Монтирање на ѕид
Вашиот телевизор е подготвен и за држач за монтирање на ѕид компатибилен со VESA (се продава одделно).
Користете го следниот VESA код при купување на ѕидниот држач.
- Држач за монтирање на ѕид SU-WL450, M6 (минимум 14 mm (9/16 инчи), максимум 16 mm (5/8 инчи))
Внимание
За монтирањето на телевизорот на ѕид потребни се посебни вештини и го извршува само квалификуван персонал. Монтирањето на телевизорот на ѕид треба да ги исполнува безбедносните стандарди според тежината на телевизорот. Исто така, прочитајте ги безбедносните мерки на претпазливост пред да го поставите телевизорот.
Sony не сноси никаква одговорност за неправилно монтирање или какво било монтирање што резултира со несреќен случај или повреда.


