Користење Wi-Fi за поврзување на телевизорот со вашата мрежа
Изберете во текстот за да се префрлите на односниот екран за поставување.
Вградениот уред за безжична LAN врска ви овозможува пристап до интернет и уживање во придобивките на мрежно работење во околина без кабли.
- Компјутер
- Безжичен рутер (пристапна точка)
- Модем
- Интернет
- Поставете го вашиот безжичен рутер (или пристапна точка).
За детали, погледнете го упатството за користење на вашиот безжичен рутер (или пристапна точка) или стапете во контакт со лицето кое ја поставило мрежата (администратор на мрежата). - Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Мрежа] — [Поставување на мрежата] — [Едноставно].
- Следете ги упатствата на екранот за да го комплетирате поставувањето.
За да го исклучите вградениот уред за безжична LAN врска
За да го исклучите [Вграден Wi‑Fi], притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Мрежа] — [Напредни поставки] — [Вграден Wi‑Fi].
Совет
- За течно стримување видео:
- Сменете ги поставките на безжичниот рутер (или пристапната точка) во мрежен стандард со голема брзина како 802.11n, ако е можно.
За детално објаснување како да го промените поставувањето, погледнете го упатството за користење на вашиот безжичен рутер (или пристапна точка) или стапете во контакт со лицето кое ја поставило мрежата (администратор на мрежата). - Ако со горната постапка не се постигне подобрување, променете го поставувањето на вашиот безжичен рутер (или пристапна точка) на 5GHz, што може да помогне во подобрувањето на квалитетот на стримувањето видео.
- Фреквенцијата од 5GHz може да не е поддржана во зависност од вашиот регион/држава. Ако фреквенцијата од 5GHz не е поддржана, телевизорот може да се поврзе само со безжичен рутер (пристапна точка) користејќи ја фреквенцијата од 2,4GHz.
- Сменете ги поставките на безжичниот рутер (или пристапната точка) во мрежен стандард со голема брзина како 802.11n, ако е можно.
- За да користите обезбедување WEP со безжичен рутер (или пристапна точка), изберете [Поставки] — [Мрежа] — [Поставување на мрежата] — [Едноставно] — [Wi‑Fi] — [Повр. преку листа на скенирање].
Напомена
- Потребните мрежни поставки може да се различни, зависно од операторот или рутерот. За детали, погледнете ги упатствата за употреба испорачани од интернет провајдерот или оние испорачани со рутерот. Исто така, можете да стапите во контакт со лицето кое ја поставило мрежата (администратор на мрежата).
- Ако ја изберете опцијата [Прикажи лозинка] на екранот за внесување лозинка, прикажаната лозинка можат да ја видат и други.