CI+
Овој телевизор е подготвен за CI+ условен пристап.
Со CI+ можете да гледате премиум HD програми, како филмови и спорт, што ги нудат операторите на дигитална телевизија во вашиот регион. Овие програми се кодирани од страна на операторот на телевизија и декодирани со претплата на CI+ модул.
Операторите на дигитална телевизија обезбедуваат CI+ модул (Модул за условен пристап - CAM) и придружна smart-картичка кога ќе се претплатите на нивните премиум програми. Овие програми имаат високо ниво на заштита од копирање.
Обратете се на оператор на дигитална телевизија за повеќе информации за условите и одредбите.


