Отпечати

Користење Wi-Fi Direct за поврзување со телевизорот (не е потребен безжичен рутер)

Можете да поврзете уред со телевизорот безжично, без да користите безжичен рутер, а потоа да стримувате видео-записи, фотографии и музика што се зачувани на уредот директно на телевизорот.

  1. За да го овозможите [Wi‑Fi Direct], притиснете го копчето HOME па изберете [Поставки] — [Мрежа] — [Wi‑Fi Direct] — [Wi‑Fi Direct].
  2. Изберете [Поставки за Wi‑Fi Direct].
  3. Изберете го името на телевизорот прикажано на ТВ екранот со Wi-Fi Direct уредот.
    Ако уредот не поддржува Wi-Fi Direct, изберете [Прикажи мрежа (SSID)/лозинка].
  4. Управувајте со Wi-Fi Direct/Wi-Fi уредот за да го поврзете со телевизорот.
  5. Праќајте содржина од Wi-Fi Direct/Wi-Fi уредот на телевизорот.
    За подетални информации, погледнете го упатството за користење на уредот.

Ако поврзувањето е неуспешно

Кога е прикажан екранот за подготвеност за поставката Wi-Fi Direct, изберете [Прикажи мрежа (SSID)/лозинка] и следете ги упатствата на екранот за да го комплетирате поставувањето.

За да поврзете друг уред

Следете ги горните чекори за да поврзете уреди. Истовремено може да бидат поврзани до 10 уреди. За да поврзете друг уред кога 10 уреди се веќе поврзани, прекинете ја врската на еден од непотребните уреди, а потоа, поврзете го другиот уред.

За да го смените името на телевизорот што се прикажува на поврзаниот уред

Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [За] — [Име на уред].

За да видите листа на поврзани уреди/да дерегистрирате уреди

Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Мрежа] — [Wi‑Fi Direct] — [Напредни поставки] — [Прикажи листа на уреди/Избриши].

За да дерегистрирате уред, изберете го уредот за бришење од листата, па притиснете го копчето . Потоа изберете [Да] на приказот за потврдување.

За да ги дерегистрирате сите уреди, изберете [Избриши сè] на листата, па [Да] на приказот за потврдување.

За менување на поставувањето за фреквенција (за експерти)

Кога телевизорот не е поврзан безжично со рутер, можете да го изберете безжичниот опсег за функцијата Wi-Fi Direct. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Мрежа] — [Wi‑Fi Direct] — [Напредни поставки] — [Поставување фреквенција].

[Автоматски]
Генерално, користете ја оваа опција. Таа автоматски избира соодветна фреквенција за функцијата Wi-Fi Direct.
[Автоматски (фреквенц. 2,4GHz)]
Користете ја оваа опција кога се поврзувате со уреди кои единствено поддржуваат 2,4GHz. Оваа опција може да поддржува повеќе уреди од другите опции.
[Автоматски (фреквенција 5GHz)]
Користете ја оваа опција кога се поврзувате со уреди кои поддржуваат 5GHz. Оваа опција може да го подобри квалитетот на стримување видео.

Имајте предвид дека кога е избрана оваа опција, телевизорот не може да се поврзува со уреди кои единствено поддржуваат 2,4GHz.

[Изберете канал]
Користете ја оваа опција за да изберете конкретен безжичен канал.

Совет

  • За информации во врска со поддржаната безжична фреквенција на вашиот уред, погледнете го упатството за користење на вашиот уред.
  • Фреквенцијата од 5GHz може да не е поддржана во зависност од вашиот регион/држава. Ако не е поддржан опсегот 5GHz, можете да ги користите само [Автоматски] и [Изберете канал].

Напомена

  • Ако телевизорот е поврзан со безжичен рутер (или пристапна точка) при 5GHz:
    • Безжичната врска од 5GHz ќе се прекине кога ќе се избере [Поставки за Wi‑Fi Direct]. Кога врската е прекината, комуникацијата преку интернет се запира.
    • Врската ќе се воспостави повторно автоматски по излегувањето од [Поставки за Wi‑Fi Direct].
  • Фреквенцијата од 5GHz може да не е поддржана во зависност од вашиот регион/држава.