Спарете го далечинскиот управувач со телевизорот
Кога ќе го започнете почетното поставување на телевизорот, ќе бидете упатени да го спарите далечинскиот управувач со истовремено притискање на копчињата ПОЧЕТЕН ЕКРАН и НАЗАД на далечинскиот управувач. Се препорачува спарувањето да се заврши при првата инсталација на телевизорот.
Белешка
- Откако далечинскиот управувач успешно ќе влезе во режим на спарување, LED индикаторот на далечинскиот управувач почнува да трепка.
- Далечинскиот управувач мора да се држи блиску до телевизорот (на растојание до 1 метар) за успешно спарување.
- Ако телевизорот не го активира полето за гласовна контрола кога ќе се притисне копчето Помошник на Google на далечинскиот управувач, спарувањето е неуспешно.
- Препорачливо е да почекате уредот целосно да се стартува и да ги почне сите процеси во позадина пред да влезете во режим на спарување, затоа што пораката што содржи понатамошни упатства може да се појави предоцна, што негативно ќе влијае на постапката на спарување.
Спарување или повторно спарување
Ако се изгуби спарувањето со далечинскиот управувач, можете повторно да го спарите телевизорот со далечинскиот управувач.
Можете да притиснете копчињата ПОЧЕТЕН ЕКРАН + НАЗАД (приближно 3 секунди) за спарувањето.
Друга опција е да одите на [контролна табла] — [Сите поставки] — [Далечински управувач и додатоци], потоа следете ги инструкциите на екранот.
Кога спарувањето е успешно се појавува порака на екранот.


