Отпечати

Преместување апликации на мемориски уред USB

Можете да ги преместите преземените апликации на мемориски уред USB за да ја зголемите слободната меморија на телевизорот.

Напомена

  • Кога форматирате мемориски уред USB, сите податоци зачувани на меморискиот уред USB ќе се избришат. Направете резервна копија на важните податоци пред форматирањето.
  • Вршењето на оваа постапка го форматира меморискиот уред USB за исклучиво користење со телевизорот. Затоа можеби нема да можете да го користите меморискиот уред USB со компјутер и сл.
  • Некои апликации не можат да се преместат на мемориски уред USB.
  1. Приклучете го меморискиот уред USB во телевизорот.
  2. Притиснете го копчето HOME, изберете [Поставки] — [Меморија и ресетирање] — саканиот мемориски уред USB.
  3. Форматирајте го како внатрешен мемориски уред.
  4. Кога ќе заврши форматирањето, притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Апликации].
  5. Изберете ја апликацијата што сакате да ја преместите на меморискиот уред USB.
  6. Изберете го меморискиот уред USB од мемориите што се користат. Апликацијата се преместува на меморискиот уред USB.

Совет

  • Повторете ги чекорите 4 до 6 за да преместите и други апликации на меморискиот уред USB.

За да отстраните мемориски уред USB

  1. Притиснете го копчето HOME, изберете [Поставки] — [Меморија и ресетирање] — саканиот мемориски уред USB, па изберете ја опцијата да го отстраните.

Напомена

  • Меморискиот уред USB се користи само за зачувување апликации. За да го користите меморискиот уред USB за други цели, треба пак да го форматирате.
  • Ако избришете апликација на меморискиот уред USB со компјутер, нема да можете да ја отворите од телевизорот.
  • Ако отстраните мемориски уред USB од телевизорот, нема да можете да ги користите апликациите што биле преместени на него.
  • Не може да одредите мемориски уред USB како место за инсталација на апликација. Прво инсталирајте ја апликацијата на телевизорот нормално, а потоа преместете ја на меморискиот уред USB.