Отпечати

Поврзување уреди со Bluetooth

За спојување на уредот со Bluetooth уред

Само за модели што поддржуваат Bluetooth A2DP коишто може да користат аудио уреди за Bluetooth како што се слушалки или звучници.

Моделите што поддржуваат Bluetooth A2DP коишто можат да користат аудио уреди за Bluetooth имаат [A/V синхронизација] во [Поставки] — [Звук].

  1. Вклучете го Bluetooth уредот и ставете го во режим за спојување.
    За да го активирате режимот за спојување на Bluetooth уредот, видете во упатството на уредот.
  2. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Поставки за Bluetooth] — [Додадете уред] за да го ставите телевизорот во режим за спојување.
    Ќе се прикаже листа на активни Bluetooth уреди.
  3. Изберете го саканиот уред од листата, па следете ги упатствата на екранот.
    Ако се побара внесување шифра, видете во упатството на уредот.
    Откако ќе заврши спојувањето, уредот се поврзува со телевизорот.

За да се поврзите со споен Bluetooth уред

  1. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Поставки за Bluetooth].
  2. Изберете од листата споен уред што не е поврзан.
  3. Изберете [Поврзете се].