Нема слика од поврзаниот уред.
Изберете во текстот за да се префрлите на односниот екран за поставување.
- Вклучете го поврзаниот уред.
- Проверете ја кабелската врска помеѓу уредот и телевизорот.
- Притиснете го копчето за да се прикаже листата на влезови, па изберете го саканиот влез
- Правилно вметнете го USB уредот.
- Осигурете се дека USB уредот бил правилно форматиран.
- Нема гаранција дека сите USB уреди ќе работат. Исто така, операциите се разликуваат во зависност од карактеристиките на USB уредот или видео-датотеките што се емитуваат.
- Ако поврзаниот уред е приклучен на HDMI IN 2 или 3, приклучете го на HDMI IN 1 или 4.
- Сменете го форматот на HDMI сигналот на HDMI влезот што не прикажува слика во стандарден формат. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Надворешни влезови] — [Формат на HDMI сигнал].