Емитување содржини од компјутер
Можете да пуштате фотографии/музика/видео-записи на сервер (на пример, компјутер) што е поврзан на истата домашна мрежа како и телевизорот.
- Компјутер (Сервер)
- Рутер
- Модем
- Интернет
- Поврзете го телевизорот на вашата домашна мрежа.
- Притиснете го копчето HOME, па изберете [Албум], [Видео] или [Музика] — серверот што ја содржи датотеката — папката или датотеката од листата.
Ако изберете папка, изберете ја саканата датотека.
Емитувањето започнува.
За да ги проверите поддржаните формати на датотека
Напомена
- Во зависност од датотеката, емитувањето може да не е возможно дури и кога се користат поддржани формати.