Дигитален фотоапарат со заменлив објектив ILCE-7/ILCE-7R

Адаптер за објективи

Со користење на адаптер за објективи (се продава одделно), на овој производ можете да закачите објектив со A-приклучок (се продава одделно).
За детали, погледнете во упатството за употреба испорачано со адаптерот за објективи.

Забелешка

  • Можно е адаптерот за објективи да не можете да го користите со определени објективи. Во врска со компатибилните објективи, обратете се кај вашиот продавач на Sony или кај овластениот сервисен центар на Sony.
  • Кога користите објектив со А-приклучок, не можете да го користите осветлувачот за автоматско фокусирање.
  • За време на снимање филм, можно е да биде снимен звукот од објективот и производот додека работат.
    Можете да го исклучите звукот со избирање на MENU[Camera Settings] [Audio Recording] [Off].
  • Во зависност од објективот кој се користи или од објектот, може да потрае подолго или да биде тешко производот да се фокусира.