Се појавуваат црни ленти на рабовите на екранот.
- Некои програми со широк формат на приказ се снимени во сооднос на страните поголем од 16:9 (ова особено е вообичаено за кинематографски изданија). Вашиот телевизор ќе ги прикажува овие програми со црни ленти на горниот и долниот дел од екранот. За подетални информации, проверете во документацијата испорачана со вашето DVD (или контактирајте со емитувачот на програмата).
- Програмите со сооднос на страни од 4:3 ќе имаат ленти на левата и десната страна на екранот.
- Програмите што се емитуваат во HD формати (720p и 1080i) со содржина 4:3, вообичаено, ќе имаат црни ленти на левата и десната страна на екранот кои се додаваат од страна на емитувачот.
- [Автоматска ширина] во [Екран] нема да ја рашири сликата кога црните ленти од страните на екранот ги додал емитувачот. Можете рачно да го поставите [Широк режим] на [Широк зум] или [Зум], што ќе остане применето додека не го смените каналот/влезот илиповторно рачно ќе ја смените поставката [Широк режим].
- Некои кабелски и сателитски сет топ уреди може, исто така, да ги контролираат димензиите на сликата. Ако користите сет топ уред, обратете се кај производителот на сет топ уредот за да добиете повеќе информации.