Отпечати

Поврзување IR Blaster (само за моделите компатибилни со IR Blaster)

Моделите компатибилни со IR Blaster имаат [Поставување на IR Blaster] во [Поставки] — [Надворешни влезови].

IR Blaster овозможува да ракувате со set-top box или АV приемник што е поврзан со телевизорот преку далечинскиот управувач на телевизорот.

(Моделите компатибилни со IR Blaster може да не се достапни, зависно од вашиот модел/земја.)

За USB-тип на IR Blaster*

  1. set-top box или АV приемник
  2. Кабел за IR Blaster

За тип на IR Blaster со приклучок*

  1. set-top box или АV приемник
  2. Кабел за IR Blaster
  3. IR Blaster приклучник (приклучок)

* Формата на испорачаниот IR Blaster може да се разликува зависно од моделот.

За да го поставите IR Blaster

  1. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Надворешни влезови] — [Поставување на IR Blaster].
  2. Изберете го саканиот уред од листата, па следете ги упатствата на екранот.

Совет

  • IR Blaster може да управува со АV приемник. За да поставите АV приемник, притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Надворешни влезови] — [Поставување на IR Blaster] — [Поставување контроли на AV приемник].
  • Ако АV приемникот е уред компатибилен со BRAVIA Sync, не е потребен IR Blaster.

Напомена

  • Некои надворешни уреди може да не реагираат на некои ставки во „Мени со акции“.
  • Ако притиснете и задржите копче на далечинскиот управувач, операцијата може да не се пренесе. Наместо тоа, притиснете го копчето неколку пати.
  • Осигурете IR Blaster да е правилно поставен и IR предавателот да се наоѓа во близина на IR приемникот на надворешниот уред.
  • Осигурете се дека вашиот телевизор го поддржува надворешниот уред.