Софтверски ажурирања
Sony обезбедува ажурирањата на софтверот одвреме-навреме за да се подобри функционалноста и да им се овозможи најновото телевизиско доживување на корисниците. Најлесен начин за добивање софтверски ажурирања е преку поврзување на телевизорот на интернет.
За да го вклучите автоматското преземање софтвер
За да овозможите [Автоматско преземање на софтвер], притиснете го копчето HOME, па изберете [Помош] — [Ажурирање на софтверот на системот] — [Автоматско преземање на софтвер].
Совет
- За да го ажурирате софтверот рачно, изберете [Побарајте ажурирање на софтверот на системот] на екранот [Ажурирање на софтверот на системот].
- Ако не сакате да го ажурирате софтверот автоматски, исклучете го [Автоматско преземање на софтвер].
Ажурирање на софтверот преку мемориски уред USB
Ако немате мрежна врска, можете да го ажурирате софтверот и со USB мемориски уред. Употребете го компјутерот да го преземете најновиот софтвер од интернет-страницата за поддршка на Sony на мемориски уред USB. Вметнете го USB меморискиот уред во приклучокот за USB на телевизорот и софтверското ажурирање ќе почне автоматски.
Ако го ажурирате телевизискиот софтвер со USB мемориски уред, треба да ги прочитате предупредувањата за ажурирање со USB мемориски уред на интернет-страницата.
За повеќе информации за интернет-страницата за поддршка, видете на страницата Интернет-страница за поддршка.