Вклучување и далечински управувач
Телевизорот не се вклучува
- Откачете го кабелот за струја (напојување) на телевизорот од штекерот за струја. Почекајте една минута и повторно поврзете.
- Водете сметка кабелот за струја (напојување) да биде цврсто вметнат во приклучокот.
Звук на крцкање при стартување или исклучување
Кога го вклучувате, исклучувате или го ставате телевизорот во режим на подготвеност, слушате звук на крцкање од куќиштето на телевизорот. Звукот на крцкање е предизвикан од нормалното ширење и контракција на телевизорот додека се лади и загрева. Тоа не влијае на перформансите на телевизорот.
Телевизорот не реагира на далечинскиот управувач
На телевизорот му е потребно време да се вклучи. Во овој период, телевизорот не реагира на далечинскиот управувач или на контролите на телевизорот. Ова е нормално однесување.
Ако телевизорот продолжи да не реагира на далечинскиот управувач, можете да проверите дали далечинскиот управувач работи со камера на мобилен телефон. Ставете го телефонот во режим на камера и насочете го далечинскиот управувач кон објективот на камерата. Ако притиснете кое било копче на далечинскиот управувач и забележите дека инфрацрвената LED диода трепка низ камерата, далечинскиот управувач работи. Телевизорот треба да се провери.
Ако не го забележите треперењето, далечинскиот управувач можеби е расипан или неговите батерии се празни.
Овој метод на проверка на далечинскиот управувач не е можен со далечински управувачи кои се безжично спарени со телевизорот.
Телевизорот се враќа во режим на подготвеност откако ќе се прикаже почетниот екран на Sony
Кога телевизорот е во режим на подготвеност, се прикажува екран за стартување на Sony, а потоа телевизорот се враќа во режим на подготвеност. Ова е нормално однесување. Кога телевизорот ќе се исклучи од напојувањето и повторно ќе се поврзе со него, при следното стартување ќе се прикаже екранот за стартување. За да го вклучите телевизорот од режим на подготвеност, притиснете го копчето за вклучување/исклучување на далечинскиот управувач или на телевизорот.
Светлото за подготвеност постојано трепка
Откачете го кабелот за струја (напојување) на телевизорот од штекерот за струја. Почекајте 5 минути пред повторно да го поврзете кабелот за струја (напојување). За информации во врска со решавање проблеми, може да го погледнете и делот „Често поставувани прашања“ на нашата интернет-страница за поддршка подолу.


