Снимање со тајмер (само за моделите за снимање на USB HDD)
Изберете во текстот за да се префрлите на односниот екран за поставување.
Моделите со снимање на USB HDD имаат [Поставување уред за снимање] во [Поставки].
Напомена
- Функцијава е достапна само кај некои модели во Европа, Австралија и Нов Зеланд.
- Притиснете го копчето DISCOVER, па изберете го водичот за програми во категоријата за емитување.
- Изберете ја саканата програма во водичот за програми, па изберете [Снимање со тајмер].
- Изберете [Постави тајмер како настан] или [Постави тајмер].
За рачно поставување на тајмерот на одреден датум, време и канал
- Притиснете го копчето DISCOVER, па изберете го водичот за програми во категоријата за емитување.
- Поместете го фокусот на најлевата ставка, па одете пак лево за да го отворите менито.
- Изберете [Листа со тајмери] — [Сним. со рачно пост. тајмер].
- Конфигурирајте ја поставеноста на тајмерот.
- Изберете [Постави тајмер].
За проверка, менување или бришење на поставеноста на тајмерот
Проверката, менувањето и бришењето на поставките на тајмерот се вршат во [Листа со тајмери].
- Притиснете го копчето DISCOVER, па изберете го водичот за програми во категоријата за емитување.
- Поместете го фокусот на најлевата ставка, па одете пак лево за да го отворите менито.
- Изберете [Листа со тајмери], па сменете ги поставките.
Совет
- Може да се постават до 32 тајмери.
- Ако снимањето не успее, причината ќе биде наведена во [Листа на грешки при снимањето]. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Programme Guide] — [Листа на снимени наслови] — [Листа на грешки при снимањето].
- Во водичот за програми можете да го поместите фокусот на саканата програма и да го притиснете копчето REC за да го одредите снимањето со тајмер за таа програма.
Напомена
- Снимањето со тајмер нема да работи ако е откачен кабелот за напојување.