Поставување тајмер
За да го поставите тајмерот за вклучување
Тајмерот автоматски го вклучува телевизорот во одредено време, на пример кога ќе почне програма што сакате да ја гледате. Овозможува и да го користите телевизорот како будилник.
- Притиснете го копчето HOME, па изберете [Тајмери] — [Тајмер за вклучување] — саканата опција.
За да го поставите тајмерот за спиење
Тајмерот за спиење го исклучува телевизорот автоматски по претходно поставено време.
- Притиснете го копчето HOME, па изберете [Тајмери] — [Тајмер за исклучување] — саканата опција.
Напомена
- Кога ќе го исклучите телевизорот, па ќе го вклучите повторно, [Тајмер за исклучување] се ресетира на [Исклучено].