Изобличена слика.
Изберете во текстот за да се префрлите на односниот екран за поставување.
- Проверете ја врската со антената (воздушна)/кабелот.
- Држете ги антената (воздушна)/кабелот подалеку од другите кабли за поврзување.
- Кога инсталирате опционален уред, оставете одреден простор помеѓу уредот и телевизорот.
- Притиснете го копчето ACTION MENU, па изберете [Слика] — [Напредни поставки] — [Движење] — [Motionflow] — [Стандардно] или [Исклучено]. (Само за модели компатибилни со [Motionflow])
Моделите компатибилни со [Motionflow] имаат [Motionflow] во [Поставки] — [Приказ] — [Слика] — [Напредни поставки] — [Движење]. - Сменете ја моменталната поставка на [Режим за филмови] на друга поставка.
Притиснете го копчето ACTION MENU, па изберете [Слика] — [Напредни поставки] — [Движење] — [Режим за филмови]. - Проверете ги поставките на [Рачно поставување на канали].
Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Поставување на канали] — [Аналогно поставување] — [Рачно поставување на канали]- Поставете го [LNA] на [Исклучено] за да се подобри приемот на сликата. ([LNA] може да не е достапно, зависно од ситуацијата/регионот/земјата.)
- Извршете [AFT] во [Рачно поставување на канали] за да ја подобрите сликата на аналогниот прием.
(Достапноста на [Рачно поставување на канали] и опциите во него може да се разликува, зависно од регионот/земјата/ситуацијата.)
- Внимавајте антената (воздушна) да е поврзана со висококвалитетен коаксијален кабел од 75 оми.