Поврзување на компјутер и гледање зачувани содржини
За да поврзете компјутер
Користете HDMI кабел за да го поврзете компјутерот со телевизорот.
- Компјутер
- HDMI кабелот (не се испорачува)*
* Користете одобрен HIGH SPEED HDMI кабел со логото HDMI.
За проверка на спецификациите на видео сигналот
За гледање содржини зачувани на компјутер
Откако ќе го поврзете компјутерот, притиснете го копчето HOME, па изберете го влезот во кој е приклучен компјутерот.
За да ги проверите поддржаните формати на датотека
Напомена
- За оптимален квалитет на сликата препорачуваме да го поставите компјутерот за излезен видео сигнал според една од поставките наведени во „Спецификации на компјутерскиот видео сигнал“.
- Во зависност од статусот на врската, сликата може да изгледа заматено или замачкано. Во тој случај, сменете ги поставките на компјутерот и изберете друг влезен сигнал од листата „Спецификации на компјутерскиот видео сигнал“.