Користење на далечинскиот управувач
Изберете во текстот за да се префрлите на односниот екран за поставување.
Можете да ракувате со многу функции на телевизорот со копчињата / / / и .
За опис на копчињата на далечинскиот управувач, видете во Reference Guide.
- Користете ги копчињата , , и за „фокусирање“ на одредена ставка.
- Притиснете го центарот на копчето за да ја изберете ставката во фокусот.
За да се вратите на претходниот екран
Притиснете го копчето BACK.
Користење Гласовно пребарување (само кај моделите што поддржуваат Гласовно пребарување)
Кај моделите што поддржуваат Гласовно пребарување, далечинскиот управувач има вграден микрофон. Зборувајќи во микрофонот можете да пребарувате содржини на интернет.
- Притиснете го копчето .
LED-осветлувањето на далечинскиот управувач ќе се вклучи. - Зборувајте кон вградениот микрофон.
Зависно од моделот, може да се прикажуваат примери за говор.
Кога не се препознава гласот.
Кога не го препознава вашиот глас, активирајте го копчето на далечинскиот управувач со копчето или регистрирајте го далечинскиот управувач на телевизорот со копчето .
За да ги потврдите поставките, притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Поставки на далечинско на подлога на допир]/[Далечинско управување со глас].
Прикажаната поставка се разликува, зависно од моделот.
Напомена
- За користење на Гласовно пребарување е потребно поврзување со интернет.
- Типот на далечинскиот управувач испорачан со телевизорот и достапноста на далечински управувач со вграден микрофон се различни, зависно од моделот, регионот и земјата. За некои модели, региони и земји е достапен изборен далечински управувач.