Користење на копчето DISCOVER
Можете да го користите копчето DISCOVER за пребарување содржини (како телевизиски емисии и интернетски содржини). Содржините што се прикажуваат кога ќе се притисне копчето DISCOVER се различни, зависно од моделот/регионот/земјата.
- Притиснете го копчето DISCOVER.
- Изберете ја саканата категорија со поместување на фокусот нагоре или надолу.
- Изберете ја саканата ставка со поместување на фокусот налево или надесно.
- Притиснете го копчето за да ја активирате избраната ставка.
За да ги промените поставувањата на оваа функција
- Притиснете го копчето DISCOVER.
- Поместете го фокусот надолу до категоријата [Поставки].
- Изберете ја ставката за која што сакате да ги промените поставувањата.
Достапни опции
- [Покажи/скриј категории]
- Изберете категории на содржини што ќе се прикажуваат во DISCOVER. Не може да се скријат [Поставки].
[Најдобар избор] може да се скрие, зависно од моделот на телевизорот.
- [Повторно подредете ги категориите]
- Изберете категорија на содржини за прередување.
- [Додадете канали во Омилени]
- Додајте ги омилените канали во DISCOVER.
- [Додадете категории на жанрови]
- Додајте жанрови за да направите своја категорија на содржини.
- [Додадете категории на зборови за пребарување]
- Додајте клучни зборови за да направите своја категорија на содржини.
- [Прикажи големина]
- Изберете ја големината на приказот на менито.
- [Сортирај ТВ програми]
- Изберете го типот на подредување на телевизиските емисии.
Напомена
- Оваа опција може да не е достапна, зависно од вашиот модел/регион/земја.