Лозинки и PIN-кодови
За некои CAM уреди, мора да внесете PIN-код за да ги гледате нивните канали. Кога го поставувате PIN-кодот за CAM, препорачуваме да го користите истиот код што го користите за отклучување на телевизорот.
За да поставите PIN-код за CAM.
- Одете на менито Влезови.
- Изберете го видот на канал што го користите на CAM уредот за гледање телевизија.
- Изберете го ТВ операторот на CAM уредот. Следните екрани доаѓаат од ТВ операторот. Следете ги упатствата на екранот за да ги пронајдете поставките на PIN-кодот.


