Отпечати

Функции за пристапност

Овој телевизор има функции за пристапност во [Пристапност] како на пример функцијата за трансформирање текст во говор за текст на екранот, зголемување на текстот за полесно читање, како и функцијата за превод.

Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Поставки за уредот] — [Пристапност] за да ги конфигурирате функциите за помош на корисникот.

[Пристапност] има функција на кратенка, така што може да ја вклучувате или исклучувате со притискање и држење на копчето (Исклучи звук) на далечинскиот управувач 3 секунди.

Совет

  • За да ја смените функцијата на кратенка, овозможете [Кратенка за пристапност] во [Пристапност], и сменете ја со помош на [Услуга со кратенка].
  • За употреба на функцијата трансформација од текст во говор со водичот за помош, погледнете го водичот за помош на интернет-страницата за поддршка на Sony со помош на вашиот компјутер или паметен телефон.

    http://www.sony.eu/support/
    QR code for the Sony support website
    http://www.sony.eu/support/