Отпечати

Поврзување на мрежа со помош на LAN кабел

Поврзување на мрежа со помош на LAN кабел

Кабелската LAN врска ви овозможува пристап до интернет и до вашата домашна мрежа. Поврзете LAN кабел во вашиот телевизор.

  1. Кабел за LAN
  2. Компјутер
  3. Модем со рутерски функции
  4. Интернет
  1. Поставете го вашиот LAN рутер.
    За детали, погледнете го упатството за користење на вашиот LAN рутер или стапете во контакт со лицето кое ја поставило мрежата (администратор на мрежата).
  2. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Мрежа] — [Поставување на мрежата] — [Едноставно].
  3. Следете ги упатствата на екранот за да го комплетирате поставувањето.

Напомена

  • Потребните мрежни поставки може да се различни, зависно од операторот или рутерот. За детали, погледнете ги упатствата за употреба испорачани од интернет провајдерот или оние испорачани со рутерот. Исто така, можете да стапите во контакт со лицето кое ја поставило мрежата (администратор на мрежата).