Прикажување на екранот на паметен телефон/таблет на телевизорот со кабел MHL (само кај моделите што поддржуваат MHL)
Изберете во текстот за да се префрлите на односниот екран за поставување.
Ознаката се наоѓа веднаш до приклучокот за HDMI IN 1/MHL (за поддржани MHL 2K-модели) до приклучокот за HDMI IN 2/MHL (за поддржаниMHL 4K-модели).
За поврзување мобилен уред со MHL-излез
За 2K-моделите, поврзете го мобилниот уред со приклучокот за HDMI IN 1/MHL на телевизорот, користејќи MHL-кабел.
За 4K-моделите, поврзете го мобилниот уред со приклучокот за HDMI IN 2/MHL на телевизорот, користејќи MHL-кабел.
- MHL-мобилен уред
- MHL кабелот (не се испорачува)*
* За 2K-сигналите, користете одобрен кабел MHL 2 со логото MHL.
За 4K-моделите, користете одобрен кабел MHL 3 со логото MHL. Ако вашиот MHL-мобилен уред поддржува 4K-излез, користете одобрен кабел MHL 3.
За прегледување содржини зачувани на мобилен уред со MHL-излез
- Откако ќе го поврзете мобилниот уред, притиснете го копчето HOME, па изберете го влезот во кој е приклучен мобилниот уред.
За рачно префрлање на MHL-влез
- Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Надворешни влезови] — [Поставки за BRAVIA Sync] — [Промена на аудио влез (MHL)] — [Вклучено]. (Зависно од мобилниот уред, влезот може да не се префрли автоматски.) Ако телевизорот е во режим на подготвеност, нема да се префрли автоматски.
За полнење мобилен уред
Кога телевизорот е вклучен, може да полни мобилен уред ако е поврзан преку MHL-кабел.
Напомена
- Оваа функција може да ја користат само паметни телефони/таблет-уреди што поддржуваат MHL.
Совет
Ако [MHL полнење во режим на подготвеност] е поставено на [Вклучено], телевизорот може да го полни поврзаниот MHL-уред кога телевизорот е во режим на подготвеност.
Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Надворешни влезови] — [Поставки за BRAVIA Sync] — [MHL полнење во режим на подготвеност] — [Вклучено].