резолуцијата 4K (3 840 × 2 160).


Достапноста на функцијата зависи од регионот/земјата.

Илустрација на слики од разни уреди прикажани на телевизорот

(A) Дигитален фотоапарат

(B) Видеокамера

(C) USB уред

За да гледате слики зачувани на уред USB или на мрежен уред во резолуција 4K

  1. Приклучете го USB уредот или мрежниот уред во телевизорот.

  2. Притиснете го копчето (ПОЧЕТЕН ЕКРАН) и изберете Апликации од почетното мени, а потоа изберете [Медија плеер].

    Ако доставениот далечински управувач има копче APPS, може да го притиснете копчето APPS.

  3. Изберете го името на USB-уредот или името на мрежниот уред.

  4. Изберете ја папката, а потоа изберете ја датотеката за репродукција.

За да гледате слики зачувани на дигитален фотоапарат/видеокамера

  1. Приклучете дигитален фотоапарат или видеокамера што поддржува HDMI излез во HDMI IN приклучокот на телевизорот со HDMI кабел.

  2. Притиснете го копчето (Избор на влез) неколку пати за да го изберете поврзаниот уред.

  3. Поставете го поврзаниот уред на излез 4K.

  4. Стартувајте го емитувањето од поврзаниот уред.

За да ги проверите поддржаните формати на датотека


За да гледате слики во резолуција 4K со повисок квалитет

Можете да го поставите Формат на HDMI сигнал на Подобрен формат за да гледате слики во резолуција 4K со повисок квалитет.

За информации за Подобрен формат или за менување на поставките, видете на страницата Поставки за гледање слики преку влезот HDMI со повисок квалитет.


Белешка

  • Не може да се прикаже 3D-слика.
  • Ако ја менувате сликата притискајќи ги копчињата (Лево) / (Десно), можеби ќе помине малку време пред таа да се прикаже.

[59] Користење на телевизорот со други уредиПрегледување слики во 4K од компатибилни уредиПоставки за гледање слики преку влезот HDMI со повисок квалитет

За приказ на слика од уред поврзан со HDMI влезен терминал во HDMI со повисок квалитет*1, поставете [Формат на HDMI сигнал/VRR] во [Надворешни влезови].

*1 Како на пример 4K 100/120 Hz, 4K 60p 4:2:0 10-битен, 4K 60p 4:4:4 или 4:2:2

Формат на HDMI сигнал

За да ја смените поставката за форматот на сигналот, HDMI притиснете го копчето (Брзи поставки) на далечинскиот управувач, а потоа изберете [Поставки] — [Канали & Влезови] — [Надворешни влезови] — [Формат на HDMI сигнал/VRR] — го HDMI влезот што сакате да го поставите.

Следете ги упатствата на екранот и поставете го форматот на сигналот HDMI за влезниот терминал HDMI во соодветниот формат подолу. Достапните формати на сигналот HDMI зависат од вашиот модел и влезот HDMI.

  • Стандарден формат
  • Подобрен формат (ALLM)
  • Подобрен формат (Напредно)

Белешка

  • Поддршката за приказот на сликата од 4K 100/120 Hz зависи од моделот/регионот/земјата.
  • Поддршката за функцијата Променлива брзина на освежување (VRR) зависи од моделот.
  • Кога користите Подобрен формат (ALLM), сликата и звукот може да не се прикажуваат правилно. Во тој случај, поврзете го уредот со HDMI IN што е во [Стандарден формат] или сменете го форматот на сигналот HDMI на HDMI IN во [Стандарден формат].
  • Поставете Подобрен формат (ALLM) само кога користите компатибилни уреди.
  • Кога гледате слика 4K со висок квалитет, користете кабел Premium High Speed HDMI™ Cable(s) што поддржува брзина од 18 Gbps. За детали за кабелот Premium High Speed HDMI™ Cable(s) што поддржува 18 Gbps видете во спецификациите на кабелот.
  • За приказ на слика од 4K 100/120 Hz, потребен е Ultra High Speed HDMI™ Cable што поддржува 48 Gbps. Погледнете ги спецификациите на кабелот за да дознаете дали кабелот поддржува 48 Gbps.

[60] Користење на телевизорот со други уреди Водич за поврзување на BRAVIA

Описите за уредите што се поврзуваат со телевизорот се исто така достапни на интернет-страницата за поддршка на Sony. Погледнете таму по потреба.

https://www.sony.net/tv_connectivity_guide/

QR код за интернет-страницата за поддршка на Sony

https://www.sony.net/tv_connectivity_guide/

[61] Користење на телевизорот со други уредиПоддржани датотеки и форматиФотографии

За да уживате во гледањето фотографии, можеби ќе треба да го ажурирате софтверот на телевизорот.


Случај на користење: USB

Формат на датотеките Наставка
JPEG *.jpg / *.jpeg
PNG *.png
BMP *.bmp
GIF *.gif
WebP *.webp
HEIF (HEIC) *.heic / *.heif / *.hif

Други поддржани датотеки и формати

[62] Користење на телевизорот со други уредиПоддржани датотеки и форматиМузика

Случај на користење: USB

Аудио-кодек Брзина на семплување Формат/Наставка на датотека Напомени
MPEG1/2 Layer1 16 kHz ~ 48 kHz MP3 (.mp3)
AVI (.avi)
ASF (.asf)
WMV (.wmv)
MKV (.mkv, .mka)
3GPP (.3gpp, .3gp)
MP4 (.mp4, .mov, .m4a)
MPEG transport stream (.ts, .trp, .tp)
MPEG program stream (.DAT, .VOB, .MPG, .MPEG)
FLV (.flv)
OGM (.ogm)
MPEG1/2 Layer2 16 kHz ~ 48 kHz MP3 (.mp3)
AVI (.avi)
ASF (.asf)
WMV (.wmv)
MKV (.mkv, .mka)
3GPP (.3gpp, .3gp)
MP4 (.mp4, .mov, .m4a)
MPEG transport stream (.ts, .trp, .tp)
MPEG program stream (.DAT, .VOB, .MPG, .MPEG)
FLV (.flv)
OGM (.ogm)
MPEG1/2/2.5 Layer3 8 kHz ~ 48 kHz MP3 (.mp3)
AVI (.avi)
ASF (.asf)
WMV (.wmv)
MKV (.mkv, .mka)
3GPP (.3gpp, .3gp)
MP4 (.mp4, .mov, .m4a)
MPEG transport stream (.ts, .trp, .tp)
MPEG program stream (.DAT, .VOB, .MPG, .MPEG)
FLV (.flv)
OGM (.ogm)
AC3 (DD) 32 kHz, 44,1 kHz, 48 kHz AC3 (.ac3)
AVI (.avi)
MKV (.mkv, .mka)
3GPP (.3gpp, .3gp)
MP4 (.mp4, .mov, .m4a)
MPEG transport stream (.ts, .trp, .tp)
MPEG program stream (.DAT, .VOB, .MPG, .MPEG)
WMV (.wmv)
ASF (.asf)
OGM (.ogm)
EAC3 (DDP) 32 kHz, 44,1 kHz, 48 kHz EAC3 (.ec3) Dolby MS12
AVI (.avi)
MKV (.mkv, .mka)
3GPP (.3gpp, .3gp)
MP4 (.mp4, .mov, .m4a)
MPEG transport stream (.ts, .trp, .tp)
MPEG program stream (.DAT, .VOB, .MPG, .MPEG)
WMV (.wmv)
ASF (.asf)
OGM (.ogm)
AAC-LC, HEAAC 8 kHz ~ 48 kHz AAC (.aac)
AVI (.avi)
MKV (.mkv, .mka)
3GPP (.3gpp, .3gp)
MP4 (.mp4, .mov, .m4a)
MPEG transport stream (.ts, .trp, .tp)
MPEG program stream (.DAT, .VOB, .MPG, .MPEG)
FLV (.flv)
WAV (.wav)
WMV (.wmv)
ASF (.asf)
OGM (.ogm)
VORBIS До 192 kHz MKV (.mkv, .mka) Поддржува само стерео декодирање
WebM (.webm)
3GPP (.3gpp, .3gp)
MP4 (.mp4, .mov, .m4a)
Ogg (.ogg)
WMV (.wmv)
ASF (.asf)
AVI (.avi)
DTS Core До 48 kHz MPEG transport stream (.ts, .trp, .tp)
MPEG program stream (.DAT, .VOB, .MPG, .MPEG)
WAV (.wav)
MKV (.mkv, .mka)
3GPP (.3gpp, .3gp)
MP4 (.mp4, .mov, .m4a)
AVI (.avi)
OGM (.ogm)
DTS (.dts)
DTS LBR 44,1 kHz, 48 kHz MP4 (.mp4, .mov, .m4a)
3GPP (.3gpp, .3gp)
MPEG transport stream (.ts, .trp, .tp)
MKV (.mkv, .mka)
DTS XLL До 192 kHz MPEG transport stream (.ts, .trp, .tp)
MP4 (.mp4, .mov, .m4a)
3GPP (.3gpp, .3gp)
MKV (.mkv, .mka)
DTS Master Audio До 48 kHz MPEG transport stream (.ts, .trp, .tp)
MP4 (.mp4, .mov, .m4a)
3GPP (.3gpp, .3gp)
MKV (.mkv, .mka)
DTS:X(P1) 48 kHz MPEG transport stream (.ts, .trp, .tp)
MP4 (.mp4, .mov, .m4a)
3GPP (.3gpp, .3gp)
MKV (.mkv, .mka)
LPCM 8 kHz ~ 192 kHz WAV (.wav)
AVI (.avi)
MKV (.mkv, .mka)
3GPP (.3gpp, .3gp)
MP4 (.mp4, .mov, .m4a)
MPEG transport stream (.ts, .trp, .tp)
MPEG program stream (.DAT, .VOB, .MPG, .MPEG)
WMV (.wmv)
ASF (.asf)
FLV (.flv)
OGM (.ogm)
IMA-ADPCM 8 kHz ~ 48 kHz WAV (.wav)
MS-ADPCM 8 kHz ~ 48 kHz AVI (.avi)
MKV (.mkv, .mka)
OGM (.ogm)
G711 A/mu-law 8 kHz ~ 48 kHz WAV (.wav)
AVI (.avi)
MKV (.mkv, .mka)
FLV (.flv)
FLAC 8 kHz ~ 192 kHz MKV (.mkv, .mka)
FLAC (.flac)
3GPP (.3gpp, .3gp)
MP4 (.mp4, .mov, .m4a)
OPUS 8 kHz ~ 48 kHz MKV (.mkv, .mka)
WebM (.webm)
Ogg (.ogg)
AC4 48 kHz MPEG transport stream (.ts, .trp, .tp) Dolby MS12
3GPP (.3gpp, .3gp)
MP4 (.mp4, .mov, .m4a)
AC4 (.ac4)
Fraunhofer MPEG-H TV Audio System 32 kHz, 44,1 kHz, 48 kHz 3GPP (.3gpp, .3gp)
MP4 (.mp4, .mov, .m4a)
AMR-NB 8 kHz 3GPP (.3gpp, .3gp)
MP4 (.mp4, .mov, .m4a)
MKV (.mkv, .mka)
WebM (.webm)
AVI (.avi)
AMR-WB 16 kHz 3GPP (.3gpp, .3gp)
MP4 (.mp4, .mov, .m4a)
MKV (.mkv, .mka)
WebM (.webm)
AVI (.avi)
DRA 8 kHz ~ 96 kHz MPEG transport stream (.ts, .trp, .tp)

Други поддржани датотеки и формати

[63] Користење на телевизорот со други уредиПоддржани датотеки и форматиВидео-записи

Случај на користење: USB

MPEG1 (*.mpg / *.mpe / *.mpeg)

Вид титли : Надворешно

Видео-кодек (Profile@Level) Аудио-кодек Макс. / Мин. резолуција Макс. брзина на кадри
MPEG1 MPEG1L2 720 x 576@30fps 720 x 576@30fps

MPEG2PS (*.mpg / *.mpe / *.mpeg)

Вид титли : Надворешно

Видео-кодек (Profile@Level) Аудио-кодек Макс. / Мин. резолуција Макс. брзина на кадри
MPEG2 MP@HL MPEG1L1 / MPEG1L2 / LPCM / AC3 1 920 x 1 080 / QCIF (176 x 144) 1 920 x 1 080@30fps / 1 280 x 720@60fps

MP4 (*.mp4)

Вид титли : Надворешно

Видео-кодек (Profile@Level) Аудио-кодек Макс. / Мин. резолуција Макс. брзина на кадри
AVC / H.264 MP@L4.2, HP@L4.2 AAC-LC / HE-AAC v1 / HE-AAC v2 / AC3 / E-AC3 / AC4 / MPEG1L1 / MPEG1L2 1 920 x 1 080 / QCIF (176 x 144) 1 920 x 1 080@60fps
MPEG4 SP@L6, ASP@L5 AAC-LC / HE-AAC v1 / HE-AAC v2 / AC3 / E-AC3 / MPEG1L1 / MPEG1L2 1 920 x 1 080 / QCIF (176 x 144) 1 920 x 1 080@30fps / 1 280 x 720@60fps
AVC / H.264 MP@L5.2, HP@L5.2 *1 AAC-LC / HE-AAC v1 / HE-AAC v2 / AC3 / E-AC3 / AC4 / LPCM 3 840 x 2 160 / QCIF (176 x 144) 3 840 x 2 160@60p / 1 920 x 1 080@60fps
HEVC / H.265 MP@L5.1, Main10@L5.1 AAC-LC / HE-AAC v1 / HE-AAC v2 / AC3 / AC4 / E-AC3 3 840 x 2 160 / QCIF (176 x 144) 3 840 x 2 160@60p / 1 920 x 1 080@60fps

*1 Оваа линија го вклучува случајот на користење на форматот XAVC S. Максималната поддржана брзина на битови за XAVC S е 100 Mbps.

avi (*.avi)

Вид титли : Надворешно

Видео-кодек (Profile@Level) Аудио-кодек Макс. / Мин. резолуција Макс. брзина на кадри
Motion JPEG μ-LAW / PCM (U8) / PCM (S16LE) 1 280 x 720 / QCIF (176 x 144) 1 280 x 720@30fps

MKV (*.mkv)

Вид титли : Внатрешно / Надворешно

Видео-кодек (Profile@Level) Аудио-кодек Макс. / Мин. резолуција Макс. брзина на кадри
AVC / H.264 MP@L4.2, HP@L4.2 AC3 / AAC-LC / E-AC3 / HE-AAC v1 / HE-AAC v2 / MPEG1L1 / MPEG1L2 / Vorbis 1 920 x 1 080 / QCIF (176 x 144) 1 920 x 1 080@60fps
MPEG4 SP@L6, ASP@L5 AC3 / AAC-LC / E-AC3 / HE-AAC v1 / HE-AAC v2 / MPEG1L1 / MPEG1L2 / Vorbis 1 920 x 1 080 / QCIF (176 x 144) 1 920 x 1 080@30fps / 1 280 x 720@60fps
VP8 AC3 / AAC-LC / E-AC3 / HE-AAC v1 / HE-AAC v2 / MPEG1L1 / MPEG1L2 / Vorbis 1 920 x 1 080 / QCIF (176 x 144) 1 920 x 1 080@30fps / 1 280 x 720@60fps
VP9 Profile 0, Profile 2 AC3 / AAC-LC / E-AC3 / HE-AAC v1 / HE-AAC v2 / MPEG1L1 / MPEG1L2 / Vorbis 3 840 x 2 160 / QCIF (176 x 144) 3 840 x 2 160@60fps
AVC / H.264 MP@L5.2, HP@L5.2 AC3 / AAC-LC / E-AC3 / HE-AAC v1 / HE-AAC v2 3 840 x 2 160 / QCIF (176 x 144) 3 840 x 2 160@60p / 1 920 x 1 080@60fps
HEVC / H.265 MP@L5.1, Main10@L5.1 AC3 / AAC-LC / E-AC3 / HE-AAC v1 / HE-AAC v2 3 840 x 2 160 / QCIF (176 x 144) 3 840 x 2 160@60p / 1 920 x 1 080@60fps

3gpp (*.3gp / *.3g2)

Вид титли : Надворешно

Видео-кодек (Profile@Level) Аудио-кодек Макс. / Мин. резолуција Макс. брзина на кадри
MPEG4 SP@L6, ASP@L5 AAC-LC / HE-AAC v1 / HE-AAC v2 / AC3 / E-AC3 / MPEG1L1 / MPEG1L2 1 920 x 1 080 / QCIF (176 x 144) 1 920 x 1 080@30fps / 1 280 x 720@60fps
AVC / H.264 MP@L4.2, HP@L4.2 AAC-LC / HE-AAC v1 / HE-AAC v2 / AC3 / E-AC3 / MPEG1L1 / MPEG1L2 1 920 x 1 080 / QCIF (176 x 144) 1 920 x 1 080@60fps

MOV (*.mov)

Вид титли : Надворешно

Видео-кодек (Profile@Level) Аудио-кодек Макс. / Мин. резолуција Макс. брзина на кадри
AVC / H.264 MP@L4.2, HP@L4.2 AAC-LC / HE-AAC v1 / HE-AAC v2 / AC3 / E-AC3 / MPEG1L1 / MPEG1L2 / μ-LAW / PCM (U8) / PCM (S16BE) / PCM (S16LE) 1 920 x 1 080 / QCIF (176 x 144) 1 920 x 1 080@60fps
MPEG4 SP@L6, ASP@L5 AAC-LC / HE-AAC v1 / HE-AAC v2 / AC3 / E-AC3 / MPEG1L1 / MPEG1L2 / μ-LAW / PCM (U8) / PCM (S16BE) / PCM (S16LE) 1 920 x 1 080 / QCIF (176 x 144) 1 920 x 1 080@30fps / 1 280 x 720@60fps

WebM (*.webm)

Вид титли : Надворешно

Видео-кодек (Profile@Level) Аудио-кодек Макс. / Мин. резолуција Макс. брзина на кадри
VP8 Vorbis 1 920 x 1 080 / QCIF (176 x 144) 1 920 x 1 080@30fps / 1 280 x 720@60fps
VP9 Profile 0, Profile 2 Vorbis 3 840 x 2 160 / QCIF (176 x 144) 3 840 x 2 160@60fps

MEG2TS (*.ts / *.trp / *.tp)

Видео-кодек Видео профил Аудио-кодек Макс. Резолуција / Брзина на кадри
AVC/H.264

Baseline, Main, High, High(10‑битен) профил до ниво 5.2


За Baseline профил, не се поддржуваат FMO, ASO и redundant slice

MPEG1L1 / MPEG2L1 / MPEG1L3 / MPEG2L3 / MPEG2.5L3 / AC3(DD) / EAC3(DDP) / AAC-LC, HEAAC / DTS Core / DTS LBR / DTS XLL / DTS Master Audio / DTS:X(P1) / DTS:X(P1) / LPCM / AC4 / DRA

3 840 x 2 160@60fps

1 920 x 1 080@120fps

HEVC/H.265 Main(8‑битен)/Main10(10‑битен) профил, High Tier на ниво 5.1 MPEG1L1 / MPEG2L1 / MPEG1L3 / MPEG2L3 / MPEG2.5L3 / AC3(DD) / EAC3(DDP) / AAC-LC, HEAAC / DTS Core / DTS LBR / DTS XLL / DTS Master Audio / DTS:X(P1) / DTS:X(P1) / LPCM / AC4 / DRA

3 840 x 2 160@60fps

1 920 x 1 080@120fps

MPEG1/2 MPEG2: MP@HL MPEG1L1 / MPEG2L1 / MPEG1L3 / MPEG2L3 / MPEG2.5L3 / AC3(DD) / EAC3(DDP) / AAC-LC, HEAAC / DTS Core / DTS LBR / DTS XLL / DTS Master Audio / DTS:X(P1) / DTS:X(P1) / LPCM / AC4 / DRA

MPEG1:

720 x 576@30fps


MPEG2:

3 840 x 2 160@30fps

1 920 x 1 080@120fps

MPEG4 Simple профил, Advanced Simple профил на ниво 5, GMC поддржува само една точка MPEG1L1 / MPEG2L1 / MPEG1L3 / MPEG2L3 / MPEG2.5L3 / AC3(DD) / EAC3(DDP) / AAC-LC, HEAAC / DTS Core / DTS LBR / DTS XLL / DTS Master Audio / DTS:X(P1) / DTS:X(P1) / LPCM / AC4 / DRA 1 920 x 1 080@60fps

Други поддржани датотеки и формати

[64] Користење на телевизорот со други уредиПоддржани датотеки и форматиБрзини на семплирање звук (за видеоснимки)

Аудио-кодек Брзина на семплување
MPEG1/2 Layer1 16 kHz ~ 48 kHz
MPEG1/2 Layer2 16 kHz ~ 48 kHz
MPEG1/2/2.5 Layer3 8 kHz ~ 48 kHz
AC3 (DD) 32 kHz, 44,1 kHz, 48 kHz
EAC3 (DDP) 32 kHz, 44,1 kHz, 48 kHz
AAC-LC, HEAAC 8 kHz ~ 48 kHz
WMA 8 kHz ~ 48 kHz
WMA 10 Pro M0 8 kHz ~ 48 kHz
WMA 10 Pro M1 8 kHz ~ 48 kHz
WMA 10 Pro M2 8 kHz ~ 96 kHz
VORBIS До 192 kHz
DTS Core До 48 kHz
DTS LBR 44,1 kHz, 48 kHz
DTS XLL До 192 kHz
DTS Master Audio До 48 kHz
DTS:X(P1) 48 kHz
LPCM 8 kHz ~ 192 kHz
IMA-ADPCM 8 kHz ~ 48 kHz
MS-ADPCM 8 kHz ~ 48 kHz
G711 A/mu-law 8 kHz ~ 48 kHz
FLAC 8 kHz ~ 192 kHz
OPUS 8 kHz ~ 48 kHz
AC4 48 kHz
Fraunhofer MPEG-H TV Audio System 32 kHz, 44,1 kHz, 48 kHz
AMR-NB 8 kHz
AMR-WB 16 kHz
DRA 8 kHz ~ 96 kHz

За вредности во опсег се поддржуваат само стандардни брзини на семплување.

Други поддржани датотеки и формати

[65] Користење на телевизорот со други уредиПоддржани датотеки и форматиНадворешни титли

Случај на користење: USB

Формат на датотеките Наставка
SubStation Alpha *.ass / *.ssa
SubRip *.srt
SAMI *.smi
SubIdx (VobSub) *.sub

Други поддржани датотеки и формати

[66] Користење на телевизорот со други уредиДостапни уреди и поставки

USB уреди

Емитување содржини зачувани на USB уред

Информации за USB уреди за чување фотографии и музика

ТВ-приемник, Blu-ray и DVD-уред

Поврзување ТВ-приемник, Blu-ray или DVD-уред

Гледање Blu-ray и DVD дискови

Паметни телефони и таблети

Прикажување на екранот на апликацијата од iPhone/паметен телефон или iPad/таблет на телевизорот

Апликација BRAVIA Connect

Компјутери, фотоапарати и видеокамери

Поврзување на компјутер и гледање зачувани содржини

Поврзување на фотоапарат или видеокамера и гледање зачувани содржини

Спецификации на компјутерскиот видео сигнал

Аудио систем (како AV-приемник или звучник во вид на лента)

Излез на аудио од аудио систем

Поврзување аудио систем

Приспособување аудио систем

Аудиоформати

Пристап до поставките на аудио системот

Уред за играње видео-игри

Конзоли за видеоигри

Уреди со Bluetooth

Поврзување Bluetooth-уред (како што се Bluetooth-слушалки)

Поддржани Bluetooth профили

Поставки за синхронизирање AV

Приспособување на поставките за синхронизирање АV

Уреди компатибилни со CEC

CEC преглед

Користење функции достапни кај уреди компатибилни со CEC

Прилагодување на поставките за CEC

Прегледување слики во 4K од компатибилни уреди

Гледање слики во резолуција 4K

Поставки за гледање слики преку влезот HDMI со повисок квалитет

Поврзување на телевизорот со уреди

Водич за поврзување на BRAVIA

Поддржани датотеки и формати

Фотографии

Музика

Видео-записи

Брзини на семплирање звук (за видеоснимки)

Надворешни титли

[67] Поврзување со мрежаПоврзување на мрежа со помош на LAN кабел

Жиченото поврзување со LAN ви овозможува пристап до интернет.

Осигурете се дека ќе бидете поврзани со интернет преку рутер.

Илустрација на начинот на поврзување

(A) Кабел за LAN

(B) Компјутер

(C) Рутер

(D) Модем

(E) Интернет

  1. Поставете го вашиот LAN рутер.

    За детали, погледнете го упатството за користење на вашиот LAN рутер или стапете во контакт со лицето кое ја поставило мрежата (администратор на мрежата).

Белешка

  • Од безбедносни причини, особено се препорачува да го поврзете телевизорот на интернет преку рутер/модем што има функционалност на рутер. Директното поврзување на телевизорот со интернет може да го изложи на безбедносни ризици, како екстракција или менување на содржината или личните информации.
    Контактирајте со давателот на услуги или мрежниот администраторот за да потврдите дека вашата мрежа има функционалност на рутер.
  • Потребните мрежни поставки може да се различни, зависно од операторот или рутерот. За детали, погледнете ги упатствата за употреба испорачани од интернет провајдерот или оние испорачани со рутерот. Исто така, можете да стапите во контакт со лицето кое ја поставило мрежата (администратор на мрежата).
  • Брзината на поврзување може да се разликува зависно од работната средина на мрежата. Стапката и квалитетот на комуникацијата не се загарантирани.

[68] Поврзување со мрежаПоврзување со мрежа со користење на Wi-Fi

Вградениот уред за безжична LAN врска ви овозможува пристап до интернет и уживање во придобивките на мрежно работење во околина без кабли.

Илустрација на начинот на поврзување

(A) Компјутер

(B) Безжичен рутер

(C) Модем

(D) Интернет

  1. Поставете го вашиот безжичен рутер.

    За детали, погледнете го упатството за користење на вашиот безжичен рутер или стапете во контакт со лицето кое ја поставило мрежата (администратор на мрежата).

  2. Притиснете го копчето (Брзи поставки) на далечинскиот управувач, а потоа изберете [Поставки] — [Мрежа и интернет].
  3. Изберете ја мрежата со којашто сакате да се поврзете и поставете ја лозинката.

За да го исклучите вградениот уред за безжична LAN врска

  1. За да го оневозможите [Wi-Fi], притиснете го копчето (Брзи поставки) на далечинскиот управувач, а потоа изберете [Поставки] — [Мрежа и интернет] — [Wi-Fi].

Совет

  • За течно стримување видео:
    • Сменете ги поставките на вашиот безжичен рутер на стандард за мрежно поврзување со голема брзина, како, на пр., 802.11n, 802.11ac или 802.11ax ако е можно.
      За детали за тоа како да ја промените поставката, погледнете го упатството за користење на вашиот безжичен рутер или стапете во контакт со лицето кое ја поставило мрежата (администратор на мрежата).
    • Ако со горната постапка не се постигне подобрување, променете ја поставката на вашиот безжичен рутер на 5 GHz/6 GHz, што може да помогне во подобрувањето на квалитетот на стримувањето видео.
    • Фреквенцијата од 5 GHz/6 GHz може да не е поддржана во зависност од вашиот регион/држава. Ако фреквенцијата од 5 GHz/6 GHz не е поддржана, телевизорот може да се поврзе со безжичен рутер само користејќи ја фреквенцијата од 2,4 GHz.

Белешка

  • Од безбедносни причини, особено се препорачува да го поврзете телевизорот на интернет преку рутер/модем што има функционалност на рутер. Директното поврзување на телевизорот со интернет може да го изложи на безбедносни ризици, како екстракција или менување на содржината или личните информации.
    Контактирајте со давателот на услуги или мрежниот администраторот за да потврдите дека вашата мрежа има функционалност на рутер.
  • Потребните мрежни поставки може да се различни, зависно од операторот или рутерот. За детали, погледнете ги упатствата за употреба испорачани од интернет провајдерот или оние испорачани со рутерот. Исто така, можете да стапите во контакт со лицето кое ја поставило мрежата (администратор на мрежата).
  • Ако не ја означите опцијата [Скриј ја лозинката] на екранот за внесување лозинка, прикажаната лозинка може да ја видат и други лица.

[69] ПоставкиКористење на Брзи поставки

Доколку го притиснете копчето (Брзи поставки) на далечинскиот управувач, ќе може брзо да пристапите до функциите, како [Режим на слика], [Тајмер за исклучување] и [Исклучена слика] на тековниот екран. Исто така може да прикажете [Поставки] од [Брзи поставки].

Белешка

  • Менијата што се прикажуваат во поставките на телевизорот се разликуваат, во зависност од моделот/регионот/земјата.

Илустрација на брзите поставки прикажани на телевизискиот екран

  1. Притиснете го копчето (Брзи поставки) на далечинскиот управувач.
  2. Поместете го фокусот за да ја промените поставка или изберете ја.

За да ги промените поставките што се прикажани

  1. Притиснете го копчето (Брзи поставки) на далечинскиот управувач.

  2. Поместете го фокусот кон лево или кон десно и изберете (Уреди).

  3. Изберете ја саканата поставка.

  4. Изберете [Затвори].

Совет

  • За да го смените редоследот или да сокриете прикажана ставка, притиснете го и задржете го копчето (Влез) на далечинскиот управувач кога таа ставка ви е нагласена и ќе се прикажат [Помести] и [Скриј]. Ако изберете [Помести], користете (Лево) / (Десно) на далечинскиот управувач за да ја преместите ставката на саканата позиција, а потоа притиснете го копчето (Влез) на далечинскиот управувач.

[70] ПоставкиКористење на Еко контролна табла

Може да конфигурирате различни поставки за да ја намалите потрошувачката на енергија, како на пр. Заштеда на енергија.

Исто така, може да ги проверите описите на функциите додека ги поставувате.

Белешка

  • Менијата што се прикажуваат во поставките на телевизорот се разликуваат, во зависност од моделот/регионот/земјата.
  1. Притиснете го копчето (Брзи поставки) на далечинскиот управувач и изберете [Еко контролна табла].

    Илустрација на брзите поставки прикажани на телевизискиот екран

  2. Во прикажаното мени, поместувајте го фокусот налево или надесно и изберете ја саканата поставка.

    Илустрација на ТВ екранот со прикажана табла Eco Dashboard

[71] Поставки Канали & Влезови

Може да ги конфигурирате поставките за телевизиски преноси и надворешни уреди кои се поврзани со телевизорот, меѓу кои и за [Канали], што ви овозможува да ги конфигурирате оптималните поставки за канал за вашата област.

Белешка

  • Менијата што се прикажуваат во поставките на телевизорот се разликуваат, во зависност од моделот/регионот/земјата.

  1. Притиснете го копчето (Брзи поставки) на далечинскиот управувач, потоа изберете [Поставки] — [Канали & Влезови] — саканата опција.

Достапни опции


[Канали]

Ги конфигурира поставките поврзани со примањето емитувани програми. Можете да конфигурирате и поставки поврзани со примањето сателитски емитувани програми.


[Преференци на каналот]

Ги конфигурира [Поставки за превод], [Аудио поставки (Емитување)] и [Ажурирање на Водичот во режим на подготвеност / режим на мрежна подготвеност].


[Надворешни влезови]

Ги конфигурира поставките на надворешните влезови и CEC.

За детали во врска со CEC, погледнете во CEC преглед.

  • [Кратенка на TV копче]

    Конфигурира што ќе се отвори по притискање на копчето TV на далечинскиот управувач.


[Информативен прозорец]

Прикажува program информации за програмата кога се менува канал.


[Поставки за снимање]

Ги конфигурира поставките на USB HDD уредите за снимање. (Оваа опција може да не е достапна, зависно од вашиот модел/регион/земја.)


[72] ПоставкиСлика и звук

Режимите за квалитет на сликата и на звукот може да ги поставите да бидат соодветни на содржината што ја гледате, како и детални поставки како што се осветленоста што ја сакате и баланост на звукот меѓу левата и десната страна.

Белешка

  • Менијата што се прикажуваат во поставките на телевизорот се разликуваат, во зависност од моделот/регионот/земјата.

  1. Притиснете го копчето (Брзи поставки) на далечинскиот управувач, потоа изберете [Поставки] — [Слика и звук] — саканата опција.

Достапни опции


[Слика]

Ги конфигурира поставките на екранот што го приспособуваат квалитетот на сликата, како осветленост на екранот.

За да го прилагодите квалитетот на сликата согласно вашите претпочитања, погледнете ја страницата Приспособување на квалитетот на сликата .


[Екран]

Ги конфигурира големината и положбата на екранот.


[Звук]

Ги конфигурира поставките што го приспособуваат звукот.

За да го нагодите квалитетот на звук според вашите претпочитања, погледнете ја страницата Приспособување на квалитетот на звукот .


[Аудио излез]

Ги конфигурира поставките за избор поврзани со звучниците.

За детали, погледнете [Аудио излез] во страницата за Приспособување на квалитетот на звукот .


Совет

[73] ПоставкиМрежа и интернет

Ги конфигурира поставките за работи како што се безжични LAN-мрежи и жичени LAN-мрежи.

Повеќе детали за поврзувањето со интернет може да прочитате во Поврзување на мрежа со помош на LAN кабел или Поврзување со мрежа со користење на Wi-Fi.

Белешка

  • Менијата што се прикажуваат во поставките на телевизорот се разликуваат, во зависност од моделот/регионот/земјата.


Поврзани функции


[Контрола на IP]

Овозможете [Едноставна IP команда] за да дозволите други уреди да комуницираат со телевизорот. Ова може да предизвика поголема потрошувачка на енергија.


[Функција на поврзување на далечинскиот управувач на BRAVIA Connect]

Дозволете и на BRAVIA Connect апликацијата да го контролира телевизорот.

[74] Поставки Сметки и профили

Белешка

  • Менијата што се прикажуваат во поставките на телевизорот се разликуваат, во зависност од моделот/регионот/земјата.
  1. Притиснете го копчето (Брзи поставки) на далечинскиот управувач, потоа изберете [Поставки] — [Сметки и профили] — саканата опција.

Достапни опции


Кога е поставена сметка Google на телевизорот

Конфигурирајте ја сметката Google или додајте други сметки.


Кога не е поставена сметка Google на телевизорот

[Сметки и профили] не може да се користи. За да поставите сметка Google, поставете Google TV од менито за поставки.

[75] ПоставкиПриватност

Може да ја ограничите инсталацијата на апликации од непознати извори.

Белешка

  • Менијата што се прикажуваат во поставките на телевизорот се разликуваат, во зависност од моделот/регионот/земјата.

[76] ПоставкиАпликации

Ви овозможува да ги конфигурирате или деинсталирате апликациите или да ја исчистите кеш меморијата.

Белешка

  • Менијата што се прикажуваат во поставките на телевизорот се разликуваат, во зависност од моделот/регионот/земјата.

[77] ПоставкиСистем

  1. Притиснете го копчето (Брзи поставки) на далечинскиот управувач, потоа изберете [Поставки] — [Систем] — саканата опција.

Белешка

  • Менијата што се прикажуваат во поставките за телевизорот се разликуваат во зависност од моделот, регионот или земјата. Некои опции може да не се прикажуваат или да не се достапни зависно од поставките на телевизорот.


Достапни опции


[Амбиентален режим]

Конфигурира што се прикажува на екранот кога телевизорот не работи по одредено време додека се прикажува друга содржина освен емисии и видеа.


[Напојување и енергија]

Ги конфигурира поставките поврзани со штедењето енергија и стартувањето на телевизискиот екран.


[Информации]

Ги прикажува информациите за телевизорот.

Овде, може да го ресетирате телевизорот.


[Датум и време]

Ги конфигурира тековниот автоматски приказ на времето и часовникот.


[Јазик/Language]

Го избира јазикот на менито. Избраниот јазик на менито исто така ќе го постави јазикот за препознавање на гласот.


[Тастатура]

Ги конфигурира поставувањата за тастатурата на екран.


[Простор]

Ги менува поставувањата поврзани со складирањето податоци.


[Cast]

Ги конфигурира дозволите за работа кога се емитува од надворешен уред.

За детали, погледнете во Прикажување на екранот на апликацијата од iPhone/паметен телефон или iPad/таблет на телевизорот .


[Системски звуци]

Ги конфигурира звуците на системот.


[Контроли за родителски надзор]

Ги конфигурира поставките на родителското заклучување за ограничување на користењето на ставки како [Канали] и [Апликации].


[Чувствителност за вграден MIC]*

Поставете го балансот на чувствителност и точност при обработка на гласовни команди.

За детали, погледнете во Користење на вградениот микрофон на телевизорот (само телевизори со вграден микрофон) .


[LED индикатор]

Ги конфигурира поставките на [Оперативен одговор] и [Статус на детектирање на гласот]*. (Прикажаното мени се разликува во зависност од моделот.)

За детали, погледнете во Како светат LED-светлата.


[Apple AirPlay и HomeKit]

Ги конфигурира поставките за Apple AirPlay и HomeKit.


[Поставување на слика за излог во продавница]

Го збогатува приказот за демо употреба во излог со поставување [Демо режим] итн.


[Рестартирање]

Го престартува телевизорот.

За детали, погледнете во Ресетирајте (престартувајте) го телевизорот .


* Само телевизори со вграден микрофон

[78] ПоставкиДалечински управувач и додатоци

Може да спарите Bluetooth-уреди, вклучително и испорачаниот Гласовен далечински управувач, и да го овозможите/оневозможите Bluetooth.

Белешка

  • Менијата што се прикажуваат во поставките на телевизорот се разликуваат, во зависност од моделот/регионот/земјата.

  1. Притиснете го копчето (Брзи поставки) на далечинскиот управувач, потоа изберете [Поставки] — [Далечински управувач и додатоци] — саканата опција.

Достапни опции


Може да овозможите или оневозможите Bluetooth или пак, да регистрирате уреди со Bluetooth.


[Bluetooth]

Овозможува или оневозможува Bluetooth.


[Спарете го додатокот]

Спoјува уреди со Bluetooth.

За детали, погледнете во Поврзување Bluetooth-уред (како што се Bluetooth-слушалки).


[Далечински управувач]

Поставки за спарување на Гласовен далечински управувач. Следете ги инструкциите на екранот.

Совет

[79] Поставки Помош и повратни информации

Помошта од Sony може да се прикаже тука. Може да му дадете повратни информации на Google.

[80] ПоставкиТајмери и часовник

Во Тајмери и часовник, може да ги поставите Тајмер за вклучување, Тајмер за исклучување, Аларм и Приказ на часовник.

Белешка

  • Менијата што се прикажуваат во поставките на телевизорот се разликуваат, во зависност од моделот/регионот/земјата.

Достапни опции


[Тајмер за вклучување]

Го вклучува телевизорот на саканиот канал или влез во претходно поставено време.


[Тајмер за исклучување]

Го исклучува телевизорот по претходно поставено време.


[Аларм]

Репродуцира звук по претходно поставено време.


[Приказ на часовник]

Го прикажува часовникот на телевизискиот екран, секогаш или на секој час.

[81] ПоставкиДостапни поставки

[82] Решавање проблеми Ресетирајте (престартувајте) го телевизорот

Во повеќето случаи кога го користите телевизорот и се појави проблем како неприкажување на сликата на екранот или ако далечинскиот управувач не работи, проблемот може да се реши со ресетирање на телевизорот. Ресетирајте го телевизорот со следнава постапка.

Ресетирање на вклучувањето/исклучувањето

  1. Престартувајте го телевизорот со далечинскиот управувач.

    Притиснете го и задржете го притиснато копчето за Моќност на далечинскиот управувач и изберете [Рестартирање].

    Телевизорот ќе се исклучи и ќе се рестартира по околу една минута.

    Илустрација на притискање и задржување притиснато на копчето за вклучување/исклучување на далечинскиот управувач 5 секунди

  2. Откачете го кабелот за напојување.

    Ако проблемот продолжи по чекор 1, откачете го кабелот за напојување од електричниот штекер. Почекајте 2 минути, па повторно приклучете го кабелот за напојување во електричниот штекер.

Совет

  • Моделите на телевизори со едно копче на телевизорот (само копче Моќност) може да се рестартираат и со помош на копчето Моќност. Притиснете го копчето Моќност на телевизорот за да се прикаже менито со операции, во менито изберете [Рестартирање], па притиснете го и држете го притиснато копчето Моќност за да го рестартирате телевизорот.
  • Личните поставки и податоците нема да се изгубат откако телевизорот ќе се престартува.

Фабричко ресетирање на податоци

Ако проблемот останува по ресетирање на вклучувањето/исклучувањето, обидете се со фабричко ресетирање на податоците.

Ако со телевизорот е поврзан надворешен USB уред, пред ресетирање откачете го USB уредот од телевизорот.

За детали, погледнете во Фабричко ресетирање на податоци.

[83] Решавање проблемиСофтверски ажурирања

Sony обезбедува ажурирањата на софтверот одвреме-навреме за да се подобри функционалноста и да им се овозможи најновото телевизиско доживување на корисниците. Најлесен начин за добивање софтверски ажурирања е преку поврзување на телевизорот на интернет.

Ако сакате да проверите дали софтверот е ажуриран, изберете [Ажурирање на софтверот на системот] од [Поставки] — [Систем] — [Информации].

Ажурирање на софтверот преку мемориски уред USB

Ако немате мрежна врска, можете да го ажурирате софтверот и со USB мемориски уред. Употребете го компјутерот да го преземете најновиот софтвер од интернет-страницата за поддршка на Sony на мемориски уред USB. Вметнете го USB меморискиот уред во приклучокот за USB на телевизорот и софтверското ажурирање ќе почне автоматски.

Ако го ажурирате телевизискиот софтвер со USB мемориски уред, треба да ги прочитате предупредувањата за ажурирање со USB мемориски уред на интернет-страницата.


За повеќе информации за интернет-страницата за поддршка, видете на страницата Интернет-страница за поддршка.

[84] Решавање проблемиСамодијагностика

Проверете дали телевизорот работи исправно.

  1. Притиснете го копчето (ПОЧЕТЕН ЕКРАН) и изберете Апликации од почетното мени, а потоа изберете [Помош].
  2. Изберете [Статус и дијагностика] — [Самодијагноза].

Совет

Исто така, може да го проверите следниот симптом во [Статус и дијагностика] — [Дијагностика на сигнали] — [Дијагностика и статус на мрежата].

  • [Дијагностика за поврзување на интернет]

Ако проблемот останува, обидете се со следново.

[85] Решавање проблемиЧесто поставувани прашања за решавање проблеми

слика

За информации во врска со решавање проблеми, може да го погледнете и делот „Често поставувани прашања“ на нашата интернет-страница за поддршка подолу.

https://www.sony.net/androidtv-faq/

QR код за интернет-страницата за поддршка на Sony

https://www.sony.net/androidtv-faq/

[86] Друго Спецификации

Информации за спецификациите може да најдете на интернет-страницата за поддршка на Sony:
Посетете ја страницата за производи на вашиот телевизор и погледнете во Спецификации. За повеќе информации за интернет-страницата за поддршка, видете ја страницата Интернет-страница за поддршка.

Слика на интернет-страницата за поддршка за Спецификации.

Белешка

  • Страницата за Спецификации може да не е достапна, зависно од моделот. Во вакви случаи, погледнете во Reference Guide.

[87] ДругоИнтернет-страница за поддршка

За најнови информации и интернетскиот Водич за помош, посетете ја интернет-страницата за поддршка на Sony:


https://www.sony.eu/support/

QR код за интернет-страницата за поддршка на Sony

https://www.sony.eu/support/

[88] Друго Одржување на телевизорот ажуриран

Телевизорот добива податоци како водичи за програми додека е во режим на подготвеност/режим на мрежна подготвеност. За да го одржувате телевизорот ажуриран, препорачуваме да го исклучувате телевизорот со копчето за Моќност на далечинскиот управувач или на телевизорот.

[89] ДругоФабричко ресетирање на податоци

Може да извршите Фабричко ресетирање на податоци. Ако со телевизорот е поврзан надворешен USB уред, пред ресетирање откачете го USB уредот од телевизорот.

Белешка

Со извршувањето фабричко ресетирање ќе се избришат сите податоци и поставки на телевизорот (како, на пример, информациите за поставките на Wi-Fi и кабелската мрежа, сметката на Google и другите информации за пријавување и инсталираните апликации).

  1. Притиснете го копчето (Брзи поставки) на далечинскиот управувач, потоа изберете [Поставки] — [Систем] — [Информации] — [Ресетирај] — [Фабричко ресетирање на податоци] — [Фабричко ресетирање на податоци].
  2. Изберете [Избриши сè].

    Ако сте поставиле PIN-код на телевизорот, од вас ќе се побара да го внесете.

    Откако постапката на фабричко ресетирање успешно ќе се заврши, телевизорот ќе го стартува волшебникот за почетно поставување. Мора да се согласите со Условите на користење на Google и Политиката за приватност на Google.

[90] ДругоИнформации за трговски марки

Лого на Bluetooth

  • Ознаката со зборот Bluetooth® и лого-знаците се регистрирани трговски марки во сопственост на Bluetooth SIG, Inc. и користењето на таквите ознаки од Sony Group Corporation и нејзините подружници е под лиценца.

Лого на DTSX

  • Manufactured under license from DTS, Inc. and/or its affiliates. For patents, see https://xperi.com/dts-patents/. DTS, the DTS logo, DTS:X, the DTS:X logo, Virtual:X, and the DTS Virtual:X logo are trademarks or registered trademarks of DTS, Inc. and/or its affiliates in the U.S. and/or other countries. © DTS, Inc. and/or its affiliates. All rights reserved.

Лого на hevc

  • Опфатен со една или повеќе пријави за патентите HEVC наведени на patentlist.accessadvance.com.

  • Wi-Fi®, Wi-Fi Alliance®, Wi-Fi CERTIFIED и Wi-Fi CERTIFIED 6® се регистрирани трговски марки или трговски марки на Wi-Fi Alliance.

  • Логото Wi-Fi CERTIFIED и логото Wi-Fi CERTIFIED 6® се регистрирани трговски марки на Wi-Fi Alliance.

  • Disney+ и сите поврзани логоа и ознаки се трговски марки на Disney Enterprises, Inc. или нивните филијали.

  • ©2026 Amazon.com, Inc. или нејзините подружници. Amazon, Alexa, Prime Video и сите поврзани лого-знаци се регистрирани трговски марки на Amazon.com (http://amazon.com/), Inc. или нејзините подружници. Се применуваат надоместоци за членство во Amazon Prime и/или Prime Video. За детали, посетете ја primevideo.com (http://primevideo.com/terms).

  • Apple, Apple Home, AirPlay и HomeKit се трговски марки на Apple Inc., регистрирани во САД и во други земји и региони.
    За да ги користите AirPlay и Apple HomeKit со овој телевизор, се препорачува најновата верзија на iOS, iPadOS или macOS.

  • Google TV е името на софтверското доживување на овој уред и е заштитен знак на Google LLC. Google, YouTube, Google Cast, Google Play и другите марки се трговски марки на Google LLC.

  • BRAVIA и логото BRAVIA се трговски марки или регистрирани трговски марки на Sony Group Corporation или нејзините подружници.

  • Сите други трговски марки се во сопственост на нивните соодветни сопственици.

Белешка

  • Достапноста на секоја функција зависи од регионот/земјата.