Прикажување на сликата на мал екран
Можете да ја прикажете сликата што ја гледате (телевизиски програми или содржини од поврзани уреди со HDMI) како мал екран во аголот.
Напомена
- Не може да користите [Слика во слика] на телевизори чиешто име на модел завршува со буквата „C“.
Прикажување на сликата како мал екран
- Притиснете го копчето ACTION MENU додека гледате телевизиска програма или содржина од уред HDMI, па изберете [Слика во слика].
Моменталната слика се прикажува во аголот како мал екран.
Напомена
- Малиот екран се прикажува врз последната користена апликација. Сепак, во зависност од одредени услови, апликацијата што се прикажува може да се разликува.
- Операциите како што е менување канал се исклучени додека гледате со мал екран.
- Телевизиска програма, надворешен извор како на пример, уред HDMI, апликации со коишто се враќаат филмови или некои апликации со коишто се враќаат слики или музика, не може да се прикажуваат истовремено.
- Позицијата на малиот екран се приспособува автоматски. Не можете рачно да ја поставите.
Затворање на малиот екран или враќање на цел екран
- Држете го притиснато копчето HOME за да се прикаже листата на последните користени апликации.
- Затворете го малиот екран избирајќи го саканото копче под малиот екран, или вратете го на цел екран (A).
Сликата подолу е визуелен пример и може да се разликува од реалниот екран.
Под малиот екран се прикажува листа на последно користени апликации (Б).
Напомена
- Ако од листата на последно користени апликации префрлите на апликација која враќа филмови, слики или музика, малиот екран се затвора (телевизиската програма или репродукцијата од уредот HDMI се затвораат). За да се вратите на телевизиската програма или на уредот HDMI, притиснете го копчето TV или префрлете го влезот.