Отпечати

Прием на сателитски емисии (само за моделите компатибилни за сателитски прием)

Моделите компатибилни за сателитски прием имаат [Поставување сателитска телевизија] во [Поставки] — [Поставување на канали] — [Дигитално поставување].

Ако имате сателитска антена, можете да гледате сателитски програми конфигурирајќи ги поставките на приемникот. Видете ги описите подолу како помош да ја одредите инсталацијата и да ја наместите сателитската антена.

  1. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Поставување на канали] — [Дигитално поставување] — [Поставување сателитска телевизија] — [Дигитално сателитско пребарување].

Достапни опции

[Конфигурација со антена]
Избира тип сателитска инсталација.
Вашата сателитска инсталација може да биде Единечна кабелска дистрибуција, Фиксна антена или DiSEqC.
Единечна кабелска дистрибуција овозможува испорака на програми до повеќе приемници преку еден коаксијален кабел. Секој приемник добива еден кориснички „појас“.
Инсталацијата DiSEqC овозможува да се поврзете на повеќе сателитски антени или LNB-приемници ако ги имате. Можете да избирате меѓу нив користејќи ги контролите на телевизорот.
Фиксна антена обично е наједноставниот вид инсталација, при што има само една сателитска антена и LNB-приемник.
[Опсег]
Го конфигурира бројот кориснички појаси доделени на телевизорот или приемникот.
[Фреквентен опсег]
Ја прилагодува фреквенцијата на корисничките појаси доделени на телевизорот или приемникот.
[Општ сателит]/[Друг (Општ сателит)]
Пребарува сателитски услуги врз основа на општи поставки. Прикажаната поставка се разликува, зависно од моделот.
[Контрола на DiSEqC]
Ги конфигурира поставките за контролирање дополнителна сателитска опрема како прекинувачи за бирање сателити.
[Тип на скенирање]
Целосно скенирање: Ги скенира сите достапни сателитски фреквенции.
Мрежно скeнирање: Скенирања според претходно одредени мрежни параметри. Ако недостигаат услуги откако ќе се изврши мрежно скенирање, обидете се со целосно скенирање.
Рачно скeнирање: Овозможува да се постави фреквенцијата за скeнирање и други параметри на транспондерот.