Отпечати

Гледање телевизија со два екрани

Може да уживате во два видеоизворa истовремено, така што ќе прикажете уред поврзан со HDMI и телевизиска програма (вграден приемник) на два екрана.

Напомена

  • [Дупла слика] е достапно за Android TV чиешто име на модел завршува со буквата „C“.

Прикажување на два екрана

За да гледате на два екрана, прикажете го изворот на уредот поврзан со HDMI, а потоа прикажете го ТВ-изворот (вграден приемник).

  1. Прикажете го влезниот екран на саканиот поврзан уред.
  2. Притиснете го копчето ACTION MENU и изберете [Дупла слика].

Звукот на изворот прикажан со зелен фокус се емитува од телевизорот.

За да префрлите на звук од другиот извор

  1. Притиснете го копчето ACTION MENU и изберете [Премини на активен екран].

За да се вратите на екран со една слика

  1. Притиснете го копчето ACTION MENU и изберете [Една слика].

Совет

  • Освен менувањето на фокусот и враќање на екран со една слика, во прикажаното мени, може да го правите и следново со притискање на копчето ACTION MENU кога се користи [Дупла слика].
    • Префрлете го влезот на HDMI-уред што сакате да се прикаже
    • Менувајте ја големината на екранот

Напомена

  • Кога гледате сателитски, дигитални или аналогни канали или кога е прикажана апликација како YouTube, [Дупла слика] е недостапна. Префрлете го влезот на HDMI-извор пред да притиснете на копчето ACTION MENU.
  • Единствената комбинација на извори што може да ја гледате со два екрана е ТВ-програма (вграден приемник) и HDMI-уред.