Отпечати

Поврзување аудио систем

Видете на илустрациите подолу како се поврзува аудио систем како AV приемник или звучник во вид на лента. По воспоставување на врската, конфигурирајте ги поставувањата за звукот така што звукот од телевизорот да се емитува низ аудио системот (погледнете го линкот со поврзана содржина на дното од оваа страница).

За поврзување аудио систем со можност за ARC користејќи HDMI кабел

Ако аудио системот има излезни HDMI приклучоци, можете да го поврзете телевизорот со аудио системот преку HDMI кабел.

  1. AV приемник или звучник во вид на лента
  2. HDMI кабелот (не се испорачува)*

* Користете одобрен HIGH SPEED HDMI кабел со логото HDMI.

Совет

  • Кога поврзувате дигитален аудио систем компатибилен со BRAVIA Sync и технологијаAudio Return Channel (ARC), приклучете го во приклучокот HDMI IN означен со „ARC“ со кабел HDMI. Меѓутоа, ако поврзувате систем што не е компатибилен со BRAVIA Sync или е без Audio Return Channel, треба да го поврзете телевизорот со аудио системот користејќи го и приклучокот DIGITAL AUDIO OUT (OPTICAL).
  • За детални информации за поврзување други уреди и за поставување, погледнете го упатството за користење на аудио системот. Ако аудио системот не е компатибилен со Dolby Digital или со DTS, поставете го [Поставки] — [Звук] — [Дигитален аудио излез] на [PCM].

Напомена

  • Местото на HDMI приклучокот што поддржува ARC е различно, зависно од моделот. Видете во Reference Guide.

За поврзување аудио систем што нема можност за ARC користејќи оптички аудио кабел

Можете да го поврзете звучниот излез на телевизорот со аудио систем користејќи оптички аудио кабел.

  1. AV приемник или звучник во вид на лента
  2. Оптички аудио кабел (не се испорачува)

Совет

  • За детални информации за поврзување други уреди и за поставување, погледнете го упатството за користење на аудио системот. Ако аудио системот не е компатибилен со Dolby Digital или со DTS, поставете го [Поставки] — [Звук] — [Дигитален аудио излез] на [PCM].

За поврзување аудио систем користејќи аудио кабел

Можете да го поврзете звучниот излез на телевизорот со аудио систем користејќи аналоген аудио кабел стерео во RCA.

  1. AV приемник или звучник во вид на лента
  2. Аудио кабел (не се испорачува)

Совет

  • За детални информации за поврзување други уреди и за поставувањето, погледнете го упатството за користење на аудио системот. Ако аудио системот не е компатибилен со Dolby Digital или со DTS, поставете го [Поставки] — [Звук] — [Дигитален аудио излез] на [PCM].