Користење на функциите достапни за уреди компатибилни со BRAVIA Sync
Менито [Sync Menu] првенствено се користи за ракување со уреди компатибилни со BRAVIA Sync од телевизорот.
Притиснете го копчето ACTION MENU и изберете [Sync Menu].
Blu-ray/DVD плеер
- Автоматски го вклучува Blu-ray/DVD плеерот и го префрлува влезот на Blu-ray/DVD плеерот кога ќе го изберете од почетното мени или од Sync Menu.
- Автоматски го вклучува телевизорот и го префрлува влезот на поврзаниот Blu-ray/DVD плеер кога плеерот ќе почне да емитува.
- Автоматски го исклучува поврзаниот Blu-ray/DVD плеер кога ќе го исклучите телевизорот.
- Ги контролира операциите со менито (копчињата / / / ), емитувањето (на пр., копчето ) и избирањето канал од приклучениот Blu-ray/DVD плеер преку далечинскиот управувач на телевизорот.
АV-засилувач
- Автоматски го вклучува поврзаниот АV-засилувач и го префрла излезот на звук од звучниците на телевизорот на аудио системот кога ќе го вклучите телевизорот. Оваа функција е достапна само ако претходно сте го користеле АV-засилувачот за излез на звукот од телевизорот.
- Автоматски го префрла излезот на звук на АV-засилувачот кога ќе се вклучи АV-засилувачот или кога ќе се вклучи телевизорот.
- Автоматски го исклучува поврзаниот АV-засилувач кога ќе го исклучите телевизорот.
- Ја прилагодува јачината на звукот (копчиња +/–) и го стишува звукот (копче ) на поврзаниот АV-засилувач преку далечинскиот управувач на телевизорот.
Видеокамера
- Автоматски го вклучува телевизорот и го префрла влезот на поврзаната видеокамера кога ќе ја вклучите видеокамерата.
- Автоматски ја исклучува поврзаната видеокамера кога ќе го исклучите телевизорот.
- Ги контролира операциите со менито (копчињата ///), емитувањето (на пример, копчето ) на поврзаната видеокамера преку далечинскиот управувач на телевизорот.
Напомена
- „BRAVIA Sync Control“ (BRAVIA Sync) е достапно само за поврзани уреди компатибилни со BRAVIA Sync што го имаат логото BRAVIA Sync.