Отпечати

Емитување содржини зачувани на USB уред

Поврзување USB уред

Приклучете USB мемориски уред во USB приклучокот на телевизорот за да уживате во фотографиите, музиката и видео-датотеките зачувани на уредот.

  1. USB мемориски уред

Уживање во фотографии/музика/филмови складирани на USB уред

Можете да уживате во фотографии/музика/филмови складирани на USB уред на екранот од телевизорот.

  1. Ако USB уредот што е поврзан со телевизорот има прекинувач за вклучување/исклучување, вклучете го.
  2. Притиснете го копчето HOME, па изберете ја саканата ставка.
    Изберете [Албум] за да прегледувате фотографии, [Музика] за да пуштате музика и [Видео] за да пуштате филмови.
  3. Притиснете го копчето и изберете [Папки] од прикажаното мени.
  4. Разгледајте ја листата папки и датотеки и изберете ја саканата датотека.
    Емитувањето започнува.

За да ги проверите поддржаните формати на датотека

Напомена

  • Сите приклучоци за USB на телевизорот поддржуваат USB со висока брзина. Синиот приклучок USB за 4K-модели поддржува SuperSpeed (USB 3.0). USB разводници не се поддржани.
  • Кога пристапувате до USB уредот, не исклучувајте го телевизорот, ниту USB уредот, не прекинувајте ја врската на USB кабелот, и не отстранувајте и не вметнувајте медиуми за снимање. Во спротивно, податоците, складирани на USB уредот, може да бидат оштетени.
  • Во зависност од датотеката, емитувањето може да не е возможно дури и кога се користат поддржани формати.