Прилагодување на поставките за безжичен сабвуфер (опционално)
Изберете во текстот за да се префрлите на односниот екран за поставување.
Моделите Sony што поддржуваат безжичен сабвуфер имаат [Моќност на безжичен сабвуфер] во [Поставки] — [Звук] — [Звук].
Поставувањата за звукот од безжичниот сабвуфер се веќе поставени на препорачаните вредности за вашиот телевизор. Следете ги долните упатства за да ги промените поставувањата онака како што претпочитате.
- Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Звук] — [Звук] — [Напредни поставки] — [Поврзано со режим на звук] — [Безжичен сабвуфер].
Достапни опции
- [Ниво на безжичен сабвуфер]
- Го прилагодува нивото на јачина на звук на безжичниот сабвуфер.
- [Отсекување на фреквенција (50-200Hz)]
- Ја прилагодува фреквенцијата за отсекување на безжичниот сабвуфер. Сите фреквенции под фреквенцијата за отсекување одат кон безжичниот сабвуфер.
- [Фаза]
- Го поставува поларитетот на фазите. Изберете го поставувањето што ви одговара.
- [Синхронизација на безжичен сабвуфер]
- Го прилагодува времето на доцнење на звукот од безжичниот сабвуфер. Ако звукот од безжичниот сабвуфер доцни, користете го [+]; ако е пребрз, користете го [-].
- [Ресетирај поставки за безжичен сабвуфер]
- Ги ресетира поставувањата за безжичниот сабвуфер на нивните почетни вредности.