ТелевизијаBRAVIA 6

Почетен екран и канали

Стартување на почетниот екран

Притиснете ПОЧЕТЕН ЕКРАН на вашиот далечински управувач да дојдете до новиот Почетен екран на Google TV. Од овде можете да одлучите што да гледате со прелистување на опциите за забава од апликацијата и телевизијата во живо. Вашиот почетен екран има канали што ви овозможуваат да откриете одлични содржини од вашите омилени апликации. Можете да додадете и дополнителни канали или да пронајдете нови апликации за да добиете повеќе содржини.

Со повеќе подменија како што се Пребарај, Почетен екран, Апликации и Библиотека, можете да откриете филмови и емисии од вашите услуги и популарни апликации. Најавете се на вашата сметка на Google за да добивате персонализирани препораки од вашите стриминг услуги според тоа што сте гледале и што ве интересира. Можете исто така да активирате пребарување на Google со гласовни или текстуални команди во подменито Пребарај.


Пристап до поставките од Почетниот екран

Можете да пристапите до менито Сите поставки преку иконата во горниот десен агол.


Апликации

Подменито Апликации на Почетниот екран го содржи сите инсталирани Апликации кои доаѓаат со телевизорот и Апликациите што сте ги инсталирале од Google Play™ Store. Можете и да инсталирате и додавате уште апликации како омилени од подменито Апликации.


Навигација

Одлучете што ќе гледате следно со навигација која е лесна за употреба. Пребарајте ги вашите персонализирани препораки, продолжете од каде што сте застанале или брзо пронајдете одредена апликација со новиот систем на подменија.


Откријте ги персонализираните препораки

Пребарувајте емисии и филмови што ќе ги обожавате на сите ваши омилени медиумски услуги. Најавете се на вашата Google сметка за да почнете.


Добијте препораки од сите Google услуги

Вашите услуги се зачувани во вашата Google сметка за да можете да добивате подобри препораки за сите Google услуги.