Некои дигитални канали ги нема.
Изберете во текстот за да се префрлите на односниот екран за поставување.
За да го смените опсегот за местење (зависно од регионот/земјата)
Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Поставување на канали] — [Дигитално поставување] — [Дигитално пребарување] — [Автоматско бирање на дигитални канали].
- [Нормално]
- Ги пребарува достапните канали во регионот/земјата.
- [Целосно]
- Ги пребарува достапните канали без оглед на регионот/земјата.
За ажурирање на дигиталните услуги
Можете да го пуштите [Автоматско бирање на дигитални канали] откако ќе се преселите на друго место, за да ги смените давателите на услугите или за да барате новоотворени канали.
Конфигурирање на автоматските ажурирања на услугите
Препорачуваме да го поставите [Автоматско ажурирање на услуги] на [Вклучено] за да овозможите нови дигитални услуги да се додаваат автоматски како што стануваат достапни.
- Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Поставување на канали] — [Дигитално поставување] — [Техничко поставување] — [Автоматско ажурирање на услуги] — [Вклучено].
Ако е поставено на [Исклучено], ќе добивате известувања за новите дигитални услуги со пораки на екранот и услугите нема да се додаваат автоматски.
Совет
- Достапноста на функцијата зависи од регионот/земјата. Ако не е достапно, извршете [Автоматско бирање на дигитални канали] за да додадете нови услуги.