Отпечати

Подредување канали или уредување на листата со програми

Можете да го подредите приказот на каналите како сакате.

За сателитски канали

  1. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Поставување на канали] — [Дигитално поставување] — [Поставување сателитска телевизија] — [Уредување на листата на сателитски програми].
  2. Изберете ја програмата што сакате да ја преместите на нова положба.
  3. Изберете ја новата положба каде што сакате да ја преместите избраната програма.

За дигитални канали

  1. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Поставување на канали] — [Дигитално поставување] — [Дигитално пребарување] — [Уредување на листата на програми].
  2. Изберете ја програмата што сакате да ја преместите на нова положба.
  3. Изберете ја новата положба каде што сакате да ја преместите избраната програма.

За аналогни канали

  1. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Поставување на канали] — [Аналогно поставување] — [Подредување на програми].
  2. Изберете ја програмата што сакате да ја преместите на нова положба.
  3. Изберете ја новата положба каде што сакате да ја преместите избраната програма.

Напомена

  • Достапните опции може да се разликуваат, зависно од регионот/земјата.