Не може да се снима./Неуспешно снимање. (Само кај моделите со снимање на USB HDD)
Изберете во текстот за да се префрлите на односниот екран за поставување.
Моделите со снимање на USB HDD имаат [Поставување уред за снимање] во [Поставки].
- Ако снимањето не успее, причината ќе биде наведена во [Листа на грешки при снимањето]. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Programme Guide] — [Листа на снимени наслови] — [Листа на грешки при снимањето].
- Проверете го слободното место на HDD. Ако има уште многу малку место, избришете ги непотребните содржини.
- Следниве програми не може да се снимаат.
- Програми заштитени од снимање
- Аналогни програми
- Програми од надворешни извори (вклучително програми од поврзан set-top box)
- Стримувани содржини
- Снимањето со тајмер може да не е возможно ако времето на емитување на програмите се смени.